Дозволуваат, или попрецизно кажано за САД толерираат. И тука повторно треба да се земе в предвид дека за време на престој на било која од териториите на САД вклучувајќи ги и оние поморските, САД ќе го признава исклучиво американското државјанство а не тоа другото или третото. Исто така конкретно за САД треба да се има впредвид тнр. двојно оданочување што не е случај со повеќето државјанства на другите земји. На пр. Имаш МК и САД државјанство, работиш во Битола Р.М. си плаќаш во УЈП данок, но истовремено ќе треба да се плати данок и на американското УЈП иако парите од нивна точка на гледиште си ги стекнала во странство. Во обратен случај ова (за среќа) не важи.
САД дозволува, ама мислам дека зависи со која земја. Зависи со кои потпишале спогодба за признавање на двојно државјанство. Англија мислам дека дозволуваше двојно ама откако навалија тие од Индија и другите земји од Commonwealth ставиле граница и веќе не се добива така лесно.
Здраво, Сакам да прашам дали Македонија дозволува тројно државјанство на пр. Бугарско и Хрватско? Но како што прочитав во темата тоа ќе зависи од тоа дали Бугарија и Хрватска дозволуваат двојно/тројно државјанство. Однапред благодарам.
Да, бидејќи повеќекратното државјанство се дозволува помеѓу земјите-членки на ЕУ. А истите ќе треба и независно од членството на ЕУ да дозволуваат повеќекратно државјанство со други државјанства во нивните закони за државјанство.
Кина и Венецуела не дозволуваат двојни државјанства (можно е и друга земја да го има тој закон) Кога ке земете друго државјанство, мора да го повлечете претходното. Тоа не значи дека неможете да влегувате во државата во која сте родени, но само во случајот на Кина. Венецуела не ве прима назад.
Vo Kanada moze kolku sakas drzavjanstava da imas. Jas i soprugot imame dvojno, a na mm mu ponudija i trojno (roden vo edna zemja, ziveel vo drugi tri). Od site moze da ima drzavjanstvo i site so ista validnost. Toj odbi, dosta komplicirano izgleda. Sega za sega e so dvojno drzavjansto no stoi moznost da promeni mislenje i trifati treto. Znam deka na kinezite ne im e dozvoleno poveke od edno drzavjanstvo. Moraat da se otkazat od postoeckoto za da zemat drugo.
Здраво до сите! Јас сум по потекло Македонец и Србин по татко и мајка, роден и израснат во Германија со (моментално) германско државјанство. Ги имав и двете државјанства до 2012 година, но морав да ги откажам поради тоа што станав германски државјанин. Е сега ми се нуди можност поради работни причини да го добијам македонското државјанство. Претходно поднесов барање за задржување на германското државјанство бидејќи со закон принципиелно се губи државјанството ако се земе друго. Е, сега, јас како иден граѓанин со две државјанства, дали јас би можел да имам и српско државјанство? Верувам дека Србија би можела да влезе во ЕУ побрзо од Македонија, а меѓу ЕУ држави-членки е дозволено двојното т.е. повеќекратното државјанство. Во принцип би требало да е можно.
Да, можеш. И двете држави - Македонија и Србија, толерираат повеќекратни државјанства. Но секогаш имајте во предвид дека за време на престој во државата чие државјанство имате, истата кон вас ќе се однесува исклучиво како кон нејзин државјанин - во смисла на користење на соодветни права и исполнување на обврски како даноци, почитување на закони и сл.
Во законот стои дека може да се поседува и друго државјанство покрај македонското т.е. српското (во српскиот закон), ама не вели експлицитно дека дозволува и повеќекратни, значи и трето, четврто доколку има образложена и логична причина за тоа. Принципиелно се однесува само на второ државјанство оти ретко еден човек да има три државјанства, освен ако не е некој мафијаш . Е сега мене трите земји ми се во срцето и не би било фер само да бидам лојалeн кон двете од нив. Јас сум малку специфичен случај.
Тоа е во смисла „институција двојно државјанство„ а не во смисла на бројки дека не може едно, две, три, четри државјанства... Имај во предвид дека Германија меѓутоа не дозволува двојно државјанство, освен во специфични случаеви на пр. брак со пвајцарски државјанин-ка.
