1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

До кој степен е навлезен турбофолкот во Македонија?

Дискусија во 'Музика' започната од Offspring, 6 јануари 2011.

  1. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Турбофолкот..?? Страшно!! Искрено кога ке седнеме викенд пред излегување сакам по некоја песна да слушнам така за расположение и поради друштвото што слуша :drunk: :D ама многу ретко..а да седам дома и да слушам Аца Лукас, Цеца no way |( инаку турбо фолкот не да е навлезен во Македонија-да не кажам поплавени сме во дискотеките и кафичите од турбо фолк песни.. и жално е што кога ке направи концерт некоја македонска музичка ѕвезда едвај ке се наполни салата или ке остане полупразна додека за Лепа Брена, тие Полумента или како беа вени се сечат... не ја разбирам оваа музика ниту сакам да ја слушам :x
     
  2. DressedToKill

    DressedToKill Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    43
    значи сите мразат турбо фолк и слушаат само кога ќе мораат...како да не!!
    никој не слуша, а од тоа се живее не знам зошто им е срам на луѓево да признаат дека слушат турбо фолк??? секој има различен вкус и нема никој да го исмева ако признае дека слуша турбо-фолк
    значи најмногу мразам вакви луѓе велат дека мразат а ги знаат сите песни на памет |(
    мене лично оваа 'музика' неможе да ме расположи да ме натера да пеам да кршам чаши да играм ко луда
    одиш на свадба наместо како е редот мак фолклор неш да има таму нисам те се нагледао
    одиш во диско наместо техно, поп хитови таму пусти пусти моду :puke:
    факт е дека дека е неизбежна музикава и нема кој не слушнал за шабан цеца и пријателите
    sad but true :worried:
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    ^ Контрадикторен ти е постов, ама нека ти биде. ;)
     
    На ViKtOrIjA21, mims-89, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Мене многу ми е интересен моментот "ради друштво" :D

    Всушност никој не сака да слуша, сите слушаат ради друштво....и сите од тоа друштво слушаат ради друштво, а инаку никој од друштвото не слуша турбо фолк. Е ај иди најди логика
    Ма ако несакам нешто, нема друштво што ќе ме убеди да го правам тоа
     
