Во градинка од Америка ни пракаа подароци и за среќа само во моето имаше адреса и слика од семејството што ми го пратиле тоа поклонче. Девојчето(Ана) е помало од мене сега е 3 оделение а брат и(Алех) е колку мене седмо оделение.Многу фини луге се и до ден денес си се допишуваме, пред некој ден им пратив писмо . И ми кажаа коа кје подпораснам да дојдам кај нив! не дека ќе одам но не се знае. хаха
Да. У петто одделение добив писмо од непознато другарче. У почеток некои општи муабети во писмава, училиште, семејство, хоби. После тоа дури и се посетивме. Од Скопје е девојчето, и уште дружиме.
Добра тема.Јас во прво одделение добив писмо од непознато другарче,се допишувавме неколку месеци па летото дојде,па јас таму .....и се така секоја година. Постојано се слушаме,гледае,како сестра ми е,а нејзините како втори родители. А живееме на скроз различни страни на земјава.7 саати патување со кола....
Даа имав другаче Се виакше Марко и беше од Охрид никогаш не го запознав ама сеа ме потсетивте и баш се запрашав кај ли отиде тоа дете...ај ај може ќе му пишам ако не се преселил па тие што живеат сеа на таа адреса да си чукаат главата
И јас имав вакво т.е непознато другарче! Се викаше Милица од Струмица. Одамна се допишувавме, така што сосема ја заборавив, не ми текнуваше на неа - се до денеска. Една година беше помала од мене. Којзнае како е сега, дали воопшто се сеќава на мене?
Имав и јас повеке. но една Кристина од кичево најмногу ја сакав и само на неа се секавам добро. другите не баш едната беше мислам маја другата не знам. И заборавив од каде беа. и еден александар од скопје хаха како мала си мислев дека ке се омажам за него... децка радост
Здраво! Бидејќи незнаев каде да се обратам, видов овдека нешто најблиско до тоа што барам. Вчера (08.02.2013) бев на Опера во Скопје, опера-Севилски берберин. Дојдов од Куманово, со пријатели и професори од училиште. Додека чекавме за картите, видов двајца дечки кои ми се сторија многу познати. Првин неможев да се сетам од каде ми се познати, а подоцна се сетив. Мислам дека тоа беа Марко и Илија. Познати ми се од едно патување од пред неколку години (можеби 4-5) не се сеќавам точно. Патувавме со воз за Црна Гора. Јас бев со татко ми, а Марко(со црна коса) и Илија(мислам дека беше плава или руса незнам како е точно на македонски) беа со сестра им Анастазија (точно се сеќавам дека беше со з) и баба им, мислам дека таа се презиваше Костиќ. Нивна дестинација беше Бар (ЦГ), и ние исто се симнавме во Бар ама продоживме за Улцињ. Се сеќавам дека баба им имаше стан во Бар кај некоја пекара (незнам каква, можеби турска ) Значи тие патуваа од Скопје за ЦГ, а јас од Куманово за ЦГ, со воз. Па ако некој од вас чита нека ми пише, или некој што ги знае овие личности нека ми се обрати, зошто би сакала да стапам во контакт со тие луѓе. Фала однапред
За жолта дуња,зелен бор брзо чекам одговор,знам дека го видела во книгата ,,Збунети Години'' од Горјан Петревски.Така таму се допишуваа момче и девојче(заљубени)и на крајот од секое писменце ја пишуваа таа реченица.
Еднашка со моите родители и брат ми бевме во Дојран на неколку дена на одмор во камп. Одма до нашиот имаше уште еден камп.. луѓето не ги познававме баш но брзо се запознавме,имаше 2дечиња наша генерација а нивните со нашите родители генерација.ептен се здруживме..правевме скара излегувавме заедно на врајќајне заедно си се вративме не памтам од кој град беа тие наминаа кај нас на кафе поседоа, машкото ни цепеше дрва (буцкасто беше малце ептен интересно), ссо мене се зафајќаше јас кутра незнаев да пливам убаво се занесував ме задави под вода хаха инциденти.. и сестраму мн добра ми беше .. ама за жал незнам колку имавме тогаш фб и такви раб. за да продолжиме и затоа тука некаде ни прекина комуникацијата за жал
Да, имав непознато другарче, и таа мене прва ми прати писмо.. Но испратените писма (и од таму и од ваму) беа 3-4. Јас бев виновна што прекинаа. Јас не и вратив Не знам зошто. Можеби ако сега ме чита ќе ме препознае..
