1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дресирање на куче

Дискусија во 'Дом' започната од Blumarine, 15 јуни 2011.

  1. DamnGirl98

    DamnGirl98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    382
    Пол:
    Женски
    Имам роднини што чуваат куче и го имаа истиот проблем, некој дресер им кажал да го удираат со весник завиткан во 'тутурутка' се додека не се симне, и така дури не се одвикне :)
     
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Епа памет за друг пат. Значи на сите веб страни, на сите видеа за како да се чува кутре има напоменато дека на почетокот треба да го оставиш да квичи и да се усамостои. И не ти уринираше по креветот?

    И моето куче се качува на кревет, но од забава. Да спие со мене неќе, единствено ако нема никаде на друго место, па да мора до мене да спие. Многу е самостојна и самоуверена. Но, јас не сакам да се качува по кревет и секогаш кога ќе се доближи до креветот викам "Не, Беки!" и ме слуша. Ако е ептен мало треба со весник, како што кажа форумџииката над мене, но ако е доволно возрасно и реагира на "не" тогаш нема потреба од тоа.
     
  3. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Имам вучјак стар 45 дена, кај мене е само 10 дена и доколку не го видам на време моча и кака на стед соба. Дали е уште рано да се научи да ми покажува кога му се мочка? А му се карам и го ударам по малце :)
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Бидејќи е мало, не го изнесувај надвор, туку на тераса да врши работа. Од Џамбо (во случај да живееш во Скопје или близина) имаш падови. Навидно имале некој специјален мирис кој го терале да оди кутрето на нив да врши нужда. Јас купив такви, но не ми помогнаа многу зошто кутрето не се водеше по мирисот туку по мрзливоста. И' се примоча, оп на место ќе си олесни. Јас не купувам весници и со тутурутки хартиени ја потчукнував.

    Но важно е да знаеш дека со потчукнување и викање нема да научи. Секогаш после оброк или после спиење носи го каде што треба да заврши работа. Таму ќе му стане навика и ќе бара да оди таму секогаш кога ќе сака да мочка/кака. Јас живеам на 3ти кат и кога ја симнував често се случуваше да не додржи, па барем чисти скали имав од толку рибање по нив. Значи не се брзај, сега се учи и да држи додека не стигне до местото и да кажува кога сака да оди на истото. Ако е машко, подолго време ќе фати дресурата, машките се покомплицирани зошто обележуваат територија. Јас чувам женка и се научи на 6-7 месеци. Веќе 7миот месец беше научена, но се случуваа инциденти.
     
    На MiA-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Good.Girl.

    Good.Girl. Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Дaли некoј знaе кaкo дa гo нaучaм кучетo мoе, сеуште е мaлечкo имa сaмo двa месеци, кaкo дa се пoздрaвувa, дa седнувa и стaнувa кoгa јaс ќе му кaжaм и сличнo?
     
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Земи награда (парче месо или гранул од дехидрат) и допри му ја за носето. Движи ја раката напред, не ја кревај не ја ни спуштај. Додека го правиш ова повторувај „седи“. Повторувај го триков се додека не усконта (5 пати). Дресурата не смее да трае повеќе од 10 минути, затоа еднаш во ден учи го еден трик. Кога ќе го совлада трикот, следниот ден вежбајте нов. Мојата Ердел Териерка командата „седи“ ја совлада со 3-4 повторувања.

    Потоа пред да и’ дадам јадење, ја учев да седне и да чека додека не и’ кажам да почне да јаде. Така се научивме и команда „остави“ да слушаме, што може живот да спаси (да не лапне отров).

    На „здраво“ не знам ни јас како ја научив, знам дека таа самата почна да ми подава шепа и сега го прави тоа и на команда.

    За лежи да го научиш, треба да ја приближиш храната до носот на кучето и да ја спушташ, а истовремено и повлекуваш раката накај тебе, исто повторувајќи „лежи“.

    За врти се да го научиш, треба да ја приближиш раката до носот на кучето и да направиш хоризонтален круг, така што кучето ќе ја следи храната, а ти ќе му кажуваш да се врти.

    Трикот „остави“ исто така може да се научи со тоа што ќе ја ставиш раката врз храната, а додека кучето гледа и се обидува да ја извади храната од раката, ти ќе повторуваш остави се’ додека кучето не ја оддалечи главата и почека 3 секунди максимум. Тогаш можеш да ја тргнеш раката и да му дозволиш на кучето да ја земе храната кажувајќи му „земи“.
     
