Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

До кој степен е навлезен турбофолкот во Македонија?

Дискусија во 'Музика' започната од Offspring, 6 јануари 2011.

  1. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Колку е жалосно што денешнава младина коси кубе ,се дере на цел глас и вени сече на овие кукумјавки ништожни!
    Моје гачице ,бесан ауто од 150 марака ,појма нема што ,добро бре толку ли не се свесни дека таканаречениве песни нивни немаат никаква литературна вредност?
    Или ај,српско е,само тој јазик го знајме и ајде ќе грофтаме со ЈК Направи ми синаааа :puke:

    Да се прашувам јас ,има со закон и Устав и не знам каква не Декларација за човекови права да ги забранам овие гомненици ,ако ме разбирате.
    Ништо културно и конструктивно не може да се научи ,може да му влезе на некој в глава како да го изневери дечкото дури е ќора пијана ,како она га воли он је зајебава и не знам што уште не!


    Уффффф ќе опакостам некој во блиска иднина! :puke: :@
     
    На macysh и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Турбофолкот во Македонија значи премногу е навлезен.Незнам значи ова е претерано,во секој кафич се пушта турбофолк...еј до каде вака...незнам,нависитина...Посебно тинејџерите,значи така се пренесени во овој тип музика,така што за нив оваа музика била омилена била во мода,незнам нависитна.Наместо да слушаат квалитена музика,тие слушаат Шабанарија...Вака не одиме до никаде.
     
  3. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    како јас да сум го пишел постов, само би допишал дека дома сите рокаат турбо фолк до даска и на крај ја вадат даската, а у јавност најголеми противници се на фолкот но нејси, за тоа колку е навлезен фолкот кај нас е доказ што колосеум пред 2 недели беше преполн на Аца Пејович а тек сеа на 15 коа ке биде Харис Џинович(ќ) (незнам) доказот ке стане уште поубедлив дека нашите лудуваат по фолк колку тука и да се противат :)

    викаш вака не одиме никаде, а добро каде треба да одиме :?: слушањето на поп,рок,метал итн на кое поле ке не направи поуспешни? можеби во еу побрзо ке влеземе хмхмх или пак у нато а можеби и ке се збогатиме :P
     
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Па јас вака по дома не ги слушам турбофолкериве, или на концерт некој да им одам, или да објавувам песни секој ден на фб, ама на гости во поблиска и поширока околина сите слушаат па и ти мораш, шта ќеш, сите песни ги научив. :D
    Па и не ми смета толку, нема да си отидам, или да се бунтувам, и да се дерам и да се качувам на глава, па ипак на гости сум му дошла на човекот. :D
    А инаку конкретно за прашањево навлезен е доста, турбофолк ќе слушнеш во такси, во секоја втора дискотека, а и турбофолкериве најчесто ни ја посетуваат државата.
    Првествено е од младината, од околината ако им е дадено тоа, тоа и од мали нозе ќе го слушаат и негуваат, и постарите генерации не заостануваат, па негде 70 % од населениево активно слушаат.
    Јас не ги осудувам, секој си има право на избор, кој што сака ќе си слуша, како што мене не може да ме натерате да слушам некој хеви метал, и нив не може да ги натерате да не слушаат турбо-фолк.
    Секој со својот памет. ;)
     
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски

    Неможеш да генерализираш дека секој дома “рока“ турбо фолк.
    Да, факт е дека поголемиот процент од денешниве генерации изиграваат хардкор а потат мишка на чиче Аца, ама постојат и луѓе кои навистина органски не ја варат таа “музика“ и навистина не треба да бидат ставани во ист кош со фејкот.

    And again...може рокот/металот/рапот/било што освен турбо фолкот нема да не однесат во ЕУ и НАТО ама барем нема да даваме коментари од ваков тип, if you know what I'm saying. ;)
    Турбофолкот труе на невидено. Да не беа полуголине теткици во шпицурајки, ретко која ке се филмаше дека е како нив и да си се нарекува себеси мачкица, тигрица, жена лавица, зла барбика, swatka mawa и остало.
    Не е крив турбофолкот за тоа, не. Тој не настанал и не се наметнал сам.
    Крив е народот со затупавен менталитет кој го создал тој вид на “музика“ и оние кои го негуваат тој “стил“ пронаоѓајки се себеси во него.
     
