1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

До кој степен е навлезен турбофолкот во Македонија?

Дискусија во 'Музика' започната од Offspring, 6 јануари 2011.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Секој нека си слуша што сака и како сака.
    Сите сме различни, и НИКАКО не е возможно во ист кош да се ставиме! Нека биде тоа јасно.

    И сега назад кон темата која, доколку заброавивте беше:
    До кој степен е навлезен турбофолкот во Македонија?
     
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Е па Оффи, еве ти одговор зошто е турбофолкот толку навлезен во Македонија ^^^. Затоа што луѓето стварно не знаат да преценат добро од лошо, нит па квалитетно или неквалитетно! Дама |( Пффффффффф...
     
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Навлезен е и тоа многууууу.
    Само погледнете ги кандидатите за Македонски Идол,90% пееја турбо фолк,кои изгледа не го разбраа концептот на шоуто па упорно се пријавуваа.
    Од илјада кандидати едвај десеттина квалитетни кандидати видовме и ниеден од нив не пееја турбо фолк.
    За оние кој тврдаат дека е ФАКТ дека нема прослава без турбо фолк,на сите свадби,крштевки на кои што ја сум била немало ни трага ни глас од турбо фолк,се свирело исклучиво македонски народни песни.
    За мене лично турбо фолк ме асоцира на кафана каде што летаат чаши,флаши,така да турбо фолк НЕ БЛАГОДАРАМ.
    И да пре ке се развеселам на зајди,зајди него на мешај мала..............
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Турбофолкот не е навлезен само во Македонија. Го има во Србија, Босна(секој ден никнуваат пејачишта мајката :^) ), го има во Бугарија, и секаде е исто застапен. А богами па Бугарите има што да покажат :P
    И да ви кажам, искрено, читајќи ги вашиве мислења се замислив :?: Зошто стварно е толку популарен? |( Се вмешав, а сега не знам што да коментирам :worried: |(
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Не само што го има во Србија.
    Турбофолкот е со чисто српско потекло, а негови мајки се Св.Цеца и мајка Лепа Брена.
    Турбофолкот е синдром на Балканот, нешто што тука се родило, тука се шири и развива и нешто што никој од страна не може да го разбере. Затоа што не е Балканец.
    Тој стереотип(ако воопшто е) на Балканец, со себе си повлекува уште илјадници други слични синдроми класични за нашиве простори. Пр.синдромот сељачиште, синдромот Гранд, синдромот Мени не треба образование удачу се за богат мушкарац, и уште многу слични....
    И трагичното е што нашиот народ упорно и своеволно ги прифаќа овие синдроми, ги дозволува, и ги негува!!
    Ми се чини од 2000 и некоја па навака, епидемијата го зафати цел Балкан, и најмалите селца и градчиња....
    Одвратно.
     
    На AlicaInWonderland, Trendafilka, baguf4e и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Да, точно е Старфиш. Не е ова одлика само на Македонија.

    Мене ме загрижува друго. Пред две - три години читав на некој сајт репортажа за Македонија The Economist мислам дека беше, не сум сигурна, и после сите позитивни страни кои беа наброени на крај имаше цел пасус со предупредување - внимавајте и затнете си ги ушите, затоа што овие луѓе слушаат чудна музика која ќе ви ги убие ушите - турбо фолк! И тогаш бев револтирана, си викам, Боже мој, каде ли седнал човеков што го натерало да напише вака. Па не се слуша насекаде ова чудо од музика.

    Жал ми е што е во право човекот, епа од пет места ако на четири од нив се слушала музиката, што друго би пишал?! А ние засекогаш ќе останеме држава со еден ваков извичник.

    Тоа е.
     
