1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Државна администрација

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ЕденЧлен, 7 јуни 2017.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Не за џабе сите(повеќето ајде) трчаат да земат работа во државна администрација.
    Си работиш 8 саата или колку да се , платичка на време (во зависност од кои луѓе ги знаеш , може 200 а може и 500че) , одмори , не се замараш , работен стаж имаш, си чмаеш , уживанција , можеш да си земеш боледување кога сакаш. По опуштено е во секој случај. Освен ако не си некоја големаааа флегма па ај да ти вршат притисок и да те отпуштат. Али и некогаш и тоа се дозволува.
    Буквално луѓе фамилија продаваат и трчаат за партија за да земат некакво работно место во државна администрација.
    А не приватно(повеќето) , шефот ги лечи своите фустрации врз тебе, не ти доплаќа за екстра поминати часови и нервози , одмор треба да се молите , боледување ако имаш 42 степени или чума само , итн итн... нема што да зборам , тие што биле на приватно си ја знаат маката.

    Ти се мачиш приватно да сработиш , ти се јавуваат другарите еј ти се иде ли на кафе и така нема што да правиме у државна админстрација. Да не спомнувам колку не се замараат да ги завршат обврските на време, што едно електронско писменце од Скопје до Штип треба да стигне 2 недели ...
    Во друга држава работа што треба да ја завршиш за 5 мин , тука ти се 5 дена а може и 5 месеца, во зависност ако тој што ти треба да заврши работа се пијанчи во некоја кафана у Кавадарци или Скопје.
     
    На senza.parole, Mr. Right, Someonespecial и 15 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    @Yipman2 јас од февруари ги чекам за нешто. Најжално е што јас ним услуга им правам со тоа, не тие мене :rofl: ги мрзи да се ангажираат и кога е за нивно добро, а не па за твое.
     
    На Summerlover, theowndemon и Yipman2 им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Затоа кога јас отворено кажувам, некои се лутат.
    Тие што не работат ништо во државна администрација, си излегуваат од работа кога нив ќе им текне, прават сѐ друго, освен да земат да си ја работат работата за која се платени со наши пари. Земаат незаслужена плата, а им смета ако се воведе и втора смена за државната администрација. Тогаш за нив тоа не чини, знаеш они имале семејство, мали деца па кој ќе ги чувал и какви уште не други приказни, а ги боли га*от за оние што црнчат за мизерни плати во приватно, како да овие во приватно немаат семејство, па нека работат и втора и трета смена и обичен работен ден и викенд, па дури и празник.
    Таквите неработници во државна администрација нека си ја удрат малку главата да им дојде памет, дека не се тие таму богови па да прават што сакаат, ако не им се седи и работи, нека си одат и нека си седат дома, па може уште подобро ќе им биде. А на нивно место ќе дојде некој друг со соодветно образование што ќе сака да работи и ќе ја цени работата од каде што добива парче леб и нема да биде дрзок и арогантен со странките, бидејќи ќе знае да ги почитува, бидејќи плата ќе добива од буџетот од парите на тие странки.
     
    На elimkd, theowndemon, realGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  4. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    Како и да вртите, администрацијата е хаос. Култура нула, услужливост бетер. Дремат по десет души во канцеларија за нешто што може да го сработат двајца. Не се таму оти се многу паметни и незаменливи, туку дека мама, тато, баба, дедо вртеле телефони, гласале, агитирале.
    Моја блиска не си го знае ни називот на работното место, има работен стаж три години, а сеуште работи нешто во финансии. Замислете нешто.
    Идеш да однесеш тужба на приемно одд., таму пуштен стажант што не смее да прими документ, а службеникот на цигара. Имаат парно, но секој до нив една греалка, ладно им е. Си одат на кафе кога сакаат.
    Приватник не може така. Ако излезам и заклучам може двајца клиенти ќе изгубам, па ќе седам во канцеларија. Ако ти дојде странка после 16нема да речеш а извини мене ми заврши работно време, туку ќе седиш плус уште еден час оти од неа зависиш.
     
