Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Државјанство - двојно, тројно...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од daylight, 30 април 2013.

?

Колку државјанства имате?

  1. Двојно

    90 глас(а)
    33,0%
  2. Тројно

    7 глас(а)
    2,6%
  3. Само едно

    171 глас(а)
    62,6%
  4. Повеќекратно (4 или повеќе)

    5 глас(а)
    1,8%
  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Не, не треба да се откажува бидејќи Р. Грција толерира двојни државјанства. Меѓутоа (како што е впрочем и во повеќето земји случај) додека престојуваш на грчка територија а имаш грчко државјанство, грчките власти ќе те третираат исклучиво како нивен државјанин. На пр. не можеш да бидеш ослободена од данок или да бараш враќање на ДДВ затоа што имаш и македонско државјанство. Иако ќе имаш право да го задржиш македонскиот пасош, ти со самиот факт што си грчки државјанин немаш право да бараш конзуларна помош од македонската амбасада (т.е. канцеларија за врски). Истото би важело и кога би имала американски, канадски или било каков друг пасош и државјанство.

    Воедно имајте во предвид дека Грција со исклучок на евреи и ерменци не признава никакви малцинства (македонци, албанци, турци, бугари иако од сите нив има таму), во Грција сите нејзини државјани ги сметаат за грци по дифолт.
     
    Последна измена: 7 февруари 2015
    На anakonda88 и Ana3567 им се допаѓа ова.
  2. Монда Мондович

    Монда Мондович Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Добро вечер.Имам неколку прашања до вас, па ако добијам одговор ќе ми биде многу драго. Значи вака, мојата мајка има грчко државјанство кое го стекнала од нејзиниот втор сопруг. Дали јас имам право на грчко државјансто !? Ако е да, тогаш кои документи би ми биле потребни. Дали мајка ми мора да се согласи со тоа, да даде некаква изјава или е тоа e мое право кое можам да го искористам ? Колку пари би ме чинело и за колку време се стекнува ? Ви благодарам однапред. Ви посакувам пријатенa вечер'
     
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    135.278
    Пол:
    Женски
    Зависи по кој основ грците даваат државјанство. Дали е доволно само едниот родител да ти е Грк, колку време престој во државата треба...
     
  4. Монда Мондович

    Монда Мондович Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Сакав да добиам поопширен одговор' но сепак фала ...
     
  5. hisgold

    hisgold Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво. Родена сум во Грција, но освен чичко ми никој друг нема грчко државјанство. Дали некако можам да добијам државјанство?
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.682
    Пол:
    Женски
    Штом си родена во Грција, имаш право на државјанство.
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.638
    Допаѓања:
    106.672
    Пол:
    Женски
    Да , секако автоматски добиваш државјанство :)
     
  8. hisgold

    hisgold Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    @SummerGirl @koritsaki прашав бидејќи кога сум се родила, адвокатот на татко ми му рекол дека не може да добијам државјанство.. Ќе се распитам пак..
     
  9. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Според мене двојното државјанство е огромна глупост, тоа под хитно треба да се укине затоа што е на штета на македонскиот народ. Неможе некој да биде државјанин на Македонија и Косово или Албанија треба да избере едно од тие две а не и таму и тука да ги ужива правата кои се добиваат со државјанството, па тогаш да се преброиме колку сме и што сме.
    Зошто го велам ова? Затоа што има многу кои не се одјавуваат од овде а со години живеат во Косово или на други места а кога ќе дојде ред за попис ќе се рачуна како државјанин на РМ.
    Во други земји пописот е само статистичка операција но кај нас е издигнат на ниво да се биде или не бидејки многу работи па и работни места зависат од тоа колку сме и каде припаѓаме.
    Да не ги споменувам изборите каде некој од страна може да ни одлучува за нашата иднина а никогаш не ни стапнал во РМ како што беше примерот со човечињата од Пустец.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    А што правиме со македонците кои покрај македонското имаат и американско односно канадско или австралијанско државјанство?
    Државјанството освен уживање на одредени права, подразбира и извесни одговорности, така да не е само уживање.
    Тогаш решението би било во тоа и кај нас да се спушти пописот на ниво на статистичка операција, што реално и треба да биде еден попис, а не да се издигнува на ниво да се биде или не.
    Тие немаа вистински мк државјанства туку фалсификувани.

