Dog Whisperer е најуспешно решение, акко сакате даго тренирате Верувајте, јас имам куче и беше бесно, кога му дававме за јадеше се тегнеше, цифкаше, се тегнеше по пат кога го носевме, кога јадеше, ржеше кога ќе му се приближивме итн. итн... и од кога почнав да го гледам тоа, почнав и јас така да правам, да почнам да го дресирам, по неговите постапки, и до ден денес, само да го видете, ко човек е, се ме слуша, ќе му речам седи, и седи, лежи и лежи, ќе му дадам за јадење, и му го зимам, до него сум, ни ми р'жи ни ништо, по пат си оди одлично без тегнење, не цифка, супер е...
Околу 2 месеци чувам мелезче од шарплананинец, го зедов кога беше околу 1 месец. Кучето многу каса од почеток тоа беше само како игра но сега почна д аизгледа по малце агресивно. Никако не можам да го одуцам. Дали некој може да ми помогне
побарај помош од некој дресер но многу искусен бидејки ова е сериозно бидејки ако не се одучи ќе биде многу агресивно поздрав од мене и реши го ова што поскоро поздрав ако ти треба број од искусен дресен јас имам писхи ми во инбокс и кје ти дадам
Здраво,чувам златен ретривер кучето има скоро 4 месеци..го чувам од мало и сега штом ја прими ревакцината почнав да го шетам..но наидов на проблем,многу тешко шета со поводник скоро и воопшто да несака да тргне..веке 2 недели пробувам да го опуштам но тешко ми иде.Совет?
Земи бисквита за кучиња и доближи му ја до носето да ја мирисне. Потоа повлечи ја напред и тоа ќе тргне по неа. По одредено време дај му ја и види дали ќе оди... друг начин не знам...
Мој совет: Кога ќе ја видиш дека се припремува да моча, веднаш изнеси ја надвор или ако не успееш со тоа и ако се измоча дома, казни ја некако пример утре не ја носи на прошетка и кучињата разбираат! Дури е мала научи ја бидејќи потоа тоа ќе го прави.
Можеш да го однесеш на место каде што е заградено нема улица и нема кај да ти избега и да го пуштиш без поводник, пробаш да го научиш да оди во чекор со тебе и наградувај го со храна, научи го да трча по тебе, можеш исто да го научиш да седи на место додека ти не го викнеш и после со трчање ќе дојде до тебе, така ќе научи дека треба да биде во чекор со тебе па нема ни да го осеќа поводникот. Користи јасни и кратки зборови, доволно е само АЈДЕ или ДОЈДИ, ЧАО исто на повеќето кучиња им е знак дека одат да шетаат. Поводникот нека биде малку подолг за да може да се чувствува по комотно. Исто има и трик за да го научиш да се радува кога ќе го види поводникот, тоа е знак дека ќе оди да шета, поводникот ставај му го точно пред врата пред да излезете од дома и можеш да го наградиш со храна одкако ќе му го ставиш поводникот исто со зборовите ОДИМЕ, АЈДЕ итн... Јас моето така го научив, уплав имаше од поводник незнам зошто, несакше да излезе од двор и си застануваше на сред улица несакаше да мрдне, а сега додека не види поводник не излегува од дома.
Епа, почни од сега. Кога е родено? Јас ако имам мали кутриња од Беки (мојата кучка) од 5 недели ќе почнам со дресирање. Беки не беше издресирана кога ја земав, но нејзините мали би почнала да ги дресирам од таа возраст.
и јас имам проблем со мојот самојед, мелез...неможам да го навикнам да не моча и сере дома. кога го изнесувам моча и трча накај вратата..веќе има четири месеци и никако неможе да се навикне..го изнесувам надвор на пола саат..а ако не се моча дома
@lidiag Уживај, има време. Јас чувам женка Ердел Териер и ја научив на 6 месеци. Треба само да се следат сигналите што ги дава кучето. Мене ми требаше барем 1 месец за да научам кога сака да мочка/кака. Најчесто после јадење вршеше нужда. Најпрво ја изнесувавме на 2 часа, после на 3 и се навикна да оди надвор кога и' се моча/кака. Сега е 8 месеци и скоро никогаш не се случило дома да направи беља. Гребе по врата, лае ако сака надвор. Сега снегот малце не' зеза зошто ни дава лажни сигнали за да ја изнесеме надвор и да игра во снегот.
Doberman ja te poslusav i ggo pravev toa nadvor da moca i sere ali mn obicno ono pak se izmoca doma kako da go sredam toa kuceto e malo nema nepolni 2 meseci
Надвор, а нема ни 2 месеца? Примило кутрето вакцина? Зошто не е под карантин? Знаеш кои се последиците ако не го вакцинираш кучето? И сосем нормално е да се случуваат незгоди до 7 месеци, па и повеќе. Кутрето треба да јаде на секои 2 саата ако е помало од 2 месеца.
Епа, ако ги прима, под карантин треба да биде. Јас почнав да ја дресирам на поводник да оди уште од 2 месеца. На почеток се влечкаше назад, ама носев награди со мене и до мене одеше. Ако подзастанеше назад, ја викав и вадев награда. Ако дојдеше, и' ја давав. Сега оди полека, во мое темпо. Знае да завлече ако има друго куче зошто обожава кучиња (и други животни). Исто така за време на шетање, носи награди кои ќе ги користиш за учење трикови. Пушти го кутрето во некое празно заградено игралиште, да има дистракција. Но, со помош на наградите, ќе му го привлекуваш вниманието и ќе го учиш трикови. Пред да почнеш со таква дресура, дресирај го дома, во мирна атмосфера без дистракции.
Како да го одвикнам кучето да се качува на креветот пошто ко беше мало му дозволував да се качува за да не квиче навечер дека му е ладно и спиеше со мене но сега почна да ги кине прекривачите да гриза по ќебиња