  7. cutebunny

    cutebunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Јас лично немам ништо против турбофолкот иако не сум фан на оваа музика...секој има право да избере што ќе слуша...тоа убаво сум го забележала на прослави каде мене не ми е весело, не може такви стихови да ме кренат од столче да заиграм и запеам , а ете некои луѓе мислиш цел живот чекале да им ја пуштат песната :) помалку смешно но вистинито... обично луѓето кои што слушаат турбофолк се растени во таква средина каде нон-стоп се слушало таква музика или пак обично се верува дека степенот на образование си го прави своето тоа што не можам да го раберам ни јас не го слушам...така да...луѓе слушајте си каква музика си сакате ...но почитувајте го вкусот на другите поразлични бидејќи за вкусови не се дискутира тоа е дел од нашиот карактер :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Разговарав со еден DJ, кој работи на повик и има пуштано во неколку градови музика. Од тоа што ми го кажа се запрепастив, значи машково заминало во едно кафуле да пушта музика. Почнал со хаус и вели на песни на кои буквално секаде низ светот се создава екстаза, во кафулето било мртвило. По половина час дошол газдата и му рекол или сврти нешто српско или замини си. Затоа што не е богато машко, и потребен му е секој денар, пуштил. Не можел да си поверува на очите, од комплетна штама, се создал таков џган, луѓето почнале повеќе да порачуваат за пиење и да креваат раце како луди. Е ова е драги мои висината. Ова е како изгледа едно кафуле во Македонија. И не, нема да начекаме кафуле каде нема да го има ова, затоа што ќе биде празно и жив човек нема да цапнува внатре!

    Сонувам да има едно такво место, само едно каде ќе се пушта се, само српско не... Гледам има и многу други кои го сакаат истото, но тоа е тоа. Ќе си останеме само на желбите изгледа, никој не е толку луд да инвестира во нешто, што знае дека порано или подоцна ќе пропадне.
     
  9. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    До тој степен што треба вакцина против Т ( турбо ) 1 Ф ( фолк ) 1 = ( Т1Ф1 ) |(

    Немам време сега опширно да коментирам - но ќе бидне и тоа во скоро време :)
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Од човек кој слуша турбо-фолк не можам да очекувам дека е интелектуалец или пак дека има вкус,не мора да е истенчен,но едноставно нема вкус.За вкусови не се дискутира,но по стоти пат ќе кажам,некои вкусови се дискутабилни.
    Да тргнам од физичкиот изглед на Шабанароти и на неговите конзументи,па до муабетот што ќе ти го сторат.Мотивот кој ги тера така да живеат зборува за нивното необразование и (не)култура.Тресењето свадбарки на таква музика не е случајност.
    Музиката не е само музика,туку е стил на живеење.
    Нека не се навредува никој,тоа си е.
     
    На Wild.Child, Stam, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Лилит едноставно не можам да се согласам. Тогаш треба да подлегнеме на сите стереотипи. Значи и сите металци се со мрсни коси и се облекуваат во црно, исто како турбофолкериве што се облакаат у миничи, се силиконска долина и сл. Сите трансери се со суканици, нон стоп надувани и оддадени на тие пороци?
    Ако музиката го дефинира човекот тогаш сите би се сврстиле во неколку вида и тоа е тоа.
     
    На Gosh, SexyLady, Ashling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Многу се воздржував да пишувам на темава, ама некако не издржа срце јуначко...

    Турбо фолкот според мене е како вирус кој панично и алармантно се шири низ бившите ЈУ Републики кои пак од се срце си го прифатија со раширени раце и си продолжија да си го гаат како свој музички правец. Македонија секако е една од земјите која подлегна на овој т.н тренд во музиката кој веќе трае со децении, а е започнат како пародија на секојдневието и фолк музиката. Турбо фолкот по дефиниција подразбира агресивна музика со смешен текст - пародија и кичерајски облечени изведувачки.

    Лепа Брена е една од првите која почнува да ја пласира оваа музика во тогашна Југославија. За жал, неколкуте турбо фолк песни испеани од драгата Брена се масовно прифатени кај пошироката маса, која пак е гладна за овој тип на музика и бара уште (најпрво оваа музичка манија ги имала опфатено луѓето од село, а потоа се проширила и врз „граѓаните“).

    Денеска турбо фолкот за жал е музички правец кој кај повеќето е наметнат како единствена музичка опција кога станува збор за забава. Се слуша на големо, се пее и се плаче на текстови кои јас искрено не можам да се изначудам како може нечија рака воопшто да ги срочи тие зборови на лист хартија.

    Турбо фолкот не може да те развесели. Не можеш да дигнеш раце на „Свако вече, црно мече“... Не можеш да ги мрдаш колковите на „Слатка мала“ (техно ритмови со фолк примеси)... Не можеш да видиш дама во Јелена Карлеуша, таа е кралица на кич и невкус...

