Државна администрација

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ЕденЧлен, 7 јуни 2017.

  1. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    55.890
    Пол:
    Машки
    Животот го имам посветено на спорт,бев спортист повеќе од 10 години,уште од рани денови на животот,и премногу добро знам што значи да бидеш ШАМПИОН,многу добро знам што постигна еден и единствен ВАРДАР.Како дете одев со мојте родители на различни натпревари,сме се радувале,сме тажеле,и кога ке ми текне на тие денови ми се ежи целото тело буквално.Вчера реков ке одам ке ги бодрам,нека изгорам од топло ама ке издржам ама ке дадам подршка,па тоа е наш МАКЕДОНСКИ КЛУБ,кого би бодреле ако не нашите?не НЕ СУМ НАЦИОНАЛИСТА,го сакам ова парче земја,ја сакаам оваа држава каква таква ама ја САКАМ,тука израснав,тука изгубив многу значајни луѓе,родители,дедовци,баби,чичковци,али и добив многу,внуци,внуки.

    Гледам многу злоба во луѓе на форумов,гледам завидуваат,како НИЕ државните административци сме искачале кога сакаме,каде сакаме,клати врата зимај плата,искрено ке ви кажам ме заболе што мислите,и да ми се може и ке искачам кога сакам,и каде сакам,јас сум се борел за оваа работа,мојте родители се бореле повеќе од 20 години(мајками го загуби животот),само да се тргнам од приватните го*на.Само едно не ми е јасно,како може во толку мали души,да имате толкава злоба?Како може во тие мали мозици да имате толкави комплекси?

    Кога работев приватно повеќе од скоро 10 години,никој ме немаше прашано,дали ми е тешко,дали ми е лесно,ме зафркаваа секогаш со плата,што е најтрагично во последната фирма каде што работев,зимав 7000 ден плата,и да неможев никаде да мрднам,немав време за ништо,доаѓав скапан од работа,буквално скапан,али мило ми е и ФАЛА МУ НА ГОСПОД,што се тргнав од приватниците,што се тргнав од секој сељак што продал нива да биде газда и да си игра со народот,се тргнав од скапаниците што за 200 евра сакаат душата да ти ја земат.

    Епа више нема така,сега си уживам,и си уживам во животот на свој начин,а на оние кој ми завидуваат,испразнете ја злобата од вас,отворете ги душите за да ви влезе малце среќа и убавина.

    *Дискусија преместена од темата Сакам да кажам...
     
    Последна измена од модератор: 8 јуни 2017
    На Abeja, ZAHRA, lunchy и 4 други им се допаѓа ова.
  2. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    1.813
    Допаѓања:
    47.258
    Пол:
    Женски
    Знам дека темава не е за реплицирање ама посилно е од мене. Нема да зборувам за тебе ќе зборувам генерално за тие што работаат во администрација. Дали го цените времето на нас обичните "смртници"? Едно големо НЕ. Доаѓаме ве чекаме по 2-3 часа затоа што на вас господата не ви се работа и сте заминале на пауза. Пауза која ви трае 2 ипол часа. И да баш се такви 90% што работаат во администрацијата клати врата земај плата. Да не зборувам и за тоа како нонстоп се губат документи, па ти должен си да им ги носиш повторно. Мислам дека во државава наша треба малце да се стегнат работите кај административците.
     
    На ocicka2014, ZAHRA, augustd и 25 други им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    45.894
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека уште има луѓе што ги трпат тие услови на приватно, нели? Знаеш дека со тоа што си го наместил газот поудобно не се решил тој проблем што си го осетил на своја кожа, нели? Знаеш дека со овој твој однос дека сега ќе си уживаш и баш ти е гајле, воопшто и не се решава, нели?
    |(
    Знаеш дека тие луѓе што ги трпат тие услови на приватно ти доаѓаат ко странки што треба да ги услужиш, а ти си тераш недозволен слободен ден зашто си навивал за клуб. Нели?
     
