- Наставничке германски морам да признаам дека сте најдобра наставничка по германски. Супер предавате и објаснувате и најважно направивте да го засакам јазикот. Само пофалби. - Наставничке хемија,не дека сте ми класна ама сте во мојата топ три листа наставници. Вие сте една супер,млада,современа жена. Хемија предавате многу едноставно и сите сфаќаат. Најдобра сте. - Наставнику историја,по интересен наставник од вас нема. Часовите со вас се предобри и пресмешни.Едвај чекам да имаме историја
Наставнику по Историја: Немам замерка, само повеќе филмчиња пуштајте и ништо друго. Наставнику по Музичко: Секој вторник на 1 час помеќе шеги за да ни тргне денот.Зборот копачи одговара на сите нас од класот Наставнику по Географија: Продолжете така. Наставнику по физичко: Избричи се еднаш и дај еднаш да те видиме со коса и не пресудувај пред да ја слушнеш приказната од останатите. Наставничке по Биологија: Прекрасна сте немам зборови.Вашите комшии кој сите по ред ти се болни од канцер те молам престани да ни збориш дека во секој сок и секое јадење од сендвичара е канцерогено. Наставничке по Македонски: Само продолжи да не попушташ по 0,5 бода на секој тест за 5ка и слободно пишувај им петка на писмените кои не ги читаш затоа што ракописите на 50% од учениците од класот се лоши. Наставничке по Англиски: Немојте никогаш да се потрудите да објасните како што треба и секогаш да мислите дека сите од класот знаат како оној кој иде на курс од предшколска. Натавничке по Француски: Или преведувајте до крај или воопшто не се трудете да преведете. Наставничке по Етика: Ме молам не ставајте 5 во дневник само за 1 одговор или домашна.(за секого) Наставничке по Математика: Објасни нешто убаво и доста со тие задачи за повисоко ниво бидејки ти самата не знаеш да ги решиш Наставничке по Хеија (ми предаваше природни науки во петто) Дај не дави со 50 прашања на тест. Наставничке по физика (по мислење на другарками) Доста ги правиш работите од мува во слон. Наставничке по Информатика: Слободно продолжи да играш на својот iphone 5 gold се надевам и кога ќе пристигне iphone 6 и тој ќе го донесеш во школо а стариот ќе му го дадеш на својот 2 годишен син. Наставничке по Техничко(изборен не по моја желба туку на директорот) Дај не дави со проекти и да ти ги знам на памет а сакаш по 20 страни ''захефтани''. Наставнику по Животни вештини(на другарками изборен повторно по желба на директорот) Немој да ми демонстрираш како се прави шопска и онака си алекгичен на сирење. За музичко, историја и географија само пофалби: Наставникот по историја ни донесе ТВ и ДВД си гледаме филмчиња 2 пати месечно, музичко секој час вицови 15мин за весел ден и географија доволно е само да креваш рака и да бидеш акривен имаш 5ка и нема никат да те испраша. Едноставно прекрасно школо со добри наставници но има моменти кога косата ми се крева!!
Бравоо, машала, машала наставничке. Слободно јади си го сендвичот, тукуу што кажа пред малку, за јадењето здрава храна?
"Драг" наставнику по физичко,ти си гомно глупо. Драга наставничке по историја:не знам што се случува но кога вие ме испрашувате се бунам и се блокирам а знам се.Значи до вас е проблемот,страшна сте.
ЗА СИТЕ НАСТАВНИЦИ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! А БРЕ,МОРАВТЕ СЕГА НА КРАЈ НА 8 МО,ПРЕД ПОЛУМАТУРА ДА НЕ РАЗДЕЛИТЕ! И ТОА НАЛЕТ ТОА ВЕЛИТЕ НАРЕДНАТА НЕДЕЛА УШТЕ ДА СИ ОДАТ? СЕРИОЗНО?ЕДНОСТАВНО,ЗНАЧИ ГЛУПО Е! И ШТО СЕГА КОГА ВО 6то БЕВМЕ 26 ДЕЦА ВО КЛАС,НА КРАЈ НА ОСМО ЌЕ БИДИМЕ 21(АКО НЕ‘ НЕ НАМАЛАТ ПАК)!