    На crazylady, macysh и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    мхм у реду
    ај кажи ми како ти наштетил фолкот на тебе или на некого :^) со тоа што се нарекуваат мачкици, тигрици итн? тебе тоа ли ти смета? хххх
    па и јас овие неможам да ги варам па не плукам секојдневно по нив кај ке стигнам :)
    [​IMG]
     
  7. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Tурбо фолк ?!

    Ми се гади од самата помисла.. :puke:

    Сите се пијанат,сите ги „годат“ в срце турбофолкерските текстови .. |(

    Да , ме напушти „љубовта на мојот живот“..

    Аха ! Сега ќе видите , колку ќе се испијанам , секако .. тоа ќе биде поради текстот во кој се пронаоѓам и мојата огромна болка.. :nod:


    НЕмој .. молим те ! :o

    Еве накратко опис на турбофолкерска песна..
    Текст-небитен и глупав
    Мелодија-Некоја си ...малце побитна од текстот..битно да одговара за локање алкохол и тресење на гради и посекако задници..
    Певаљката- Најбитна! Па да има убаво тело , сигурно средно или основно образование..и животно мото и е да се прослави со своето тело! Нејзиниот плакар мора да содржи облека што поразголена, и што потесна.
    Да да, и јас во четврто одделение дека знаев по пат да одам, мислев ќе ме бидне за манекенка.. :lol:


    Глупави глупости! :lol:

    Мислам , на скала од 1 до 10 .. :?: Некаде околу 7 ! :@
    Успат :
    Многу сум благодарна што професорката по музичко рече дека ќе се труди што повеќе да не оттргне од турбото! :D
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Голема е бројката на оние кои слушаат такви "не можам да ги наречам песни" но исто е и голема бројката на тие што слушат квалитетна и вистинска музика,така да не е страшно.
    А што се однесува до она "сите слушаат па морам и јас" тоа не поминува кај мене.Абе некој пиштол да ми стави на главата не го слушам тој кичерај,ми се повраќа од самата помисла на Цеца,Аца Лукас и компанија.
    Не ми е јасно поради што некои луѓе го слушаат овој кривец во музиката,зарем им е убаво да слушат такви трагикомични текстови од типот "Не би било лоше да кабрио порше паркираш у моју гаражу" :fubar: .Некој ми кажа дека на такви песни можело да се веселиш :^) ,па зар не може да си пуштиш некои поп и денс хитчиња па да си џускаш на нив туку морало да се качува на маса секој пат кога "Лепша од ночи" ке одекне во просторијата.
    Си слушам квалитетна музика и ич не се замарам дали ми се чудат кога на некоја забава ќе превртам очи кога ќе се пушти нешто турбофолкерско.
     
    На TeddyS и macysh им се допаѓа ова.
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Како ми наштетил...Мене не ми наштетил ама им наштетил на оние што го милуваат.
    И нека си се вика таа мачкица, куклица и што сака, ама кој к** јас морам да ја трпам дури се филма насекаде? А неизбежни се таквите. На секој чекор ги има, неможе човек да затвори очи пред нив.
    А таквите типци како на сликата си имаат посебни “дувла“ за својата музика и животен стил, никому не наметнуваат свое и ретко ке ги видиш на место кај што излегува остала раја. Сигурно човек нема да излезе во дискотека/кафана/кафиќ и да слушне нешто од Sex pistols, Led Zeppelin, Savatage, Anathema, Karelia и други за кои турбофолкерот мисли дека се нови видови сендвичи во Мегдоналс (намерно).
    Тоа е проблемот, што друг вид на музика кај нас не е профитабилен, а турбофолков наоѓа место во срцата на оние кои немаат оформено свој музички вкус па како овчички го пратат она што им се наметнало од ТВ и од мнозинството. Кај нас фали и основното познавање Англиски за да би се разбрале текстовите на горенаведените, а не пак човек да се пронајде во нивни текстови. Плус “стилот“ и се наметнува. Ке се смисли реклама “Феноменални концерт Српске фолк диве која је продала 3 милиона албума широм Европе!“ и народов се попали да оди на концерт на “дивата“ мислејќи дека е кремац, пошто нели, 3 милиони продала таа!

