Ги прочитав сите постови што сте ги напишале и стварно не можам да се изначудам. Како прво дали некој од вас го дефинираше терминот турбо фолк ? Јас не прочитав дефиниција за тоа...И со кое право не знам некои од вас ги нарекуваат луѓето што слушаат српска фолк музика - сељаци, чобани итн...? Мене Цеца ми е најомилената пејачка и уживам во нејзините песни, кои патем 20 години се врв на естрадата...Сега во јуни излегува нејзиниот нов албум, кој со душа го чекаат илјадници фанови на Балканот, меѓу кои и јас...И не знам зошто ве чуди што жената 2 вечери по ред ја полнеше арената Борис Трајковски? Неа не и требаат вулгарни парчиња облека за да собере публика, туку може слободно во пижами да излезе и да собере 150 000 луѓе на концерт...Гласовните капацитети и се на завидно ниво, има свој стил, држење и не прави скандали за да постане популарна...Прочитав погоре дека луѓето што дошле кај неа на концерт биле вакви, онакви, со 3 кила кармин на устата, голи стомаци итн... Па јас на двата вечери бев на концертот и носев фармерки и џемперче одозгора...Ниту минич облеков, ниту ја правев устата да ми изгледа голема, ниту мрежеста хулахопка носев, ништо...Но, максимално уживав пеејќи ги нејзините песни и си поминав феноменално...Го слушам и Жељко Јоксимович, Наташа Беквалац, Бојан Марович, Анабела па дури има и понекоја песна од Аца Лукас што ми е интересна...И сега треба некој да ми залепи етикета дека сум сељанка? Почитувам сечие мислење, ама да не преминува во навреди и омаловажување кон некој што мисли и прави поинаку...Што се однесува на нашите певаљки на фолк музика - некој гратис да ми дава билет за нивни концерт не одам..Впрочем тие се кафански певачици, кои со вулгарна и кичеста облека гледаат да се докачат до некое гостување во емисија кај Драган Вучич или да снимат некое бедно спотче...Има и на српската естрада такви и тоа многу, ама никој не ме тера мене или било кој друг со сила да ги слушам..Едноставно ме чуди зошто музиката на Цеца е синоним за турбо-фолк?
Цеца не е ниту фолк ниту поп,Цеца пее турбо фолк.Тие што повеќе се разбираат од музика нека ме поправат ако грешам.
Многу луѓе во Македонија ја слушаат таа музика,јас искрено не можам да ја смислам ,ќе полудам а па не да ја слушам,тоа не е музика али тоа е мое мислење. Мразам кога одвај чекаат да дојде некој турбо фолкер у Македонија ..И сите македонски турбо фолкери изнаставаа силикони и ај одма да изгледаат како србските турбо фолкерки.Страшно нешто е што нашава младина се повеќе слуша турбо фолк .....
Ма од дете не сум поднесувала турбо фолк музика, сум вриштела кога ќе ја слушнам таа музика, а денес да не се кажува, имам другарки кои ја слушаат и постојано се во Гранд и Милениум но јас никогаш не ги дружам , нити ќе ги дружам, кога сум во такси без срам и перде му наредувам на таксистот да ги исклучи радиото, на свадби станувам во тоалет или одам надвор, кога пуштаат српскохрватски рок ен рол јас сум на подиум, во дискотеки каде се пушта оваа музика и не одам. А ова турбо фолкериве уште безобразни се, знаат и да понижуваат демек ние кои не ја слушаме сме биле деца недораснати, а јас особено сум им на мета, обожаваат да ме провоцираат, сум била сатаниста и лудак ( бидејќи слушам хард рок ), офф боже а што се тие тек за мене!
-фолк се изворните народни песни од типот "калино моме", "македонско девојче", "стани моме да заиграш" -турбофолк- "цица-маца", "наркотик","луда и первезна", "невина", "докторе" Па,па кога ќе појде таа цица-маца со глас на заклана кокошка да им испее на еустралијанците со бели шешири, пукнати за мајка Македонија една изворна народна песна, па кога ќе и залепат долари на г'радите абе срце да ги стрефи песната, да не можат 5 дена да се опорават.