Драга наставничке по физика...Ќе биде добро ако не НАУЧИШ нешто а не така празноглави да одиме...Секој час само дефиниции пишуваме а тоа од каде е? Ни објаснување ни ништо
Драги наставнику по физичко Кога ќе научиш убаво да се изразуваш без набројување на сите животни...Ги знаеме don't worry .. Не,сериозно ТИ ЛИЧИМЕ ЛИ НА МАЈМУНИ,ГУСКИ...? Секако доколку веруваш во Дарвинова теорија е тогаш за мајмуните...НО,СЕГА СМЕ ЛУЃЕ НЕ МАЈМУНИ,НЕ ГУСКИ,ПЕТЛИ..Третирајки не вака ќе завршиш во село ми се чини,среќа ја имаш подршката од партијата и директорката инаку до сега не во село,ДОМА ЌЕ СИ БЕШЕ. те мразиме secretly,all students
Драга наставничке.. наша најмила класна: Ви благодариме за подршката која ни ја дадовте изминатава недела. Горди сме што сме ваши ученици и горди сме што ве имаме вас како наша втора мајка. Вие заслужувате многу повеќе освен заблагодарување.. Спојлер Изгледа единствена сум шо сакам да напишам нешто позитивно за наставниците
професоре по математика оди у пм и сфати више еднаш дека синус, косинус и остали глупости НЕ РАЗБИРАМ!!! и сигурна сум дека у зивотот тоа нема да ми треба фала богу професорка по матемтика несакам и нема да бидам поздрав ЧАО професорке по англиски срцка моја.... со тебе изгледа најдобро се разбирам
Наставничке по македонски, вие сте најдобрата жена што сум уа запознала (покрај мајка ми). Полна сте со разбирање за сите нас. Секогаш ми го разубавувате денот и со вас само преку смеа учиме. Наставничке по Географија, не се обидувајте да замените некого. Не ви доликува тоа. Ја зазедовте позицијата на нашата наставничка, која можеби не нѐ научи многу, но беше подобра од вас. Не нѐ караше кога е нерасположена, а вие го правите тоа. Таа не се жалеше секој ден дека е болна, дури и во бременоста. Вие не сте бремена, а пак се жалите. Само се обидувате да привлечете внимание. Ненаставнику по Физичко, вие НЕ постоите повеќе, вие НЕ сте ЧОВЕК штом некому велите дека нема право на збор. Секако дека има. Вие НЕ би требало да имате. НЕ го заслужувате тоа! Наставнику по Музичко. Па вие не знаете ни да зборувате, од каде ви е оваа позиција наставник? Незнаете ниту која била првата опера, а не па нешто друго. Не значи дека ако одличен ученик го кажува одговорот, тогаш е точен. И, најдете си приватен професор по информатика. Срамота е да не знаете ни песна да уклучите.
Драга настваничке по географија..неможам да ви опишам колку ве засакав, иако прв пат кога ве видов во мојот живот, си мислев дека ќе бидете лоша, бидејќи ме скорнавте на карта, а јас целата со трема(иако учев за тој час) и ми рековте 5 на овој начин не се добива, демек не ми била заслужена петката.Полека, полека се навикнав на вас, а и вие на мене.Незнаете само колку ми се растрепери моето мало срце кога ги кажавте најубавите зборови за мене што еден наставник може да ги каже.И секогаш кога во иднина ќе постигнам некој успех, ќе се сетам на вас:таа што ми посакуваше многу успех понатаму.Кога останав после часовите да зборувам со вас, ми се стресоа нозите, колку само убави зборови излегоа од вашата уста за мене и од мојата за вас, незаборавен ден. Е сега малку можеби е глупаво тоа што ме двоите од другите како посебна бидејќи само мене ќе сте ме прифатиле на фб за пријател, но сепак секој наставник си има омилен ученик, колку и да не признава.