    Да, станува збор за интелигенција, станува збор за расудување и дефинитивно станува збор за здрав разум...
     
    На Annath, starfish, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Виножитке,сакале ние или не,музиката која е потценета и те како влијае на начинот на живот и интересите или пак твојот начин на живот и интереси влијаат на стилот на музика кој го слушаш.Тоа е неоспорно.Не викам јас за генерализации и стереотипи,демек одредува како ќе се носиме,туку зборувам за личноста.Едноставно не очекувам многу од личност која ќе ми каже дека Јелена Карлеуша и е симпатична и дека ја слуша,дека ја сака Слатка мала или не знам која од неа...крај.Толку и сече на таа личност,за да се пронајде помеѓу двата силикони,грдиот нос и глупата лирика.
    До сега јас не сум сретнала интелектуалец кој слуша турбофолк...а уште помалку да се весели на истиот.Можда почитува севдалинка во пристоен ресторан,ама турбофолк...сеуште не.
    Не,одбивам да разберам и не сакам да разберам какви емоции им буди таа музика...
     
    На Angelche, Phyramide и baguf4e им се допаѓа ова.
  14. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Се изначитав на темава, и ајде се решив да остам збор-два.
    За жал овој тип на "музика" е до преголема мера навлезен во Македонија, и тешко дека ќе се откорени, барем не во скоро време.
    Не бе луѓе, не беше до толку порано, сега е претеризам.
    Кога и да отидам во кој било град во Македонија ечи турбофолк, се ужаснувам в крај. Не е точно дека не може човек да се развесели на друга музика. И те како ми се ежи кожата кога слушам некое добро соло од рок или метал песна, ми се ежи кожата и кога служам добар блуз и џез, просто се чудам која генијалност ја имаат некои луѓе за исмислување на некои солажи, мелодии. Па класичната музика....милина.

    Зошто од толку убави музики, луѓето баш го одбрале турбофолкот? Зошто?? Да се палам на текст како Она је љепша, или едно време ечеше една песна, моје гачице се викаше. Алоо?? |(
    Па каде се тие квалитетни гласови, порано беше поим еееее се поштоваа пејачите, се знаеше чим некој е пејач, има квалитет глас и одвај чекаш да отвори уста па да чуеш глас.
    Сега треба да си глуп и без глас за да се прославиш. Музиката сега е пари. За жал. Пример, тој што ја пее куча посо. Си викаш боже господе што се нема, кога човекот се уби од пари земање и се прослави до немај-каде. Квалитет-нула! Ма не ми се ни коментира за ова.

    Срамота, срамота и срамота. Стварно не се коментира за вкусови, ама не, турбофолкот не е вкус. Не може да е. Слушаш турбофолк и главата право како коњ, ма нееее, никако не смее да се слушне нешто друго, нешто стварно квалитетно. Се прашувам слушачите на оваа музика ако може да ми издвојат нешто квалитетно тука. Текст, мелодија, глас? :?: Ме интересира навистина.
    Е тука е веќе народната македонска музика. Неа ја слушам, и посебен шмек ми дава во Јануари, за празниците...милина. Ја поштовам, имаме текст, музиче карактеристично за нашите предци, за животот порано, традициите...нашето богатство.
    Пирамитка имаше спомнато како во Виена слушнала турбофолк од кола. И стварно да ти се слоши во тој момент. И мене ми се случило тоа, 100 пати. Дури имаат и отворено многу српски кафичи и ечи турбофолк, дури и тука морам да го слушам. |(
    Некој имаше спомнато за метал музиката. Еееее, металот е толку убава и квалитетна музика за филмање и фантазирање, али тешко е човек да навлезе во неа и да ја сфати. Сте слушнале дет или блек метал каде има граули и скрим, и нормално дека не ви се допаднал. Се почнува од меко, готик метал, мелодик метал, симфоник метал....тоа не верувам дека не некој не би му се допаднало. :)
    Него, да не бегам од темата, турбофолкот е бљак. Без навреда, ете јас не слушам РНБ не ми се допаѓа воопшто, ама барем е каде-каде подобро од турбофолк.
    Кој како си милува, али цел живот ќе си останеме прости цел балкан се додека не се искорени турбофолкот. Прво ова, е после влегувања во нато и еу. Пис!
     