Абе баталете вие таа теорија дека Цеца е најдобра на балканот па затоа и најмогу вреди. Цеца, ништо лично, прави муазика за луѓе без вкус. Онака, за “сите“ Она била на врвот! Ја бре мајката. И да е, на крај краева, да си на врвот, значи да си обликуван според сечиј вкус. А едно 50 посто од луѓево на Балканот немаат вкус. Даклем, Цеца не прави музика, Цеца, Меца и слични штуд “музичари“ прават детергенти за перење мозок на млади луѓе.
Излегувам навечер. Полна дискотека, се слушаат звуците на турбо фолк песна. Сите играат, џускаат, се кршат чаши, се пеат песните на цел глас. Забавата е добра, ќе признаам, и мене ми одговара една таква забава понекогаш. Да се забавувам до бессвест на некоја таква музика. Но, следна вечер, одам во дискотека каде можеш да чуеш се сем дотичниот жанр. Прво, не е полно, второ, сите стојат (или седат) но многу малку играат. Ова го гледам со свои очи, не ми го кажал никој! Значи, ако дискотеките во кои се пушта турбо фолк се полни, а оние малкуте во кои акцентот се става на другите видови музика се полупразни, тоа покажува дека турбо фолкот е навлезен на МК до еден многу висок степен! Го слушаат сите и стари и млади, на Аца Лукас, Цеца, Брена, се вришти пишти, се бара карта плус за концерт, се скока, се знаат сите песни... Денес ќе добиеш и чуден поглед ако кажеш дека не си голем љубител на турбо фолкот! Но, најтрагично е што деца од 12, 13 или 16 години се „пронаоѓаат“ во стиховите на песните од овој жанр(ако може така да се нарече). Боже помогни, ако во „запалиќу пола града одеш ли од мене сада“ се пронајде дете од 13 години... не знам што да речам понатака... Јас не велам дека не ги слушам тие песни, ги слушам, ја слушам и Цеца и Брена и понекоја од Лукас и Неда Украден и уште многу од српската естрада, но го слушам и Јоксимовиќ, Самарџиќ, Беквалац, ЈК... Ги слушам и Пинк, Ријана, Лејди Гага, Аврил Лавињ, Бијонсе итн. Не се ставам во групата на турбо фолкери, бидејки не сум страствен слушател, нема со трчање да го купам новиот албум на некој од овие пејачи, но во нашава ни мала мила татковина од 2 милиони, милион и нешто ќе истрачаат не само по албумот, туку и по првата карта за следниот концерт... А тоа баш убаво покажува колку е навлезен турбо фолкот!
Јас не ја слушам. Конкретно за оние што ја слушаат ако им се допаѓа нека си ја слушаат тоа си е нивен вкус, а за вкусови фала богу и неможе да се расправа. Мое мислење е дека во Макдеонија се повеќе и повеќе навлегува. И ајде океј до некаде ги разбирам оние изјави демек најмногу можеш да откачиш на такви песни. Но она што според мене никако не поминува е кичерајот кој што оваа музика го носи сама по себе. И се повеќе и повеќе стануваме кичест народ. Тоа едноставно неможам да го прифатам
Абе гром да мани да ги отепа туррбо фолкови и слични такви ср*ња, цеци, меци, драгани, шабани итн. не да го мразам турбо фолкот АМА едноставно НЕ ГО ПОДНЕСУВАМ...иначе во земјичкава наша незнам шо ќе биде ако се прислуша турбо фолкот...
