Слушам секаква музика зависно од расположение (од Јордан Митев, Владо Јаневски, Аца Лукас, One Direction, па Mariah Carey, Bon Jovi). Не можам да сфатам што им пречи на луѓево кој каква музика слуша, а и како што гледам само овие кои се против турбофолкот, на нив им пречат другиве. Како што има изведувачи од турбофолкерите кои не се "симпатични" исто има и од рокерите и др. Што ги ставате сите во ист кош? Еве пример онаа Гага не можам да ја смислам во никоја смисла, и што сега сите кои ја слушаат се вакви или такви, ма немој. (И можеби не е за тука ама ќе пишам оти е актуелно) Зошто ги вреѓаат сите кои го слушаат/обожаваат Бибер, баш е фино детето. И од друга страна (ех фолкер и моментално тв лице) Драган Вучиќ, за инат на сите мене ми е пријатен како човек. Не паѓајте толку ниско, никој нема право никого да осудува за својот избор. Вие само продолжете да тепате време и нерви. И од каде писменоста се одредува по тоа кој каква музика слуша и каква музика прави. Колку за споредба, Брајан Адамс го слушам и почитувам а нема завршено ниту средно образование и што сега? Дали нема убави песни или не знае да пее? Сите знаеме колку од овие "писмените" се навистина писмени и колку се од улица собрани, но не се цени по тоа. Се цени глас, музика, изведба. И 99,99% од сите кои ги вреѓаат турбофолкерите на свадби пеат и играат (читај - се кршат ) мислиш турбофолкот им е во крвта. Па затоа не се правете толку писмени и музички образовани. Без навреда.
Значи катастрофа над катастрофите е ова нешто наречено музика. Не осудувам никого според тоа што слуша(иако повеќето тоа го прават и не мразат затоа што слушаме метал.).Секој со свој избор,не можам да ви забранам да слушате што сакате. Јас турбофолк не би слушала ни под точка разно.Толку од мене.
Dо каде е навлезен турбо фолкот во Mакедонија покажува тоа што Aца лукас ја полни Mетрополис Aрена секоја година пред нова година. цеца ни доаѓа два пати годишно и тоа по два концерти со ред го полни спортскиот центар Tрајковски. секој викенд доаѓа некој турбофолкер по дискотеките а ако не дојде тога жаре бербер ни е тука .... а за нашиве турбофолкери подобро да не зборуваме...
Нееее, до степен на ВРИЕЊЕ е навлезен. А башка слушам и јас понекогаш, онака за размрдување. И не ми смета. Навикната сум на секаков вид музика. Само класика не би можела да слушам
Факт е дека турбо фолкот нема да излезе никогаш зошто е навлезен до тој степен што на секој чекор слушаш некој си потпевнува песни од Цеца или Аца Лукас. Или трагедија, се пронашол некој во стихови од такви песни, стихови кои кога ќе ги слушнеш не знаеш дали да се смееш или да плачеш. Океј е кога се свири на свадба или некој друг тип веселба, но во ноќни клубови?! Е тоа никако. Добар ден од денешната младина е уништена од овој тип песни. (а кога мислам младина ќе ги опфатам и децата кои сеуште одат во градинка и пеат такви песни наместо детски песнички од типот Наташа од 3то 3 и дувна ветре развигорче. )
До степен што продавачките во бутици кога немаат работа наместо да озборуваат со соседните продавачки,заедно на телефоните слушаат турбо-фолк и пеат.
турбофолк во Македонија е дојден до тој степен каде текстовите од пените немаат врска.. се нешто глупи/ смешни текстови.. не е повеќе за музиката сега за парите е .. српскиот турбофолк .. а за македонскиот да не прајме муабет ... )_) поарно ќе го слушам justin bieber него андријана ацеска ( мафијаш , кеш кеш, sexy bull )_) yalla !