    На Mr. Right, Summerlover, L-a-r-a22 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Кој што сака нека кажува, катастрофа е администрацијата. Особено што на некои им е најголемо достигнување што таму стигнале. Имав баш периодов работа со нив. Една недела и повеќе ме мафтаа, затоа што си излегуваат кога ќе им текне, си доаѓаат кога ќе им текне и си одат. Еден работи за сите и ако него го нема, другите за украс се, нема шанси некој да го замени.
    Тоа што некој остава деца, губи време, зема денови и часови од работа нив не им е гајле.
     
    На elimkd, cresa-jagoda, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.310
    Па кој не би сакал да ,, работи ,, 8 саати преку сила, пет дена у неделата алапачарење, еба*ае по канцеларии, пиење каве и тутун, па и марихуана, и сето тоа за 18,000?

    Најмногу сака некој неписмен кој нема што да понуди на пазарот на трудот, а и плус е паразит кој живее на туѓ грб, па уште и се дрзнува да мрчи како оние кои го ранат, и за чие услужување постои неговата работна позиција, му биле љубоморни оти зема поголема плата и си го лади истовремено, а они кај црнчат, па и земаат ден од боловање за да не ги избркаат од работа за да им заврши работа, а господинот отишол на плоштад ракометари да чека или кафе да пие...

    Секако, неговата работа ќе ја завршат старите административци, оние кои се пред пензија, па лебот им зависи од тоа, и секако младите волонтери и стажанти, најчесто првенци во генерација, и кои на пример во Јавно обвинителство решаваат случаеви, сослушуваат странки и носат пресуди, а дебилот од Јавен обвинител само потпис тура, во тој еден ден што доаѓа на работа.

    Јас све без соодветен факултет би избркала, и плус на овие што ќе останат еден приемен испит одма. Па од коа ќе ве исчистам, ќе примам нови плус...

    Па после идете работете ко секој нормален човек за 12,000 по 8 саати, седум дена у неделата, па паламудете...
     
    На Summerlover, realGirl, elimkd и 11 други им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Имав прилика неколку пати да влезам во канцеларија преполна административци - атмосфера како во училница на мал одмор, или на час кај сенилен професор. Уште хартиени топчиња што не летаа.
    Јас би ги пратила во рудник.
     
    На senza.parole, Someonespecial, Summerlover и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Треба да почнат да им идат инспектори, да видат како “си ја вршат работата.“ Да се направи една квалитетна евалуација и после неа, повеќе од пола да си се вратат дома.
    И да, добра е идеата да им се намалат платите. Луѓето хемороиди добија од толку седење. :D
    Од нив, цел државен буџет страда и мора да се земаат кредити.
    Е после ова, да појди трудова инспекција, да види што се прави по приватни фирми. Како се експлоатираат луѓе. Казни за фирмите што го прават тоа и задолжително зголемување на платите. Со така ниско платена работна сила, направија огромни профити. Газди и шефови никнаа преку вечер, епа доста е!
     
    На realGirl, cresa-jagoda, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Искрено не би работела во државна администрација кај се мали платите,ке мора на секоја нова влада да се тресам дали ке ме избркаат од работа или не,не благодарам,приватно си е подобро,особено сама своја газдарица.
     
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    Кажано е се за нефункционалната администрациja, што да додадам...
    Не е проблем, нека се влезени партиски, ама нека си ja работат работата. Верувам дека нивните шефови им прогледуваат низ прсти на неработниците ако се партиски активисти, а се казнуваат само оние што одбиваат да одат по митинзи или не носат список од 20 сигурни гласачи пред секои избори.
    Jaвната администрациja апсолутно е (беше) во служба на партиjaта.
     
    На makedonkamak, macka91, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    133.042
    Пол:
    Женски
    Факт е дека последниве години државната администрација ја сочинуваат се повеќе и повеќе партиски војници ама на секој шалтер кај што имало релативно млад човек што разбира компјутери сум завршила работа за 2минути. Бабите примени 63ЌА се проблем, нит им се гледа нит го сфаќаат новиот софтвер, нит имаат желба да го научат, се водат со она ќе се пензионирам уште малце и гајле ми е зошто да го учам.
    Во УЈП во село моје, од 8 шалтер само на 2 има помлади особи, на сите други 6 жените едвај зборат и едвај ги гледаат буквите, диоптер огромен, буквите можете да претпоставите како ги бараат и кај нив на шалтер хаос, колони, кај овие 2ца за 2мин ти завршуваат работа, епа не се они криви што им дадоа шанса да продужат од 62 на 64 год за во пензија, што ќе седи таа дома и ќе премира од досада ќе си поседи на ,,работа,,.

