Oмилен дел од литературата ми се драмите со нив најдобро можам да го доживеам истото како и ликовите не ѓи сакам тажните драми повеќе сакам да се изнасмејам со хумористичните . Kаков вид драми преферирате па ставајте и текстови и видеа од драми позз
Драми обожавам, но не да ги читам - туку да ги гледам во театар. И не сакам некои премногу „тешки“, со многу различни ликови кои не можам да ги „сварам“ . Обожавам љубовни теми, комедии и поучни драми. Историски не сакам
Во последните денови мене ме обзема новогодишната еуфорија па сакав да ве прашам дали знаете некоја новогодишна драма која би успеала да ме развесели однапред благодарам
Овој жанр навидум изгледа лесен за реализација на лист хартија, меѓутоа воопшто не е. Драмата, исто како и наративниот роман е чиста уметност, без разлика дали станува збор за - монолог или за дијалог. Меѓу многубројните убави македонски драми - би ви ја препорачала драмата Чест на Васил Иљоски. Значи , јасно е , сите ги знаеме Македонска Крвава свадба (Чернодрински), Чорбаџи Теодос, Бегалка, меѓутоа Чест е невидено добра драма. Нема да верувате што ми се случи вечерва - Ненад Вујадиновиќ Ова не е типичен автор, човекот ми беше асистент по српки јазик на факултет, има неверојатна смисла за хумор, луциден, крајно шармантен и надарен за пишување. Тематиката е многу модерна, смешна и тажна истовремено. супер драма. Ендрју, Љубов и други непогоди - Жарко Кујунџиски Жарко К. - лудак, во најпозитивната смисла на зборот. Дефинитивно треба да му се даде повеќе шанса - како на овој жанр, така и на младите македонски автори.
Кога станува збор за драмите еве да кажам дека јас ги сакам комеедите, сакам кога одам во театар да се изнасмеам, да се расположам, го обожавам громогласното смеење, кога публиката аплаудира и паѓа во делириум, што би се рекло заоѓа од смеење и во тие моменти доживувам катарза, тотално прочистување на душата...ако на утакмици одев за да ја испукам нервозата и да се ослободам од негативноста, театарот и комедиите ми ги полнат батериите... Драми кои ме насмеале до солзи се Г-ѓа Министерка, Умри машки и Сомнително лице (која ја имам гледано само на ТВ-ама верзијата со Џемо Биљбиљ)...сакав да ја гледам и Вагинални монолози (сестра ми ми ја фалеше, ама не бев во можност да одам).. Најискрено секогаш сум се воодушевувала на глумата на актерите кои после секое громогласно смеење и овации останувале ладнокрвни, вистински професионалци, навистина секоја чест И уште нешто страшно ме иритираат дофрлања од публиката од поедини личности кои според мене патат од комплекс на внимание и мораат да се истакнат со невкусни и несоодветни коментари, кои дошле не да уживаат во она што им се презентира туку да докажат некому нешто(пр. некого да импресионираат), а всушност не сфаќаат дека само се глупираат,..да го додадам и ѕвонењето на моб.
И јас сакам драми. И да ги читам и да ги гледам. А и да драматизирам. Иако повеќе ги сакам романите бидејки подобро се искажани чувства, сцени, ситуации, сепак драмите ми се некако посебно интересни. Директен говор, лесно можам да си ја замислам ситуацијата и сценографијата, полесно ги запознавам ликовите и ги доживувам. Комедија, трагедија-какви и да се, драми да се. Би ги издвоила оние на Плаут. Кратки, лесни, разбирливи...
Драмите <3 Ги обожавам премногу значи! Инаку ги обожавам комедиите И би сакала да ви препорачам да ги прочитате драмските текстови од Дејан Дуковски,дефинитивно според мене има многу добри текстови
Драмите ми се омилен жанр после кратката проза. Кога станува збор за македонските драматурзи посебно би ги издвоила Горан Стефановски, Венко Андоновски, Дејан Дуковски и Јордан Плевнеш. Инаку од странските омилена драма ми е Нора од Хенри Ибзен.
