1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дресирање на куче

Дискусија во 'Дом' започната од Blumarine, 15 јуни 2011.

  1. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Може ли да ми помогнете како да поработам на авторитетот. Значи буквално и строга сум и го карам и се но ништо не делува кај него. Сите дома го караме кога прави бељи но џабе навечер или кога и да заспиеме ѕидовите ги гризе вратите се апсолутно кабли ужасно е.
    Иначе кучето не е расно, џукче е го вдомив од страна за спас на животинки. Не знам навистина премн го сакам но навистина е мн напорно вака да се издржува. Молам за совет
     
    На Hristycus му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Моето куче го чуваме врзано и не го пуштаме . Зашто кога ќе го пуштиме одма каса по нозе,фармерки и го мавам за да се одвикне ама никако . што да направам ме нервира така , а многу е радосно кога ќе го пуштиме.
    А да и неќе да се бања ич !
     
  3. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Затоа што го чувате врзано и не го пуштате од ланец :fubar:
    Па добро бре и вас некој да ве држи на ланец и да не ве пушта подолго време, како би се однесувале вие ?

    Дајте му слобода на кучето и пуштете го малце да се истрча низ двор, да потроши енегрија :!:
     
  4. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Фатете го кучето на дело :!:

    Значи обидете се една вечер да не спиете и само набљудувајте што прави кучето, кога ќе почне да гризе врати и да прави други бељи веднаш реагирајте ! Одма во самиот момент кога ќе почне да ја прави бељата вие одма отидете кај него и искарајте го со висок тон (избегавајте да го тепате), високиот тон ќе биде доволен за да го предупредите, НО ако повторно продолжи да прави бељи тогаш можете малку да го удрите по газето и исто така гласно и строго да му се развикате.

    Финтата е во тоа што треба да го начекате кучето на дело, така ефектот од вашето карање ќе биде мнооогу поголем.
     
  5. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Ама како да го пушта кога одма скока и почнува да каса .. Ќе треба да бегам и како ќе го фатам после? ..
     
  6. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Ти благодарам на одговорите Доберман,
    Го имам фатено кучето на дело и тоа неколку пати. Веднаш станувам му викам но тоа не се откажува продолжува да гризе и ако сакам да го удрам малце по газето одма ме рже мислам ќе ме гризне. Навистина имам проблем, исто така не можам да го пуштам надвор без маска (бидејќи јаде се од земја) и без проводник бидејќи ќе ми избега. Сепак најголем проблем е гризењето на се и сешто по дома.
    Навистина сум благодарна на вашите совети очекувам одговор а доколку не се среди проблемот би ми требала и ваша професионална помош. Да се издресира малку од малку кучево. Поздрав
     
  7. AHHii

    AHHii Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    22
    Значи се зависи од тоа колку е старо кучето ако сеуште е младо со тек на време ке се научи,се разбира треба она да го опоменува кога оно ке ја повлече..Значи кога ке ја повлече она не смее да му дозволи кучето да ја команда каде да одат..Треба не многу силно да го повлече нагло поводникот со тоа кучето ке свати дека прави греска..И треба многу трпение.
    Јас имам куче ( пит бул) и не е толку тешко да се научи :)
    Поентата е дека треба кучето да оди каде што ти сакаш а не тоа ;)
     
  8. AHHii

    AHHii Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    22

    Според мене кучето ги доминира сите во домот. Фактички он е казда. Не смеете да му дозволите да ве доминира.Вие сте главни не оно. :)
     
  9. AHHii

    AHHii Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    22
    Се согласувам со Доберман..
    Возрасните кучиња треба да се шетаат 2 и повеке пати во денот, особено ако го чувате дома..Бидејки ако кучето не е прошетано во текот на целиот ден се ствара нервоза кај него и со тоа агресија..Се разбира од еднашка не пршетување не може ништо но може понатамѕ да се створи агресија.
     
  10. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Оф па кучето си зело ептем голема Алфа позиција штом не ви се плаши и штом не почитува никој во домот.
    Ај тоа што гризе врати и други ствари ствари по домот не се вистинскиот проблем.
    Вистинскиот проблем е што треба да ја вратите вашата доминација врз кучето, а богами штом кучето си зело толкава слобода тоа нема да биде баш лесно да го остварите.
    Ако ви треба професионална помош ви стојам на располагање :)
     
  11. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Ви благодарам Аххи и Доберман на советите. Знам дека навистина земало кучето алфа позиција во нашиот дом и мора некако да се среди тоа. Моментално не сум во Мкд, во хрватска сум па за понатаму морам да најдам решение и ќе ве побарам. Се надевам може да се среди ваквата ситуација која вледее со моето куче.
     