Баш ме расположи разговорот на фб со вас, особено оние зборови:сонце, срце, мајка ти треба да се гордее со тебе, бацките..ахх никогаш во животот не сум почувствувала толкава љубов од некој наставник како од вас.Ќе ве памтам и сакам засекогаш.Ви посакувам се најдобро понатаму. Останати наставници, вие сите сте ми еднакви, ама ајде и за некои од нив кратко да искоментирам Наставниче по ликовно ми се свиѓа вашиот стил во секој домен, грешките секогаш ми ги исправате и сум благодарна на тоа, а моите цртежи како што рековте да ги урамнам верувам дека ќе го направам тоа само за вашата почит Бивша наставниче по англиски преубава сте, преубаво се шминкате, преубаво се облекувате, преубава коса имате, само чевлите во вашиот дуќан не ми се допаѓаат толку, ама секкао тоа не го менува вашиот боженствен изглед
Драга наставничке по географија, искрено многу глумите лудило само ние да се буниме за свашта,а вие ќутите.И немојте да глумите жртва што имате да ми кажете,кажете ми го во лице не зборувајте индиректно бидејќи џабе ви е.Многу добро познато е дека имате миленик кои му турате автоматски петка,едвај чекам да видам кој ќе ви биде следниот. Наставничке по математика,навистина не знам како сте станале наставничка и ептен ме интересира.Воопшто не знаете да предавате и мислам дека главата ќе ми експлодира од вашето значи.Многу добро познато е дека не дискриминирате на петкашки и глупави.Нека ви е на чест друго немам што да ви кажам. Наставничке по ликовно, не можам да ве поднесам поантипатична персона амин.Освен нашево школо не знам кој друг добива тројка со сите нацртани цртежи,а оној кој ништо не носи цела година петче.Ве мразам ми ја уништивте желбата за овој предмет печурко една! Наставничке по музичко, гарантирам дека сте сенилна.Како може цели 3 години ни предавате,а не ни ги знаете имињата.Друг пат наместо да ме запишуваш на час бидејќи се смеам земи види си ја блузата со среден прст на себе неотракана една. Со еден збор не можам да ве трпам мислам дека ќе ви ги минирам кабинетите. Единствено добар збор имам за наставничкот по физичко.Свака ви част на однесувањето спрема нас.Наставник на место сте.Еден и единствен
Се надевам не претставува проблем ако не напишам за која професорка станува збор............... Драга професорке .............. на почетокот мислев дека сте од лошите професорки затоа што сите генерации пред нас кажуваа дека сте лоша, строга, се ви смета и постојано викате. За "викањето" се уверивме самите уште на првиот час кога викавте по нас затоа што некои не беа мирни, си разговараа меѓу себе и си фрлаа со ливчиња. Се што ни кажаа другите беше потврдено со оглед на тоа дека не смеевме да мрднеме на часови ниту пак да разговараме едни со други. Како поминуваше времето почнав да ја сфаќам вистината...вие сакавте да бидеме мирни за да можеме да следиме и да научиме нешто што ќе ни биде потребно (конкретно за државна матура, барем за мене). Колку и да не бев заинтересирана морав да слушам....се чудам сама на себе како можам да памтам нешто што сум го учела во 1ва и 2ра година............... За крај, можеби сепак не треба толку гласно да ги опоменувате учениците и да биде малку порелаксирано на час..............
