Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Древен Египет

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Iv531, 30 јануари 2023.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.107
    Допаѓања:
    26.979
    Инцест има и во “наше време” дури и после Среден век. Колку и да се фасцинантна цивилизација сепак имаат и многу бизарни обреди и обичаи.
    Сепак имаат убава архитектура и митологија. Ептен биле креативни :D
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Во гробниците ставале злато затоа што верувале дека покојниот ќе биде богат и на другиот свет.

    и мене ми е стварно голема желба да го посетам Египет, да ги видам градбите, не ме интересира ниту море ниту лукзусен одмор, само да ги видам еден ден во живо.
     
    Последна измена: 31 јануари 2023
    На Iv531, Cosmic Girl, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    daa i jas znam taka
    i gi doteruvale i sreduvale za taka da se u zadgrobniot zivot
    dodusa i nie toa go praime
    neli pr ako pocine zhena se sprema i tasna, i vnatre ima raboti, za da e ubava tamu
    real talk ahahaha


    ajde ideme site zaedno
    femina tandem
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.720
    Пол:
    Женски
    Браво за темава.
    Многу сакам египтологија. Сон ми е да ги посетам пирамидите еден ден.
    Инаку од она што сум го учела јас по историја на уметност, пирамидите однадвор како што пиша @GirlRose биле мазни, со добро дефинирани рабови, но нас не учеа дека не биле цели бели туку дека имало и боени делови во оние прекрасни бои како што се гледаат на внатрешните ѕидови. Наводно имало наоди дека имало остатоци на јаки бои на некои парченца, па може да било со хиероглифи напишано нешто, можеби името на лицето кое е погребано во пирамидата. Наводно биле многу сјајни и блескави на сонцето, за разлика од нивниот денешен истрошен изглед.
    Се се ова теории, со оглед на тоа дека сеуште се прават истражувања, можно е да има и понови сознанија.
    Во секој случај пирамидите низ вековите се оштетуваат од временските услови и од луѓето и доколу не се чуваат со тек на времето би изгледале како ридови, се пониски и понедефинирани.

    Клеопатра е од династијата на Птоломеите. А почетокот на оваа династија ја започнува Птоломеј први 303 год пне. Него го поставил директно Александар Македонски по освојувањето на Египет и бил Македонец. Така да дефинитивно има македонско потекло.
    Кој сака да го види семејното дрво, еве видео:


    Инцестните бракови биле нормална појава во минатото во кралските семејства, ширум светот. Брак меѓу брат и сестра било често во Египет бидејќи се сметало дека на тој начин се обезбедува потомство со чиста кралска крв. Со оглед на тоа дека фараоните биле не само врховни владетели туку и живи богови на земјата, бракот меѓу роднини давал божествено потомство. Заради тоа некои фараони имале физички проблеми кои денес се добро познати карактеристики на inbreeding или не мешање на гените. Од анализите скелетите на фараоните се утврдени физички недостатоци во изгледот на лицето со изразен нос, брада, усни. Дури и Клеопатра ги има тие карактеристики според некои пореални бисти и статуи од неа.