    На sanjaeva, ZAHRA, Doozy и 31 други им се допаѓа ова.
  4. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    55.890
    Пол:
    Машки
    Јас не работам со документи,иако работам во државна администрација,јас работам сосема нешто друго,но не е битно тоа.Секако дека јас го ценам секое време на секој граѓанин,без разлика каде работел,и што работел.Сепак сите сме луѓе и јас не ги потценувам луѓето,кој се мачат за некоја смешна плата,не ги потценувам луѓето кој работат како чистачи/ки,не ги потценувам луѓето кој све ке работат само поштено да си го заработат парчето леб,не јас не ги потценувам овие луѓе него јас ГИ ПОЧИТУВАМ.

    Јас зборувам за мене лично,не сакам да навлагам во голема дебата затоа што ке ја отераме политички работава,а немам јас таква цел.

    Но само едно ке ти кажам 3 колеги,кој се со рамковен договор,седат дома повеќе од 3 год и зимаат по 450 евра плата.

    Немаш потреба ама искрено ич да ме цитираш,мое право е јас како ке правам на работа,што ке правам на работа,и како ке ја терам работата.Јас имам надлежни над мене,јас имам директор над мене,јас имам ВЛАДА над мене,на која слободно можеш да се пожалиш.

    Јас како што кажав,јас не работам со документи,јас не услужувам луѓе.

    Секако дека има луѓе што ги трпат тие услови на приватниците,затоа и реков дека мене ми е жал,што еден скапан приватник за 200 евра сака душа да ти земе.

    За жал е така јас од тоа што избегав од приватниците,не решив ништо освен мојот проблем.
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    45.894
    Пол:
    Женски
    Всушност, не. Не е твое право што правиш на работа и како ја тераш работата. Си имаш договор и правилник, така? Каде таму пишува дека можеш да излезеш за да го пречекаш клубот? Без да земеш слободен ден што ќе ти се одбие од одмор?
    Без разлика што не услужуваш луѓе, веројатно работата ти е поврзана со општествена корист. И обичен граѓанин губи кога ти не си ја вршиш како што треба.
     
    На ocicka2014, sanjaeva, ЕденЧлен и 19 други им се допаѓа ова.
  6. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    55.890
    Пол:
    Машки
    Незнам зашто упорно се замараш со мојата работа,имам директор,имам надлежни,зашто си го замараш главчето со мојата работа?

    Како што во секоја фирма има правилник,така и во мојата има нормално.

    Јас не работам со клиенти,и обичен граѓанин неможе да губи од мене,јас немам контакт со надворешни луѓе,јас немам контакт освен со вработените кај мене на кој САМО ЈАС ИМ ПОМАГАМ.
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    45.894
    Пол:
    Женски
    Што знам, можеби затоа што земаш плата од буџет за кој придонесувам?
    Ако од тие што работат на приватно се очекува да си бидат доследни на обврските и работното време, зошто од вас да не се очекува?
     
    На ocicka2014, sanjaeva, Doozy и 21 други им се допаѓа ова.
  8. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    55.890
    Пол:
    Машки
    И јас некогаш придонесував за тој буџет,па сеа ете среќата ми упали и го празнам :D
     
    На Bitter-Sweet и fallenangel им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.626
    Допаѓања:
    40.935
    @ЕденЧлен Кругот се врти. Денес си таму, утре од обратната страна. И внимавај, платата ти е од буџет кој се полни од нас. Секоја осуда што ќе ја добиеш на темава, заслужена е да си знаеш.
    Како ми дојде темава, особено денес кога од вакви особи не можеш да завршиш работа. Ниту на телефон се јавуваат, ниту се во канцеларија, кој знае и дали се во градов. Ќе им дојде крајот... ништо не трае вечно.
     
