Ме занима колку од феминките се колекционери на разни ситници, дресови, предмети со амблемата на омилениот тим. Дали можеби имате дрес од омилениот играч кој е тоа? Јас на пример обожавам да си купувам работи од Реал Мадрид. Било крпи за на плажа, разни ситници и додатоци. Од пред неколку дена си имам и перничка за во соба . Дрес имам неоригнален од Икер а наскоро имам во план да си купам и од Роналдо...
па имам по нешто...имам едни шорцеви (машки) а и мали ми се, со знакчето на Барселона, ама ги чувам така, за украс ....имам и две тетратки, една со Меси и една со Алвеш...и да, ќе заборавев, сакав да си купам дрес од Меси или Алвеш
Јас имам перниче од Реал,ланчиња од Реал и некој алки и беџови,дрес од Ди Мариа и Бензема и сега сакам да си купам од Рамос,Игуаин или Модриќ
А до колку се тие што имаат нешто од својот омилен тим? Ако немаш соодветен одговор на темата, не знам зашто коментираш. Он топик. Имам привезок од Реал, следно ми е перничка да си земам, желба ми е. Сувенири немам, сигурно ако би посетила некој стадион - би се снабдила. Ко помала ми подарија и привезок од Интер соучениците во основно, ама го загубив. Вратата во соба уште ми е полна со постери од тимовите на Челзи, Реал и Интер, и постери и слики од Креспо, мојата љубов на времето.
^според мене сосема соодветен одговор. тоа што го мислев и го пишав. сакам да речам не горам од желба да имам некој симбол во собата од одреден тим. Не сум толку наклонета, да речам фанатик. -а јас никого не навредив :geek:
2005 бев во Мадрид и од продавницата на Реал на син ми му купив дрес и новчаниче за моливи за на училиште. Дресот му се смали и потоа го дадов на други деца, да не седи по шифоњери кога може други деца да му се радуваат. А новчаничето го носи на училиште еве веќе седма година и како ново е. Темно сино, кожно, со амблемот на Реал и метален жиг на патентот.
имам дрес од кака, ептен го сакам човекот, а инаку имам дрес од кирил николовски(мојот омилен кошаркар)..колку сум била радосна кога ми го даде дресот ни самата не можам да верувам
Па имам за роденден другарките ми купија дрес од Neuer и стегач од Bayern а имам и едни шорцеви до Arsenal
Јас лично немам ништо од ниеден фудбалски тим од причина затоа што не гледам фудбал и освен Барселона и Милан други незнам Брат ми има дрес од Messi , шал, преврзок за клучеви, на вратата иам залепено огромен постер исто од Messi. Имам подарено преврзок од Барселона на еден бивши и тоа...
Шал, пешкир, перничка за во соба, стегач за рака и преполно тетратки.. И сето тоа се разбира- ОД ИНТЕР
си се подновив имам шал,чорапи и маичка од Баерн и вкупно 4 дреса,планирам со тенерки да си се подновам
Кај можам да најдам дресови,перничиња со Реал? имам само приврзок за клучеви..вчера бев излезена и покрај мене помина еден човек со дрес од реал,леле полудев ко го видов,за малку да го прашав од кај му е
За дресови во ГТЦ ќе најдеш сигурно, а јас перниче и маичка си земав од Стружанка незнам дали има уште.
Перница, стегач за рака, маица на која пишува Manchester United и конечно за роденден го добив толку посакуваниот дрес. Сакам се што е поврзено со Манчестер се надевам во иднина ќе имам мноогу повеке.
Originalen dres od Real Madrid kupen od Santiago Bernabeu Plus nekoi drangulii isto od Real Imam od KK Rabotnicki isto nekolku raboti bidejki sum i niven fan Maicki CPB, casi penkala i sl.. i sorcevi od sezona 2010/11 ili 2011/12 od igrac zemeni
Имам дрес од Меси.. подарок ми е за роденден.. јас сакав од Пике, но нема никаде па ми купиле таков.. Исто така имам алка,ланче и 2 чаши.. едната чаша ми е подарок од пријателката на мајками која беше во Барселона на Камп Ноу ми ја купила.. ја чувам како очиве.. прекрасна е :3 -се надевам еден ден и јас ќе одам на Камп Ноу, па ќе си купам се што има