1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Драго непознато другарче

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од karak, 25 јули 2010.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    што ми текна ете ја чистев пред некој ден собата и во едно куферче најдов писма. и тоа не обични туку адресирани до драгото непознато другарче. ех кога беше тоа ги отворив и почнав да се смеам. на времето значи се допишував со едно девојче од гостивар. си кажувавме се. бевме мали 3,4 може се допишувавме до 5 или 6 то секогаш си кажувавме се и сешто, како на училиште, како таму празнуваат празници (мислејќи на ден на екологијата) хехе, каде сме шетали летото, зимските распусти и 1000 други работи. се натажив и се присетив на тие денови. ех колку сум сакала тогаш да го запознаам тоа девојче, ете и денес ми дојде таа желба? се запрашав што е со неа ? како го продолжила животот?
    ах денешниве деца и фб? се запрашувам дали уште постој ова ?

    ајде сеа вие дали имавте драго непознато другарче? и дали воопшто некогаш сте се сретнале или сте имале таква желба ?
     
  2. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    6.833
    Пол:
    Женски
    Да,имав...Се викаше Ангела од Велес.Памтам и ја најдов адресата во наш свет во петто одделение.Си пишувавме многу писма,дури и слики си разменивме :D Си пишувавме поезија,сликички си цртавме посветени една на друга,си пишувавме за настапите кои ги имала таа во киното,ми праќаше сликички од актери,филмови,пејачки....Аууу незаборавни времиња,уште ги чувам писмата :)
     
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    да и јас ги чувам затоа ми текна. и јас се запознав преку наш свет хм времиња времиња хехехе :*
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Јас се имам допишувано само со едно непознато другарче. Хаха смешки беше тоа :D Си кажавме се, кој сме, од каде сме бла бла бла и се сеќавам на нејзината последна реченица на крајот на писменцето:
    Жолта дуња, зелен бор
    брзо чекам одговор.
    Го чував во една кутија за кондури, сега којзнае каде е.
    И стварно што се случи со тоа девојче? Можеби е на фемина, и се допишуваме а не знаеме кои сме :^)
    А за денешниве деца со фејсбуков :x
     
    На NewYorker, mims-89 и Valerin им се допаѓа ова.
  5. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    И јас имав драго непознато другарче.Се викаше Софија од Скопје негде беше.Ние цело оделение пративме писма до непознати другарчиња во едно училиште и јас имав среќа да добијам одговор и така да бидеме другарчиња.Инаку пишуваваме прво најобични работи,колку члена има моето семејство,каде учиме,каков ни е домот.После си раскажуваме кај сме биле за зимски распуст и за активностите во слободно време.Во секој случај беше интересно искуство,само псоле некое време прекинавме со пишување.Писмата не ги чувам,ама затоа уште ја имам сликата,па може некој ќе се препознае :P
     
  6. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Јас се допишував со едно девојче Даниела од Кичево и баш ми е мило што јас го зедов писмото. се уште сме во контакт, писмата не ги чувам ама сликите што се фоткавме заедно сеуште ми се во албумот. А имаше и уште едно чупче од Скопје, Сандра, ама сепак се изгубивме со нејзе. Да не се пронајде некоја? :lol:
     
  7. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71
    Јас се имам допишувано со Ангела од Охрид, а потоа со близналки од Кичево. Незнам каде отидоа, а баш би сакала да ги запознаам :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Си имав и јас мое ‘‘драго непознато другарче‘‘ како малечка. Се викаше Сара и беше од Гевгелија, и беше 2 години постара од мене. Беше вљубена во поезијата, па скоро се што ми пишуваше беше римувано. Писмата, мислам дека се веќе изгорени.. :^)
     
  9. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    78
    Koга бев мала, мислам дека трето или четврто одделение бев и цели две години скоро се допишував со едно девојче од Србија, Ана Дешич се викаше...Во последното писмо што ми го прати, имаше внатре во ковертот нејзина слика(тоа писмо пред некој ден го најдов во една фиока кај мене дома), и ја гледам сликата од неа-она со портокалова коса во кики и со пегички по лицето...срценце :) ...Но, во тоа последно писмо ми имала напишано дека НАТО почнале да ја бомбардираат Србија и дека не е веќе сигурна дали ќе може да ми праќа писма :| ...Јас и пишував неколку пати ама не ми врати :( Се надевам дека е жива и здрава...Иначе врснички бевме :) Ама на ковертот ја има адресата нејзина, ќе пробам да ја пронајдам...Би требало да дознаам информации за неа, па и на ФБ ќе видам... :(
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Само што го прочитав насловот на темата и одма ми текна на детските денови. Другарче и Наш свет :) Јас имам една дрвена кутија и уште од тогаш па до денес во неа ги чувам сите писма од непознатите другарчиња :) Се допишував со едно девојче Ирена од Битола ама кога пораснавме прекинавме да си пишуваме писма и изгубивме контакт. И сега во март месец баш вечерта на мојот роденден, еден другар само што се врати од Ск и ми вика " ти текнува ли на едно девојче од Битола што сте се допишувале како мали " :o Тој ја запознал случајно на факс и кога кажал од кој град е, таа го прашала "еј јас како мала си пишував со една девојка од таму, ја познаваш ли?" :) И така преку него се најдовме, па станавме пријатели и на ФБ :)
    Си пишувавме и со едно девојче од Струмица, Александра се вика и со неа највеќе писма и слики си праќавме и се си кажувавме :) Со неа и до ден денес комуницираме, баш пред две недели се видовме кога бев во Ср. :)
    Преубави беа тие времиња, колку се радував кога ќе ми стигне писмо :) А и секогаш си купував детска пошта таква со барбики и кукли, и се во такви пликови праќав :lol: Денешните деца само пред компјутер седат по цел ден, не ми се верува писма да праќаат. :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Штом ја има адресата, пробај прати и писмо, ако живее на истата адреса, сигурно ќе се израдува кога ќе и стигне писмо од тебе после толку години. :)
     