  5. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Има турбо фолк и турбо фолк :)
    И да, сите слушаме. Сепак, балканци сме или што сме :)
    Не ми е музика што ја слушам цело време или за време на вегетација по дома , ама ете најчесто ми оди во комбинација со алкохол и собиранки :)
    Иначе српската музика ја сакам и слушам. Јоксимович , Александра Радович , Четкович , Беквалац навистина добри песни имаат и не можам да ги сместам во групата турбофолк иако ми смета кога одредени личности ми превртуваат очи кога ќе им пратам песна од нив. Па луѓе, Србите имаат квалитетни песни, не е се турбо фолк.
    А што се однесува до Цеца , па и ги знам оние постарите песни . Од другите турбофолк песни ја сакам Фанки Џи (сегашна Анабела) иако и нејзините песни се повеќе накај поп ориентирани откако турбофолк.
    Аца Лукас не го сакам, иако му знам неколку песни .
    Песна што најмногу ме иритира е Лепша од Ночи!!! Се сеќавам дека во средно се почна на зафрканција да се пее , таа и мало виски мало кока-коле ама човече мислам дека од толку слушање на зафрканција на памет ги научив и двете.
    Сепак кога би бирала странска музика и турбофолк во дискотека секако би си поминала поубаво на странска вечер , сега за сега најмногу се опуштам со хип-хоп и r&b/
    И морам секако да го прокоментирам македонскиот турбо-фолк којшто е катастрофа!
    Почнувајќи од турбо-фолк ала проститутки певаљки, На ништо не личат, секоја песна им е за пари , а стандард во спотовите се голи! Просто уши те болат дури ги слушаш и освен за ремет за ништо друго не служат.
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Постои разлика меѓу слушам турбо-фолк бидејќи за Нова година мора да е на репертоарот музички во дискотеките и кафиЌите ширум земјичкава ни и слушам турбо-фолк дома. Значи фактот што знам по некоја строфа која ми влетала в уво можеби и поради тоа што ми била смешна не ме прави обожавател, нити па слушач на оваа музика. Едно е активно слушање, друго пасивно, наметнато и неизбежно. И се‘ што нашиот слух прима или регистрира т.е. слуша не мора да се чуе, ;) .
    Не ги осудувам луѓето кои го слушаат нивно право и избор, ама дека сите го слушаме и сакаме како правец е претеран.
    Една од придобивките е што барем на овој начин младите кои не учат српско-хрватски сега на училиште барем преку музикава ќе го совладуваат јазикот.
    А инаку мене лично музикава ме погодува со нејзината длабока сАдржајност право во левото ми прсте од десното ми ноџе кога стојам на една нога.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Не тврдете дека сите помалку или повеќе слушаме турбо фолк. Еве јас потпишувам и тврдам дека не слушам. Не славам нова година со друштво, избегавам родендени и слични манифестации каде има мешање на оваа музика. Ниту сум била на запивања со оваа музика. Баш пред некоја недела бев на дипломска, отидов и на почеток имаше некоја тивка музика, поп ми се чини, онака светски хитчиња, и кога дојде моментот качување на столови и фамозниот Аца Лукас - се извинив и си заминав со изговор дека имам колоквиуми и морам да учам, сепак направив чест и отидов, доста беше. Сите знаеа зашто си отидов зашто ме знаат веќе, и никој не ми замерува од друштвото. Знаат дека едноставно не поднесувам и нема што да се лутат, како шо и јас не им се лутам што они не ја поднесуваат мојата музика
    По кафани исто не одам. Ресторани, ручек, вечера - да. Али она собирање предходно по кафани, па запивање и излегување никогаш не сум го осетила
    Едноставно не гледам ништо убаво во тоа да се измачувам цела вечер ради друштво. Ако нив им е убаво, слободно нека ја поминат вечерта таму
    И не сум само јас вака, знам многу луѓе за кои рака во оган ставам дека не слушаат, макар и принудно. Едноставно си заминуваат од дешавката


    На свадби не пуштаат турбо фолк. Барем на оние две јас кај што сум била. На свадби има народно, обично народни македонски народни песни. А таа музика ја почитувам, не ја слушам, али нема да станам и да си излезам. А турбо фолокот е нешто друго. Ако начекам свадба со турбо, не би ја преседела ни до пола, ветувам

    И велиш, несвесно се труеме. Не, не. Свесно се труете и не превземате ништо околу тоа, али ако така ви е полесно, тешете се дека не е до вас

    п.с матурската моја едвај ја преживеав до пола, си отидов за саат ипол, а за тој 1ипол час прво пуштаа валцери па се сликав, па се муабетев, па се ладев на тераса.....и така дојде на ред фолкот и првец дома
     
    На crazylady, interesna, baguf4e и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Исто како јас да сум го пишувала ова :) Ниту славам нова година/први мај со некое големо друштво што распалува на турбо фолк, ниту одам по родендени, ниту пак реално, имам другарки и другари со кои сум премногу блиска за да ме канат на такви манифестации каде што е задолжително турбо фолк. Ако седнам да се запијам, пуштам екс ју, црвена јабука, прљаво казалиште, ваљак и.т.н отколку да си ги парам ушиве. Ете денес чув, против своју вољу у такси, многу беден стих кој идеше едно миљоооооооооон пати и ми се чини дека моето патешествие со таксито не траеше 5 минути ами 50 во кои само таа песна врти |( Значи цело време се повторуваше твоје око бадем је зрели и незнам ти како, сакал нејќел, по толку повторување на едно те исто има да го научиш. Ама ми ги распара ушиве, ми се слоши кај од жешкото кај од с`клет од песната, кај од ПМС. Ептен чичкото се понуди да ме однесе за поефтино и ми беше незгодно да протестирам да смени.

