Имав непознато другарче, многу бевме блиски. Постојано се допишувавме, се доверувавме, си испраќавме сликички, поклони и обавезно честитки за секој празник. После 4-5 години допишување решивме да се видиме, дека двајцата сме од Скопје. Само што завршивме седмо одделение тогаш. Уште толку се здруживме, чинам и се заљубивме.. Па нешто се плеткавме и толку беше. Сега се слушаме од време на време. Прва љубов ми беше, интересна работа. Колку се радував поштарот кога ќе ми кажеше - Има писмо и за тебе, ех.. Тие времиња нема никогаш да се вратат. Сега од прво оделение имаат фејсбук и седат залепени за мониторот, куцаат по тастатурата..
Имав и јас, од Гевгелија беше едното. Негде четврто одделение бевме, кога ми напиша во писмото: со љубов, Горан. И јас му пишав: Цркни. И не си пишувавме повеќе.. Боже, ама пилешки мозок сум имала.
Имав и јас непознато другарче. Се викаше Ружица и имаше некое тешко презиме. Не се сеќавам од каде беше. Јас прва и' пишав писмо кое беше доста долго и полно со информации. На крајот на писмото и пишав - „Те сака многу, Батерлфај“. Со неизвесност го чекав нејзиното писмо. Беше обично, кратко и напишано со скоро неразбирлив ракопис. Се налутив, и не и' вратив на истото. Будала дете. Или не? Често се прашувам.
Имав. Во шесто одделение ме најдоа преку Наш Свет, испратив барање за да објават постер од Нирвана и пишав кое одделение, град и кое училиште учам. На училиште ми стигна писмо, ич не се сеќавам како се викаше девојчето, едино запамтив дека во писмото пишуваше дека омилена песна и е Соба за тага од Тоше Проески И дека беше од источна Македонија. друго не ми текнува. И пратив 2 писма потоа и толку беше Едит, мислам дека девојчето беше од Зрновци - Кочанско Ако случајно чита може ќе и текне на мене
Јас како екс-ју пионер имав драга непозната другарка од Кутина, Хрватска. Во Микијев забавник ја најдов Се допишувавме дури неколку години.....после почнаа добро познатите глупости со распадот на СФРЈ и се изгубивме
Јас се допишував со една Верче , во далечната 1996 се запознавме на одмор во Дојран,после тоа ми ги прати сликите од одморот по пошта баш ги гледав пред некој ден .ако не се лажам беше од Струмица од Муртино мислам дека се викаше местото.Ако е низ форумов нека ми пише или некоја струмичанка ако знае некоја Верче нека ми даде контакт плс
Сум немала вакво непознато другарче, имаше брат ми, таја него му пушти писмо, и така неколку писма со ред си пишеа, разменаја и телефонски број, се слушнаја неколку пати, и после јас продолжив да му пишувам и да контактирам со неа, на брат ми му се здосади Чупето се викаше Ивана и се пронајдовме пред 4 години, во иста генерација сме
Имав како мала, во 2ро или 3то. Памтам само дека пратив една песничка во Развигорче или Другарче (појма немам што беше ) и од таму почна да ми пишува. Се сеќавам само дека еднаш ми прати едни пластични обетки со зелени гуски, ептен беа необични. Си пративме неколку писма и престанавме да се допишуваме. Навистина не знам зошто.