    Инаку еднаш се најдов од другата страна на шалтерот, и мислам дека тие луѓе арно не се шизнати после некоја година работа таму. Па какви се не психи идат, вработената објаснува кој документ му фали на дотичниот овој и вика ,,не ти носам и крај, има да ми завршиш работа па не знам шо да е,,. Па како да му заврши? Секакви психи денеска да ти истураат нервоза из чиста мира не верувам дека е фина ствар.
    Никогаш нема да го заборавам моментот коа еден дедо во фзо прашуваше на шалтер кај да се запишел за дрва да земи за зимото. Куп народ он се ценка да го пуштат преку ред оти сакал да праша само нешто.
    За пасош сите знаеме дека на малолетник треба потпис од двајца родители, наконтена госпожа објаснува дека она ќе го потпише маж и, за еден потпис ли требало да иде човекот. Што е тука вработениот крив што она нема таа ден да заврши работа?
    Паузата во село моје на сета администрација е од 12.30 до 13.00 и секој го знае тоа, е сеа некој у 12.29 ако му текнало дека му е нешто итно нека не хистерише пред шалтер.
     
    Последна измена: 9 јуни 2017
    На mami blue, IronLady, ЕденЧлен и 2 други им се допаѓа ова.
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    @ЕденЧлен воууу
    Па ти се величиш како да имаш 1000еур плата. Демек од високо гледаш. Самобендисано малку.

    Јас моево приватно не би го менувала за две твои државни. Да имам 10 претпоставени, да климам со глава и кога не треба, да бидам послушник ... ц'к.
    Сите сме различни и имаме различни интереси. Ама ти не направи сите нас кои работиме во приватен сектор второстепени во оваа држава. Богами не сме.

    Ако човек е успешен и има капацитет, во приватен сектор ќе успее многу повеќе.
     
    На Mr. Right, IronLady, elimkd и 8 други им се допаѓа ова.
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Работава да се пофалиме колку ни е јако во државна администрација а вие кај приватњаци што сте умрете од мака кој ви е крив што не сте успеале во животот. Е од тоа си патиме, битно ја си го сместив гзот во фотеља а за другите боли ме уво. Ама не се криви тие во државна администрација, ами државата што не си ја врши работата како што треба и не воведе поголема контрола во приватниот сектор. Сите под исто сонце (читај закон) седиме, ама некој селективно го применува законот. Мене би ми било тотално сеедно дали сум во приватно или државно па макар и се отепувам од работа ама да ги имам истите привилегии како и тие во државно. Ама ете не секој лиже гз по партии и дава бубрег за да се смести таму.

    И тие во приватна фирма се луѓе со фамилија што сакаат да ја видат, и тие во приватно се разболуваат и им треба боледување ама за нив нема со температура идат на работа, и тие во приватно заслужуваат одмор од 20 и кусур дена ама нема ќе молат за 7 дена и она со пола уста дадени 7 дена.

    Работам во приватна фирма, јер ја во живот неам видено јавен оглас за во државна институција за да аплицирам поштено. Неможам да се пожалам од платата која ја земам, ама мене 9 саати ми е регуларно работно време кое никогаш не трае 9 саати ами најмалце 10, за празници до последен момент не знаеме дали ќе треба да ги работиме или не па така да план да идам негде за тие денови е невозможна мисија, боледување ни на памет не паѓа зимоска саат време ми течеше крв од нос во канцеларија ама тој саат го седев плус на регуларните 9 што ми се, одмор со молење 7 дена а во тие денови ти се рачунати и празници и саботи и недели, неплатено прекувремено ми е она веќе сосема нормална појава. И на крај платата кога ќе ја земеш ти е скоро одмилена зошто немаш каде да ја потрошиш или да бидам попрецизна немаш со кого пошто повеќе време проаѓаш во канцеларија со колегите и директорот него со фамилијата и блиските. За трудничко ич па муабет да не правам, ќе добиеш одговор- Не те вработив за да ти плаќам трудничко а ти да дремеш дома него за да доагаш и да си ја печалиш платата. И во сето тоа коа ќе си дојдеш дома ќе улета реклама за трето дете и тебе ти иде да го акнеш телевизорот со даљинско пошто те дупат у здрав памет.

