Драги наставници...

Дискусија во 'Образование' започната од Papillon.Papi, 24 февруари 2014.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Тука можете да кажете се што мислите за вашите наставници, може да се критикуваат, да кажете како би сакале да изледа еден превилен час со нив. Мојата мајка е насавничка и таа од мене гледа како би требало да се одржува часот за да не биде досаден на нејзините ученици. А, исто така и зема примери од интернет. Еве од нејзиниот фолдер една слика која би можела да биде потребна за сите наставници:

    Па, повелете! :D
     

    Прикачени фајлови:

    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    ми се допаѓа темава. :) незнам зошто нема мислења. Епа ајде јас ќе почнам прва и се надевам дека ќе има интерес.

    наставничке, вие поима немате колку воопшто не ве разбирам. Како тоа велите дека јас не сум дружељубива? Всушност јас не учествувам во вашите игри затоа што сметам дека тоа е за дечиња. Наместо на одделенски час ние да се релаксираме, вие ни велите да играме некакви бебешки игри колку на вас да не ви е досдно. Мене ќе ми предавате биологија (незнам ни како сте ја добиле позицијата 'наставник по биологија') кога всушност вие се однесувате како шимпанзо. Се чешате под пазувите и потоа прстите си ги лижете. Бљак :(
    Затоа едвај чекам да поминат уште неколку години, за да не им предавате на другите генерации. Фала богу само две години ми предавате. Искрено незнам како претходните генерации можеле да истрпат во ваша близина. до најневоспитаната наставничка :)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.307
    Допаѓања:
    28.826
    Пол:
    Женски
    И мајка ми е наставничка, и верувај не ти е класната крива што играте такви игри. Тоа мораат да го прават. Тој прирачник од каде ги играте игрите го има дома и е навистина поучен.

    Професорке :D
    Ајфонот од глава ќе те ги распукам.
    Фала многу, пријатно. :bow:
     
    На LittlePinky и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  4. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    Професорке,
    кога ученикот одговара, треба да го слушате а не да си го поправате карминот, да си ги бришите штиклите или да си играте Pou на мобилен.

    Срдечно, ученикот со највисока оценка 4 на 5 (или запирка :?: ?) :x
     
    На LittlePinky, feminium, Papillon.Papi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    наставничке по италијански. ќе ве замолам убаво да си го намалите гласот. ууши ми пукат секој час! од вашата миленичка лајтнинг :*
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Наставниците немаат маки.
    Ете толку.

    Еве јас ќе почнам од мојата учителка во основно.

    Драга учителке,
    Се надевам дека денес си подебела за уште 20тина кила.
    Дали паметиш кога ја учевме азбуката, кога секој ден стануваше едни те исти да читаат зошто све знаеја?
    Дали ти текнува дека во класот имавме дете што не научи да чита и не зошто нешто му фалеше, туку ти го направи таков?
    Дали знаеше дека од скоро 30 ученици клас ти се трудеше само околу 3-4?
    А, ти текнува на тоа дека наместо физичко постојано имавме дупол час математика или македонски во трето одделение, а јас баш таа година имав 4ка физичко?
    Се сеќаваш и дека ни зборуваше како учителките се втори мајки, ама ти ќе да беше полоша од маќеа?
    Ти текнува дека на тестот математика претходник на бројот 4 е бројот 3, а следбеник 5, а тоа за тебе беше погрешен одговор?
    Текстот за зајкото Руменко, последната страна од Читанката? Кога ми го фрли листот дека цел текст бил препишан,а цела вечер со татко ми го пишував?

    А, знаеш што е најтрагично учителке?
    Што секоја година давав пари за да ти се купи цвеќе или поклон за 8ми Март.
    Уште потрагично е што тоа го правев до 8мо одделение, 4 години подоцна.
    Не жалам што наместо Харибо бомбони, сум давала пари за да ти се купи поклон.

    Ќе ти речам драга учителке, фала.
    Фала што ме научи каков човек не треба да бидам.
    Фала ти што толку се зацврстив покрај тебе, што сега уште стојам на нозе, а имав еден куп причини да кренам раце од све.
    Но, едно знам.
    Штом толку мала јас успеав да се справам со тебе и да се потрудам, можам и сега.
    Фала ти.
     