    Врз таа основа начално не.

    Грција и повеќето ЕУ земји за разлика од САД и Канада не го применуваат принмципот на ius solis (почвинско право - на која почва си роден такво државјанство добиваш) туку ius sanguinis - тнр. крвно право - родителите ако ти се државјани на одредена земја, на пр. Грција, тогаш и ти имаш право на тоа државјанство.

    Е сега велиш чичко ти имал грчко државјанство? Дали знаеш на која основа го има? Дали некој од твоите води потекло од егејска Македонија или друг дел на денешна Грција? Ако е одговорот да, тогаш врз основа на тоа можеш да бараш грчко државјанство под поволни услови (бесплатно е, нема тестирање о познавање на оштеството, не мора да знаеш грчки - иако то би ти било од огромна корист). Но ќе мора да приложиш соодветни докази - документација како изв. од мат. кн. на род. за твоите претци дека биле некогаш грчки државјани а тој дел не е бесплатен и процедурата може да потрае и повеќе години.
     
    На kim.k му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    63
    Јас сум по потекло Македонец и Србин. Ги имав двата државјанства до 2012 година, но морав да се откажам бидејќи земав германско државјанство бидејќи сум таму роден. Е сега со моите родители живеам во Скопје кај што студирам и кај што сакам и да останам во иднина, доколку е сѐ во ред. Македонија мислам дека со закон дозволува двојно државјанство, со тоа што македонските државјани кои имаат двојно ги смета за нивни државјани доколку се наоѓаат на нејзината територија. Исто така мора да поседуваат и македонски пасош за излез и влез во државата. Не може да се излезе со некој ЕУ-пасош или друг пасош со кој може да се патува многу полесно (американски, канадски, австралијански) од Македонија, а да се влезе например во Грција. МВP вели дека за излез треба да се покаже македонската патна исправа на македонската граница, доколку сте македонски државјанин, исто така и за повторен влез. Но, мислам дека може после излезот од Македонија, а при влезот на Грција например да се покаже ЕУ-пасошот, доколку не се консултираат службениците со македонските колеги, да прашат со кој пасош влеговте итн. Како и да е, малку далеку отидов со муабетот, но сметав дека е интересно.

    Јас сега планирам да си го вратам македонското државјанство, поминаа 4 години од забраната за повторен прием. Треба да поденсам барање за задржување на германското државјанство при земање на странско, бидејќи со закон се губи германското доколку се земе друго. Таа потврда е ограничена на 2 години и доколку не се натурализира во време на 2 години, се губи германското. Сите оние што се откажаа од македонското државјанство за да го земат германското, нека се информираат на следнава страна за начинот на задржување на германското при земање на странско државјанство, односно враќање на македонското: http://www.bva.bund.de/DE/Themen/St...nid=34E95C414FA243B3393C80B00F41A4FC.1_cid383.

    Во мојот случај, и во случаите на многу други, ние не се натурализираме иницијално туку си го враќаме државјанството што го добивме по потекло, а се откажавме од него за да земе странско државјанство. Мислам, и би требало да постои забрзана постапка за потворен прием т.е. враќање на државјанството стекнато по потекло т.е. крвна линија. Ќе треба да фаќам врски во МВР, бидејќи без нив ништо не се постигнува во оваа држава, ниту се забрзува работата. Така да, ако имате пријатели или роднини во државна администрација како што е МВР, бркајте ги. :)

    Од мене толку сега за сега. Се надевам дека можев некому од вас да му/ѝ помогнам. :)
     
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Сметам дека секаде во светов треба да постои закон кој ќе не ограничи на едно државјанство. Не ја гледам причината некој да има двојно или тројно државјанство, без разлика по кој основ, кога државјанин можеш да бидеш само на една земја- во таа што живееш. Кога ќе престанеш да бидеш државјанин на една држава, се откажуваш од тоа државјанство, и добиваш ново од државата во која ќе живееш.