    Инаку мене ми е најфасцинанта нивната религија. Еднаш гледав една многу убава документарна емисија во кој беше објаснета една теорија кој ми имаше баш логика.
    Односно беше објаснето во што верувале врз основа на пирамидите и начинот на кој се спроведувал потребниот обред и ритуалите поврзани со него.
    Поточно древните египќани верувале дека после смртта постои задгробен живот на небото. И тој живот е вечен и таму фараонот продолжува да живее вечно, и тоа физички не спиритуално. Затоа ги презервирале телата и посебно внатрешните органи. За да ги има за вечен живот. А колку побогат и побитен човекот толку побитно било добро да биде сочуван и со повеќе дополнителни предмети да биде погребан, за да му се најдат во вечниот живот. Познато ни е погребувањето на покуќнина, кочија, и се што му треба па и со човечки жртви (слуги за да му се најдат).
    Значи рајот бил на небото заедно со сите божества. Тоа бил вечен живот. Како одлични познавачи на астрономијата, многу нормално, ги вклучиле тие сознанија и во религијата.
    Ако се набљудува од птичја перспектива положбата на пирамидите ќе се види дека тие се некако изградени на позиции кои не се баш во линија и во права дијагонала. Научниците заклучиле дека се распоредени на тој начин со причина . Односно дека тоа не е затоа што направиле грешки кога ги граделе, туку намерно се поставени како што се и тоа со огромна прецизност. Поточно увиделе дека се во склад со распоредот на ѕвездите во соѕвездието Орион. Орион бил рајот на небото, па сакале да го претворат својот свет во рај на земјата.
    Дел од обредните церемонии после мумификацијата на фараонот биле правени со цел да се обезбеди сигурен пат на фараонот до вечниот живот.
    Кога го внесувале фараонот во пирамидата во точно одреден ден од годината се изведувала церемонија на кршење на вилицата на мумијата. Таа се носела до еден од оние мали отвори кои биле тесни тунели кон надвор (за кои долго се чуделе научниците за што служеле, бидејќи биле многу тесни) и се подисправала, за да се доведе во положба лицето на мумијата да е насочено кон отворот. Отворот гледал право во одредена ѕвезда/соѕвездие кое баш во тој период од годината се поставувал во позиција да се гледа низ отворот од внатрешноста на пирамидата. Потоа со една алатка поставена помеѓу забите на мумијата се подотварала (кршела вилицата) на фараонот за да се ослободи душата низ устата. Така душата можела низ тунелот да отпатува право на небото во вечниот живот.
    После една година целиот погребен обред конечно завршувал кога тоа исто соѕвездие/ѕвезда ќе се издегнело над хоризонтот и ќе се вратело на небото. Самото негово изгревање било доказ дека нивниот фараон е навистина на небото и вечно ќе е таму, како што секоја година ќе се враќа на небото.
    Египќаните имале религија која била многу опиплива за народот (за разлика од денешните модерни религии). Тие си имале физички репрезентации со кои си ги потврдувале и докажувале нештата во кои верувале. Не морале да веруваат, доволно било да ги следат природните појави што се повторувале секоја година и тие им биле доказ дека верувањата им се точни.

    Според најновите сознанија, се смета дека тешките блокови користени за изградба на пирамидите, кои се вадени од каменоломи оддалечени стотици километри од Гиза платото биле носени на сплавови по Нил. Долго се шпекулирало како потоа биле носени од Нил до градилиштето, се додека не нашле археолошки наоди дека од Нил биле изградени водени канали до потребната локација. Така да не ги носеле по копно туку по вода.

    Ископани се остатоци од сплавови кои биле направени од дрво и биле направени да можат да пренесат безбедно блок тежок и по неколку тони без да го загубат во реката. Во близина на пирамидите се најдени остатоци од населбите во кои живееле работниците и постојат докази дека во некои од нив живееле морнари бидејќи биле потребни за врзување јажиња и јазли и го имале потребното знаење.

    Инаку Сфингата е изработена во карпа, така да знаев дека е од едно парче.
    Проблемот е што сфингата денес е во таков однос поставена на пирамидите што личи како да е чувар на влезот од платото. Но временското датирање на Сфингата покажало дека таа е многу, многу постара од пирамидите. Така да се поставува прашањето зошто била воопшто изградена. Тоа што била векови под песок донекаде и ја сочувало. Сега како што е откриена самите атмосферски води ја оштетуваат, бидејќи едноставно крпата од која е направена е подложна на ерозија. Сеуште е мистерија и што се крие во нејзината внатрешност.
     