    На Keiner, maca cvet, white.kitten и 7 други им се допаѓа ова.
  7. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Ај и јас да почнам:
    -драга класна раководителке.Те мразам, те мразам многу зато шо си безмилосна и подволично суштетство од тебе нема.Ми се одмили и предмет и се, бубашвабо една грда.
    -Наставнику по изборен-како најмлад наставник би ти препорача да не преврќаш очи на наиште муабети ради тоа што сигурно нема да зборуваме за економски кризи на сред час и тоа додека работиме во група.Смири живци и кулирај.Мозолко една.
    -Наставничке по германски-искрено многу си досадна, коа ќе влезеш на час иам нагони за пролив и повраќање(извинете на изразот).
    -Наставниче по биологија-на почеток многу ве мразев, али сеа ми поминува полека тоа чусвтво.(не е кон сакање, да се разбереме)Продолжете така.
    -Наставнику по историја-не се дерете по толку, не хистеризирајте,па побогу греота сте.Имате само 25 години.Што правиме ако ве здрве инфаркт на лице место, што би правеле без вас? :(

    Од основно ќе ми фали само наставничката до 4то, најмногу си ја сакав и секаш си ја поздравувам ко ќе ја видам.Многу ме сакаше, насекаде ме фалеше..Овие од 5то до осмо наставници сите се гнасни, па сеа во средно се надевам на подобро. :$
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    да тргнам темата со хејтање на наставниците и да пофалам некој:
    - наставничке по изборен, знаете или не знаете, но јас предметот го избрав поради вас. Уште од петто одделиние ми предавате и искрено, покрај тоа што ни пуштате музика, вашиот глас е музика за моите уши. Потивко и помилно зборување не сум слушнала. Знаете да ме скарате понекогаш, но веднаш потоа следува охрабрување дека треба да продолжам да се трудам. Благодарам :)
    - Наставничке по математика, пофалби и до вас. Секогаш знаете да ме збуните со некоја задача, но потоа успевате да ме насмеете со вашите интересни решенија. Благодарам што ми давате задачи секој ден, па можам да избегам од светот и да се сконцентрирам на училиштето. Инаку, мислам дека не треба да бидете на диета веќе две години. Оние кои ве сакаат, ќе ве сакаат каква и да сте. :angel:
     
  9. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Драга професорке по хемија, тестовите правете ги од материјал што сме го учеле и од тоа што го има во учебникот а не од некои ваши презентации и книги од факултет! Учиш цел ден и утредента добиеш 1 на тестот. Не е до мене.
     
  10. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    (Не)драга наставничке по биологија..
    Не очекувајте од нас целосно да се посветиме на вашиот досаден предмет. Имаме ние и други обврски. А со тоа што се дерите и што сте безобразна, нема ништо друго да постигнете освен омраза од наша страна. Всушност тоа веќе одамна го постигнавте.. :)
     
    На maca cvet и Grejsi им се допаѓа ова.
  11. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Драга учителке
    Се сеќавам на секој ден ко да беше вчера...
    Не ти бев меѓу омилените-знам и не те обвинувам признавам не те сакав ниту јас, премногу беше лицемерна, неискрена... го осетив тоа уште од првиот ден!
    Сакам да ти се заблагодарам што освен на азбуката ме научи и како функционира светот, иако бев мала сватив дека кај тебе најдобра беше ќерката на тишлерот кој ти ја направи кујната, потоа синчето на фамилијата која ја држеше продавничката одкајшто секој ден госпоѓо излегуваше со торби и случајно или намерно ниту еднаш не плати, па беа ќерките на жените кои ти го лупеа пиперот во ајвар сезоната,па синот на командирот на полиција...така тие кутрите останаа неписмени...
    Даа точно мила моја учителке детето кое ти го прати на натпревар по математика во 4то наместо мене сега има едвај 2ка по математика, принцезата која ја ставаше во првиот ред да чита на приредбите за време на кои јас си плачев зошто учителката мисли дека незнам да читам, слушнав неодамна трудна била...Фала ти уште еднаш учителке...
    Конечно ќе ти кажам дека домашното- да се напишат 3 прашални,3 извични и 3 расказни реченици кое секој ден ни го даваше откако научивме да пишуваме го напишав само еднаш, да ти исолни 4 тетратки со потписи и ниту еднаш не примети дека јас ти ги пишував истите реченици, најверојатно бидејки толку ти беше битно нашето домашно...
    Се надевам дека кога ќе го проиташ ова писмо ќе ти стане јасно зошто родителите на првачињата кои ги зема после побараа друга наставничка за нивните деца и ти беше принудена да одиш во пензија на 62 год :D ( :clap: за нив! )
    Ова сега е до наставничката-класна
    Ееее наставничке проклета да си ни ти не ме сакаше, беше уште полоша од претходната...За разлика од онаа ти си имаше 4 омилени и само 4 гледаше од 24...За тебе ние не постоевме,бевме небитни,нашите проблеми,моментите кога ние немавме научено,имавме многу за учење,ни беше напорно...ништо од тоа ти незнаеше, додека нив 4те ги ослободуваше од часови и при обичен тест,дури и кога им се спиеше на принцезите ти ги ослободуваше , а за оцени да не зборуваме имаа 5,00 просек па макар и да требаше да преправаш оценки од другите наставници, и сето тоа за едни е*ани цвеќиња или некои мизерен поклон за 8ми март - нека ти е на чест!
    Даа се сеќавам и како секој калсен час од 1ви септември до окромври таму ни повторуваше дека на 22 октомври ти е роденден...
    Кога веќе сме тука да ти кажам дека кога во 5то нели првпат ти дадоа поклон и цвеќе за роденден и те видов како се лигавиш си реков од мене цвеќе ќе добиеш дури на погреб и уште си стојам на тоа!
    Еее кога се сетам само како секој час ме праќаше да ти купам тоалет- перфекс со 3 слоја ,обичен...
    А како само се лигавеше кога добивав награди од натпревари,еее тогаш цело школо дознаваше дека си ми класна :@
    Се секаваш како само ме чекаше утрото кога се вратив од натпреварот физика и тоа во холот таман сите да те видат, па како само ме изгушка... небаре толку ме сакаш...уф најголем лицемер што во животот сум го видела
    Биде и помина слушнав дека лани и тебе те сместиел во некоја библиотека да си ја чекаш пензијата далеку од свет...
    И сега ова е за тебе мила професорке класна
    Те запознав во прва година малада, згодна, првпат калсна.Уште идеалист... имаше толку енергија,толку желба и воља за од нас на направиш клас, но уште на почетокот и ти потона во твоите принципи кога на ќерката на градоначалникот не и регистрираше 2 недели изостаноци за одмор во грција во септемви,на синот на еден бизнисмен му оправда недела во банско без никакви белешки, а мене ми бараше медицинско покритие за 3 дена подготовки и учество на државен натпревар!
    Е тука згреши мила моја затоа денес не жали се! Доволно е еден потег па макар и несвесен како штоо беше рвојот за да се урне се што си изградила.
    И ти на почетокот не ме сакаше, но за ралика од претходниве барем имаше некој коректен,нормален однос и сопстево јас затоа те почитувам, дури и мислам дека најмногу те почитувам како личност од горенаведениве безрбетници и продадени за едне тоалет...
    Денес после 4 години сум ти омилената во клас,знам дека те потсетувам на тебе кога си била на моја возраст, ми зборуваше за тоа кога бевме во Будимпешта...
    Се надевам не ќе ја направам твојата грешка-сама да си го срушам сопствениот авторитет...
     