  12. aleksandra33

    aleksandra33 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    а до која возраст може да се научи кучето да не скока по мене (со прљави шепи ми ги прља алиштата цело време) и кога ја шетам ме тегне лево десно. сега има 1 година и 2 месеци ништо не ја научив до сега. жал ми е ама незнаев како. може ли сега да ја научам или касно е? :( инаку лабрадор е тие се паметни кучиња нели ? :P
     
  13. Irida

    Irida Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    963
    Веќе 4 месеци чувам шарпланинец. Го земавме кога имаше еден месец, чистокрвен е има педигре и здравствен картон. Знам дека за шарпланинците нема дресура, меѓутоа од денот кога го зедовме па се до денес покажува агресивност кон нас, не каса и ни ја влече облеката. Сакам ги прашам оние кои имаат искуство во одгледување на шарпланинец, дали тоа е нормално кај младите шарпланинци и дали со тек на време ќе се смири (шарпланинците имено важат за многу мирни и добродушни кучиња). И само да појаснам не не каса за да не повреди, туку само си игра, ама таа игра не е ни малку наивна (не е исто да гризе и да тегне пинчер и истото да го прави шарпланинец кој има околу 50 килограми). Што е најстрашно не сака да излегува надвор од нашиот двор, мака мачиме кога го носиме на прошетка :tmi: . Ако има некој нека пиши
     
  14. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Мила,јас немам искуство со шарпланинец, но со куче сум од бебе.
    Типично е таквото однесување за толку мало куче, тој сеуште е ,,мало дете,, и сака да си игра.За неколку месеци таа фаза ќе му помине.Но,сега е вистинскиот момент да почнете да го учите дека треба да почитува авторитет, т.е. вас.
    А, за тоа што не сака да излегува од двор, не се секирај.Само бидете упорни и носете го на прошетки.Се уште е мал и е несигурен и се плаши да го напушти своето засолниште.Затоа така реагира.
    Уживај со твоето милениче :) Поздрав....
     
    На mil4ence и Irida им се допаѓа ова.
  15. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Паметно (односно послушно) ќе биде само доколку ти му посветиш доволно време и внимание за да го направиш послушно.
    И серазбира дека 1 година и 2 месеци не е старо кучето и секогаш може да се воспита.
    Јас сум дресер и ако сакаш можам да го научам да не тегне и да не рипа, ако сакаш да имаш послушно куче контактирај ме.
     
  16. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.518
    Јас си имам мака со мало кутре, го земав од надвор (првокласно џукелче :) ) пред некој месец ипол, сега има неполни 4 месеци од прилика. Замолувам некој од поискусниве нека ми посоветува како да се однесувам. Првичен проблем ми е што НИШТО не слуша кога сака да си игра, каса, скока, лае, а кога ќе ја искарам или да пробам да ја смирам мисли дека ја играм и „збеснува“. Разбирам дека е мала и дека тоа и е сега работа, ама осеќам дека ако не превземам нешто и кога ќе има 2 години исто ќе се понаша. Проблем имам и со шетањето, ја пуштам да душка наоколу само кога треба да си заврши работа, а кога пробувам да ја прошетам ја шетам обавезно до мене и ако почне да тегне, остро ја потегнувам накај мене, ама проблемот е што многу се дави ми е страв дека многу ја влечам... Иначе кога сака слуша основни команди, седи, дојди, јади, фаќај итн.
     
  17. lusi17

    lusi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски


    Нормално е да ти ржи во игра и моето дури беше мало ржеше сега му дојде умот не ржи што да му речам прави ко че почнам јас да му ржам и таа тогаш ржи
     
  18. lusi17

    lusi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    имам еден голем проблем со кучето. Имам куче хаски женка е ама секој ден ко че ја пуштам јаде по една кокошка неможам да ја пуштам да шета. Како да ја натерам да не јаде кокошки. ако знае некој нека пише фала однапред !!!!!!!!
     
  19. lusi17

    lusi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Ама како да го пушта кога одма скока и почнува да каса .. Ќе треба да бегам и како ќе го фатам после? ..[/quot

    дозволиму да ти дојде а ако проба да те касне развикајмусе ама со висок тон јас така на моето куче му направив сега се однесува супер :D :D :D и сама сиго издресирав милсма на основни работи здраво седни стании легни и други работи :D :D :D :D
     
  20. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Го средивме тоа веќе :)
    Сега е супер :D