И јас пишував со едно девојче.Се викаше Елена и беше од Крива Паланка.Јас бев 6-то одделение а исто така и Елена ако не се лажам беше 6-то одделение.Јас пишував поезија и објавував песни во Наш Свет и така ми пиша.Се слушнавме неколку пати и после ни се изгуби контакт.Многу ке ми биде мило ако ја најдам тука.Моето име е Весна и сум од Скопје.
Не знам дали си уште активна?Кажи ми како се викаше девојчето од Скопје?И како се викаше од Ресен?Дека братучетка ми е од Ресен и еднаш се слушнавме со другарчето мое по телефон а братучетка ми со нејзина другарка?
Ехееееј,илјадници писма чувам!Една од поретките сум кои имале ваква ситуација,да дознае дека всушност драгото непознато другарче е драгата непозната братучетка А ни на крај памет тоа не ни текнало !
Добив еднаш писмо од едно девојче од Скопје и бев пресреќна. Купив плико со цветчиња, хартија во боја и му вратив..Девојчето уште ми нема вратено.
Темава ме потсети на детството. Пред 30-35 години немаше СМС пораки, Фејсбук, Е-мејл... Се праќаа писма... и се чекаше поштарот!!! Се допишувавме со непознати другарчиња на кои што им ги кажувавме нашите секојдневни случки, тајни, фантазии... Јас се допишував со две девојчиња - Марика од Охрид и Елена од Новосибирск... Колку беа убави тие времиња...
Пред 8год. и јас си имав непознато другарче И ден денес се имаме на фб, немаме контакт ама битно не се забораваме. Си пишувавме писма, си кажувавме се, за симпатии, за школо, другарки, семејство, хоби.. Обавезно купував листови во сите бои, плика со разни шари, си праќавме слики за да знаеме која како изгледа, слики и текстови од нашите омилени глумци, пејачи.. Со нетрпение го чекав поштарот секој ден Ах убави времиња..
Јас само еднаш имам пратено преку школо по предметот англиски јазик наставникот ни кажа да напишеме писмо и да го пратиме јас го пратив и ми стигна од девојче и од тогаш и немам пратено но ми беше мило што запознаш девојче на моја воздраст
Во прво оделение кај нас во школо стигаа писма до непознато другарче али пишуваше оделение и број во дневник. И јас си бев број 10 а писмото беше за број 9, и си излажав дека сум 9 за да го земам ја писмото хахаха леле децааа Иначе не му вратив, го напишав ама не го пратив Ахх што убави спомени
И кај нас во основно, кога бевме 4то одд. се пишуваа писма до непознато другарче. Моето писмо беше напишано за девојче од Велес. И таа ми одговори на писмото.. така се додека не си направив фејзбук си праќавме писма, а ден денес контактираме на фб
Се допишував со едно девојче од америка ни делеа нашколо пакетчиња од америка кои деца ги имаа спакувано и во мое пакетче имаше адреса од девојчево му пратив писмо по 4 месеца стаса писмо и слики преубаво беше девојчево имаше слики од куката нејзина од фармата од животните еден албум повторно и вратив но за жал не стаса одговор дали и писмото стаса кујзнае ....ја најдов на фб пред 2 год ама неможев да ја додадам за пријател или порака да и пуштам сега веке нз ни како се викаше аги изгубив и писмата само сликите стојат
Јас се допишував со над 10 девојчиња, но за жал писмата не ги чувам веќе. Ги имав премногу, па еден ден кога суредував дома мораше да ги фрлам, да ослободам простор.
Многу беше интересно тоа Тогаш беше актуелно да адресираш до НЕПОЗНАТО ДРУГАРЧЕ во некој друг град, ќе ти помогнат постарите да напишеш некое основно школо и на крај ОБАВЕЗНО пишував БРОЈ хх ВО ДНЕВНИКОТ. Јас на пример секогаш број 8 во дневникот си пишував Знам запознав една Лимонка од Свети Николе... Интересно
Прерадосно ми беше допишувањето со непознато другарче, се допишував со повеќе, а во живо се запознав со две девојчиња, но немам контакт со нив.
Steta sto vo moe vreme nemase ova vo nas svet. A mnogu interesen nacin e za zapoznavanje novo prijatelce