Пред неколку години се сретнавме и се запознавме, се викаше Александра беше од Струмица. И бидејќи јас тогаш немав facebook, се слушавме прку телефон но не долго време, потоа изгубивме контакт и не сум се слушнала со неа, а баш многу би сакала да се пак видиме...
Хаха дааа имав и јас.Стигна писмо во нашето одделение од училиште од Струмица до непознато другарче.Бидејќи беше датум 21ви наставничката одреди да писмото го прими ученикот со тој број,но бидејќи беше отсутен писмото му беше доделено на бројот 31 т.с мене Беше интересно.Мојата непозната другарка Билјана и јас си споделувавме случувања од училиште,од дома,од маало.Си одговаравме гатанки,си лепевме сликички,си одговаравме прашања,си цртавме на писмата и што ли уште не Чувството на нестрпливост додека стигне новото писмо заедно со многуте одговори на прашања беше неописливо.Ах,тоа убаво детство.Писмата прекинаа наеднаш,но после долги години Билјана и јас се "сретнавме" на ФБ,па се надевам ќе дојде ден кога ќе се сретнеме и во живо Сепак,тоа беше убав дел од моето детство што сумљам дека денеска се случува меѓу "напредниве" генерации...
Се допишував со повеќе непознати другарчиња,а кога се запознававме со некој на одмор ,обавезно разменувавме адреси.разменувавме слики,па си пишувавме песнички (се сеќавам една беше полудена по Саше-пијан и млад и често ми праќаше слики од него ) Најинтересно ми беше,се допишував со едно девојче некое време (4то-5тто одд) и прекинавме, кога кренав на факултет,девојчето беше во мојата група,еден ден си ги разгледувавме писмата и се газевме од смеење.Сè уште се дружиме
Па не сум баш сигурна ама мислам дека и јас имав едно непознато другарче, ама само 2-3 писма имавме си испратено
Се самоцитирам. Планирам пак да и пишам на Габриела од Кавадарци. Адресата не и ја знам, но во писмата е напишана. Ме најде преку развигор. Имав испратено еден текст. Ми напиша дека многу и се допаднал мојот текст, па јас ја поканив тука за карневалот на еден бал под маски. Таа не дојде... Се извини поради тоа. На крај јас не и вратив... Глупачка. Сега ако и пратам писмо сигурна сум дека многу ќе се израдува. Писмата секогаш ги чувам, никако не би ги фрлила и често си ги препрочитувам.
Во 3-4 одделение, цела наша генерација пишувавме писма и ги праќавме до непознатите другарчиња. Јас бев една од ретките којашто доби одговор. Девојчето се викаше Благица и беше од Битола. Интересно девојче беше, си зборувавме за се и си цртавме цртежи, но бидејќи бевме мали не се договоривме да се запознаеме во живо. Сега немам контакт со неа, но навистина би сакала да ја видам
Си имав непознато другарче, девојчето беше од К.Паланка редовно си пуштавме писменца се допишувавме мали поклончиња си праќавме , Девојчето се викаше Ива тоа е се што знам за неа сега а верувајте многу би сакала да ја пронајдам и да си комуницираме пак , штета не ми текнува како се прозиваше иначе до сега сигурно ќе ја имав најдено Имав и друга од Штип се имавме видено 1-2 пати и сега си комуницираме на фб
Драго непознато другарче не те знам и не сакам да те запознаам сакам за мене да останеш непознато чаоооо!