Да, знам дека Германија дозволува само во посебни случаи. Моето барање на двојно за во Германија е во тек бидејќи македонското го требам поради работни причини. А дали би смеел да го имам и српското државјанство од татко ми, не знам. Не знам зошто државите воопшто прават такви скандали со државјанства. Секој нека си има какво сака државјантво и нека седи колку сака во било која држава и нека престојува кај сака. Ама ете за жал не е така.
Ако некој има грчко потекло и ако сакате да проверите дали можете да земете државјанство, слободно прашајте ме.. Во моментов при крај сум со постапката..
Јас имам грчко потекло од мајка ми. Баба и дедо и сите деца освен мајка ми беа родени во северна Грција. Македонци беа ама официјално во грчките служби се воделе cо грчки имиња и официјално беа "Грци", и знам дека ако имаш потекло од Грција може без проблем да добиеш грчко државјанство, ама колку што знам не дозволуваат двојно државјанство. Посебно не во комбинација со македонското.
Ако имаш грчко потекло, не можеш по автоматизам да извадиш грчко државјанство. (Не е како кај бугарите, со докажување потекло) Ако твоите баба и дедо биле родени во Грција и живееле во Грција се до нивната смрт тогаш прво треба мајка ти да аплицира за грчко државјанство, па откако ќе и одобрат тогаш тек тогаш можеш и ти да аплицираш. Ако твоите баба и дедо биле родени во Грција а пребегале во Македонија, тогаш скоро сигурно е дека го имаат изгубено грчкото државјанство. По тој основ, а со оглед на тоа што мајка ти е родена во Македонија, нема да имаш никаква основа за аплицирање. Прво треба да извадиш - οικογενειακη κατασταση - (икогениаки катастаси) или нешто слично на родовен лист, таму пишува се за баба ти и дедо ти, кога се родени, кога се венчани, колку деца имаат и датуми на раѓање, кога го добиле и изгубиле државјанството.. Бидејќи мајка ти е родена во Македонија нема да стои во родовниот лист како нивно дете. Треба да провериш во колоната за губење на државјанство дали има датум, ако има тогаш скоро е невозможна постапката за добивање државјанство. Ако не им е одземено државјанството, тогаш прво мајка ти треба да докаже дека е нивно дете (без разлика дали се живи или не баба ти и дедо ти) со ИМКР, со него да достави и ИМКВ, па ИМКР за нејзините деца. Сите документи треба да бидат оригинално на интернационален образец, мора секој документ да имс апостил, плус преведени треба да бидат кај судски преведувач. Откако целата документација ќе се собере, предметот се праќа во Атина и се чека на одобрување или одбивање, кое што може да трае и неколку години. Кај мене случајот е малку поинаков. Баба ми и дедо ми се родени во Грција, мајка ми е родена во Грција. Дедо ми бил пратен за време на војната на македонска територија и тука останал. После неколку години дошла и баба ми со мајка ми. Биле дојдени туристички и останале. Во родовниот лист пишуваше дека на дедо ми му е одземено државјанството уште многу одамна, баба ми умре 1999 год, а престанокот на државјанството и беше регистрирано во 2003. Мајка ми од раѓање е со грчко државјанство, само што немаше извадено пасош а имаше лична карта. Македонското државјанство го има откако е дојдена во МК (нели прво ма Сфрј па на МК). Значи јас кога сум се родила, она веќе имала државјанство.. Сега кога поднесе барање за мене никој не и побара да се откаже од МК државјанство, ниту мене ми побараа да однесам било каков документ. Кога ги прашавме за тоа, рекоа дека нема потреба. И две работи да напоменам.. 1. Ако има жива личност (пример, мајка/татко) а државјанство се бара по дедо, не може да се скокне едно колено.. 2. Нема врска дали имале грчки имиња или не. На мајка ми дури и датумот на раѓање и е различен во двата изводи. Може малку на долго објаснив, ама може ќе му притреба некогаш на некого..
Во Грција можат да извадат државјанство само Грци по род. Грк не се мисли на Македонците бегалци од Егејска Македонија, туку баш Грк. Многу Грци се вратија после граѓанската војна и помирувањето, но на ниту еден Македонец не му беше вратено државјанството и имотот.
Грчко државјансто многу тешко се добива. Имам една пријателка која е во брак со Грк цели 16 години,а и родителите и се по потекло од Егејска Македониј...па сеуште нема државјанство