Еве што мене ми смета кај турбофолкот конкретно: Јас, меѓу другото, сакам да слушам и џез. Јасно ми е дека не сите сакаат џез, јасно ми е и дека има луѓе што мразат да слушаат џез. И немам никаков проблем со тоа. Арно ама, која е разликата помеѓу оној кој не сака да слуша џез и мене? Тој што не сака џез може да си го проживее цел живот без да слушне ниту една џез песна. Може да отиде на свадба, веридба, матура, веселба, журка - било каде - без да се секира дека, од нигде никаде, одеднаш ќе почне да свири џез и ќе му го расипе расположението. Ме сфаќате што сакам да кажам? Не ми смета ни турбофолкот ни оние што го слушаат, ми смета што е толку навлезен во нашата култура, што се наметнува во секој можен амбиент и прилика.
Значи констатиравме дека Бебек е супер квалитетен артист ама текстовите што ги пишува на Цеца се чисто срање
Научно е докажано дека рокот и металот го намалуваат стресот кај човекот. Во скоро време научно ќе докажат дека турбофолкот го оглупавува народот. Навредете се, многу ми е гајле. ,,Како тоа живееш тука, а не слушаш турбофолк?'' А како тоа ти живееш тука, а не слушаш убави македонски песни? Ареа, Лозано, Каролина..Песните на Тоше ги слушате само на денот на неговата смрт и на неговиот роденден. Срамота! Ве молам не ми мешајте ех-ју рок со ова денешново. Не ме интересира кој е Жељко Бебек денес, ме интересираат неговите рок песни од порано. Ех-ју рок е РОК и тоа е жанр на музика. Аца Лукас е турбофолкер и тоа не е жанр на музика. Метал не е само дерење. Металот се дели на многу гранки. Cannibal Corpse не е исто со Dark Funeral, а со Skid Row па ич не се слични. Има разлика од рокот на AC/DC до рокот на Queen. А разлика помеѓу Цеца и Николија нема. И да разграничиме, едно е да ги слушаш песните друго е да ги знаеш. Не може јас да не знам турбофолк стихови кога цело друштво, а и повеќето од мојата фамилија слушаат турбофолк. Многу често доаѓаме до несогласувања, ама на крајот се знае која музика е вистинска музика, а која само ѓубре. Рокот и металот имаат хитови кои живеат долго и нема да изумрат. Турбофолкот се песни кои се хит две недели додека не искочат некои нови. We will rock you, The final countdown и уште многу други се слушаат и до ден денес, а се постари од мајка ми. Волиш ли ме, неколку недели или една сезона и после ќе ја заборавите. Тука е разликата.
Па ако напише убава песна нема да биде популарна кај публиката на Цеца. Тоа се вика прилагодување на барањата
За Лепа Брена нешто и она е турбо фолк пејачка. А на Цеца жанровите се поп/фолк,турбо фолк да си кажам. Ако може без да ме тепате
Точно, ама поп-фолк не е исто што и турбофолк. Еве и посликовито низ примери: Горе од љубави не е ист тип на нумера како Бабарога или Црвено. Тоа не ја прави Цеца поп-ѕвезда, нормално.
Мене и она слушам се' ми е скроз нејасно. До толку не се трудите да сфатите што ви се допаѓа а што не? Овие, овие се најлошите. Па доволен доказ дека немаат вкус. Штом го немаат, може да се расправа.
Јас лично слушам скоро се што ми е добро за уши..ако песната е ок...не одбирам жанр или стил на музика додека ми е ок за ушите....ама насловот ви е тапа..зошто не направите тема...колку е навлезена бугарската музика.....Шпанската...металот..техното...оправдано ви е се а од комшиите не... Па нека слуша кок што сака никој не ве тера.
Дaли aкo слушaш еден куп рaзлични прaвци и стилoви е истo немaње вкус зa музикa или сaмo aкo вo истите вклучиш турбo фoлк и чaлги пример? Не пoстoи турбo фoлк и се oстaнaтo, зaтoa требa дa рaзгрaничиме. Мене пaк приличнo дoсaднa ми се гледa еднa личнoст кoјa се oгрaничилa сaмo нa еден стил нa музикa. Кo дa еднa емoцијa имaш вo себе зa сите прилики, тaкa нештo. Уште ли не е истерaн турбo фoлкoт oд Мк? Имa нaдеж, сo нoвaтa влaдa иде и нoв свеж еврoпски брaн, пa белким и нa oвa пoле прoмени ќе се видaт
Каква врска има ако слушаш еден стил на музика со една емоција. Па рокот, еве, не е една емоција. Сите песни на една група не се само една емоција.. за една пригода. Имаш и за венчавки и за погреби. Имаш и за една љубов имаш и за љубави. Имаш и за чисто секс и за чисто други ствари.
Подобро неа да ја спомнам од Азис. Хабиби спиш ли добре? ... Мене ми е грдо кога слушам и гледам реклами од ликови како Аца Лукас..како ќе направат највечу журку на Балкану. Кога до тука се слуша неговото турбо-јодлање во Дежа ву. Од се' што може да се слуша/да ечи, од него да ечи цела населба? Аман.
Навлезен е многу али не е толку колку што е во Србија и Црна Гора! Фала курцу. Фала курцу што имаме музички култури и култни фаци што го движат срањето напред... Секој има сеа достапност до секакви музики и до екукација. Турбо Фолк е срамотолци.
Не мислев да се ограничи само на еден правец е еднакво на вкус. По расположение си бараш, секако. Само мислев дека она слушам се' е еднакво на невкус. Ако може да слуша секаква музика и да не му предизвикува нервоза ниту еден звук, па не може да одговори на прашање што музика слушаш па вели се'... ми изгледа ко да нема појма од музика. Ко некој непронајден. Значи може тебе да ти се сфиѓа и џез и рок и класика и нешто од поп, и пак да мислам дека имаш вкус. Ама она па слушам се' ми е... чудно, благо речено. И обично значи дека слуша турбо фолк.
Сабајлево ја видов темава и викам ај не коментирам,оддамна не сум чула, околу мене не слуша никој, мислам кога се со мене бар...Чекам пред влез и еден со голф рокнал "Далекооо сииии, далекооо " Напаст! Ушобол Нз ја не слушам, освен кафана друштво, ама тоа е ретко. Уште па ме креваат да играм. Неееее! Мртав пијан. Па и децата ги учат. Ако не ми седат на свадба сите, еве на! А мн. ми е галје
Ќе се согласиме сите дека и во српските и во англиските песни се пее за секс, алкохол и дрога. Ма да повеќе во англиските се пее за сексот. Не сум забележал некоја песна за алкохол и дрога од оние што ги слушам. Небитно. Меѓутоа не го оспорувајте фактот дека поп музиката е срање, а оваа другава е кул кога е обратно. Преку поп музиката се доживуваат емоции, емоции кои нѐ тераат да се чувствуваме среќни или тажни. Ај кажете ми која емоција се буди во вас кога ќе ја слушнете: Хочуу кучу да ми купиИИиш.. или пак: А диду диду диду лееЕеЕ? И имам едно прашање кое ме мачи - зошто кога некој ќе ги повика турбофолкериве во емисија пејат на плејбек, а не во живо? Да не им го откриеме "талентот"?