1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Драмски аматерски фестивал (ДАФ) Кочани

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од NoirSerpentine, 25 мај 2022.

  1. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    1.946
    Пол:
    Женски
    Драмски аматерски фестивал (ДАФ) е годишна театарска манифестација на која настапувааат најдобрите аматерски театри и театарски групи од Македонија и пошироко.

    Фестивалот своите почетоци ги имал во 1961 година, кога од 1 - 10 декември во Работничкиот дом во Скопје се одржала Првата аматерска театарска ревија. Нејзин домаќин бил Клубот на љубителите на театарот, а на таа прва ревија настапиле пет театарски групи од Скопје, Делчево, Пробиштип, Охрид и Гостивар.

    Првото име на фестивалот било Аматерска драмска ревија на Македонија, па Републичка смотра на аматерски драмски театри (РАДС), кога Кочани станува постојан домаќин на Смотрата, сè до денес. Во меѓувреме, во периодот од 1992 - 2000 година РАДС е преименувана во Фестивал на аматерските и алтернативни театри (ФААТ), а од 2000 г. до денес го носи називот Драмски аматерски фестивал (ДАФ).

    Во педесетгодишното постоење одиграни се над 750 претстави со над 8.179 актери, артисти, режисери, сценографи, суфлери, инспициенти, светло и тон мајстори, менаџери и водачи на театарски аматерски ансамбли. Во периодот од 1977 до 2010 година, кога домаќин е Кочани, на Фестивалот просечно годишно биле одиграни 14 претстави, со по 178 глумци.

    Речиси нема град во Македонија што не учествувал на Фестивалот – со алтернативен театар, аматерска драмска група од дом или од центар на културата, од училиште, факултет, па и од детска градинка.

    На педесетгодишнината од ДАФ (2014 година), градот на оризот беше фестивалски домаќин по 38 пат.

    Кочанскиот аматерски театар формиран при Центарот за култура „Бели мугри“ првпат настапил на Фестивалот во 1968 година со претставата „Кога жената е нема“.

    Многумина од главно младите учесници на аматерските фестивали потоа завршиле академии и станале професионални актери, режисери. Други се познати професори, лекари, новинари, судии, трети се земјоделци или домаќинки. Љубовта кон театарот и драмската уметност кај нив никогаш не згаснала.

    DAF kocani.png

    Повеќе информации:
    Драмски аматерски фестивал

    Линк до официјалната страна
    ДАФ Кочани

    Извор
     
  2. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    1.946
    Пол:
    Женски
    Програма за овогодинешното издание

    daf 1.jpg daf 2.jpg
    daf 3.jpg daf 4.jpg daf 5.jpg

    извор