Да, пишував со две девојчиња (едното од Скопје, др. од Битола), со второто се имав и запознаено, а комунициравме и по тел. (па така престанавме со писма), но тоа не беше тоа ... и изгубивме секаков контакт. Може ќе се најдеме...кој знае...
Писмата се бесценети! Но... умре тоа време. Во 4то одд. пратив писмо до некое мое непознато другарче... ама не ми врати. Сигурно е бидено машко
Јас со мојот бивши дечко се запоснавме така Но еве ја приказната..во школо кога бев петто одделение пишував писма до непознати другарчиња. тој беше од струмица. Се пишувавме писменца до седмо одделение. Почнавме подоцна на интернет и тој како за среќа се пресели во мојот град. Живеевме неколку години. Бевме неразделни и потоа ОПА дечко Но тоа беа само убави моменти во мојот живот. Што дефинитивно никогаш нема да ги заборавам btw.сега сме пријатели сеуште
имав непознато другарче и до ден денес си живеам со марија од штип,преку писми станавме пријателки и бев на гости и така среќна сум....
u jas si pisuvav so edno devojce od kumanovo,vo sedmo oddelenie..komuniciravme preke pisma i se zapoznavme..bev kaj nea na gosti,i taa doagase..no sega veke izgubivme kontakt...
Не знам зошто, ама бев 100% сигурна дека темава ја отворила Анфејтфул Инаку, јас немав непознато другарче, ама си пишував со една другарка од Србија, со која се гледав еднаш годишно и не знаете колку им се радував на писмата. Кога и пишував писмо тоа беше долго 100 метри, лепено, пишувано, цртано, а бе што да ви кажувам, мислиш писмово кој знае кај треба да стигне Нејзините писма исто како моите... Ахххх, детство што убаво ми беше
леле како ме врати темава едно пет шест години наназад. Имав 4 другарки кои се допишувавме и си кажувавме ама баш се. Инаку ги добив преку весник,или па до непознато другарче со реден број 5 во дневникот. Веќе изгубив ама баш секаков контакт со нив,пробав на фб ама изгледа смениле презимиња и толку.
И јас си имав едни две сетрички близначки од Гевгелија се допишував со нив и со едно девојче од Ресен и едно од Скопје. Леле како сум чекала да ми стигне писмо А и дали сте праќале писма во ЅВОН? Па лепи сликички па пишувај споменки уф детсво убавини
Си пишував со едно девојче од Гевгелија! јас бев трето а таа четврто одделение! Се допишувавме околу две години! но сега веќе ги немам нејзините писма а и не се сеќавам на нејзиното презиме...а баш сакав да ја најдам на фб!
Катерина Од Скопје.Си пишувавме едно 2 години,ама ете околности не разделија.Ќе а барам на ФБ сеа. LaLy
Имав само една дописничка, се викаше Елена и беше од Велес. Една година беше помала од мене. Си поставувавме прашања, па ги одговаравме, си праќавме честитки за роденден или нова година, слики, некогаш мали подароци како на пример алка, привезок и слично. Се сеќавам дека еднаш и испратив цеде со најновите странски песни Ја побарав на фејсбук, ама не ја поканив за пријател, не знам зошто...
си пиишував но со братучетките.. интересно ни беше па си лепевме сликички срциња, си цртавме... свашта
Се имам допишивано со многу девојчиња како помала.На повеќето не се сеќавам, но на едно девојче се сеќавам многу добро.Од Охрид беше девојчето,ама многу блиска ми стана.Редовно си пишувавме, си праќавме пакети за роденден па дури и бевме на гости кај нив кога бевме во Охрид на одмор.Баш добро се сеќавам прекрасно си поминавме се запознавме подобро. Се допишувавме некаде од 2ро одд. се до 5-6то и потоа веќе згасна таа традиција на допишување преку писма, а и потпораснавме и престанавме да се допишуваме со девојчето. Пред неколку месеци решив да ја побарам на фејсбук бидејќи добро се сеќавав на името и презимето и сакав да го обновиме контактот Ја најдов и ја додадов.Откако ме прифати веднаш ми пиша ти ли си И таа ме барала на фб да ме додаде ама не успеала да ме најде..И еве сега секојдневно се допишуваме, се смееме колку многу работи се промениле,станавме многу блиски и за зимскиот распуст ќе ми дојде на гости
Јас не сум имала искуство со непознато другарче, но можам да ви кажам пример за мојата сестра. Таа почна да се допишува со едно девојче на 12-13 години, и ден денес се допишуваат. И иако може тоа денес да се одвива преку нет, тие си продолжија по старо, сеуште си праќаат писма . Веќе 10 тина години. И најважно од се се запознаа дури и на гости си имаат отидено. И пријателството со писма трае сеуште. Си ставаат некои ситни работи во писмо како поклончиња некогаш за роденден или нешто сл. Баш ми се допаѓа ова. Значи од непознато другарче од сосема друг град, си стекна пријателка, со која си ги споделуваат тајните.
Моето не беше апла непознато другарче,ние се запознавме на одмор во Дојран.Бевме многу малечки,забавиште или така нешто ако добро се сеќавам.Станавме неразделни другарки цел одмор не се делевме,бидејќи имавме изнајмено соби во иста куќа и ептен се зближивме со девојчето.Таа беше од Штип и кога ни заврши одморот,се договоривме да се допишуваме,и стварно така бидна.Се допишувавме многу време,јас некои нејзини писма уште чувам и радо ги читам одвреме-навреме.Абе сме пишувале се‘ у детали,детска работа Сега скоро ја најдов на фб и за чудо не сум ја промашила.Ептен беше изненадено девојчето,она немало шанси да ме познае,многу сум била изменета,ама еве јас на прва ја трефнав И наредно одење во Ск секако ќе се видиме и искрено одвај чекам..
Леле и јас имав непознато другарче, Јасмина од Гевгелија Ама на презимето не се сеќавам. Дури и се запознавме, таа дојде во мојот град, имала роднини тука Но, потоа изгубивме трага. А и писмата не знам каде се. Баш сакам да ја најдам на фејсбук, ама не и го знам презимето...
БаШ сега додека цитам Што сте напиШале феминки, размислував дали и јас како помала се допиШував со некој, ама не ми текнува а лани се дописував со едно непознато типце од ф.б. сто во Средата се запознавме, леле по рециси 2 години допиШување оцесто си разменивме броеви, па ке видиме, неШто не ми остави ептен посебен впецаток, иако цело време се обидуваШе да ме инпресионира, со кавалерство, внимателност... незнам, времето ке показе, јас не превземам нисто, инаку е постар од мене 2 години
еее се сетив сега на развигор и наш свет како мала мислам немав непознато другарче ама затоа сега имам си најдов на интернет страна преку која си бараш пријатели со кои сакаш да се допишуваш и еве сега редовно си се допишувам со една девојка од Грција, една од Америка, еден дечко од Белгија и еден од Британија мислам дека никогаш не сум посреќна отколку кога ќе видам писмо во сандаче само којзнае колку ме пц*е поштарот, само мене ми носи писма сигурно си мисли некоја лудача дека сум
аааа да да да !!! имав и сеуште имам средбите започнаа негде 7 одд и верувале или не сеуште си се дружиме си одиме на гости јас кај неа она кај мене еххх коа ќе ми текне дека од едно писмо стана до вакво пријателство мммм мераци супер ми е и еве да си ја позз