И јас имав непознато другарче кога бев мала. Се допишував со едно девојче ( и го заборавив името, одамна беше) од Тетово, ул. и беше Вера Циривири Трена само тоа се сеќавам сега. Ама не продолживме со контакт откако пораснавме за жал.
Ако сакате да најдете некој од Гевгелија, пишете ми ЛП со име или презиме и ке ви дадам контакт ако ја/го знам. Инаку мене за жива глава не ми текнува дали сум се допишувала со некој. Само знам дека во 3 или 4 одделение од Германија едно девојче ми прати пакет во училиште и таму имаше сјајчиња, кукли, мечиња, секакви глупости. Тоа беше некоја акција, сите добивавме кој кое пакетче ке си го земе тоа. Кај некои имаше дури и пари и број за контакт и писмо и адреса. Кај мене немаше ништо.
се допишував со едно девојче Марина од Кавадарци...презиме и заборавив сакав и на фб да ја најдам ама ете незнам презиме...моја генерација е и нашето не беше само на писма тука и на гости ми дојде и јас нејзе (единствен пат во Кавадарци ми беше тоа)...имам и јас примено некои пакети од девојчиња од други држави како што кажа Црешичка... Ајде ако има некои кавадарчанки овде нека ми писат порака да се распрашам по нив...
Јас драго непознато другарче не сум имала, и прв пат слушам дека постоела ваква работа. Ако можам да ги вбројам единствено глувчињата од нашата зграда, кои впрочем беа измислени од моите родители од не знам која причина! Им оставав Барбики, храна, колички и други видови на играчки секогаш кај балконската врата за да си играат додека ме нема. Не верувам дека некогаш им напишав нешто. Во мојот беа постоечки, моите родители ми го наметнаа тоа.
Се сеќавам во III одделение и нас ни стигнаа писма и наставничките целите под импресии ни делат а ние врискаме се смееме, небаре Дедо Мраз во пижами сме го виделе И делеа делеа и мене ми се падна најгрдото... Најишкртаното, со едноставен збор - најникаквото! Беше цело измастено и иако се трудев во него да пронајдам нешто слатко, и некоја радост просто беше невозможно да се стори истото. Но тоа не беше се...Кога го отворив внатре за некое чудно најдов една сино-зелена како Спојлер покакана етикета на која едвај се читаше името на девојчето кое ми го праќа писмото. Чинам Кристина се викаше и беше од Велес? Содржината на писмото беше неартикулисана, ниту моите дома неможеа да ја разберат... Тој ден кога мајка ми дојде да ме земе од училиште (бев целодневна настава) бев цела измрсулавена и расплакана до небо. Само што и го покажав писмото на мајка ми веќе знаеше за што станува збор. Ајде ме смири некако (со утеха дека наредниот пат ќе добијам поубаво ) и толку беше. Но мене уште тогаш ме држеа инаетот и тврдоглавоста како за беља и решив да и вратам! Се разбудив еден викенд наутро земав огромен лист хартија го нашкрабав во сите дотогаш непостоечки и невидени бои и нијанси, го спакував во коверт за сметки впишувајки ја адресата до која го испраќам и го ставив долу во поштенското сандаче. Можеби стигнало...но на пустото никогаш не добив повратен одговор. П.С. Не би сакале да ја знаете внатре напишаната содржина На мајка ми секако не и кажав
Имав непознато другарче Се викаше Ирена и беше од Крушево Уште ги чувам писмата а неможам да ја најдам на фб бидејки незнам како изгледа Ако има некоја феминка од Крушево нека ми пише во лп
Ако некој ја знае Адријана Ефремова од Штип нека ми пише,неможам да ја најдам никако,јас со неа се допишував.Ја барав на скајп и најдов една иста таква замислете хахахаха само 10 год.помала од нас. Имаше и недоразбирање,ама дури се разбравме циркус беше,јас и се претставувам она мене си викам боже се прави на 3ипол и јас упорно и кажувам реков будала ме прави,а знам не беше таква,беше дома кај мене,секоја недела си праќавме писма станавме мн блиски,тогаш бев 7мо одд.и ова девојчето не знаело таква особа во Штип каква коинциденција. Ја паметам и улицата-Косовска бр.61.кој ја знае нека ми пише,баш би сакала да ја видам.Јас ја сменив адресата,и изгубивме контакт.
И јас си имав едно непознато другарче од Струмица си пишувавме писменца, си праќавме честитки и телефонски се слушавме сооонце. Ох времиња а само еднаш ја имав видено во живот и тоа во Струга кога бев на одмор . Убави времиња беа тие .