    И на крај пак ке кажам не се криви ни државните ни приватните фирми. Кога мачката ја нема глувците оро играат. Да има саглам држава која ке пушта саглам инспекции ( а не мувливе што гзот го даваат за едно частено кафе у кафич) тотално ке ми биде сеедно кај работам.
     
    На Summerlover, Rama, sanjaeva и 5 други им се допаѓа ова.
  14. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Ако во администрација е лошо нема да се потепаат за место таму. И јас би сакала да си работам државно, кој не би сакал? Слободни за викенд, празник, одмори, боледувања.
    Јас не знам од кога викенд не сум била слободна, празник исто секогаш на работа. За слободни денови ич да не зборувам. Одмор една недела и толку. Дали си болен никому не му е гајле, ако сакаш лази ама ќе си дојдеш на работа. И пак ние сме тие што работиме за минимална плата. Најкриво ми е што половина од тие што заземаа позиции во државна се полуписмени а нас не гледаат од високо и ни се смеат во лице. Ги имам многу познати што едвај знаеа да читат ама сега се на позиција а јас која им ги решавав тестовите на школо сега сум клошар кој работи за минимална плата. И ај не се нервирај.
     
    На cresa-jagoda, Rama, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    63.996
    Пол:
    Женски
    Лара нема зашто да се нервираш твоето знаење и твојата амбиција ќе се исплатат еден ден. Не застанувај никогаш во животот секогаш цели кон нешто повеќе.
     
    На Summerlover и L-a-r-a22 им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.244
    Леле,ме испљукавте:D
    Читам и не се осудувам да пишам..
    ..зашто се што е пишано е така:nod:
    Имам и да додадам..слики на ФБ ставаат со коментар "РАБОТНО".. а собрани сите на купче од 5 канцеларии дотерани како за во кафиЧ8-|..со маици на бретели,бели пантолонки со танги..со голи прсти на нозе..
     
    На mami blue, Mr. Right, Summerlover и 13 други им се допаѓа ова.
  17. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Точно дека секакви луѓе има вработено таму и те како треба да се направи една селекција. Само има и добри луѓе таму, што си ја знаат работата, не треба да се генерализира. Но да им љубомориме ли? Па ете се избориле за тоа место, тие знаат како, не можат сите таму да работат што е логично. А сакаат, кој не сака позиција каде освен според вас ќе ужива, ќе има и нормално работно време и ќе може да се посвети повеќе на семејството. Да не ме плукате не сум вработена таму, ама не е добро да се споредуваме, па да ги мразиме оти се по привилигирани од нас.
     
    Последна измена: 10 јуни 2017
    На Rama, ЕденЧлен и referentka им се допаѓа ова.
  18. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Воопшто не е привилегија да работиш во државна администрација,толку малтретирање за минимална плата,јас искрено повеќе би имала желба да работам во Алколоид,Пивара,Евн,Елем и Телеком.
    Државно не сум заинтересирана,и да не ми смета што ке работамво смени,празници и саботи и недели битно е да се зема пристојна плата да кажеме од 500евра па нагоре.
     
    На senza.parole и referentka им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Општо земено администрацијата ни е хаос.
    Сепак добро знаеме кој се работи таму и на кој начин се вршеше селекција на вработените,што во иднина се надевам барем малку да се смени (на подобро).
    Но,не е убаво што му се нафрливте на @ЕденЧлен ,штом неможеме да им се истуриме на лошите тетки и чичковци од шалтер кои не измачуваат да ни завршат некоја работа,ај ако не да му се истуриме на фемина на секој еден што ќе обелодени дека е административец :D
     
    На ЕденЧлен и LollySky им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Никој не му се нафрли затоа што е административец. Заради ставот дека сите му само љубомориме и сакаме ко него да сме :rofl:
     
    На ЕденЧлен, LollySky, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.