Сите велат неможам да ја поднесам таа музика...а пола од овде шо имат напишано дека не слушат таква музика дека се сељаци тие шо ја слушат дека ја мразат таквата музика...на некоја сваба или на некоја друга веселба нема песна шо не ја знат од турбо фолкерите
Сите кои пцујат и плукаат по овој вид на музика , мислам дека го прават без потреба ... Пошо кога во мојот град имаше да наречам ШАБАНСКи ПЕАч.... СИте рокери, рапери и уште што не беа таму... Значи коа ги видов ... И коа ке ги прашаш деемек шо вака ти на ваква музика.. Ке и рече ... Ами немав избор.. Па мајката од 12-13 кафичи да немаш избор ... И баш на шабанско да идешш .... ... Значи сите кои се прават рокери, рапери ...... ( да не набројувам ) сите на ваква музика се прават ДРВЦИња(пијани) .... И после ке пцујат ваква била музиката онакваа... Па мисламм.. ...
моето внуче е 4 ипол години и омилена песна му е од дадо-вина кармина така некако...нормално додека не слушнав дека на мајка му така и звони мобилен,кај нив нон стоп пинк и повеке не ме чудеше,во мало имам млади абе сега е мирно бидејки спијат после 3 кога ке се грмни како рингишпил да има во близина,синока до 11 ипол имаше синан сакич шабан и уште некои така е секој викенд откако знам за нив...така да многу е навлезена во Мк...и јас слушам српско ама не бе склоните чаше са стола (синока беше хит кај комшиве) туку овие пио добрите жељко ј.жељко ц. црвена јабука парни ваљак атомско,и ред други...од време на време и овие по новите ама само докулку ми се фати за слух...
Велиш Цеца прави музика за луѓе без вкус? А кој според тебе прави музика за луѓе со вкус - во категорија во која и ти спаѓаш, нели, вака како голем експерт за музика, вкусови и сл. ? Кога веќе ја споменуваш Цеца, пред неколку дена излезе нејзиниот нов албум, кој за 24 часа беше распродаден во 750,000 примероци...Не дека нешто ти се правдам или ми значи твоето мислење, али тие 750,000 души изгледа дека се тотални кичераи и шундови, без вкус...За разлика од твојот префинет и истанчен вкус за музика, нели?
не сакам да коментирам страшно и трагично е кога ке видам млади луѓе кои креваат раце на срце парателни глупи пени мислам ....................немам коментар
Mразам турбо фолк и . Не можам да го поднесам,колку повеќе навлегува во околината толку повеќе ми се гади од него. А тоа неверојатно нешто е колку од луѓето ја слушаат оваа "музика".Ова е нешто безвредно,досадно,сељачко и просто. И ме нервираат муабетите дека сите слушаме турбо фолк!!!!!!!!!!! Значи не,не и не! НЕ СМЕ СИТЕ ОПСЕДНАТИ СО ТУРБО ФОЛК И НЕ СЛУШАМЕ ТАЈНО ДОМА,А НАДВОР СЕ ПРАВИМЕ РОКЕРИ,РАПЕРИ,ПАНКЕРИ ИТН! Јасно? Како може кога вие не ги познавате другите да тврдите дека СИТЕ слушаат и сите потајно си уживаат во овие прости стихови на турбо фолкот? Секој нека зборува за себе,нека не соли памет дека нема човек на планетава кој живее без песните на Цеца и Шабан И како што кажаv овој жанр е мноогу навлезен во ушите на балканците така што се трудам што е можно повеќе да го избегнувам надвор.Одам каде што пуштаат нешто нормално И не ми е важно колку албуми продала Цеца и копманија,ако сака нека продаде и 500 милјарди за мене пак нема вредност ни таа ни никој од овие "пеачи"!
Јас слушам скоро секаква музика. Кај мене тоа зависи од расположение. Понекогаш знам да си пуштам песни од Аца Лукас, Цеца, Драгана и компанија. Едноставно знаат да ме расположат овие песни, знам да откачам на нив, па и не ми е срам да кажам дека ги слушам. Не ми е омилен жанр музика, но сепак. Единствено нешто што ме вади од такт се луѓе кои се прават дека не поднесуваат турбо фолк, а дома рокаат до даска. Не можам да ги разберам. Ако веќе слушаш, зошто да криеш, зошто да се срамиш. Секој со својот вкус.