Не знам тоа ама одговараат на мејлови. Можеш да пишеш емаил до нашата амбасада и во исто време до општината од кај што се. Битно е да ги имаш документите, ако ги немаш најди емаил од општината кај што се родени и можеш од матичното, состави емаил на грчки и битно е да го напишеш нивното грчко презиме за да ги побараат во матичните книги. Ако не можат да го најдат што најчесто е случај, тогаш можеш да одиш до најблиската црква да побараш крштеница доколку се крстени. И тој документ го прифаќаат.
Јас се јавив во амбасада и ми пратија документ со потребни документи по емаил( јас и пишав емаил и тие вратија). Ова е од пред еден месец. Сега никој ни на телефон ми крева, ниту на маил ми враќа за да ги прегледаат документите што ги имам и да дадат насоки. Дали некој успеал да поднесе документи последниве неколку месеци во амбасада и да го контактираат, или да биде во редовен контакт со амбасада за консултации?
Не губи надеж, некои документи се праќаат и до Солун или Атина, може е некој таков случај, ќе добиеш одговор сигурно. Чудно е на телефон да не креваат, ајде може по одмори биле. А кажи ми документите лесно ги доби? Скоро другар беше до Грција ама никаде не може да најде никаков документ од баба му.
Јас ги имам документите ама мене роднина во Грција ми го извади( со врски ) не бркав јас по институции. Но, нека се распише мејлви по грчките општини со оргинално име и презиме грчко( на баба му, дедо му, прабаба, прадедо сите што може да ги најде во тоа фамилијарно дрво) па да види така дали ќе ја најдат баба му. Некаде прочитав дека ангажирале луѓе грчки адвокат за да дојдат до документите ама тоа ги коштало.
Уредба из 1982. године?Kazu da svi koji su prihvatili da su Grci po rodu mogli da se vrate, sad ne znam da li je to tacno.