    На passion.for.fashion и Offspring им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Во секој случај металот е одраз на идентитет,а сепак е неповрзан со сељачизмот као турбофолкерите.Метал не може да слуша секој и обично се влезени во филмот,но има многу нормални дечки кои се пронаоѓаат во текстот и со задоволство го слушаат,ама затоа познавам брдо рокери кои не се дрогираат и сексаат на сите страни,познат пример,татко ми со свои 55 години.Сеуште го немам фатено со дрога и друга жена.
    Металот не е тип на музика која се слуша за да дигнеш раце и нозе у вис,туку треба да го слушаш повеќе текстот,а тоа бар мене ме асоцира на грам памет.Од секој вид на музика има шљам,ама турбофолкот непогрешливо и без исклучоци е шљам и крај.
    Не зборувам за делење во групи по автоматизам (као,рокер,дрога,металец,црнина),а и да е така,сепак за да припаднеш во некоја група мора да исполнуваш некои услови.
    Знаеш као,турбофолк,набројани работи и тап,момент сељак,за рок,метал,џез и да сакаш не можеш да пишеш мишкодигач,свадбаркотресач,сељак.
    А и до сега немам видено кола со спојлери и сини сијалички од која ечи метал музика...чудна работа.
     
    На Angelche, Lacrimosa, Offspring и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Темата е заклучена поради расчистување офф топици, мислењата се тука, ќе бидат избришани целосно само тие што се скроз офф-топик до крајот на денот темата ќе биде вратена. :)


    Едит:
    Офф топиците се исчистени, може да се продолжи дискусија на тема:
    До кој степен е навлезен турбо фолкот во Македонија?
     
  17. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Ќе се воздржам од било какви коментари на претходните мислења, а според мене ова е работа на ВКУС, кој пак е МНОГУ ИНДИВИДУАЛЕН и сметам дека не треба да се омаловажува, каков и да е.

    Не сум којзнае кој фан на турбо-фолкот, ама СИ СЛУШАМ коа ке ми текне.
    И НЕ СУМ СЕЉАНКА ;) :P :P

    Поздрав!
     