    А имав една дешавка, во воз. Замислете, значи од оние отворените без купиња туку како автобуси и еден ром откачил некое бесно турбо и мака си нема :fubar: Ќутев со надеж дека ќе се освести ама јок бре брате, фатив му реков "Добро човече, ако сакаш да си слушаш уклучи си на слушалки ушиве ми ги распара, од каде знаеш дали некој овде сака да ја слуша таа музика, дајте малку обзир мајка му стара |( "

    И така, обично се бунам, знам да крекам кога нешто не ми е по ќеф, ама чичето за долга релација релативно ефтино ми наплати па немаше смисла :)
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    една обична ноќ се спремаш со другарките дома и


    1. ночаш ми се неспава
    2. излегуваш и нели феномененоменално осечас се
    3. зимаш водка и џин - то је сада ин
    4. па после се пентариш на стол и она игра врти се као чигра од страна ти викаат мешај мешај мала
    5. зимаш вотката и пијем на екс
    6. се бедираш по екс и а ја бацим чаша крварим
    7. малку се веселиш и решаваш да не го убиеш екс У срце да ти пуцам нечу
    8. искачаш од кафана те фаќа полиција полупијана од срам од сликата во лк му викаш Лична карта празна е
    9. доаѓаш дома легнуваш у кревет и ти се вртат депресивни желби Их шта нисам умро под та крушка
    10. стануваш сабјлето главобоља од вина


    :rofl: |( |( |( |( |( |( |(


    До коа??
     
  10. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    страшно.....речиси и немаместо каде не се пушта овој тип на музика а иза воља на вистината луѓето си јаа сакаат и негуваат :( :( :( :( уште па кога ке слушнам како некое малечко детенце пее рефрен од некоја затуцана шабанска песна или бугарска :puke: :puke: мислам.... немам коментар :( инаку оваа е еден од нај честите поводи за караница меѓу мене и сестрами кога ке ми откачи на некоја ваква музика
     
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Јас лично слушам СЕ !!! Мислам дека секоја музика е добра зависно од пригодата и расположението ... па колку често само ми се случува да скокнам антена 5 на радио пуштам македонско радио и слушам класична музика :!: тоа ме опушта во моментот така се осеќам и крај :!:
    Не осудувам луѓе кои слушаат турбо фолк нивна работа е .... Јас на прсти го бројам оние кои навистина НЕ СЛУШААТ турбо фолк се определиле за рок метал или слично ....
    Сите како не слушаат а ги знаат сите песни на памет како и избедувачи :wasntme: |( .Не глуми лудило барем :!:
    Во Македонија и тоа како е навлезен .... па и премногу .... не може да се замисли ниедна прослава веселба што и да е без ова чудо .Кај нас сепреселија фолкериве од соседнава ни земја а нашиве немаат настап ее тоа ми смета :^) . Пред некое време во град и као прво пуштаат наша музика нешто странско .... Луѓево не мрднуваат почнува шабан и нему слични абе луѓево полудеа се кршат чаши и глаши се пие се игра се развеселија ... Си викам што се дешава ?
    Како што реков немам против т.е не осудувам ама сепак би била мноооогу посреќна доколку се слуша наша музика така како што се слуша турбо фолкот или ако не е наша барем квалитетна музика ама секој со свој избор .
     
  12. DressedToKill

    DressedToKill Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    43
    оф колку пати ми се има случено да си заминам сама од кафич стандарден редослед на музиката е: прво има техно питбул, блек ајд пис, па тони зен, слаткар ова она ај то се е океј ама ко ќе почни аспирин пусти моду и готово почнува журката, ако можам ќе приседнам негде ке набљудувам и ќе се чудам ако не магла фаќам....е само на екскурзија немав излез од автобусо ми отенчија ушиве како тоалет папир ми се сторија :D


    http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... m=1&itbs=1 сепак никој не и можи :D
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Офи за такви ситуации да ми е жив и здрав ајподот што го сакам најмногу на свет, ах како ми има помогнато и тој не е свесен :D На сестра ми роденденот го поминав со слушалки на уво, во знак на протест :D али на нејзе и нејзините малолетни другарки гајле им беше, се веселеа. Дома со крст и лук и се надевам во скоро време ќе ја изведам на прав пат
    А што е навлезен насекаде тоа е факт. Абе уште неможам да се помирам дека Колосеум беше Арена, џабе им е сеа, ги нема веќе поранешните журки. Се осеќа мирисот на сељачизмот од концертите правени предходно, уништија такво место кое години наназад беше поим за клаберите. И уште многу работи ни уништи ова турбофолкот, не е само едно.....па биваше ли толку секаде да никне

    Нц, тоа ти се хипици :D Трансерите трипаат цело време и носат флуоросцентни маици :D
    Шала, во склоп на стереотипите


    Него, прочитав еден коментар, Жељко турбо....абе не е он турбо фолк, барем не тие што јас си имам слушано...освен ако не го упропастиле и него во последно време. Во заблуда сум или...?

