Потполно се согласувам..по сељачки амин.. За мене турбо-филк = Како и да е,и јас имам иста таква другарка.. Но барем таа ме почитува и воопшто не разговараме на таа тема додека сме заедно..
Абе како да се такмичат кој на телевизорот да си ги покаже своите гради,е не ќе си играме,Гавазова ќе ми пее свадби,докторе,некоја друга министери,абе живи бруки. Јас би ја забранила ваквата музика,оти стварно е сељачка. Плус,на БОМ кога ќе дадат некоја абе да си се смееш.Best of Macedonia E oна?ајде бе...катастрофи. Си мислат кој се или што пеат,а уствари несвесно се такмичат кој поглупава песна ќе направи.Хаха Не вреди да ги спомнуваме,ги правиме популарни,така да...ако мислат дека со она се интересни,се лажат и нека продолжата да не брукаат,т.е. самите се брукаат.
Мој клас, други класови, генерации - постари или помлади, се е затруена со оваа 'музика' и на сегде ја има. Мислам дека веќе се е кажано, не знам стварно што би додала. Од толку прекрасни изведувачи и групи што постојат... Ете оној Харис ЏИнович има поише гледаност(милионски) на youtube , него на пример, тоше што има. Ми се гади од музикава.
Страшно. Не слушам турбо фолк (и нема ни да слушам), ниту пак им судам на тие што слушаат. Меѓутоа тој е навлезен во Македонија до ненормален степен! Баш бев сведок на една турбо фолк журка пред па нема ни една недела. За велигден бев на село кај пријатели на татко ми и после прошетката гледам кола застаната и од неа ечат Милионерче и Кеш (а покрај нив и многу други слушав во веселата ноќ), а околу неа собрани девојки и момчиња од 12 до 18 години како мисир на го*но. Земале сите играат, се тресат на сред улица! Па со кој памет бре ?! Ај од село се ова-она ама не личи бре брате на тие песни да играш. Искрено ми се повраќаше ама ептен во тој момент и сеуште од тие Цеци, Меци и друга сра*а . И мислам дека крајно време е луѓето поготово од моја генерација да ја сфатат разликата меѓу турбо фолк и стара македонска музика!
Значи јас сум еден гоооооооооолем фан на Аца Лукас и да му ги знам сите песни и кревам мишки на сите негови песни и сечам вени на сите негови песни и скревам на сите негови песни и тоа е моја одлука. Секој е различен секој е свој (што би рекле на рекламана од ВИП) D Негледам што е лошо да го слушаме Аца или што е поарен Лени Кравитц од Аца ))
Да се спореди Лени Кравиц со Аца Лукас е исто ко да се спореди Бетовен со звукот што го прават ѓубраџиските камиони дур празнат контејнери.
Никаде не напрајв споредба. ЕДНОСТАВНО ЛЕНИ ЗА МЕНЕ Е НЕПОЗНАТ ПОШТО НИЕДНА ПЕСНА НЕ МУ ЗНА. КАКО ШТО НЕКОЈ НЕМОЖАТ ДА ГО СЛУШАТ АЦА ЈА НЕМОЖА НЕГО ШТО Е ТУКА ЛОШО?!
Не сум којзнае колкав љубител на турбо фолк музиката, но знам неколку песни. Разочарана сум што се повеќе луѓе повеќе ја преферираат таа музика, од нашата. Каде и да се свртам слушам како некој дрнда турбо фолк стихови и веќе навистина почна да ме нервира. Во ова опкружување, сакале или не научуваме по некоја таква песна. На било каква прослава без турбо фолк не поминува вечерта. Ако не им пуштат таква музика одма болни легнуваат. Заборавивме да го цениме своето. Конкретен пример се концертите на Аца Лукас. Кога и да настапува кај нас нема средношколци (не се само тие, но ги спомнувам бидејќи се најзастапени) кои би рекле 'не одам'. Доколку речеш такво нешто тогаш ти одма немаш осет за музика, ти не си во тек со времето, ти не знаеш што пропушташ. Кај него ќе има барем 3 пати повеќе отколку на концерт кај наш пејач. А да не зборуваме за тоа дека тој е поранешен наркоман или што и да е, БРАВО, само за пример ни е! Треба да се засрамиме од тоа што дозволивме турбо фолкот да навлезе во Македонија, да ги подгази нашите пејачи. Ние ги цениме повеќе само од кога ќе починат (не дека пред тоа не се почитуваат), додека се меѓу нас сите молчиме како риби и се повеќе ги плукаме како се татини ќерќички и синчиња, а се што е туѓо прифаќаме без проблем. Јбг, таква нација сме.
Невелам дека незнам ни една турбофолк песна, знам многу али сум била принудена да ги научам. Рето во која кафана се свири старогратска музика секаде е во стилот на Милионерче, Ќеш ќеш, Беле руже, Муштолук сакал - наескал мораш да ги слушаш тоа ти е. Никогаш дома ми се нама случено да си ги пусшатам и да ги слушам. Многу жално, мислам дека турбо фолкот е навлезен до крајност!
Ухх колку само мразам турбофолк! Имам неколку турбофолкерки за другарки и кога ќе ми пуштат на телефон и си пеат ли си пеат, а јас ги гледам као ват д фак?! И кога ќе пуштам некоја англиска, еве да речеме од некој кој навистина знае да пее како на пример Бијонсе ( се надевам дадов добар пример, таа навистина знае да пее квалитетно) и они ми викаат -Леле Елена што слушааш! -Од каде ги копаш песнивее? Не сакам да коментирам понатаму, факт е дека турбофолкот никогаш нема да изумре, а денешната младина ќе побудалува по неквалитетни песни...
Од пеач до пеач има разлика. Јас си го слушам Аца Лукас бидејќи има добри песни. Сепак во Македонија има многу што токму турбофолкот го сакат и колку и да се зборува лошо за турбофолкот тешко дека ке изумре.
Турбофолкот во Македонија е навлезен до крајни граници .. бре луѓе .. кога ќе видам дете на 15-16 години во телефонот 3958349683 песни од Аца Лукас .. од Харис Дрн Дрн .. незнам други .. ми иди телефонот од главата да му го скршам .. па добро бе .. на 15-16 години ми слушат турбофолк .. што ќе биде со нив на 30 години ?? ШАБАНИ отепани .. не дека јас слушам рок па ајде сега сите треба да слушаат .. али кај нас ја претеруваат со турбофолкот .. оди на свадба .. наместо македонско нешто народно.. ова она .. тие .. ми пеат милионерче на бугарски .. и кеш кеш ... ЗОШТО?? Пред недела две .. бев на свадба .. и слушам .. срам ми беше тоа од тоа што го слушнав пред сите тие луѓе а пред се пред моите родители .. "Mази мази мази мази ме .. љуби љуби љуби љуби љуби ме " .. и неможам да се сетам али беше нешто со "стисни ме .. дај ми го" .. абееее кадееееееееее??? навистина незнам што се дешава во МК .. турбофолкот им е дрога ..
Незнаев каде да ја ставам песнава и мислам дека одговара тука. Еве една наша турбофолк пејачка. http://www.youtube.com/watch?v=MqcVpF5J ... _embedded#! Ахахахахахаха полошо здравје