Државна администрација

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ЕденЧлен, 7 јуни 2017.

  1. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    55.945
    Пол:
    Машки
    Као навидум а ти од каде знаеш јас како си ја вршам работата?

    Мене ми е жал што сте чекале,али јас немам ништо со никакви документи.

    Ти како прво неможеш да знаеш јас,како ја извршувам мојата работа,а јас како искачам од работа е само МОЈА И МОЈА РАБОТА,затоа што јас имам директор,имам претпоставен,и они одлучуваат за мојте искачања.
     
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Машки
    Јас имам само погрдни зборови на кои најмалку им е место на форум да кажам за администрацијата.
    Ликови кои немаат проблем да примаат плата за играње Солитер не треба да се сметаат за човечки битија.
     
    На makedonkamak и elimkd им се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    2.418
    Допаѓања:
    52.908
    Пол:
    Женски
    Јас реков ТИ и таквите како тебе. Ти си администрација и плата земаш од данокот кој го плаќам ЈАС, а јас не плаќам данок за да ти го дочекуваш Вардар а притоа да земаш плата.

    Не е твоја работа и никогаш нема да биде, јер, имај на ум, ти земаш плата од данок кој ЈАС го плаќам. Ти си администрација и твоја работа е да седиш на работното место, а не да се корзираш по плоштад.

    И ти, и претпоставените и директорот - исти сте.
     
    На SuperGirl24 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.174
    Допаѓања:
    228.317
    Кој ќе си признае пола му се простува.:D

    Пред повеќе месеци, јас сеуште трудна и со стомакот толкав, тргнав да вршам работа по институцииве за да завршам некои обврски.
    И во позадината фемина сум им ја гледала во текот на работно време и фејсбук, а и приватни разговори, онака безосетно додека странка им стои пред очи, си терале преку телефон ...

    Да се чудиш.
     
    На Јаневски, mssuniquee, LollySky и 12 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    7.932
    Допаѓања:
    41.200
    Ми запнаа и мене, луѓе што најмалку имаат право да ми се мешаат во животот. Ми викаат ангажирај се во партија, зачлени се, иди на митинг, на протест, ќе те бутнат во администрација, ќе си земаш плата и ќе си уживаш. Која плата бе, од 400 евра и никогаш да не напреднеш? Мене ми се чудни оние што се сметаат за амбициозни личности, а на 20 и кусур години седнале и знаат дека го достигнале врвот на кариерата. Овие во ниските слоеви на администрацијата ми се баш онакви, или исфрустрирани тетки што нема веќе што да прават, или изгубени млади кои го "достигнале врвот на кариерата", па кога се менува власт плукаат по форуми. Оние од високите слоеви, тие за голема пара работат :rofl: и онака немаат контакт со јавноста.
    Ми вика дечко ми, кај нив олошите биле горе, на високите функции, како и кај нас. Ама доле, во ниските, кај што имаат реален контакт со странки, секогаш биле учтиви, услужливи и образовани луѓе. Кај нас се на врвот на некултурата.
     
    На realGirl, LollySky, Aquamarine93 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.971
    Пол:
    Женски
    Jas sum videla kafe pienje, soncogled i semki grickanje, lakiranje nokti, katalozi od avon, smeenje kolku sto gi drzi glas, itn...
    Bitno plata ke si zemat, fino, kulturno i oko ne im trepnuva kade se vo momentot i kakov vpecatok ostavaat. Bruka, toa e za zal.
     
    На LollySky, Gosh, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    28.530
    Пол:
    Женски
    Една бизнис идеја, кој има на ум да отвори кафиЌ, нека го направи тоа во близина на работното место на административциве ;) загарантиран успех8)
     
    На ceca-1, realGirl, Gosh и 9 други им се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    22.298
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека насловот на темата и воведниот дел ти се дијаметрално спротивни.
    Додека насловот ти отсликува широк поим кој вклучува во себе сериозни институции, воведниот дел те покажува тебе како единка и твојот недораснат став кон луѓе кои целосно се во право за вработените и состојбата во државните институции, иако таму сеуште постојат сериозни луѓе кои одговорно си ја вршат својата работа и чесно си ја заработуваат својата плата.
    Не реагирај како пресно вработен по некоја партиска линија кој се плаши дека ќе биде избркан од работа.
     
    Последна измена: 9 јуни 2017
    На SuperGirl24, makedonkamak, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.268
    Mozes i frizernica, dobro ke ti odi.