    Еве, да земеме за пример цуца од лејмбук што ја имам.
    Типката на 3 секунди пишува статуси. Цитирам пример:
    Zla Barbika
    jedina mana mi je to sto nemam ni jednu MANU!
    ja sam zla barbika srce mije plastika:d:d:d:d
    Zla Barbika and 27 others like this
    Like · Comment ·
    Да не ги спомнувам по 100+ лајкчиња на шабанските песни и коментари од типот: леее најубава песна, најубав текст, иии ама се начукавме на оваа, хехехехе срц баш ти одговара мња, хехехе па да срц исто како тебе итн...

    Ова не е иритирачко и не би пречело на секој што има општо познавање од поимите во животот?

    Од друга страна, типка остава песна од Pearl Jam, собира едвај 2 лајка и добива коментар “Кои се сељациве?“ Сељациве бе!! |(

    Ај после не бил навлезен курвофолкот и не влијаел врз менталитетот...

    Се извинувам за есејов, ама морав! :D
     
    На TeddyS му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    хахахаха епа ова со Pearl J ти е исто...како таа што била навредена со овој коментар за нив, така и фолкериве се навредуваат кога им трубат за нивните фанови, идоли шо ти знам како си ги нарекуваат :D
    а за овие типциве што според тебе имаат посебни дувла јас ги глеам низ парк, на рекорд, у гтц :o упм и овие насекаде ги има ;)
    и само едно неможам да сфатам а тоа е ова која е разликата помеѓу српскиот и бугарскиот фолк а да не заборавиме колку азис,малина,калина и кои ти веќе не се популарни во струмица,пробиштип,прилеп и уште некои други градови, а музиката не им е ништо подобра, се облекуваат ко ефтини кхм ју ноу :) и има некој одговор? значи кога реално ке ги споредиш и нема некоја разлика, разликата е во тоа што само по српскиот турбо фолк се збори.
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Идоли друже, идоли. Тие што кракаат се идолите а рајата што ги слуша се фанови. :)
    А и фала Богу дека ке видиш некој “фрик“ на улица, сепак не се тие кртови па подземни тунели да копаат за да стигнат до своето дувло.
    И полека малку. Како може Pearl Jam да бидат споредувани со турбофолкерај? :tmi:
    Нивен фан и те како има право да се навреди. Светски познат бенд со историја, награди и признанија да се споредува со нешто кое ни е познато само на нас Балканците? :x
    Ете, дотолку навлегол турбофолкот што се верува дека “Свирајте ми и опијте ме да је заборавиииим“ певац или некоја си Сања/Тања тигрица е музички едуцирана и на иста фреквенција со Еди Ведер...

    Едит: Сандра Африка била таа на која мислев погоре. :D
     
  12. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    До тој степен што почнаа да ја ставаат Сузи ГазДавала и Јебена Курлеуша во "Луѓе кои ве инспирираат" на Фејсбук!
    Пишував некаде за ова,ама мислам дека неопходно е да споделам и со вас колку пропаѓаме.
    Да не е смешно ќе биде жално.
    Ја слушам Сузето во кафенето спроти мојата куќа,и мислам дека апокалипсата ја гледам пред очи.
    Тие тонови,тие текстови,таа дубина,скриени пораки,интриги,те тера да продолжиш да слушаш...
    Синан Шакич,Елена Велевска,Андријана Ацевска...
    Се разочарав во себе,им ја знам третина естрада... |(
    И сето ова немаше да биде толку катастрофално,да немаше неизживеани будали кои сечат вени по нив и нивните уметнички дела.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Ао, болна тема за мене. ;(
    Не можам да се изначудам дека сум слушала турбофолк како помала.. :x
    Се‘ уште памтам песни, цели текст им го знаев! :headbang: Браво за мене. |(