  18. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Имам забележано по сите форуми дека турбо фолк никој не слуша |( И јас им верувам на сите дека ја пишуват вистината :nod: ... ама се чудам зошто е бе толку весело во сите кафани,кафулиња и дискотеки кога се пушта турбо фолк??? :^)
    :shake: :shake: :shake: дефинитвно диџеите не знаат да проценат дека луѓето ,,на сила,, се расположуваат на турбо фолк музика, не дека им се допаѓа :!: ! На сила пијат, на сила пејат, на сила дигат мишка на Аца Лукас (чао Трендафилче :geek: ), на сила се прават дека им е убаво додека ја слушат таа музика! А не им било убаво,читам јас по форуми дека сите ја нејќат таа музиката (а скоро сите си ја слушат!) Тоа е! :?:
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Како да го наречам турбо фолкот во Македонија, болест на 21 век во ек. Дури и местата ориентирани кон друг вид музика умреа со фолкот, угостителите се пренасочуваат и додават репертори со живи свирки и српски певлки посветени на турбофолкерите и према нивен кејф го преуредуваат амбиентот во локалите.
    Треската во саботната диско вечер исполенета со техно, ретро илирок журка, се претвори во балкан парти и фаци во стилот на Џеј, Шабан, Мемед, станаа кралеви на подиумот и ги засенија Мetallica, Леd Zeppelin, Norа Jons, Dj Tiesto, Faitless и други оригинални генијални уметници. Овие вторите можеме да ги слушаме во недела вечер, кога утре сабајле треба да станам во 7 за работа. А шо е најсмешно, ако некој фолкер залутал на техно журка одма го познаваш, како натрапник се издвојува, по фаца, стил на носење, одењето , златен ланец задолжително и по едно зидарско во раката, и на крај кога ќе се залула на I can get no sleep, како да е на концерт на Аца Лукас, не знаеш што те спопаднало.
    Кога ќе се вратам едно 20 години наназад, Чик, чик погоди и Јас сум југсловенка ми беа хитови и сега радо би ги слушала, ама оваа денешнава турбо фолк музика е нешто сосем друго, обидувајки се да го фати трендот на електронската муика, со ципирипи гласот на Стоја, Сека или Драгана, мутирала во нешто што нит се јаде нит се пие. Па нели музиката, треба да релаксира, да те допре до длабочините во душата со мелодијата, текстот или гласот, нели музиката е лек на душата. Оваа музика има контраефект. Иритантна е до крајност. Колку што уживам во звукот на 100 порцелански чинии кога ке треснат од бетонски под, така го обожавам звукот на оваа музика. Ме вади од такт.
    Сепак , верувам дека врз изградувањето на музичкиот вкус влијае и музиката што ти ја сервирале како мал. На пример татушкото мој е прав beatles, нешто како Радио Милева за музиката од 60 тите, уште од пелени знам, дека Битлси се 4 на број, од каде потекнуваат, кога се формираат, која година и кој го убил Јон ленон, и дека Јоко Оно му била жена која сите ја мразеле и главен виновник за растур на групата итн. И покрај ваков фанатик, се мислам, зошто ја обожавам музиката на 60 тите и некако забегувам во тој правец.
    Ова што денес ни се нуди, на сите страни, е музиката на мнозинството. Тоа е светот на фолкерите. И, да во недостиг на добра музичка култура и немање цензура на текстови, се проаѓа. А она примитивното и агресивното секогаш подобро проаѓа за медиокритетскта маса. Да си добро најаден, напиен и да имаш кревет кај да преспиш, кој го брига за префинетите ноти на пијано на Nora Јоns или за музичкиот гениј Sting кој ствара посебно возвишена музика. Како можеш да имаш префинет вкус во простори каде се фатило ерозија, почни од власта па се натаму.
    Ако оваа нација може да се пофали со нешто, освен со ајварот, не заостанува со извозот на турбо фолк музиката која е наш Trade mark и зема замав во дијаспората, која изгледа подзаборавува на македонските корени, па се почесто ги ангажираат српските певалки за добар штимунг и атмосфера.
     
    На Strumfeta93, passion.for.fashion, baguf4e и 4 други им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Па навлезена е прилично многу во поглед на оние масовно посетени концерти, полнење сала 2-3 пати по ред и остало... Турбо фолкери се 80% од младинава бе!
    Го избегнувам турбо фолкот, не одам по кафичиве што прават „журчиња„ со турбо фолк, ама пуста јас си сакам кафана. Е тука веќе нема бегање од турбофолкот. Иако ги преферирам и најчесто киснам во кафанчињава во Дебар Маало каде што се орасположувам на нашите стари македонски изворни песни мора да се откачи некоја турбо песна. ЈБГ :rofl: коа ќе се поднапијам дигам мишка :lol:
    Најмногу ми пречи тоа што турбофолкот е присутен во дискотека! Мислам певаљка што завива во дискотека??? :^) Типичен пример Б2 кој имав чест да го посетам во еден од изминативе викенди, и не не беше Жаре имаше една 3то класна српска певаљка што ги пеење српскиве турбофолк хитчиња на Цеца, Меца шознам... а во дискотекава лудилаааааааа, кршење, денсање, пиење, фаци стегнати мафијашки ууу се запрашав што барам јас тамууууу дали сум нормална, секако со луѓето со кои што бев влеговме од скеч и дека не тераа ама нејсе :)
    Е друга работа, ај што си слушаат нек си слушаат, ако претпочитаат таков начин на живот и сечење вени на жалопојкиве српски ок, ама што бараат истите фаци што очајно го чекаат секој нов концерт и секоја сабота во Б2 да се исфураат на српско во Хавана? Е тие исти фаци што ломат чаши на српско, чуле дека сеа си фраер ако слушаш Рок и 1 ден во неделата се обавезно во Хавана и ја знаат на памет Секс ис он фајр :rock:
    Од друга страна кога ќе погледнам среќна сум што има места каде што можам во најопуштена атмосфера да испијам кафе или пијачка со џез ил соул. Ги сакам тие места, вените ќе си ги исечам ако ми пуштат некаде турбо фолк додека пијам кафе!!!