Има ли некој искуство да сподели? Дали со фотки или препораки за некои фриз. салони Ме интересира која била вашата најголема/најдрастична трансформација до сега и како сте задоволни Јас сум тип што сака драстични промени, еве неколку низ годините - Пред година дена- розови прамени Значи сама си ја осветлив коста, сама се фарбав и премнг ми се допаѓаше ама беше мнг тешко за одржавање и дека сама се правев, почна и убаво да ми паѓа и да ми се ретчи косата Пред 15 год - pixie cut, се сеќавам дека беше во едно фриз. студио во Автокоманда Dior и знам дека бев мнг задоволна ама дека беше пекол додека ми порасне (се сеќавам цело време со капа бев ахаха) Пред 5 години- кога се офарбав темно кафеава откако цели 10 години бев црвена. Се фарбав кај студио Плетенка во Кисела Вода. Се изненадив колку добро ми стои и очите колку ми се истекнаа како и тенот и колку уствари ми требало промена Сега искрено се спремам да идам целосно плава (руса) и разгледувам студиа, цени (гледам дека е прескапо обично ми нудат околу 7 до 8 илјади боже) така да ќе видиме, можеби ќе ме инспирирате вие
Неколку пати сум направила драстична промена. Од долга на кратка коса, од една боја на друга. Добро е да се промени, да се освежи, многу менува на ликот. Сега во план сум да ја израстам долга како во средно, до половина Па да ја скратам некако во боб стил и да ја донирам.
Многу пати, од долга скроз кратка, од црна се префарбав во црвена после некое време пак во црна па сменив кафеава па сега сум пак црвена. Неможам да издржам со една иста боја долг временски период