    На mssuniquee, Doozy, SuperGirl24 и 19 други им се допаѓа ова.
  10. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    55.890
    Пол:
    Машки
    Јас бев многу доле верувај,јас сум од сиромашни родители,за кој за жал еден изгубив,а друг ме остави сам.И многу добро знам како е да работиш за 200 евра кај приватник,јас никаде не спомнав дека некој омаловажувам,јас никаде не споменав,дека тие што се кај приватници дека се вакви или онакви не напротив,мене ми е жал што за 200 евра приватник сака душа да ти земе,затоа што едно време и јас ги трпев тие неправди кај нив.Но ете ми се отвори една врата,да влезам државно,и да си го работам она што јас го сакам/в целиот живот.

    Незнам зашто толку многу ме нападнавте искрено,но не е ни важно најмалце тоа сега.Знам ве разбирам,сите сакаат да работат државано,но за жал ете не е така.

    Јас на никого не мислам лошо,дај Боже да си најдете работата од сонот,како што ете јас си ја најдов.

    ГОСПОДЕ ТИ БЛАГОДАРАМ
     
    На ZAHRA, L-a-r-a22, ♡BuBaLe♡ и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.245
    Допаѓања:
    44.816
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за оф топик ама кога почнале сите погоре...

    Што сте му се закачиле на @ЕденЧлен аман, криво ви е што може да си дозволи поголема слобода од вас? |(
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.626
    Допаѓања:
    40.935
    Немам такви амбиции.
    Криво ни е што не можеме да завршиме работа во државни институции, зашто вработените не се на работните места, а земаат плата од народни пари.
     
    На Doozy, Val-Dim, Trxmx и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.245
    Допаѓања:
    44.816
    Пол:
    Женски
    Па добро, сите ги имаме тие проблеми со државните институции па не коментираме сите така злобно (не мислев на тебе со ова, но има такви кои ептен ги напаѓаат.) Ајде ќе ја среди таа работа новиов премиер. :D
     
    На Rama и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  14. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    55.890
    Пол:
    Машки
    Нема везе ништо страшно де,ајде се закачиле и готово поминало.Немојте ве молам ради мене да се карате,или навлагате во дебати.

    Како што кажав јас немам работа со странки,јас немам допир со надворешни луѓе.Јас сум најмалце крив што ете има вработени кој не се на својте работни места,ама се нафрливте како јас да сум крив што тие не се таму али ај ок.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.268
    Ti mnogu personalno si gi svatil kritikite za drzavnata administracija.
    Sigurno nikoj ne misli na tebe licno.


    Ponataka spomnuvas kako drugite ti zaviduvale, kako tebe sega ne ti e gajle ne rabotis vo privaten sektor pritoa upotrebuvajki neubavi zborovi....
    Neli e toa odraz na "Videteme kaj sum, mi ljubomori te, koj ve e*e".

    Postov te otkriva iako se trudis da ni kazes sosema drugo.
    Vecer pred da zaspies razmisli malku poveke kakov e tvojot odnos sprema drugite, dali si ti megu onie koj gi spomnuvase i gi etiketirase so "odbrani zborovi".

    Covek sto ne go briga koj sto pravi, ne ni spomnuva sto drugite pravat i kakvi se.
    Drzi se na ovaa recenica.

    Nema lutes, uste ucis.
    Mlad si. (highfive)
     
    На Doozy, friendy, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    2.416
    Допаѓања:
    52.813
    Пол:
    Женски
    @ЕденЧлен баш таквите како тебе, кои наводно никако не им помаѓаат на граѓаните, бидејќи нели, не се шалтерски работници, го чинеа татко ми 200 евра. Да, повторно вадење на документи, изјави, нотари, заверување на документи, повторно аплицирање, наместо во рок од 15, ние чекавме месец и 15 дена за исправување на една единствена бројка.
    Предметот изгубен, администрацијата, и повеќе од јасно, не е виновна, тужба би значело плаќање на адвокати за спор кој можеби и ќе го добиеме на суд, ама за истиот ќе потрошиме многу пари.

    Имаш решение? Ако е НЕ, ја не би се однесувала така, како што се однесуваш ти.

