Фала ти Пример ке и дадам сабајле да јаде, и по некои 15 минути пак ке дојде да си легне така да најверојатно станува за да јаде. Уште сакам да прашам, за некое време ке ја ја прими и последната вакцина и после тоа ке можам да ја носам надвор така? Сега има само една вакцина и ревакцина. Се научи скоро да мочка и кака на пелената, прашањето ми е како одпосле ке се научи и надвор? Дали ке и доаѓа природно или?
Кога ќе ти одобри ветеринарот, може да иде надвор. Моето куче од старт идеше по нужда надвор, и никогаш не научи да мочка на пелена дома, ама мислам дека обратно е полесно зошто природно им е надвор да одат. Само мора често да се изнесува додека да сфати.
Моето не одеше надвор до таа вакцина, се мочкаше во вц на едно како легенче, кога го однесов надвор прв пат пресреќно беше и само бараше да оди, кај вратата седеше и цивкаше и ќе го однесев ќе завршеше работа, па дома и по некое време пак пред врата цивкаше и така се научи дека надвор треба да се оди за такви потреби, сега нема гајле и кај некој друг дома да е бара за надвор за да мочка. Дома никогаш нема грешка напраено а 5 години има, ако е сам дома и не може да трпи а трпи додека не дојде некој да го изнесе надвор, оди во вц како човек разбира и се мочка или кака на тоа легенчето. Стои тоа уште за вакви ситуации.. Ноќе спие кога спиеме, повеќе пати го имам начекано како дреми и ме гледа и чека да станам.
Здраво, чувам Малтезер стар 2 месеци, го земав пред 10тина дена. Проблемот е тоа што никако не сака да биде сам, ни 5 минути, веднаш почнува да цивка. Да не ме сфатите дека го оставам сам и излегувам од дома, туку не сака да биде сам ниту во различна соба од нас. Прашањето ми е, дали да го игнорирам цивкањето како што прочитав на интернет или да не го оставам сам?
Два месеци е практично доенче, нормално е да цивка. Во моментов се чувствува многу несигурно, одвоено од мајка, нова средина, не разбира ништо. Но не значи дека не можеш да го оставиш само на 5 минути. Внимавај само каде го чуваш, тргни секакви кабли, струја, интернет, набргу ќе почне да станува љубопитно, се ќе ти изгриза кога ќе почнеш да го оставаш само на подолго време.
Мал е уште и нормално е да цивка. Но, мој совет, оставај го сам малку по малку. Тој е сега бебе и убаво е да го навикнеш сам дома да седи за понатака да можеш да мрднеш без него. Ние го остававме сам по 8 саати уште од прв ден, јас одев на школо, другите на работа и се навикна. Но, пример кај мои блиски кои не го оставаа сам на почеток, подоцна им се мочаше во кондури ако го оставеа сам макар и за да појдат до маркет. Друг пример знам кај што им гризеше мебел ако го остават сам. Значи, најубаво за секоја раса куче е да се почне со учење веднаш по 6тата недела од раѓањето. Оставај го во простор кај што не може да направи штета и оставај му играчки, ако го видиш дека гризи скарај го и дај му играчка гумена. Дури е мало побрзо сфаќа.
Едно е учење на физиолошки потреби, а друго е дресура на куче. Мој пријател ми помогна за кучето, основни команди и социјализација, и сите сме среќни сега Ми даде и инструкции за понатаму, работевме заедно на вежбите, едно е муабет а друго пракса. Не се дава куче на секого, ама мислам дека дресура со ќотек е одамна искоренета. Сепак јас му ја доверив на проверен човек, и си ја ѕиркав на камера
Zdravo Samo sto se registrirav na Forumov od maka da go najdam pravilniot dreser za moeto kucence (dobermanche od 7 meseci) Koga ke se otvori na net ima dosta izbor, gi najdov slednite pa bi bilo fino ako ima nekoj iskustvo so razlicni dreseri i sto bi preporacal Tasevski Pansion - https://www.facebook.com/dresuraipansiontasevski Kisko Dresura Pansion - https://www.facebook.com/kisko.dresurapansion DogTalk - https://www.facebook.com/dogstrainingcentre Av Av happy dog - https://www.facebook.com/avavhappydog Vi blagodaram za sorabotkata
Здраво, помош за навикнување на возрасно куче (5год) со мало маче? Кучето е чувано дома, златен ретривер, и сеуште сакам да ги чувам дома, но кучето постојано го брка мачето. Ја држам на поводник кога се во иста просторија,не сакам да ризикувам да не ја исплаши или закаса мачката.
Zdravo,imam kucence maltezerce 4 mes.kako da go nateram da kaka i mocka nadvor sek9gas k9ga ke go napravi toa na tepih go karam ama pak isto,