Кога бев во забавиште, мислам дека за Нова Година, ни донесоа на сите пакетчиња од странство. Моето беше малечко така, поточно кутија од кондури. Внатре имаше различни работи, играчки и слично. На кутијата имаше залепено ливче. На него имаше текст и слика од едно девојче. Пишуваше текст на англиски. Како што се сеќавам девојчето беше од Америка и беше многу поголемо од мене и имаше пишано податоци за неа ( не ги паметам ) и пишуваше да и вратам на писмото. А за изгледот мислам дека имаше руса коса и носеше протези. Јас многу се израдував и и реков на мама: Мамоо да ме сликаш да и пратам слика и да и пишеме. Мајка ми ми рече добро ќе видиме, ама ништо не испадна од тоа. Многу ми е жал сега што не и вративме на писмото и не си се запознав поубаво со тоа непознато другарче.
Јас негде второ одделение бев кога учителката ни рече да напишеме писмо за непознатото другарче. И ко сите, така и јас, напишав. Ги пративме писмата и после неколку недели дојдоја одговорите. Повратни писма имаше само за неколку деца од кај нас, ама не и за мене. И повеќе никогаш не напишав писмо.
Јас имав една Михаела од центар. Братучедка ми се допишувала со неа, не знам од каде и адреса и јас еднаш скришно ја ѕирнав адресата и дома и пишав писменце. Знам беше една година поголема од мене, а мислам дека немаше татко, не сум сигурна... леле друго не ми текнува, само темава ме натера да почнам да ги барам тие писменца. Ех тоа беа интересни времиња.
Немав непознато, туку познато другарче, со најдобрата другарка си праќавме писма во кои си пишувавме те сакам, ми значиш...бла бла...хахаххаха
Сеуште ги чувам писмата во мојата кутија - споменар. Имав една, но многу драга дописничка која беше од Велес. Адресата и ја најдов во еден од школските весници и и пишав. После тоа почнавме да се допишуваме, си разменивме и телефонски број, па повремено се слушавме. За Нова година си испраќавме честитки, а понекогаш и некакви мали симболични подароци. Си поставуваме прашања во писмата и си разменивме слики. Секогаш кога се допишувавме, си праќавме писма напишани на многу убави украсни хартии, ставени во прекрасни пликоа со срциња, ружички, мечиња и слично. Се допишувавме долго време додека учевме основно, но никогаш лично не се запознавме. Ја побарав на фејсбук, ама не можев да ја препознаам меѓу многуте девојки кои имаат исто име и презиме. Помина доста долго време.
Си имав и јас непознато другарче.Мислам дека бев трето одделение кога си го запознав непознатото другарче.Памтам се викаше Елизабета и беше од Богданци.Се пишувавме повеќе време,но после незнам што се случи изгубивме конкат.Го барав девојчето на facebook ама неможев да го најдам затоа што сум и го заборавила презимето,а писмата неможам да ги најдам Сепак ќе речам убави времиња беа ти ми недостасуваат....
што убаво ме потсетивте на детството.. И јас имав непознато другарче, се викаше Милица од Rадовиш, но со селењето, ги изгубив писмата, а инаку колку би сакала сега да и пишам една честитка за празнициве што следуваат! Ми недостигаат тие времиња, најпрво писма во кои се си кажуваме, па подоцна и телефонски разговори, слики си разменивме... Убаво детство!
Еххх времиња ...јас си имав една од Германија, преку Letternet со неа се допишувавме едно 2-3 години.Потоа прекинавме ...и број дури си имавме разменето и пораки си пишевме.После се најде едно девојче од Скопје и со неа така преку Мајспејс в тоа време па честитки си праќавме за Нова година..интересно беше ААА и да со најдобрата другарка дека комшивки секој ден писма си остававме!
Имав една Марија од Скопје презимето мислам дека и беше на М буквата ама не сум сигурна не можам да ја најдам на фб.
Кога бев на одмор запознав едно македонче(девојка) и се здруживме ама од многу дружба заборавив да ја прашам за презимето така да само името и го знам се викаше Александра сеа ја барам и неможам да ја најдам , а многу беше убава и дружељублива и мила - секој сака да има таква другарка ..
А јас усте ги чувам писмата од моето непознато другарце .Се викаше Филиповска Лидија од нас Идризово беше.И на свадба ми беше и од тогаш се немаме слуснато.И таа е мажена сигурно смелила презиме .