Ауу јас си бев многу комуникативна персона, мислам јас ли, пффф . Имав дури 3 непознати другарчиња, си пишувавме глупости, јас сум таа и таа, учам таму и таму, тоа одделение, омилени предмети, бла, бла... Меѓутоа со едно девојче од Битола мислам дека беше многу се зближивме, почнавме интимни муабети да си праиме, си ги кажавме симпатиите. Бидејќи во селото кај што живеев немаше пошта ја замолував мајка ми да ги испрати. Ама таа итрица да ми ти ги отварала пликоата кои јас со толку љубов и пажња ги лижев, и после оп у ново плико и ќе го испрати. И кога и пишав кој ми е симпатија кога ми дојде дома, со овие зборови „Како можиш оној мрсулко да го сакаш, зарем не го гледаш оти носон секогаш му е полн мрсули, и шамивче не носи? Види го Никола што убоо момче е, учи, се капи, нос и уши чисти...„. Леле кога реков плачам, мама не го сака Марко за зет, мрсули имал, а Никола ич не убав е, ама па стиснав заби и низ солзи ко од шпанса серија и кажав: „Мамо јас Марко си го сакам, утре ќе му го дадам моето шамивче и ќе му кажам да си го издува носот, и секогаш ќе си го сакам, а Никола е прост, што дека учи кога е туп ко ќусќија“. И така продолжив Марко да си го сакам... Сега Марко е келнер, а Никола е на електро со добар просек, сепак мама имала право во мрсулите е тајната . После уште си пишував со другарките, ама некои се преселија, а со другите некако спонтано престанав да пишувам.
Е баш ми е криво што јас немам некое вакво искуство.Сега се се сведуа на социјалните мрежи-фејзбуг.Одсекогаш сум сакала писма да праќам дури знам кога ќе се скаравме со сестра ми јас и пишував писмо кога и каде да дојде (во нашиот двор) за да збориме Сега дури и смешно е со некој да си праќам писма покрај фејзбугов...
Јас се допишував со едно девојче од Гевгелија, ама не знам што се случи и за жал изгубивме контакт. :/
Јас се допишував со едно девојче од Струмица Не знам што се случи, но некако изгубивме контакт Баш би сакала да ја најдам и повторно да стапам во контакт со неа
Јас се допишував со девојче од Неготино мислам дека беше и се викаше Марија,баш сакам да ја најдам повторно...
Нас во школо ни рекоа да пишуваме писмо за непознато другарче, а тие ќе го прателе. И така јас напишав.. По недела-две ми стигна одговор. Беше од женско (само тоа го памтам). Иии дека со писмото ми пратила две светкави сликички од албумот што го собиравме тогаш. Бев многу среќна! Толку беше. После не сме пишувале пак. Ама баш би сакала да си имам непознато другарче!
Јас за жал си немам,мислам еднаш од развигор најдов една адреса и го пратив,но за жал не добив одговор А баш би сакала да си имам едно непознато другарче...
Драго другарче, Ти пишувам од една широка столица во која слободно можам да седнам на ‘турски‘. А турски не знам да зборувам, а и не верувам дека ќе научам како што поднаучив шпански од серииве. Убила не синхронизација. Сфаќаш дека глобализацијата само не‘ ограничува, ослободувајќи ги бариерите додека се стреми кон единство, се оттуѓуваат стеблата, се двојат гранките, а и паѓаат листовите. Глобализацијава би требало да не спои, мене и тебе, драго другарче, иако си од некој непознат свет за мене, и мојот е незнаен за тебе. Ми текнува пред 15тина години, кога праќав повеќе писма на исти како тебе, непознати, а сепак другарчиња, како низ магла, како низ сон. Многу време помина кога се обидуваш да зацврстиш нешто од далеку, додека сега се обидуваш да се оттргнеш од нешто што ти е блиску, но го чувствуваш далеку. Не се трудиме, бе другарче, многу често се откажуваме, по два пропуштени повици, или некое откажано кафе бе другарче. А тогаш можевме да чекаме и одговор долг два реда, цели две недели. И да не се чувствуваме запоставени. Ме мачат многу работи бе другарче, ме мачи светов, во кој нешто