    Ednas se pojaviv nenajavena kaj edna frizerka i ja prasuvam "moze da me isfenirate", a taa sama vo salon nisto ne rabotese, taka se vrtka.
    Poglednuva vo saatot i mi vika " neznam sega zenive od Ministerstvo za Sumarstvo ili Zemjodelie (sto li bese do nea, lokacija Kapistec), imaat pauza pa na pauza se feniraat, dobro ajde nabrzina ke te sredam". :doh::@

    Kolku ke isfenira za pola cas ili eden cas, znaci drugite zeni ke sedat i ke cekaat red, sto gi briga deka pauzata pominala.
    Verojatno jas se zacudiv na nejziniot odgovor i na kraj koga zavrsi so mene (a jas usta ne otvaram, kutam), mi veli "ama Vie ne ste od tuka". Pa ja prasav "e sto taka pomisli", veli "cudno sum ja poglednala koga mi rekla za zenite od ministerstvo". :lol:
    :emo:
    Zaklucok; do kaficot moze da otvoris i frizernica pa da udvois pari.:rofl:
     
    На LollySky, kim.k, Bloom19 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    55.945
    Пол:
    Машки
    Немам намера повеќе да ви се објаснувам,мада пробав и покрај тоа што не требаше,направив грешка што го напишав постот тука на форумов,но ветувам дека тој беше прв и последен пост,за мојата работа.

    Немојте ве молам само да ме убедувате,дека вие сакате кај приватњаци да работите и дека ке одбиете работа во државна институција,тие лаги во градинка на малишаните,а ни тие нема да ви веруваат.

    Друга работа ич не треба вие да се секирате,дали јас можам на работа да напредувам или не,ама ич немате потреба да се секирате за мене,фала што и досега бефте толку многу засекирани,како јас ја водам мојата работа фала ви,стварно ми значи многу.
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    7.932
    Допаѓања:
    41.200
    Јас ќе одбијам. Не сум се трудела на факултет, тупела глава, не сум се градела како свесна и интелигентна особа да завшам во администрација :rofl:
    Можам многу повеќе да постигнам приватно. За 3 години привато сум постигнала многу повеќе од колку што би постигнала за 10 години во администрација. Нека ти е со среќа работата... Да си бил квалификуван за платата која ја земаш, на приватно ќе си земал уште повеќе ;)
    Освен ако не си од горните, од крадачите :rofl: тогаш сфаќам зошто не би оставил работа во администрација :wasntme:
     
    На FVP, Summerlover, SuperGirl24 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    55.945
    Пол:
    Машки
    Браво за тебе чичо ке ти напише 5тка на рачето,дека многу си напреднала де не за друго :lol:

    Да на приватно еден идиот кај што му работев,ми даваше да не кажам каква плата,пошто беше мизерна,ама буквално мизерна,и со него заглавив по судови и триста чуда,затоа што човекот правеше многу пари(на мој грб)а јас добивав 150 евра плата.

    Да од тие сум од крадачите,имам 3 вили на Водно,имам 4 коли,2 стана во ГрЦка,и живеам во куќа во црниче на 3 ката,со сопствена теретана,базени,сауна,имам лично обезбедување хахахах.

    А да ке одбиеш само ти лажи си се.

    А кога сме кај факултетот,во државава 90% имаат факултет,а се неписмени страшно неписмени,а знаеш зашто е тоа така?знаеш ај да не ти објаснувам јас сеа.
     
  13. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    1.813
    Допаѓања:
    47.261
    Пол:
    Женски
    Зашто мислите дека на сите животна желба им е да влезат во администрација? :^)

    Мене воопшто не ми е цел тоа. Имав шанса да влезам ама ја одбив работата. Не се пронаѓам воопшто таму. Има разлика во тоа што ти си влегол и задоволен си со тоа, а моите амбиции се многу поголеми и јас не би се задоволила да тапкам во место 20 години.
     
    На Summerlover, mssuniquee, realGirl и 13 други им се допаѓа ова.
  14. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    55.945
    Пол:
    Машки
    Јас не реков сите дека сакаат,него дека поголем дел од народот сакаат да работат државно,барем тоа сум го видел со свој очи,дека многу многу луѓе трчаат по партиите само да влезат државно,затоа што не гледам зашто би трчале во партиите ако не е ради тоа?

    Мене не ми е едно јасно,толку ли јас ви бодам очи?што е проблемот што се нафрливте?затоа што вие не пишувате општо за државна администрациа,него вие ме напаѓате мене,извинете ако јас некој навредив,но мојата поента не беше тоа.
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    53.593
    И ја би одбила работа каде што однапред се знае дека тоа е тоа и дека лимитот е тој. :D

    Иначе види вака, да ти одговорам зошто си нападнат. Додека ти моментално си куцкаш овде, веројатно од работа, јас чекам да почнам состанок на Скајп. Само, моево чекање не е платено, а твоето куцкање е. И што е најтрагично, платено е со парите што ги плаќаме јас и тие како мене во форма на данок.

