Јас се зезнав со процедурата за второ државјанство, почнав и застанав... Инаку татко ми си има грчко државјанство и почнав процедура преку амбасада, ги пративме документите во Атина, ама ми рекоа морам во Грција да ги преведувам документите од тука не признавале и застанав, секој ден на работа немав време, финансии и така некако остана. Ама не сакам да е така сепак сакам да си извадам. Некој да има земено грчко да каже ова со преводиве како го решил,колку време ми треба да средам таму?
Пред колку време ова? Маж ми одамна има средено преку амбасадата, сега мислевме и за бебето така да извадиме за да не правиме тестови за до Грција.
Има неколку години, се ми застана не отидов и така си остана... Маж ти преку амбасада исто има завршено? А преводите тие работи? Мене таа од амбасада така ми рече,морало до Гр. Да одам,кај ми било најблиску... Таа дури нешто као ќе видиме дали ќе ти дадат, ама една друга ми вика прво колено си може да те мафта ама не може да не ти даде како?
Малку мрднати се тие, може и да не дадат Свекор ми и мајка му едвај извадиле, се откажале од македонското. Така да, може да те условат и тебе да се откажеш. Знам дека доста проблеми имале додека да го извадат. Маж ми е трето колено и плус бил малолетен кога извадил, па затоа средиле преку амбасада, а за постарите морало да одат директно во Грција. Преводите тука ќе си ги средиш, има преведувач мислам кај Воена беше ако ти треба ќе ти најдам број.
Провери на интернет грчки агенции за преведување, можеби постои можност преку пошта да ги испратиш материјалите, платиш електронски и по пошта препорачано ти ги вратат назад сосе превод.
Дали случајно дозна која е процедурата и прашањата? знам дека писмено мора да се изјасниш дека Србија ја сматраш за своја држава. И дали некој случајно знае колку се плаќа? Негде одамна како да прочитав 200е ама не сум сигурна
А како иде процесот може да ми кажеш? треба прво членот од фамилија шо е Србин да има државјанство така? Он како да го извади? Не живее таму уште од Втора Светска. @SeaMermaid @Forca може вие знаете?
http://skopje.mfa.gov.rs/lat/consul...full&id=1348045945&ucat=117&template=MeniENG& Има детално објаснето на веб страната на српска амбасада.
Баба ми е Србинка а омажена тука, така да си ги имаше она сите документи само што мораше да извади извод не постар од 6 месеци. Е сега која е процедурата ако немаш извод не знам. Можеш да се јавиш во амбасада да ти објаснат подетално
@SeaMermaid @Irreplaceablee читав, ама нема тоа што барам. Дедо ми е роден таму, ама има избегано во Бугарија, па дошол овде.И колку што знам не чува некој документ дека е роден у Србија.А ние другите сите сме овде родени.Е сеа, едино да уде во селото кај што е роден па таму да побара? Или може и чува, не сум го прашала. Факд ап е.
Во подрачното одделение каде што е роден се вади Извод на родени,ако е роден на територија на Косово Изводот се вади во зависност од општината,Врање,Крагуевац...е со тој извод се оди во амбасада и се покренува постапка за дрзавјанство,пред 3 години одеше басх релативно брзо,пасошот малку повеќе се чекаше...
А бугарски шо ќе ми е? Ја пример сакам да имаѓ. Пре би се пишала Србинка, него Бугарка.А и понапредни се од нас.Може ќе се преселам некад од кај знаеш
Пиши се како сакаш. Според уставот тоа е твое загарантирано право. Конкретно за работа и живот во Србија можеш со македонски без проблем. За работа во странство српски и македонски имаат иста вредност...