  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Кога бев мала, секое лето одев со баба ми на бања и таму се запознав со една жена од Германија, а јас бев мало дете и она многу ме засака и цело време ми праќаше писма и разгледници :) Ама после изгубивме контакт, јас и адресата и ја бев изгубила. И за оваа Нова год 2010 замислете ми стигнува честитка од женава, не знам ни како ми ја нашла адресата после толку години, ама битно многу убаво се осетив кога ја примив честитката и ептен се израдував :)
     
  13. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    И јас си имам непознато другарче :)
    Се вика Ема од Скопје
    Ама незнам кај се писмата :(
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    Ех ме подсетивте на убави времиња... :) Јас се допишував со многу девојчиња а имаше и по некое машко :wasntme: ..Од цела Југославија беа значи..Тогаш во Микијев забавник ако се сеќава некој се праќаше твоја адреса и ако имаш среќа ќе ти ја објават ако не ништо.И јас ја имав таа среќа ми ја објавија и почнаа да стигаат многу писма од секаде..Поштарот се чудеше што е работава :lol: ..И да скратам најмногу се допишував со девојче од Сарајево Татјана се викаше, Тања си ја викав..И се слушавме и на телефон..Толку се зближивме исто ко да се знаевме со години и лично..И кога не носеа на екскурзија низ тогашна наша СФРЈ бевме и таму во Сарајево..Доцна стигнваме и договор беше да се видиме.Ама не можеше испадна пречка и плус нас ни беше одбројано времето така да не се видовме :( ..Продолживме со писмата ама за брзо се случи војната..добив по некое писмо дека сега е ваму, добро е..сега е таму и по некое време ништооо :| ..Се загрижив дури и сакав да се јавам..Кога добив писмо дека се во Србија во прибежиште дека таму оди на настава и дека и е тешко што не е во Сарајево...И така се заретчија допишувањата последно добив писмо дека се вратила во Сарајево и толку..Криво ми е што не се запознавме лично..Ете ја барав на ФБ ама тешко..Дали е истото презиме не знам?? :?:
    А писмата нејзини ги чувам и едно време знаев да си ги препрочитувам... :( :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    леле се наежив..... :$
     
  16. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    греотичка ама ако ја имаш уште нјзината адреса пиши и... :(
     
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    8.690
    Знам дека еднаш цело одделение праќавме писма до непознати другарчиња,а адресите ги наоѓавме од Наш Свет. Така си најдов другарка од Струмица :) Долг период се допишувавме,си разменивме и слики мислам дури и телефонски броеви па еднаш-два пати се имаме и слушнато.
    Ме потсетивте сега на неа :) Ќе ја побарам на facebook,можеби ќе ја најдам :)
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Ех што убава тема... ме потсети на моето „непознато“ другарче. Се викаше Наташа, од Кочани беше и се допишувавме доста долго време. Мислам дека некаде во 4 одд. почнавме. Кај нас во училиштето постојано пристигнуваа писма од непознати другарчиња од цела Македонија, и мојата најдобра другарка си одбра едно девојче Сања, исто од Кочани. Па јас почнав да се допишувам со нејзината најдобра другарка Наташа. Знам дека често си пишувавме, секоја недела добивав писмо од неа, и таа од мене - ама не ги чувам :( не знам кога ги фрлив, или дали воопшто сум ги фрлила. Се допишувавме долго време, еднаш и се видовме, кога таа дојде со класот во Охрид на одмор. Ми подари црно-бело мече кое и ден-денес го чувам, а не се сеќавам што и купив јас. Се допишувавме до некаде 2-3 средно и постепено престанавме. Знам дека се омажи после матурата, барем така дознав од мојата другарка што се допишуваше со нејзината другарка. Како и да е, баш ми текна да ја побарам на ФБ, ама тешко е, затоа што не и го знам новото презиме, а со старото ја нема. Мислам дека би го препознала симпатичното црвенокосо девојче со сино-зелени очи и слатки пегички :)
     
  19. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Ах ги имам цела кутија дома. Хоби ми беше тоа како малечка. Сум се допишувала со неколку девојчиња од Скопје, Велес, Охрид и Гевгелија. Сега сите ги најдов на фејсбук. Со едната уште комуницираме и се надевам дека во скоро време ќе ја запознаам :)
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Се допишував со едно девојче од Кочани, Ивана се викаше.
    Мојата адреса ја нашла во Развигор (имав песничка таму пратено) па така ми пишала. Се допишувавме неколку години, ама престанавме. Ја барав на ФБ, ама пошто најдов неколку со нејзиното име и презиме (а не знам како изгледа) не сум која која од нив е ТАА. Иначе и по телефон се слушавме.
    А децава денес, се чудам дали воопшто знаат дека писма и по пошта се праќаат.