    На LoLa♡, Antebellum и Mina_Z им се допаѓа ова.
  7. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    има ли некој совет да сподели со мене што да правам за да можам да и извадам храна од уста на мојата кучка? не смеам да се доближам додека јаде, зазама став и ржи... ова прв пат ми се случува, растена сум со кучиња, претходно имав пит, месо, коски му вадев од уста и немаше никаков проблем. има 3ипол години, остава играчки на команда, и ги земам од уста без проблем, храната кога сум јас таму додека не и речам да јаде, не ја пипа, али во првиот момент кога почнува, не смееш да се доближиш.
     
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Nemash postaveno alfa status. Koga kje ti zarzhi legni ja na zemja i so seta sila drzhi ja dolu i karaj ja, vikaj i. Ova jas go napraviv na mojata Erdel Terierka (mnogu inaetliva rasa za koja treba cvrst karakter) koga dojde vo mojot dom. Pochnav da igram so nea i taa po hna dominacija da pokazhuva. Od sega sekoj pat koga kje pokazhe malce dominacija, ja potsetuvam koj e glaven.
     
    На ebola му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    фала, ќе пробам. ваљда нема да ме изгриза.
    а кажи ми да не знаеш кои се причините за митарење? веќе еднаш се митареше и престана и еве сега пак почна? можно ли да е од времево? или витамини фалат?

    пс- имаш многу убаво куче!
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Не треба да се плашиш да не те изгризе, треба голема самодоверба и сигурност да имаш. Кучињата можат да осетат доминација и ако покажеш дека си посилна и доминантна, ќе попушти. После тоа не смееш да и' даваш да ти се приближи кога јадеш, ne smeesh da i davash na krevet da ti lezhi, tuku se treba da pravi na nejzino mesto. Za mitarenjeto iskreno ne znam. Jas chuvam rasa shto ne se mitari mnogu, ne ja zabelezuvam koga se mitaei samo dolu naogjam vlakna (ako ne e chisteno edna nedela). A i mojata se mitari celo vreme zashto vnatre ja chuvam. So shto ja hranish? Moze i od hranata da e. I shto rasa e?

    Vrati mi po LP da ne zabeguvame off topic.

    Patem se ukluchiv od telefon kade shto ne mozham da instaliram kirilichna poddrshka, zatoa drugiot del od tekstot mi e na latinica.
     
    На ebola му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    IMG__201507183__044354.jpg
    Мислев дека не е возможно да стои пола минута мирна, а камо ли во став да застане, но со повеќе упорност, ја научив да стои шампионски. :D Спремни сме за титули! :toivo::muscle:
     
    На sikica7, Elichka, ebola и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. sonce$

    sonce$ Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ако може да ни дадете неколку совети за тоа како да го научиме кучето да врши нужда на одредено место во тоалет бидејки не сме во можност редовно да ја изнесуваме надвор а навистина е мила понекогаш и знае да биде бесна ама се справуваме со тоа:D за сега најголем проблем ни е како да ја научиме да мочка во купатило а не низ станот кученцето е германски шпиц и е 8 месеци стара. се наедеваме дека не е прекасно за да ја научиме. :):)
     
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Razbiram deka lichi na plishano meche, AMA NE E. Treba 1 saat da trcha barem 2 pati na den, nadvor, na shiroko, vo treva. Ako nemash vreme za kucheto, daj go i reshen problem.
     
  14. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Дали е нормално кученце старо 4 ипол месеци да се плаши од други кучиња? Моево од кога почнав да го вадам надвор (околу 3 месеци имаше), почнав со социјализација. Се надевав дека ке му помине бар малце до сега бидејки скоро секој ден ги среќава истите кучиња ама пак се плаши. Само ќе легне и не мрда или ќе избега до нечија нога ( демек сигурен да е). Пробував секако, може да се опушти само ако другото куче е врзано и не мрда. Чим го пуштат толку е пак е он доле легнат уплашен. Деновиве почна да игра со териер стар 4 месеци ама тоа е толку мало со го собира под него, а ова па итро од доле го гризе :D. И таман се израдував дека се опушта, дојде еден мопс и толку беше. А тоа пола од него е (ретривер е иначе моево). Има ли простор за грижење? Некој совет?
     