    И јас сум дете од мешан брак, по татко србинка, се декларирам како србинка, во попис сум србинка...Но тоа јас како се чувствувам и кое ми е етничко потекло не ми дава потреба да извадам српско државјанство, кога немам живеено никогаш таму. Не гледам потреба ниту сакам да имам право да можам да гласам на туѓи избори и да одлучувам за туѓата судбина.
     
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Зошто па да некој нема двојно или па тројно државјанство?

    Јас имам и српско и македонско. Во Србија живеев скоро 27 години, во Македонија скоро 9, и се гледам како рамноправен државјанин и на двете. Да се откажам од едно - нема шанси.
    Сега во Мк ги родив и ги растам децата, допринесувам на државата со даноци, приходи, како и да е, имам потполно право на се како и некој кој е роден тука.
    Србија е мојата матична земја и да се откажам од државјанство таму ќе биде ко да се откажувам од себеси.

    Утре да заминам за трета држава и да можам да имам и тројно државјанство, ќе го земам секако. Камо среќа да имам. Ама нејќам само бугарско :D Америчко, по можност :D
    Бидејќи самиот факт што ти таму живееш, ги исполнуваш условите за државјанин, државата ти го одобрува тоа државјанство, ти дава право активно да учествуваш секаде.

    И сега утре за децата да извадам српско државјанство пример (а планирам), сигурно нема да одат специјално таму за гласање ако веќе не живеат таму, ама не ја гледам причината па зошто да го немат? Можеби некогаш повеќе полза ќе имаат отколку не.
     
    На Fitteen, kjukli и kim.k им се допаѓа ова.
  14. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    @daylight баш ме заинтересира ова што си го пишал за грчкото државјанство.
    Баба ми и дедо ми од страната на татко ми, се бегалци од Егејска Македонија. Значи јас врз основа на тоа имам право да барам грчко државјанство? :?: :)
     
    На Miro91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    63
    Јас имам потекло од Егејска Македонија по баба и дедо од страната на мајка ми и можам со сигурност да ти потврдам дека, да, имаш право на грчко државјанство по основ на потекло бидејќи Република Грција и Македонците родени во Грција ги смета за Грци. Во изводите од матичните книги на Грција би требале да стојат грчките имиња како што биле крстени и грчките села/градови кај што беа родени. За Република Грција ти си Гркинка по потекло. :)
     
    Последна измена: 3 декември 2015
    На daylight и kim.k им се допаѓа ова.
  16. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Јас сум си со двојно државјанство, а доколку ми се укаже можност за трето, би зел и трето државјанство.
     
    На Miro91 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    63
    Секако зошто да не :) без разлика по кој основ си поврзан со некоја држава, дали по потекло, или поради работни причини итн. :) мислам дека сите земји би требале да дозволат повеќе државјанства :)
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    63
    Како што дознав, приемот во државјанство на Македонија трае најмногу 6 до 7 месеци. Дали некој знае колку трае повторен прием после отпуст и временска забрана од 3 години? Мислам дека би требало да постои забрзана постапка. Секако дека и мора да се забрза со врски доколку е итно.
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Да, имаш такво право. Но како што ти кажа Miro91 грците не признаваат малцинства, па ни македонско. Значи бараш врз основа потекло од грчки државјани. Повеќе информации на англиски тука:

    http://livingingreece.gr/2007/07/09...zenship-by-foreign-nationals-of-greek-origin/

    Патем иако велат дека не е неопходно, познавањето на грчки јазик е голема предност. Замисли си ситуација на граничен премин го даваш грчкиот пасош и на првото „Калимера сас кириа Ким„ бленеш како теле во шарена врата. :D

    Обично ако дозволуваат двојни, дозволуваат и повеќекратни но има исклучоци. Русија на пр. дозволува исклучиво во ситуации каде поради брак и сл. партнерот или децата имаат државјанство на некоја од поранешните СССР републики.
     
  20. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Ќе викам јес вери гуд вери гууд на се :rofl: :tmi:
    Онака прашав дека ме заинтересира тоа што го прочитав, во брзо време немам ова во план.
    Фала ти :)