    Е това ти је целиот проблем, а иначе ништо лично, на секој вработен можам да му го кажам ова, немам проблем. :D
     
    На Summerlover, Bender Rodriguez, do-re-mi и 14 други им се допаѓа ова.
  16. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    1.813
    Допаѓања:
    47.261
    Пол:
    Женски
    Не дека ти ми бодеш очи. Не може еден форумски лик кој ни го знаам ни го познавам да ми боде очи. Ти ја почна темата и затоа конкретно тебе ти се обратив. Ми ја погоди болната тема затоа што со чесни исклучоци ама тие што се вработени во администрација мислат дека се богови.

    Тие што трчале по партии и лепеле плакатои се друга тема на разговор. Да можеле сами да најдат работа и да се сигурно во своето работење ќе бараат сами работа, а не да лепат плакати за да им најде друг некој работа.
     
    На Summerlover, SuperGirl24, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.
  17. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    55.945
    Пол:
    Машки
    Јас не зборев за тебе лично дека ти бодам очи,него општо затоа што ете се направи тема државна администрација,а само мене ме цитирате,мислам јас нит сум тема на разговор,а нит па сакам да бидам,ете има тема и можеме да дискутираме околу тоа.

    Ама не е ок да ме навредвуаат,дека сум паразит,дека сум лопов,тоа се веќе лични навреди.Јас никого тука на форумов нит сум рекол,дека е лопов,ваков таков,секој знае како си го заработува лебот,и секој на работа одговара за себе.

    Јас сум далеку од бог и искрено не ни сакам да бидам таков,едноставно сакам да си го заработам чесно лебот,кога ке си легнам навечер да легнам со лесни мисли,со убави мисли,јас на работа функционирам како што ке ми нареди,раководител,и директор,јас против нив неможам ама баш ништо.

    Ајде добро еве ке оставиме за плакатите и партиите во некоја друга тема.

    Епа ајде ако не тогаш еве,ке дадам јас отказ од работа затоа што ви ги зимам парите од џеб.
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    7.932
    Допаѓања:
    41.200
    Може не сум напреднала, ама ќе напреднам. 25 години сум, имам време. А ти ќе се тресеш нa секој промена на власта и сите ќе ти бидат криви затоа што "сакаат да ти ја земат позицијата". :lol:
     
    На Summerlover и crimson им се допаѓа ова.
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.353
    Допаѓања:
    20.887
    Пол:
    Женски
    Имам работно искуство и во приватна фирма и во државна администрација. Во приватната фирма имаше помалку работа, баш таму можеше да се излегува лесно без потешкотии а платата пак ми беше приближно иста како државната. А имаше таму вработени и на повисоки функции кои уште помалку работеа а земаа дупло од мене. Се си зависи за која приватна фирма станува збор или пак за која државна институција. Не паметам еднаш од државната институција да сум излегла пред да измине работното време или пак да задоцнам. Паузата не ми траела ништо повеќе од 30 минути а доста често се случувало да неможам ниту да ја искористам заради работни обврски. Струката ми е таква да постојано одам по терени. Кога се оди на терен работното време е многу подолго од 8 часа. Во приватната фирма секој дополнителен останат час на работа се плаќаше дополнително. Во државната не. Ништо дополнително не се добива, платата е толкава колкава што е и секој месец е до денар иста, независно од тоа колку дополнителни часови си направил. Не е можно ниту да си ги земеш како слободни часови. Кога аплицирав на огласот за државната институција ги исполнив комплетно сите барани услови од прв до последен. Дури понудив многу повеќе од тоа што се бараше. И колегите со кои работевме ги имаа исполнето, никој не беше влезен туку-така. Не знам за други институции, можеби не работат, можеби си прават што си сакаат но јас можам да зборувам само за моето искуство. И на сите оние кои комплетно сите вработени од државните институции ги ставаат во ист кош и ги карактеризираат како неписмени, неработници, некултурни и не знам уште како не им посакувам топло од срце да си се вработат на таква позиција како мојата па лично да си почуствуваат како е да се работи во таква институција.
     
    На DAngel и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    7.932
    Допаѓања:
    41.200
    @Zaljubena26 токму тоа ми беше поентата. И јас сум во приватна фирма, па еве ме на форумов. Знам дека некој ќе го цени мојот труд, ќе ме набљудува и ќе ми дозволи да се докажам и да напреднам. Затоа нема да изберам државно пред приватно. Затоа реков дека тие што работат во државно и се способни, ќе успеат и во приватно да се снајдат и повеќе ќе им одговара приватното од државното. :)
     
    На cresa-jagoda и Zaljubena26 им се допаѓа ова.