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Моето имаше траума од 2 и пол месеци, односно беше нападнато од комшииско куче. Кога наполни 3 месеци со една форумџиика и нејзината доберманка излеговме да шетаме во парк. Тогаш ме научи нешто за кое вечно ќе ѝ бидам благодарна. :bow:

    Значи, замисли, мало ердлече едвај 15кг, се соочува со доста крупна доберманка. Кога ги пуштивме да се дружат, мојава почна да драматизира. Чим се доближи доберманкава, Беки вриска, плаче и јас од страв ја кревав во раце<----еве ја грешката. Со тоа што ја кревав во раце ѝ ја намалував самодовербата, тоа ми го кажа и форумџииката. Ја спуштив долу Беки, и ја оставив сама да се соочува со доберманката. Прво многу се плашеше, но затоа секој ден ја изнесував да се дружи со различни кучиња. По некое време па со уште еден доберман се здружи, и доберманиве како телохранители ѝ беа, секогаш меѓу нив одеше. :D

    Исто и твоето кутре, нема самодоверба, па се плаши. Секој ден со кучиња социјализирај го. Не му давај надеж дека ќе го штитиш. :)
     
  16. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Затоа и се грижам...Никогаш го немам фатено во раце, секогаш го охрабрувам како ајде дојди и сл. еуфорија демек му правам..па сум пробала со галење на други кучиња да го доближам да види дека нема ништо страшно. Иако сопствениците на другите кучиња го галеле стално демек мал сладок па незнам дали има некаква врска тоа. Он па за инат се се заигрува со кучиња што го лаат ама имам приметено не се плаши од лаење. Има цвичено од што го згазнале при трчање кутриња ама он и пред тоа се плашеше и се десило еднаш..Мислев ај ќе порасне ќе види голем е па ќе добие самодоверба, али ништо...Офф незнам ајде ќе продолжам со истото па ќе видиме :?:
     
  17. Rak-2012

    Rak-2012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Девојки ајде за помош затоа што сум очајна со мојата мала малтезерка од 6 месеци. Значи од 2-3 месеци научи да врши нужда надвор и сега врата ќе искорне ако сака да излезе да мочка. Арно ама веќе два месеци покажува инат кога не сум дома (8-10 ч) кога сум на работа а сама ја чувам и се качува на кревет и таму врши нужда. Точно знае дека греши по што кога ќе дојдам дома веќе не се радува на врата туку се повлекува затоа што е крива нели. Ја карав првиот пат па и ја удирав со весниче и ништо, од инат го прави тоа по цена после да е казнета и да не и зборам и 2-3 саати.
    Ајде Doberman ако го видиш постот да ми дадеш некој совет ;(
     
  18. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    Може јас да ти дадам некој совет бидејки јас имам куче германски боксер и е носено на дресува , дресирана е, но сепак кога беше мала истот и нам ни го правеше ја научивме да моча на тереса и се научи тропаше кога и се моча, но кога ја остававме сама дома вршеше нужда во соба и се на едно исто место секој ден.. Зошто го прават тоа ? Мислам дека се лути што се сами дома што ги оставаме и не и обрнуваме пола ден додека сме на работа нели ввнимание и тие од лутина и инат ги прават овие работи само да привлечат внимание... моето куче секој ден цела недела го правеше истото и не ја тепавме но само ја каравме и полека полека се одвикна.. Ако си во добра финансиска состојба однеси го на дресура верувај дека ГОспод ке го видиш после тоа како луге се .. Ние сега немаме никаков проблем ја оставаме дома сама таа си седи не прави ништо сега не моча ни на тереса туку само пред зграда во парк кога ке ја симниме .. И така.. Кисс
     
    На Rak-2012 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rak-2012

    Rak-2012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Фала ти мила на одговорот, а можеш ли да ми кажеш колку отприлика кошта дресурата и како го прават тоа? Ми го земаат кучето месец дена и слично или?
     
  20. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    Јас сум од Штип кај нас во град има еден човек кој одлично дресира кучиња јас сум многу задоволна од него верувај дека кучето ни го направи пола човек.. Ние плативме 200 евра и кучето беше кај него месец и пол, 200 евра ти е основна дресура значи да седи да легнува да не влечи на ланец кога го шеташ, кога пазаруваш во дукан да те чека надвор да не погледнува друго куче или маче без разлика. а имаш дресура и поскапа каде што ке ти го издресира кучето фул ... нашата е основна ама бидејки откако си ја земав од дресура секој ден работев со неа секој ден правевме вежби таа се научи и на многу други работи да ми носи кесиња дома во уста да оди без ланец до мене до нога ако некој ме удри да напага да ме брани и ред други раб... 200 евра не е ништо пари за разлика од тоа што ќе го добиеш ...
     
    На Rak-2012 му/ѝ се допаѓа ова.