    Фала Богу, од пред околу 4-5 години почнав да слушам нешто понормално.
    Турбофолк „слушам“ само присилно (ако трешти од некаде, што не е баш ретко |( )

    За жал, турбофолкот е премногу навлезен во Македонија. Ич не ми се свиѓа. No me gusta, no! :D
    Се надевам ќе се најде противотров против овој ужасен отров кој пребрзо ги уништува младите животи (а богами и старите) и зема се‘ поголем зафат.
    За доброто на сите. Please? :wasntme:

    Слушајте си, немам ништо против, само немојте да мислите дека тоа се најдобрите песни што постојат, дека имаат воодушевувачка порака, длабок текст и така натаму. И не не‘ тровајте нас кои успешно (до некаде) се справуваме со отровот, можете да се веселите иако е потивко, не мора цела маала да знае колку сте весели. :wasntme:

    Со постов не се обраќам никому директно, туку општо, на сите турбо фолкери.
    [​IMG]
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    До неповрат :(
    Само едно ќе кажам и мислам тоа ќе биде доволно:
    Мало девјче на 5-6-7 години максимум сите маички ги витка над пупак и се шминка и ја емитира гергана или која било друга бугарска певајка. :fubar:
    Видов со свои очи и се згранав. Имам против таа музика бидејќи не ги учи тие мали девојчиња на ништо добро. МИ постави прашање зошто нема толкави ци*цки како тетките на тв :swear: И кога ќе и пораснеле :@
    Ми идеше да ја истепам мајка и што не и го гаси телевизорот:punch: Мене тоа ми е сташно.
    А што прават малце постарите кога идат по кафаните(биртии) не сакам ни да помислам само. И после ја окривуваме младината, па кој ја направил таква да биде од кого гледаат тие:headbang:
     
  15. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Навлезен е богами навлезен премногу.Уметноста во песните се заборави.Преполната сала за Скопје Фест во далечните 80 ти со цел оркестар кој свиреше во живо и талентираните пеачи-уметници кои ги изведуваа песните исто во живо се замени со ефтини песнички,пеачи кои пеат плејбек и не ги ни знаат песните туку го забораваат текстот и само отвараат усни,напумпани усни и силиконски гради.Направија бизнис од музиката и го створија турбо фолкот.Им ги пуштаат песните до тој степен што веќе сите не заразија и не натераа сакале или не да им ги слушаме. Замина пристојно облечениот артист и прифатлив за очи и наместо него дојдоа некои кичести пеачки и пеачи со силикони и миничи до пи**чи.Се загубија поп рокерските бендови...кои не подигаа од петици и местото им го земаа некои ефтини тезгароши кои до вчера не знаеја ни еден евергрин ама сега веќе купија инструменти или полошо купија лаптопи и им пуштаат на младиве по дискотекиве некои песни од стилот Шта ќе жена сама у кафани :/ ми се гади кога ќе видам што им прават на младиве.Џеј,Аца Лукас,Мина итн уште стотици такви им ги пуштаат по кафани а младиве мислиш животов им поминал узалуд се опиваат на нив и чаши кршат.Неверојатно.Не само на младиве тинејџери туку и ние бре...ја не можам да го поднесам турбо фолкот ми се гади кога ќе слушнам некоја песна вени да сечеш и живот да ти се одмили ама понекогаш се фаќа себеси како потпевнувам некој текст ...и тоа е само доказ колку многу навлегол во нас сакајќи ние или не ...почнаа насилно да ни го вгнездуваат во секојдневието.

    Секој викенд ни е нова година.Се изгуби чувството за уметност и музика.На тезга младите не порачуваат добри рокенрол или поп песни туку некои тешки турбофолкерски.И како на младите да им се објасни дека квалитетна музика од која ти трепери срце е онаа на Моцарт а не онаа на Сека Алексич и Мина Костич?
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    До толку.