Драги наставници, ние не сме црви, туку луѓе. Не можете да го чувате училиштето од учениците. Немате право да не' понижувате. Ниту да не' оставите да јадеме на дождот само затоа што не смее да се внесува храна во училиште. Сосема е нормално училниците да бидат нечисти на крајот од денот, а за таа работа има и хигиеничари. Нема потреба да ја заклучувате вратата во 7 и 25, на секој може да му се случи да задоцни минута, две. А и не е многу хумано да оставите некого да дреме 40 минути надвор. Не мора и да стоите пред врата наутро за да проверувате дали носиме униформи. Од кај ви тоа право мобилен телефон, кој е приватна сопственот на некого да го држите еден месец. Не лажете, не сме глупи. Не знам кој ја измисли таа интерактивна настава и работа во групи, но глупа е. Групата само го уништува индивидуалниот успех. Не сме овци, па во стада да не' делите. Но, добро, за ова ви е простено. Не е ваша вина. Отиде едукативниот систем во пм...ф. И не сме второ одделение за да не' носите на прошетки во колони по двајца, фатени за рачиња. Нема потреба од тоа. Ви рекол некој некогаш дека сте супер и забавни? Ве лажел. Нема потреба да се мешате во животот на учениците и да барате да ви набројуваат листа на пријатели. Со кого јас ќе се дружам е моја работа, не ваша. Драга наставничке по англиски, вие сте најдобра. Секогаш знаете како да го направите часот интересен. Уживам на вашиот час. Драга наставничке по германски, се' е тоа убаво и фино но, да се учи секој ден распоред на зборови во реченица е досадно. Кристално ми е јасно дека глаголот стои на второ место, во ред? Зошто ни велите да не спиеме на часови, а правите буквално се' за да не натерате да заспиеме. Нема потреба секој ден да се дерете како не учиме, а во јуни да ни ги надувате оценките. И не морате да се мешате во нечиј живот. Драг наставнику по историја, каков е тој мирис? Ако веќе сте решиле да не се туширате можете барем да го отворите прозорецот. Хмм, како да кажам...?Смрди. И добро научивме дека не постои Старотурска револуција. Драг наставнику по иновации(француски), понекогаш сакам да учиме француски наместо германски. Секогаш знаете како да не' насмеете и вашиот час е забавен. Би било многу позбавно кога предметот не бил ваков. Драга наставничке по биологија, еднаш ми бевте омилена наставничка. Ми се допаѓа како не' терате да размислуваме. Но, сфатете дека никогаш не сум сакала да се потсмевам. Не мора секогаш да се биде на нож. Веривајте дека не ги превртував очите заради вас, туку заради една соученичка која ме нервираше тој ден. Драга наставничке по физика, неверојатно е како успевате да ги натерате сите да ве слушаат без да се нервирате и да го повишувате тонот. Мило ми е што не отидовте во пензија оваа година. Драга наставничке по ликовно, нервозата е лоша работа. Не е добро за здравјето, ќе ви се крене притисокот. Морате да се смирите. Имате талент, но уметноста не е нервозна работа. Во секој случај, ви благодарам што ме научите на некои трикови за подобро да изгледа цртежот.
Драги наставници, колку и да ме нервиравте и замаравте на часовите, со непотребни прашања и се друго по ред, сега ми недостигате. Драга наставничке по математика, вие бевте најдобрата. Секогаш знаевте да помогнете и се грижевте за нас. Драга наставничке по историја, знам дека на часовите додека ги предававте лекциите никој не ве слушаше, но верувајте, јас со внимание слушав, бидејќи се интресирав. Драг наставниче по биологија, не' подготвуваше за тоа како ќе биде во средно, не ви верувавме, но јас ви благодарам за тоа. Драг наставниче по физичко, ви благодарам што часовите на кои не вежбав, поради мрза и други причини, што не влијаеа на мојата крајна оценка. Има уште многу други наставници, но ова е доволно. Вие ни предававте 4 години и нема да ве заборавиме, барем јас.
Наставничке математика жити се не се обидувај да се дереш и онака едвај збориш Наставнику роден крај да знаеш само како класната наша ти има фрлено око Наставничке граѓанско ај среди си ја шишката и престани да бараш да ти пееме кога ти едвај со двојки си поминувала Наставничке биологија ај доста со твојот мозок и ГМО бебиња Наставнику физичко фала што се пофаливте дека имате Ноут 4ка Наставнику ликовоно иди на пластична хируркгија и корегирај го носот зошто ми се гади кога ти го гледам и по можност не викај значи после секој збор Насатавничке физика кокошко една искубана намам ништо против тебе барем перика стабви и налупај ги сите 13 кеца у дневник ја и онака има четворка не ми е гајле за другите Другите си се ок
Драга професорке по сметководство,океј не ми е баш драга Престанете да бидете толкав control freak и само опуштено.Значи веќе преку глава ми е од вас,па како да не ми биде кога ми предавате 3 предмета и ве гледам секо ден.По вашите предмети имам толку многу оценки,незнам дали воопшто има место во графата за уште една.Ете толку од мене!!!
Драга класне, ти благодарам затоа што ми ги отвораше очите, и што секогаш беше тука за да ме ислушаш.