    Турбофолкот ти е ко торнадо, се движи брзо, собира се пред него ги врти во круг и ги исфрла надвор целите осакатени и обележани за цел живот. Без грам вредност. Се извинувам
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Еве конкретно ќе зборувам за мојот роден град и навлегувањето на овој вид музика и промените во моето друштво.
    Во 90-тите во дискотеките се слушаше поп и рок музика и некои евергрини од македонската и светска музичка сцена, меѓутоа за Нова год. Велигден и др. празници имаше народно и полека почна да се вовлекува турбо фолкот на сцена, за да постепено ја истисне македонската народна музика и почне да доминира. И транс журките почнаа да се поинтензивни тој период и ќе кажам како во моето друштво настана расцепување бидејќи се групиравме во излегувањето според музиката. Јас ги сакав и уште ги сакам забавите со добра транс музика кои морам да признаам секогаш имаа многу помалку посетители од забавите со некој актуелен турбо фолкер. Ама да се разбереме јас не престанав да ги почитувам оние од друштвото кои се определија за турбо фолкот значи во нив има и факултетски образовани академски граѓани, не дека сакам да маргинализирам некого нити да навредувам, ама не држи вода фактот дека сите турбо фолкери се сељаци и алкохолизирани свињи без вкус. Како што и сите трансери не се џанкери или па сите рокери промискуитетни и што ти знам јас какви се‘ не генерализации кои се прават.
    И покрај тоа што никогаш во домашни услови не сум пуштила турбо фолк за своја душа бидејќи тоа не ме исполнува и влече сепак сум останала за празници и на ваква музика од едноставна причина што во помал град е една дискотека во моментот актуелна или 2-3 кафичи се попосетени и не би јас да си одам дома во 11 часот а сум излегла во 10 ако почне ваква музика бидејќи празник е и сакам да се дружам дури и со луѓето кои ја слушаат, а ги знам цел живот. Тие кога сум на гости не ми пуштаат ваква музика бидејќи знаат дека не ја слушам, ама и јас осеќам делумно вина за тој потег, бидејќи се игнорира музиката ако се сака, едноставно се исклучуваш. Не мора да се чуе се‘ што се слуша.
    Поентата ми беше јас не сум нити сум била никогаш приврзаник на овој тип музика само познавам блиски луѓе кои ја слушаат и јас лично не ги сметам ни за сељаци ни за дегенерици ни за проста раја ни за ништо слично од едноставна причина што не се. Другарка ми е дипломиран правник и ја слуша оваа музика ова го напоменувам бидејќи имаше коментари како нема интелектуалци кои ја слушаат.
    Постојат многу нешта кои карактеризираат еден човек и јас сум за тоа дека и музиката не' определува, ама кога длабоко ќе размислам не чувствувам интелектуална супериорност над некој земајќи ја само музиката како критериум.
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Најмногу ме вадат од такт коментари од типот: "не може да не слушаш, сите слушаат."
    Не слушам.
    Јас ќе речам не слушам, а некој упорно ме убедува дека слушам, не е можно да не слушам :|
    Ни своеволно, ни принудно - не слушам. Го "слушнувам" низ чаршија за време на новогодишните празници, е тогаш си правам една барикада, замисла дека сум во едно ѕвоно во кое не влегува звук однадвор, и поминувам.
    Не, не знам ниту една песна и не сакам да знам.
    И не сакам некој да ме убедува дека слушам и дека знам стихови и песни - кога не знам, ама стварно не знам. :(
     