    На Grejsi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Драга,професорке класна,по математика,
    Ве молам да престанете со вашите задачи од „високо ниво“и почнете да предавате нормално.И ви благодарам што никогаш незнаете да не сфатите,нас,учениците.
    Драга професорке по географија,
    ви благодарам за сите „пубертлитски“ совети,сега преедавајте ја лекцијата.
    Драга професорке по историја,
    со невозможното пенкало со кое ја изударавте масата,поударајте си ја вашата глава и размислете малку што правите.
    Драга професорке по македонски,
    моја омилена,ве молам да ми бидете психијатар бидејќи навистина сте најдобра.Нема ништо подобро од топол разговор со вас.
    Драга професорке по Етика,
    ве молам не плашете не толку со вашите „толкави“ очи и место да играте Поу и Сабвеј Сарф на часот посоветувајте не нешто за моралот.
    Драга професорке по Музичко,
    зарем е доволно само да препишеме по некоја песничка?Ва молам малку поодговорно,за нигде сте.
    Драга професорке по Англиски,
    ве молим малку разлутете се,вака не оди.И ве молам престанете да не сметате за првачиња.
    Драга професорке по У.Н.З,
    ве молам оставете ме нареден пат да си читам лектира.
    Драг професоре по Информатика,
    ве молам само продолжете со вашите шеги,цар сте,просто кажано.
    Драг професоре по Италијански,
    ве молам малку средете си ги исцепаните фармерки во меѓуножјето.
    Драг професоре по Биологија,
    нареден пат ништо не ви кажувам кога ке се сретнеме,а инаку цар сте.

    :rofl: :rofl:
     
    На QueenElena и feminium им се допаѓа ова.
  13. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    -Драга професорке по француски,јас ќе ве замолам да престанете да ги преувеличувате работите.И престанете писмените и тестовите да ги закажувате 3 месеци однапред.Навистина ми одите на нерви,а уште повеќе се нервирам кога заборавате како се викам.Со радост го чекам денот кога веќе францускиот нема да го учам !!!!!!
    -Драга професорке по англиски,уствари јас незнам како сте станале професорка.Порано англискиот го обожавав,и фала богу што знам од порано,бидејќи сега од вас ништо нема да знаев.И ќе ве замолам на писмени да не поставувате глупи прашање,и да не се ориентирате според екстерното!!!
    -Драг професоре по спорт,ама баш ми е мене гајле за физичко и за глупавата одбојка.Колку и да повторувате јас повторно ќе утнам и пак ќе згрешам,а вие повторно ќе викате по мене. ps:со која рака сакам со таа ќе ја мавам топката :D :P
     