Повеќе преферирам да гледам драми отколку да ги читам. Во овој случај давам предност на визуелната реализација. Колку и да е добра приказната подбро би ја претставиле глумци во театар, него ли дијалог во мојата глава. Не посетувам често театри, но сепак знам да наминам со или без причина затоа што од училиште ни организираат групно одење во театар, но не е добро реализирано.Иако ретко наоѓам друштво во театар, одам ради лична сатисфакција. Кога сме веќе кај драмите што се читаат, читам со намена за во училиште инаку вака од личен избор никогаш не сум избрала, не ми се многу интересни и не ми привлекуваат внимание.Од тие до сега што сум ги прочитала ке ги издвојам Македонска крвава свадба, Парите се отепувачка и Вујко Вања.
Кога бев основно, само драми прифаќав да читам од се што ни беше дадено за лектира. До сега сум прочитала неколку. Некои за на училиште, некои од мерак. Последна која ја прочитав на моја иницијатива беше Макбет. Прва ја прочитав Македонска крвава свадба, бев просто фасцинирана од неа и од можноста што ми ја пружи да се вметна во светот кој е опишан. Порано, омилена ми беше Чорбаџи Теодос. Ја прочитав во петто или шесто одделение. Бев болна, не ми се учеше, па се фатив да читам. Уживав во Чекајќи го Годо. Го обожавав делот од часот кога го обработувавме значењето на Годо. И сите настапија со мислам дека Годо е всушност од Господ добиено. Википедија напиша домашна.
Го обожавам Дејан Дуковски. Драматуршки генијалец, дефинитивно. Токму двете драми кои ми се поставени на пиедестал се негови. Буре барут и Маме му ебам кој прв почна? се култни македонски драмски текстови. Во двете современи трагедии, насликан е македонскиот ген, со цинизам, иронија и сарказам. Анѓа: И најстрашниот ѕвер знае за милост. Црна Арапина: Јас не, затоа не сум ѕвер. Анѓа: Ѓаволи почнале да зборуваат вистини? Црна Арапина: Ангели почнале да се лутат? Анѓа: За тебе има место само во пеколот. Црна Арапина: И уште едно. Анѓа: Зандана. Црна Арапина: Твојот кревет. Анѓа: Дојде да ме убиеш? Црна Арапина: Дојдов да ти речам љубов. Анѓа: Немаш право на тој збор. Црна Арапина: Имам право на тебе.
Љубителки на драмата, Која може да се сети на некоја македонска драма каде што барем еден дел е поврзан со славење на свадба? Ми треба за една средношколска театарска претстава, каде што треба да ги претставиме обичаите кои се прават кај нас на свадба. Нашата група не сака целосно тоа да се претстави, да не се игра претстава од типот на драмите меѓу двете светски војни како "Макеоднска крвава свадба". Може да е современа, меѓутоа да има барем мал дел поврзан со она што го бараат од нас. Се надевам на одговор Поздрав
Здраво, ве молам предложете ми драма за средношколци. Може да е пократка или да може да се направи само неколку чина ама да има поента. По можност да е интересна смешна или современа
Драми ми се далеку од омилен жанр, а ги имам прочитано многу. Некои ми биле и лектири. Од Шекспир имам прочитано над 30 драми (на македонски и англиски). Има доста тежок стил на пишување и секоја една негова книга бара посветено внимание и време.
Како дете на 10-11 години читав и доста драми и тоа од странски и домашни автори. Сакав да видам дали еден ден можам да напишам драма, детално гледав како се пишувани. Замислував сцени, ликови, амбиенти, како тоа да го напишам и опишам. Но, тоа не е за мене. Тоа ми беше тогаш во глава, потоа идејата ја снема. Драмите се тешки за пишување, а ретко кој ги чита.