    На Strumfeta93, macysh и Offspring им се допаѓа ова.
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    толку е сериозна работава што дури на лугево им ѕвони телефонот со никотин од наташа беквалац. |(
     
  17. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    нашата мила Макдеонија е презаситена од српскиот и бугарскиот турбо фолк.И мене страшно ме нервира кога некој ќе ми рече ејј се правиш дека не слушаш :envy: Во мојот ПС нема ниту еден фолдер со таква музика,во мојот автомобил нема ниту една песна на УСБ од тој жанр.Слушам се останато освен турбо фолк!!! А оние познати рефрени ги знам како што кажаа некои од вас,сум ги слушнала неколку пати од немајкаде ситуација.Најстрашно ми беше на апсолвентска вечер пред некоја година,си седиме на нашата маса нашето друштво,и кога оддеднаш цела сала во вис,вриштат-пиштат,скокаат,некои и заплакаа :D му викам на колегата,што се случи а тој ми вика па не ја знаеш песнава,бајпас од аца лукас :D :D :D хахахаха вени сечеа !!! Додуша и неможев да и го чујам текстот од таа викотница ама гарант била хит број 1 :D
     
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    1. Tурбофолкот не е крив.
    Вината барај ја во менталитетот.
    Постојат уште мал милион самопрогласени пејачи,ама никој ниту ги знае,ниту чул за нив.
    Стварта е што тука веќе не е до тоа дали музиката е квалитетна или не, туку влијанието на туѓите луѓе врз твојот живот.

    2. Осакатени и обележани за цел живот зошто слушале турбофолк.
    Прајслес.
    Од кого обележан? Од тебе?
    Затоа што мислиш дека турбофолкер е синоним за ретардиран човек?
    Не се секирај, нема да се мешаат во твоите избраници од луѓе, секаде постојат поделби и тие се популарни каде што се слуша турбофолк,а ти каде што се слуша рок да речиме.
    Се додека постои шаренило мене ми годи.

    Да, заебано е кога одиш во дискотека и го знаеш стандард репертоарот... ама не е диџејот крив што гледа дека атмосфера може да направи само на турбофолк.

    Ако гледам дека има голема забава на која можеш убаво да си поминеш и со турбофолк, нема да седнам настрана и да се мрштам.
    Е, тука зборувам веќе за влијанието на туѓите луѓе.
    Да, криво ќе ми е да ги гледам другите распеани,разиграни,весели,а јас седам како ут.
    Тоа ќе е да е така, бидејќи имам лесен прилагодлив слух и не ми штети ништо освен... ова
    http://www.youtube.com/watch?v=2O5p_LUt_PA
    За оваа музика да ја истрпам ќе ми треба четири тројки и две екстази.
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Не слушам по дома уз пијачка, не пуштам дома за да забављам гости... ама сеа кога ќе излезам некаде и коа ќе пуштат нешто турбо фолк (не викам турбо фолк журка) не си одам, зависи од расположение.
    Ама да не отидам кај некој на роденден, дипломска или слично затоа што знам дека пуштаат турбо фолк ми е претеризам. :x
    Прилагодлив тип сум, секаде знам да си поминам убаво.
     
  20. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Денешен пример.Си правам муабет со другарки за тоа што Белов кога настапуваше кај нас го исвиркаа дека е од Неготино,а е повеќе од повеќето Неготинци кај нас (прост менталитет јбг) и велам оној сељакон Аца Лукас да дојде дали ќе го исвиркаат или сељандурството кај нас ќе светне ко ѕвезда Северница.И реакцијата ми од милите другарки?! Еееее ако дојде вака ќе биде така ќе биде,ќе се опијам,се ќе сокршам...И ајде де?!
    Ако има некој турбофолкер што повеќе го презирам од фамозниов дотичен Аца Лукас да земам да паднам од столов сега додека го пишувам ова.Сељак глуп еден!Ич не го сакам,и неговите песни во пакет,катастрофа!
    Мразам турбо фолк од дното на душа,ниту слушам,ниту ги знам тие песни,ги презирам!
    И на свадби не пуштаат турбо фолк,туку народна македонска музика што е различно. :^)
     
    На Offspring и macysh им се допаѓа ова.