Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Државјанство - двојно, тројно...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од daylight, 30 април 2013.

?

Колку државјанства имате?

  1. Двојно

    90 глас(а)
    33,0%
  2. Тројно

    7 глас(а)
    2,6%
  3. Само едно

    171 глас(а)
    62,6%
  4. Повеќекратно (4 или повеќе)

    5 глас(а)
    1,8%
  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Засега.
     
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Па бугарскиот ти е ЕУ пасош, во тоа е целата фама.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    Аха одлично фала ти.
    Кажи ми уште за интервјуто што како прашуваат? Сум слушала за бугарки дека прашувале нешто историја и химната требало да ја знаеш, не знам колку е точна информавијава ама така имам слушнато па ме интередира дали и за српки е слична процедурата?
     
  4. Tanjat78

    Tanjat78 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    Апсолутно НЕ,прашуваат општи прашања,потекло,работа/образование,адреса...баш општи прашања!И,вработената во амбасадата, навистина прекрасна жена,Марија мислам се викаше,и тел.за контакт ми даде и ми се јави кога фалеше некој документ за пасошот и се извини што вознемирува...моето искуство е такво.
     
    На Irreplaceablee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Не ги величајте толку Србите.
    Србите се неморална багра,во Охрид знаат само да пијат,да се тепаат и да слушаат глупава музика.
    И во Србија иста песна.
    Бугарите не се многу културен народ ама за србите се господа.
     
    На Аргентина *, daylight и Traveler91 им се допаѓа ова.
  6. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Го делам мислењето. (y)
     
    На Аргентина * и Isaac им се допаѓа ова.
  7. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Мајка Русија а ги вреѓаш Србите :rofl:
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Не сосема. Српскиот пасош овозможува безвизно одење во Русија, Кина, Монголија и Казахстан. Секако, секој треба да си расчисти каде сака и може да патува.
    Најубаво би било македонскиот пасош да овозможи ем безвизно ем бесплатно патување низ целиот свет. :D
     
  9. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со вадење македонско државјанство по основа на брак со Македонец?
    Колку време се чека за одговор доколку се сите услови уредно исполнети?
    Кога поднесувавме наидов на некоја имформација дека е околу година дена, но година ипол подоцна немам никаков одговор и не знам каде би можела да прашам за статусот. Мислам дека стои дека не се должни да дадат причина за одбивање доколку така одлучат, ама не знам дали имформираат и во случај да е барањето одбиено или неодговор по една година значи и одбивање.
     
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Колешка моја после 5 години доби, сигурна си дека е една година? Знам дека имаше 4 привремени лични карти, мислам дека после 5 години доби постојана. А и зависи од која земја е, свекор ми на пример и после 20 години не му даваат македонско, живее како странец.
     
  11. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    5 години е и лицето во државава, до сега вадеше секоја година со траење од 1год, ама кога поминаа 5 поднесе за државјанство и еве година ипол чека одговор, ама уште нема никакво известување. Година дена мислев на тоа дека толку ни рекоа се чека за одлука, ама уште ништо :/
     
  12. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    3.482
    Пол:
    Женски
    Да не знае некој кои прашања ги поставуваат на интервју за српско државјанство
     
  13. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    Нас ништо не не прашаа, само ги однесовме документи, ги прегледаа, некаде каде што имавме грешки поправивме и толку, сега ќе си чекаме од 6месеци до година
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Прашањево е старо, но ако не сте го дознале одговорот:

    Изминатите години ова беше акутелно во Хрватска и Србија каде постои унгарско малцинство, нивните медиуми пишуваа низ интернет доста за ова.

    Небитно каде е родена баба ти, туку дали била некогаш таа или некој друг твој предок унгарски државјанин било кога во текот на нивната 1000 годишна историја. Доколку е одговорот да, тогаш според нивниот закон имаш право на повластена постапка (бесплатно и забрзано, мислам до 6 месеци) за стекнување на нивно државјанство.

    Сепак строго бараат да се исполнат 3 услова:
    - да не си закана за безбедноста на нивната држава (тоа они проверувале самите на пр. дека не си терорист)
    - преку изводи од матични книги да ја докажеш врската со предокот кој бил унг. државјанин/-ка
    - активно познавање на унгарски јазик

    Уште едно старо прашање... Што направи во меѓувреме?

    Ако ти е потеклото од егејска мк, грците даваат повластици - (според информации од пред 10 години) во тој случај: не мора да полагаш испит по грчко опшетство, не мора да знаеш грчки - иако во твој интерес би било да знаеш, процедурата е бесплатна во таков случај) - е сега дали се сменило нешто во меѓувреме не знам. Но во секој случај мора да се докаже врската со грчките предци (небитно што тие можеби себе си се сметале за македонци, турци, или јапонци) преку изводи од грчките матични книги на родени или венчани, крстеници, и тн.

    Проблемот може да биде дали тие документи сè уште ги имаат зачувано (ако ти лично ги имаш тогаш дотолку полесно). Нај удбно но не и бесплатно е да се ангажира адвокат од Грција кој ќе ја брка таа работа, но истата може да трае со години. Некои добивале државјанство по неколку години, некои не... Повеќе информации во здружението на граѓани од егејска Македонија но и во конзуларното одделение на амбасадата на Р. Грција во Скопје.

    Грција инаку толерира повеќекратни државјанства. Да речеме грчко, американско и македонско, со тоа што пред грчките власти важи исклучиво грчкото државјанство (да речеме не можеш да бараш поврат на грчкиот ДДВ со американскиот или македонскиот пасош).
    Ако е по повластена процедура (врз основа на потекло од српски државјани), нема прашања и бесплатно е - освен што треба да пополните соодветни формулари и да ја набавите комплетната документација (изводи од матични книги, фотокопии) и се чека најмногу до 1 година.
     
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    @daylight За грчкото државјанство, се добива прилично лесно ако го бараш поради потекло само фората е дека мораат првите две генерации да се откажат од македонското. После се пренесува само на деца, сопружниците мораат да имаат престој од 10 години и да полагаат историја и јазик.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Да, за сопружниците е разбирливо дека треба да поминат подолга процедура. А дали знаеш за колку време отприлика се добива по таа основа ако ги има сите документи? Еден егеец пред 10 години рече дека тој чекал со години и не добил а други дека добиле за неколку години па отпосле успеале дури и имотот да си го повратат (ама тоа е веќе друга тема).
     
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам точно ама мислам не повеќе од година. Ако ти значи информацијата ќе препрашам пак. Мислам дека е клучно откажувањето од мк државјанство, сега не знам ако има нешто ново. За имот искрено јас не сум слушнала некој да вратил, а притоа целосно да се иселиле сите. Еве со дедо ми неколку пати одиме во неговата куќа ама кај негови далечни роднини кои веќе си ја имаат реновирано, преземено целосно. А мм си го имаат имотот ама една од бабите останала во куќата, не избегала.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Поради мене лично нема потреба, но интересна е темата а можеби некому утре ако ја чита ќе му значи.
    Овие што добиле грчко државјанство на основа на потекло не им барале откажување, освен што пред грчките власти тие се исклучиво грци со потекло од Грција.
     
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    На моиве им бараа. Странци се во Мк, со привремени лични карти веќе 15 години.
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    А биле родени во Грција? Некој некаде ми спомна дека ако не се родени во Грција (но ја имаат уредно потребната документација) не им прават проблем.
    A дали морале да ја регулираат воената обврска?