чудно му се случува. Ретки појави убави за око, штетни за толпа, еден или повеќе големи сегменти од уште повеќе пара очи. Ме мачи бе другарче желбата за контрола на многу исфрустрирани типови на луѓе, посакувајќи да држат што повеќе работи на дланки, толку покажуваат зависност која ги јаде и истоштува. Ме мачи другарче, почитта, која што некаде ја има, некаде ја нема, ама во највеќе случаеви ја нема. Зошто ја нема бе другарче? Би ме удостоил ли со одговор, ради почит? Ме мачи и проклетава патетика, апсурдна и контрастна, како на пример онаа кога се патетизираш од патетики, кога и ти стануваш патетика, од целата патетичност околу тебе. Ме мачи и рамнодушноста која е во дефицит токму тогаш кога најмногу би требала да надвладува луѓе, да мислат повеќе со тиквите, а е во суфицит, токму тогаш кога некој страда од таа проклета рамнодушност. Зошто има страдања бе драго другарче? Зошто нема правдина, зошто? Ме мачиш и ти драго другарче, зошто си ми незнајно а сепак драго, не те познавам, а ме мачиш.. зошто можеби ќе се согласиш со моиве моментални прелетувања на импулсни мисли во главава, а можеби и ќе се исплашиш. Што мислиш ти драго другарче? Ќе постојат ли луѓе за некое време? Часовникот отчукува, караванот врви, а ние удостоени со способност за размислување, наречени луѓе, сме повеќе животни отколку луѓе бе другарче. Се трансформираме во чудовишта, дури пострашни, другарче, од оние кои ни се криеја под креветот, кога бевме деца. А тие чудовишта, драго другарче, се всушност обични деца но со многу валкана душа. Со љубов, твоето непознато и драго другарче MissSpark.
Имам неколку непознати другарчиња, од школо преку наставничката по Англиски, она беше од Америка и таму имаше пријателки кои исто така беа наставнички, но на мали дечиња. Нашата наставничка ни ги кажуваше имињата и адресата на учениците на нејзините пријателки и ние им испраќавме писма во кои пишуваше како се викаме, колку год. имаме, што сакаме и се тоа. Тие беа малечки дечиња кои штотуку учеа да пишуваат, па ни испраќаа многу интересни писма со чкртаници, цветчиња, срценца, името со разиграни букви, итн., хахаха. Исто така ни испраќаа и слики, и ние на нив. Меѓутоа имаше и црни дечиња, па си се смешкав кога ги гледав сликите, сепак интересно ни беше и се надевам дека ќе продолжиме да им праќаме писменца, па некогаш можеби и ќе се запознаеме.
Имав две непознати другарки, една од Радовиш, една од Струмица Подоцна и се запознавме, а скоро ми текна на нив, им пишав порака на фб и ниту една од нив не ми одговори. Безобразни едни!
се вратив 15 год. наназад. Имав 2, едното беше од Кавадарци, машко и после 10 год дојде да ме запроси со прстен во рака (го имам ова пишувано) а другото беше од Белгија кое ми праќаше гарантни писма да одам на посета да се запознаеме. Првото ме најде преку Наш Свет. Беше фин и умен на мајка. Се запознавме и одржувавме контакт. Кога студирав во Скопје тој работеше нешто во касарна Ѓорче Петров и се гледавме така почесто на 1-2 месеци, арно ама почнал да си гаи емоции кон мене. И откако извади прстен после тоа (јас дипломирав) очи не му видов, се додека не добив покана за неговата свадба која беше ист ден како мојата. Која коинциденција или што и да беше и баш тој ден и ми се јави. Некои глупости само мене можат да ми се случат Второто, ме најде преку некоја франкофонско здружение - ако се добро сеќавам. Во мое време се учеше интензивно француски јазик и имаше таму некои си дешавања. Фино девојче, додека не ја затупи на крај со милион писма за запознавање. Или му беше многу досадно па не знаеше што да прави со себе или многу дружељубиво. Така гледав на работите, затоа што бев некаде 5-6 одд и моите да ме пуштат во Белгија сама тешко а уште потешко да појде некој со мене. И такааааа