Не знам дали и во други држави е така и не знам дали е поради тоа што сме мала нација па нема доволно за сите под небово но се испотепуваме меѓусебно за основни работи и тоа изгледа мизерно и сиромашно од страна. Премногу се замараме за другите иако некогаш има оправдана причина но наликува на "Игрите на гладните". За работа, за град, за партнер... се што е убаво се граби а пусто нема доволно за сите, да бевме развиена држава можеби ќе имаше за сите еднакво. Жално и тажно.
Не може да се изгенерализира дека цела администарција е заспиена и мрзелива, навистина постојат административци кои вредно, професионално и инвентивно си ја извршуваат работата, но за жал опонент на нив, ги има и оние, на кои не им се кажува “добар ден”, а камо ли да услужи квалитетно и благовремено. Поради таквите, се ствара револт кај граѓаните и се креира негативна слика за државната администрација во целина.
Затоа треба една генералка во цела администрација и да се избрка се што не иде на работа, се што не работи, се што е со лажни дипломи на функции и да се стави конечно ред. Да останат тие кои работат и да се професионализира администрацијата. Да има многу помалку, а способни луѓе со поголеми плати. Вака, сликата е дека има куп неработници што се нашле таму за кафе да пијат и оговараат, а се платени од народот. И да сфатат дека работат за државата и граѓаните , а не за вмро, сдс или дуи. Само за жал, не гледам дека тоа ќе се случи во блиска иднина. Многу голем број на гласови се во прашање.
Постојат 4 категории и 17 работни позиции и звања: А1 – Државен секретар нето плата: 56.100 денари А2 – Генерален секретар нето плата: 48.744 денари А3 – Секретар на Град Скопје нето плата: 46.363 денари А4 – Секретар на општина во град нето плата: 42.923 денари А5 – Секретар на општина во село нето плата: 38.160 денари Б1 – Државен советник нето плата: 38. 689 денари Б2 – Раководител на сектор нето плата: 37.631 денари Б3 – Помошник раководител на сектор нето плата: 32.868 денари Б4 – Раководител на одделение нето плата: 29.693 денари В1 – Советник нето плата: 26.253 денари В2 – Виш соработник нето плата: 24.402 денари В3 – Соработник нето плата: 23.608 денари В4 – Помлад соработник нето плата: 22.020 денари Г1 – Самостоен Референт нето плата: 16.464 денари Г2 – Виш референт нето плата: 15.670 денари Г3 – Референт нето плата: 14.877 денари Г4 – Помлад Референт нето плата: 13.818 денари
Со месеци ми доцни еден документ од нашата скапана државна администрација. Утрово се јавив да проверам телефонски, средено било, фала богу и му посочувам на рамковниот глуперда дека доцнат, дека чекам со месеци, тој ми се дере, ми кажува дека бил еден од ретките кои кревале телефон, а на другите локали никој не се јавувал. Европо, не не примај никад, овде скапанава администрација не крева телефони, а а се јавив во ресорното мкинистерство, си перат раце, тоа било самостојна институција. Мрш. Гадови. Неписмени.
Срамота. и уште се жалат тешко им било . па кревал телефон бе, а што му е работа , да спие ? ма секаде да се јавиш и пријавиш . бруки сме
Кај да пријавиш? За истата институција пред некоја година се јавив директно во Влада. Таму наместо експресно да преземат мерки, почнаа со муабети, да дојдеш, да поднесеме барање, да видиме што ќе одговорат. На крај Господ ни помогна, налетавме на една профи службеничка пред пензија, заврши работа. Само ако нешто се искомплицира, во амбасади ќе пријавам. Ако не се способни да издадат еден документ, нека си пасат кози. Да го снимиш разговорот со административен кој се фали како само тој кревале телефон е незаконски. Оди докажи дека камењарот се чувствува горд што кренал телефон.