    На sweet-cherry, Kom.pot, Anne Boleyn и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Iv531

    Iv531 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2022
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Тоа само во првата династија, после правеле како едни кукли наречени ,,шавабти" кои во рајот се претварале во вистински луѓе кои му служеле на фараонот.
    Инаку ова за Сфингата не го знаев, можеби ја направиле општо за фараоните да ги заштити?
    Точно, а дали знаеш дека Нефертити на Тутанкамон му била полу сестра, мајка и жена? Тоа значи дека откако мајката ја родила неа, таа умрела, Нефертити се омажила со таткото и заедно го родиле Тутанкамон, а потоа таа се омажила за него? Чудно, нели?
    Инаку, драго ми е што има толку многу љубители на Египетската историја како мене :):)
     
    На Feminka22, Касија, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.720
    Пол:
    Женски
    За сфингата има повеќе теории ама немаат докази. И за нејзината намена, и за тоа кога е направена и за тоа што претставува. Таа теорија дека датира од 7000г. пне е дадена како што пишав врз основа на ерозијата на горните делови од сфингата за кои се претставува дека се од обилни дождови. А такви поројни дождови можело да има само многу одамна кога климата бил во тој регион повлажна а не пустинска како сега. Но и против оваа теорија има контра аргументи така да ништо не е сигурно.

    Инаку Тутанкамон или кралот Тут популарно наречен, бил син на фараонот Акенатхен. Мајката на Тут не била Нефертити и која точно била по име не било познато. Но според понови днк анализи е познато дека мајка му била една женска мумија популарно наречена помладата дама, зошто била најдена во гробница заедно со други женски мумии со различни возрасти но биле во роднинска врска.
    На големо изненадување на археолозите се докажало дека Акхенатен се земал со својата сестра.
    Така што Тут е дете од инцест. Имал здраствени проблеми вродени, заради inbreeding. Се претпоставувало дека неговата прерана смрт била заради тие проблеми но подоцна се докажало дека имал маларија и тоа неколку опасни нишки. Имал и хронична болест заради која тешко се движел и во неговата гробница се најдени многу бастуни. Покрај тоа имал и рана на ногата која не зараснувала според анализите на мумијата.
    Така што најверојатно причината за смртта не била една туку биле повеќе.
    Исто и тој се оженил со својата полусестра Анексунамун и нивните деца биле мртвородени.
    Еве во видеово е објаснето:


    Второво видео објаснува не само за ова, туку и на крајот има и дигитален приказ како најверојатно изгледал Тут.
     
    На Ava.84, Anne Boleyn, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Iv531

    Iv531 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2022
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Работата е што гробницата на Нефертити се уште не е најдена. И гледав една емисија каде што пробуваа да докажат дека токму гробот на младата дама е гробот на Нефертити. А Нефертити сигурна сум дека била омажена со татко ѝ, затоа што тој и таа заедно пробале тотално да ја изменат Египетската религија така што кажувале дека постои само еден бог, богот на сонцето. Затоа, откако умреле, Египјаните пробале колку што можат да го избришат сеќавањето на нив. Ги уништувале нивните слики, текстови со нивното име... Ама се уште ме копка тоа што ако навистина емисијата го нашла гробот на Нефертити (а таму кажуваа дека е така), тогаш би го имало тоа во вестите, ќе можело да се прочита на интернет... Така да не сум сосема сигурна, ама исто како Сфингата, има многу теории а малку докази.
     
    На Ava.84, Anne Boleyn, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Има серија Tut иначе
    гледајте ја интересно е
    и мене ми е фасцинантен Тутанкамон пошто бил ептен дете кога дошол на тронот
     
    На Anne Boleyn и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 2 февруари 2023
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Пирамидите биле покриени со варовник, блештеле. Но многу подоцна, украден е варовникот и преискористен.

    Најновите откритија тврдат дека сфингата е од пред 10000 п.н.е. Што значи, не е поврзана со пирамидите (кои се 2500 п.н.е.). Поинтересно е зошто токму таму е изградено нешто како сфингата, која првично имала лик на лав (со тек на времето го смениле ликот)? Има некоја поврзаност со универзумот мислам.

    Тутанкамон единствено е познат поради тоа што само во неговата гробница најдени се вредни нешта, сите други гробници биле ограбени и празни. Историски гледано немал никакво значење како фараон. Ова баш го слушав денес на подкастов со Рами Романи: https://open.spotify.com/episode/6z...i=b_XEJu4MSHehFqT4Gv8aYQ&utm_source=copy-link
    Ете ви малце раскажување од Египетски археолог што цел живот работи во полето на антички Египет.