    Кармата е кучка, не заборавај. ;)
     
    На Nausicaa, theowndemon, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  17. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    55.890
    Пол:
    Машки
    Незнам стварно на кој јазик веќе да објаснам,како можам јас да го чинам татко ти 200 евра,кога не работам со документи?ај те молам еве објасни ми.

    Да јас не им помагам на граѓаните него јас им помагам на мојте колеги(јас не работам на шалтер),еве ке кажам ајде више еднаш што работам за оние кој незнаат.Јас сум информатичар и држам сервер во државна институција на 40 луѓе,јас овие 6 години како што работам тука,никогаш АМА НИКОГАШ,ми се нема случено да падне серверот,и мојте колеги да останат без интернет,освен проблемот ако не е од Македонски-Телеком.

    Немој да мислиш дека татко ти е единствен кој чекал толку,јас како вработен во државна институција кога вадам лични мој документи,си чекам исто како и сите граѓани.Немој да мислите дека ако јас работам државно и дека јас можам што сакам да си правам,јок тој филм тргнете си го од глава,ма никој не те ферма 2% ке си чекаш како и сите што си чекаат.А верувајте не паѓам на ниско ниво да вртам телефони,за една лична карта или пасош,кој наместо 15 дена ке го чекам 10 дена,не фала ке почекам како сите други,затоа што и јас сум само ЕДЕН ОБИЧЕН ГРАЃАНИН,кој за среќа пак ке кажам ЗА СРЕЌА работи само во државна институција.

    А многу добро јас знам што е карма,те молам немој да ми објаснуваш.Ако си ги читала мојте постови во сдк ке сватиш,и разбереш дека за све во животот јас сум се изборил САМ,ни Тато ни Мама,мене не ме и ваделе нит пасош,нит лична карта.Све сам правев во животот ЗАТОА ШТО ИЗГУБИВ РОДИТЕЛИ НЕКА ВИ БИДЕ ЈАСНО,ЈАС СУМ ОСТАВЕН САМ НА СЕБЕ.Несакам со ова да направам да ме жалите,или незнам си што,ама оние кој имаат родители имаат голема помош,за која јас за жал ја немам,сам правам све во животот,и никој не сакам да ги доживее оние работи кој јас ги поминав,и кој бев на работ на самоуништување.
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.348
    Допаѓања:
    47.683
    Пол:
    Женски
    Не сакаш да те жалиме, ама упорно го спомнуваш тоа.
    Веќе си возрасен, жално е тоа што ти се случило и е најголемата болка што може да ја почувствуваш, да.
    Ама не е аргумент во дискусијава.

    Ти сам се пофали дека излегуваш кога сакаш и сега можеш да уживаш на работа, затоа доби такви коментари.
    За своите успеси во животот сигурно си горд, а и тоа никој не го оспорува.
     
    На Doozy, Trxmx, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  19. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    55.890
    Пол:
    Машки
    Да не е аргумент во постот,но намерно го посочив тоа дека јас за разлика од многу други тука,нема мамо,нема тато,тоа беше поентата на спомнувањето.

    Се согласувам со тебе дека поголема болка,нит постоела а нит ке постои.

    И да не сакам никој да ме жали,доволно ми е што сум здрав и жив.

    Искрено сум премногу горд за све што имам во животот постигнато,затоа што сум постигнал сам.

    Јас секогаш излегувам со дозвола од раководител и директор,секако ако ми одобрат они.
     
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    2.416
    Допаѓања:
    52.813
    Пол:
    Женски
    Јас не реков ТИ, туку таквите како тебе, кои навидум одговорно си ја вршат работата.

    Трошокот е поголем проблем ама и тоа што чекавме цел месец закочи многу работи.

    Јас не реков како си ти дошол до таа функција, туку како ја извршуваш. А излегување од работа за приватни потреби е неоправадно, небитно колку си ти добар во работењето. И за тебе и за сите административци во државава.
     
    На Nausicaa, theowndemon, bella.s и 3 други им се допаѓа ова.