- Добар ден,имате апчиња против турбо фолк? - Само со лична карта. - Напред назад немам где,лична карта празна је.. Шала на страна.Во нашата земја овој тип на музика е премногу застапен.Јас не сум слушала турбофолк,ниту слушам ниту ќе слушам.Не ми се допаѓа едноставно,ме потсеќа на типаци со бела кошула откопчана да се види љубовниот тепих и 2 кила злато на врат.Текстови никакви,музика исто.Не гледам инспирација и нешто убаво во овие песни.Ова е мое мислење.
До тој степен што на 10 јуни на ''журка'' во школо 10 000 пати ќе ја пуштат мое злато и цеца + сите како мрднати ќе рипаат и скокаат, а кога ќе се преминe на латионо и англиско сите мируваат
Турбофолк... Приказна сама за себе!!! Некој го сака, некој неможе да замисли да го слуша!!! Јас сум од генерациите кои што во младоста не слушале турбо фолк... Не затоа што не сме сакале и не ни се допаѓал, туки едноставно затоа што во тие времиња не постоеше!!! Затоа не можам да замислам како денешниве млади генерации толку многу го обожаваат... И тоа го обожаваат до тој степен што воопшто не слушаат други видови на музика... А, тоа е жално... Постои толку многу убава и интерена музика која што не се турбо фолк... Но, турбо-фолкот не е само „навлезен“, тој е премногу „присутен“ во Македонија!!! А, бидејки со него се „среќавам“ на секој чекор - на приватни журки, на ТВ, радио, во кафулиња, понекогаш „успевам“ да ислушам по некоја песна... Добро, па, некои и не се така лоши...
до ср'жта е навлезен турбо фолкот...штета за децата од 5-6 год што пеат песни од Шабан Шаулиќ...кој ли им всадил????
"Moe zlato" prvo i osnovno neznam pod koja teorija ti e turbofolk? Ako ne razbirate ne tresete gluposti, koj sto saka neka slusa za sekoj se naoga po nesto... jas slusam voglavno srpska muzika i koga ke se napijam (cisto da se raspolozam) ne da se ocukam sakam da slusam i nekoja narodna pesna, Saban Saulic, Zorica, Snezana, Ceca, Aca lukas i drugi.. i koj e toj mas so ke mi reci da ne go slusam toa deka nemu ne mu se dopaga? Mene licno ne mi se dopaga metal i rok muzika i ete jas se cudam kako gi slusa tie cuda nekoj... Ama nikogas ne mu sum rekla na nikoj sto go slusa toa gomno od muzika, kako sto spomna edna "kulturna" feminka.... Koj sto saka ke slusa i temata e glupa. Pozz
Погрешно си ме сватила, мое злато ја ставив како пример за тоа колку од нас децата (основците) лудиваат по неа, а не знаат една македонска песна.Ајде за мое злато ќе попуштам ама цеца, аца лукас и уште многу слични да се пуштаат по забави, кафулиња и да ги слушаат деца што штотоку прооделе не го оправдувам.
Турбофолкот е толку многу навлезен во нашава земја што во голем дел од забавната музика почнаа да вметнуваат елементи на турбофолк само за да се слушаат и нашиве изведувачи. И до толку е навлезен што пола наша естрада пребега во Србија за да и' прават музика и за да заработува. И до толку што и голем дел од нашиве т.н. фолк музичари прават всушност турбофолк музика. И на секоја свадба, матура и во секоја кафана се игра само на таква музика. Како и да е, секој со својот вкус, за вкусовите не се дискутира. Јас не слушам ниту македонска, ниту српска ниту некоја од горенаведените видови музика, но не ги осудувам оние кои слушаат турбофолк. Немам блиска комуникација со тие што не им чинам или не ми чинат (бидејќи музиката е, практично и стил на живеење). И никому ништо.
Карта за кај Цеца на концерт-1200 до 1400 денари.Карта за концертот на One Republic-1000 денари...Мислам дека ова доволно кажува...
Do toj stepen sto ednas bev svedok, 7 mo oddelenci izleguvaat od cas po muzicko I peat nesto od Ceca.Istata pesna ecese I za vreme na cas, zaedno so nastavnikot.