Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Државјанство - двојно, тројно...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од daylight, 30 април 2013.

?

Колку државјанства имате?

  1. Двојно

    90 глас(а)
    33,0%
  2. Тројно

    7 глас(а)
    2,6%
  3. Само едно

    171 глас(а)
    62,6%
  4. Повеќекратно (4 или повеќе)

    5 глас(а)
    1,8%
  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Само бабата е родена таму, синовите во Скопје ама сите тројца мораа да се откажат од државјанството.
    Ги бараа за војска ама носеа некои потврди од работа ми се чини, така нешто и избегнаа.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    103
    Дали знаете дали може да наследите имот во мк ако имате само странско државјанство?
     
  3. LittleZuzu

    LittleZuzu Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2022
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Која е процедурата да се откажеш од едно државјанство?
     
  4. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Женски
    Ако има некој има извадено српско државјанство по основ на родител србин нека ми пише:)
     
  5. thehypersomniac

    thehypersomniac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2019
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Здраво дали знаете која е постапката за добивање на државјанство според потекло, на сајтот видов дека условот е лицето да е регистрирано од 18 до 23 години но се работи за возрасен маж и негова мајка? Исто така тој сака да отвори фармацевтска фирма во Македонија па дали може да добие побрзо на тој начин? Каде можам да се обратам за овие прашања?
     
  6. Anya321

    Anya321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    9ti sprat MRTV za stranci za prestoj ili dole mrtv za drzavjanstva
     
  7. Anya321

    Anya321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Дали некој странец поднел за стекнување на македонско дрзавјанство, да ми пише. Фала
     
  8. dkanevce

    dkanevce Нов член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Жена ми веќе 3.5 години чека на државјанство врз основа на брак,на цела комплетна документација.па ваљда ќе биди скоро...
     
  9. Anya321

    Anya321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    И кај мене е за сопругот на основ на брак, ми рекоа демек 6 месеци ама ај да видиме 4месеци веќе поминаа. А бевте да се распрашате зошто толку долго?
     
  10. dkanevce

    dkanevce Нов член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Да така е на хартија а во реалност 1.5 до 2 год,џабе прашување,одговорот беше се работи на предметот имаме премногу барања.
     
  11. Anya321

    Anya321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    ЦЦЦ нашата чудесна Македонија... тоа може да се разгледа за една недела не ми е јасно...една жена ми пиша дека и се јавиле дека е одобрено после 2год, ама мора да им донесе пак документ за неосудуваност од нејзината земја зошто документот е валиден само 6месеци, па треба пак авионски карти и да оди па да чека од таму глупост не е нејзин проблем што толку време чека одговор башка ако е во МК како може во меѓу време да напраи нешто таму. Друго, после одговорот чекала 5месеци матичен број, па после неколку месеци извод родени, па се оди на 9спрат за странци да се откаже претходниот матичен од лична карта за привремен престој и тоа со месеци чекаш, па сам да одиш аврм, доктор, пиом и се за да смениш со нов матичен и после ке аплицираш за пасош ваљда коа ке имас 60години хаха незнам а мислев дека е лесно ама ништо...
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Дали во некоја земја, особено Скандинавските, но прашувам и за други, може да се добие државјанство ако купиш недвижен имот?
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Не, скандинавските или пошироко нордијските (скандинавските+Финска и Исланд) не нудат можност преку имот или инвестирање. Секако, доколку купиш имот таму и постојано живееш 7-8 години секако ќе следи и државјанство, но до тогаш тоа би подразбирало виза на некоја конкретна основа: студирање, работа и тн.
    Најблиску до тоа е Шведска која нуди можност за дозвола за постојан престој преку самовработување (исполнувајќи одредени критериуми, не туку така) но и за таа треба 2-3 години.

    Од другите земји низ светот кои нудат државјанство преку инвестирање, обично сумите се движат околу половина до милион долари, се САД, Канада, некои карипски земји (Анитгва и Барбуда, Санта Луција и тн.). Слично нудат Малта, Португалија, Турција и секако Македонија (Северна де...) која мислам е најефтина.
     
    На eliesaab и Emotional123 им се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    A за Словенија дали знаеш?
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Детално не знам, тука има нешто од некоја фирма на таа тема, но не наоѓам на официјалниот веб сајт на словенечката влада ништо:

    https://www.gov.si/teme/drzavljanstvo/
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BonnieAndr

    BonnieAndr Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2023
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво,баба ми и дедо ми се со српски презимиња,поодамнештата моја фамилија се населени од Србија тука.Но тие што ги знам се родени тука.На кој начин би можела да извадам српски документи,дали презимињава се доволни или треба да барам и некој што бил роден таму.
     
  17. user213313

    user213313 Нов член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво имам имакедонско и српско државјанство но немам лична карта и пасош.. па дали некој знае дали можам истовремено да се сликам и за лична карта и пасош или мора прво да извадам лична па после тоа пасош
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Не мора. Но потребно е да приложиш документ од кој би се утврдил идентитетот на барателот. Тоа може да биде и македонска лична карта или пасош. Потоа службеникот по службена должност (обично преку интернет) го проверува српското државјанството и изводот од матична книга на родени, ама ти однеси документи за секој случај - ако ги немаш, можеш да ги побараш во конзуларното одделение на српската амабасада во Скопје. Пасошот исто можеш да го вадиш таму, само ќе биде отприлика дупло поскап (на сајтот вели 65 евра).
    А за српска л.к. можеш да добиеш само ако имаш пријавено живеалишна адреса во Србија колку што сфатив.

    http://www.mup.gov.rs/wps/portal/sr/gradjani/dokumenta/putne isprave/biometrijski pasos
     
  19. Ива Х.

    Ива Х. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Дали можам да извадам српско државјанство со тоа што моите се родени во сфрј? Видов на сајтот дека може ама не ми е јасна процедурата :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1313.jpeg
      IMG_1313.jpeg
      Големина на фајлот:
      466,5 KB
      Прегледи:
      19
  20. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    63
    Да, можеш. Зависи од каде ти е потеклото, ако ти од Србија тогаш имаш право на српско државјанство. Во зависност од бившата република на СФРЈ имаш право на државјанството на новонастанатата држава. И јас имам потекло од Србија, прашав во Амбасадата на Србија во Скопје ама ми кажаа дека мора да ги поднесам документите во српското МВР односно до Полициската управа во која имам постојано живеалиште, но јас немам живеалиште во Србија затоа малце не ми е јасно каде да поднесам, но најверојатно во амбасадата. Барем би требало.