    На една другарка познаник бил на роденден на некоја си Тања Блажевска мислам дека се вика. И сега другарка ми ми вели дека на роденденот на дотичнава турбо-фолкерка,имено моја сограѓанка, биле Софче Каракаева,Зоки од Фаци и други ВИП. А,јас целата во прашалници Ху да фак ис Тања Блажевска? :o А другарка ми како бе не ја знаеш Тања Блажевска, ја има во крема, свет. :x Во ист град живееме, таа била позната скоро насекаде, а јас не ја знам. Не е за чудење де и така не слушам ваква музика.

    А,дека е застапена оваа музика, ова не ни музика де, е застапена и тоа многу. Јас не можам да сфатам женско или машко да се пронајде во овие текстови. Не ми е прифатливо тоа. Ние имаме многу добри песна, многу добра музика, зошто да си го тупеме мозокот во вакви срања? А, за ширењето на турбо-фолкот голема улога имаат гореспоменатите списанија. Абе, тоа треба да се униште, да не постое.
     
    На crazylady и Magnolija им се допаѓа ова.
  17. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    5.085
    До ненормално голем степен...
     
  18. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Мене ми е малце преку глава од изјави од типот, да бе не слушате и ругате турбофолк, али у кафана први сте на песните или по дома само тоа слушате. Не, не сум прва во кафана, зашто не ни одам во такви кафани, и ни у лудило по дома не пуштам турбофолк. Кога кажувам дека турбофолкот е с*ање, стојам на тоа во секој момент, не додека не останам на само па се трујам со "длабоки" стихови. Стварно не можам да разберам кој и како може да се расположува на такви глупости, а лично поглупо нешто од тоа, епа на техно ли да се пијанам бе брат, неам слушнато.
    Единствената прилика во која сум седела на таква "музика" било кога ќе сме се собереле од факултет во кафана, пошто мнозинството така сака, и нема да се буниш и делиш од група. Не можам, на темава сум строго заглавена у ваквиот став и со години само си го негувам, ништо помалку ни повеќе.
     
  19. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Според мене, во Македонија не е навлезен турбофолкот ни малце! Го форсираат глупиве влади што им е секако поевтино за Нова Година да пее некоја си ку*ветина или некој дрогираш отколку вистински пејач! Салите се полнат од простата сељачана и глупи средношколци напалени на оваа патетика и мизерија. |( Ај некој нормален, кој да кажеме слуша нормална музика (од Грин Деј до Адел, па Влатко Илиевски, Александар Белов) и сличните да отиде на глупиве концерти. Сега ке објават дека за Нова Година (уствари овој Ацо дрогирашов ке “пее“ пред Нова Година) и сите кои немаат каде да одат (што за за жал е поголемиот дел од нашава популација) ќе земат другари, некои деца, некои дечко/девојка и ќе мрзнат на плоштад или ќе се гушат во некоја арена (или сала) со ризикот од рак на ушното тапанче, и исто така простата маса погоре спомната и се сосем доволни за да се наполни една сала. :|
    Гревче е нашава Македонија во овој сегмент. :(
     
  20. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Оооооф само коа ќе ги слушнам :puke: Не затруја со тие.Само за Срби и Хрвати се направени саливе само они се пејат овде кај нас не знаат да викнат некој асален пејач со друг тип на музика.Дома коа ќе почнам да викам да сменат она ДМ сат они ми викаат а ти па шо слушаш оние американци овие бар србиве ни биле ''браќа''хахахахха браќа ооо да бе у Југославија сте биле заедно.Ова турбо фолков е навлезен у крв и секој 2 го слуша.Ја не поднасам.Не судам на никој шо ги слуша но не знам дали имате приметено оние шо слушат и пејат турбо фолк мн им е глуп гласот и мн им се разликува та го иам приметено на МК ИДОЛ кај децана.ИИИИИ сакаам да се искорени турбо фолков ако може.Божем у Србија и Хрватска нас не слушаат.