    На Heartbeat му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Си прокоментирав за некои од наставниците а најголемиот гад го заборавив. Најверојатно затоа што не заслужува да биде запамтен од никого. Ти, идиотот по Физичко уште еднаш докажа дека местото не ти е во училиште. Пред две. години јас си ги направив сите вежби ко што требаше, а женските кои си седеа добија петки. Јас тројка. Тогаш прв и последен пат плачев за училишни глупости. А во петокот момците ја удрија школската по устата (протези носи) а ти си седиш и уживаш. Ти велам :"наставниче ја погодија ***** по устата. Крвари од носот и устата". Тој го заврти грбот и демек читаш нешто... Идиот! За среќа отидовме кај класната и таа ни кажа дека со забите и протезите сѐ е во ред. А да беше нешто скршено? Тогаш ти. ќе речеше дека девојчето не сакало помош... Те мразам длабоко од срцето и душата. Засекогаш ќе те мразам.
     
  15. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Драга класна...
    Не сфаќам како можеше за 2 навредливи збора кои беа упатени кон школската, да дигнеш толкава галама, како твоја ќерка да е... А кога јас ќе се пожалам од непто, тоа не е твоја работа, „надвор од училиштето е“ нели? Не знам како си дозволуваш да ни забраниш нешто кое нема врска со одделението туку е важно за целото школо(другарка ми од одд, е претседател на училиштето, а класнава постојано и забранува да прави нешто кое е во годишната програма...) Директор да не си? Не. Што се замислуваш ма ти? Директорот дозволува, она не... Па и тие тестовите што ги правиш... Што мислисш ти, ние на факултет сме? Сите даваат тестови од материјалот кој го учиме, а ти од некое сосема друго место... И не мора на секоја ситница да се дереш ко ненормална... Во понеделник си имала роденден, а ние тогаш ти го дадовме поклонот за 8ми Март. Епа и тоа ти беше многу. Не ми е јасно како на ученичка можеш да и кажеш ти си психички болна :fubar: И прво го изнервира детето, му се развика, и после му викаш не се нервирај, не си ти крив. Ма немој |(
    Драг наставник по физичко...
    Престанете да манијачете по секое девојче што ќе го видите :swear: Мислам, ајде јасно ни е дека гледате, ама пак и отворено да ни кажувате лепотици, имаш убаво ланче, убаво ти стојат фармерките.... :fubar: Веќе почнувам да се плашам...
    Драга наставничке по македонски...
    Смејте се почесто, ви личи :)
    Драга наставничке по програмирање...
    Најдобра сте. Само на вашиот час сме по слободни, може да се смееме и да си разговараме, а воедно и да работиме. Само можете некогаш и порано да не пуштите, сфатете не малку и нас, петок, 8 часа..
    Драга наставничке по биологија...
    Стварно сте како Рамбо :D Супер сте, лајк за тоа што ни ги давате прашањата пред тест, само не се дерете уште кога влегувате во училницата, ме вадите од такт :devil:
     
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    10.377
    Пол:
    Женски
    Драга класна,..
    отсекогаш сте ми биле една милна и нежна личност.
    Отсекогаш имав потполна доверба во вас.Но најмногу ме повреди тоа што кога требаше да ме ислушате, да ме сфатите, вие едноставно ми завртевте грб и ми рековте те молам поштеди ме од изговори, од лигавења...Зарем не беа доволни овие неколку години за да забележите дека не сум иста како другите, па за да ми се потребни некои си ,,изговори,, , кога најмногу требаше да ме разберете и да ми дадете совет,да ме охрабрите вие ми завртевте грб?Сфатив дека во личноста која ја сметав како мајка видов само отфрлање и недоверба.Дури подоцна се покажа вистината на виделина, се докажа дека ја кажувам вистината,но ете кога еднаш ќе се изгуби довербата, потоа не се враќа назад така лесно.

    :|
     
  17. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Драги наставници, признавам дека од вас преку сила 5 се добри и фини и ми се допаѓаат, но никогаш нема да ве сакам :*
     
  18. tiph24

    tiph24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    177
    Драга наставничке по историја,
    ве молам да не не испрашувате на 16 лекции!
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Драги наставници, знаете ли колку сте двосмислени, да не речам бесмислени?
    Не' учите дека секој има право на слободен говор, а после секое паметно нешто што ќе го кажеме сме осудени на приказни од класната.
    Па каков слободен говор...
     
    На Grejsi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Драги наставници,
    имајте малку душа!Намалете малку со тестовите и испрашувањата,имајте милост!Згора на се,на крај и екстерно ќе имаме.Ние не сме машини.Бидете и пофер и покоректни во оценувањето,иако знам дека секогаш имало и ќе има неправда.
    Поздрав,
    свит-стар.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.