    Тука може и неговите документарци "Ancient Egypt" да ги изгледате:
    https://youtube.com/playlist?list=PLV1-0shLTyvmszfE-7mA33Tm4xSVfsXtj
     
    Последна измена: 2 февруари 2023
    На Feminka22 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.720
    Пол:
    Женски
    Точно Тутанкамоновата гробница е една од ретките што не била ограбена и затоа е познат. Поинтересен е татко му како што спомна @Iv531. Тој сакал да премине во една генерација од политеизам во монитеизам еден бог-сонце). Ама народот после неговата смрт се вратил на старите верувања и избришал се што било во врска со еден бог по наредба на Тут. Тогаш и Тут си го сменил последниот дел од името во Амун (тут-анк-амун)

    Татко му бил во таа смисла можеби и пред своето време. Монотеизмот бил прифатен постепено низ повеќе векови, како што знаеме, со многу првичен отпор од цезари до свештеници..
     
    На Anne Boleyn, Iv531, MissChievous и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. _iKarmen

    _iKarmen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Летово бев во Египет, од Гиза плато па се до Долината на кралевите и кралиците, сите локалитети ги посетив. Гробниците имаат распоред на влегување, се менува која е отворена во различен ден, без лажни влезови итн. Богатствата од непроценлив карактер се веќе во музеј со години така што може да се влезе, и да, се автентични.
     
    На Anne Boleyn и Iv531 им се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.107
    Допаѓања:
    26.979
    Дај некоја фотографија да видеме. :wasntme:
    Да се едитирам. Не сум била во Египет нити пак во пирамидите, ова вака од читање по нет ми е.
    Колку што знам вистинските се доста тесни и ме интересира што конкретно видовте и како сте сигурни дека се вистинските? :wasntme:
    И како пример ѕидовите со хиероглифи би завршиле во музеј? :wasntme:
     
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    2.792
    Пол:
    Женски
    Во денешен Египет живеат и Коптите, народ кој директно се врзува со древните Египјани. Ги има околу 10 % православни се , но длабоко во својот идентитет се поврзуваат со фараоните.Горди се бидејќи христијанството го примиле уште во 1.век од евангелистот и апостол Марко и длабоко се религиозни. Специфично за нив е што под десната дланка имаат истетовиран крст. Со векови биле во врвот по образование и успешни во многу области,иако дури и денес трпат дискриминација од мнозинското исламско население во Египет. Самиот термин " копт " е грчки збор за древните Египјани. Во традицијата имаат задржано некои обреди од времето на фараоните . Имаат свој коптски јазик,но го користат само за време на богослужбите. Бившиот генерален секретар на ОН, Бутрос Гали е Копт.
     
    На Cosmic Girl, Ava.84, sweet dreams ** и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    И Рами Романи (погоре што споделив) е копт и во подкастот малце зборуваше околу тоа, и раскажа неколку антички египетски приказни (од п.н.е.) кои се исти со неколку од библијата. Што значи, гомели се шансите да се.пренесувани од таму и вметнати во библијата преку коптите.
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    2.792
    Пол:
    Женски
    Слични приказни има кај сите стари народи и сличен духовен развиток имаат.Тоа не е спорно.
     
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Нели значи тоа дека приказните и филозофиите се пренесуваат низ вековите помеѓу народите, и само се модифицираат и преименуваат?
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    2.792
    Пол:
    Женски
    Можеби...или синхроницитет..
     
  19. _iKarmen

    _iKarmen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Ѕидовите мора да седат таму хахах, таква е градбата секако не можат да одат во музеј. Инаку да, влезовите се малку тесни но со цел да се посетат има дрвени скали со пролази за да се влезе, страшно топло и загушливо е и многу влажно. Пирамидите во Гиза се отворени за влез ама навистина нема што да се види освен хиероглифите и тоа доста сиромашно во споредба со оние во Долината на Кралевите. Повеќе вреди да се посетат оние во Долината.Е сега како сме сигурни дека се вистинските…Не произведуваат гробници туку така сигурно хахах
     

    Прикачени фајлови:

    На Cosmic Girl, Iv531 и GirlRose им се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.