Епа ако ИЗБЕГАШ и те третираат како бегалец, дури и во Македонија нема да си го добиеш државјанството назад ако ти го одземат и те третираат како бегалец.. Јас ја образложив мојата состојба и како што можеше да прочиташ кажав исклучиво кои категории МОЖАТ да добијат државјанство, или да бидам појасна ако не си разбрала ИСКЛУЧИВО оние чии родители (или баби и дедовци ако се живи) МОМЕНТАЛНО имаат грчко државјанство И оние кои во текот на војната заминале ама не како бегалци, односно не биле никако заведени од грчка страна. Или да бидам појасна ако веќе не сум, а 100 пати истото го кажав, на баба ми и на мајка ми НИКОГАШ не им било одземено државјанството, и затоа што фигурираат како грчки државјани нема никаков проблем. Баба ми кога дошла во Битола не ја имаат заведено нашите како бегалец, а во документите во Грција фигурирала како жива особа се до 2003 год. (иако е умрена 1999) Патем, има многу избеглици кои не биле евидентирани и грчкото државјанство им стоело се до денот кога се дознало за нивната смрт, тоа не го кажувам јас, туку тоа ми го кажаа во Атина кога поднесував документи. Барањето на имотот е мн деликатна работа и не знам зошто некој би се нафатил на тоа кога роднините што ви се во Грција веќе го имаат разграбано. Преку брак е најтешко да добиеш, жената што ми ги преведуваше документите 15-20год е во брак со грк, децата и имаат грчко државјанство ама она не може никако да добие..
Можеш врз основа на потекло или со природување (пријем). Распрашај се во конзуларното одделение при амбасадата на Р. Србија во Скопје. Линк со објаснувања Што се однесува до Р.Македонија и Р. Србија нема проблем ако имаш и трето, и повеќе државјанства, освен што секоја држава ќе те третира исклучиво како нејзин државјанин, на пр. ако заработуваш во Р. Македонија, треба уредно да си ги подмириш обврските кон даночните служби. @Dust ти благодариме што се вклучи со своите сознанија и искуства, меѓу другото и тоа е идејата на темава.
Штом Романија официјално ги третира Власите како Романци, сепак влашкиот јазик е и многу сличен јазик на романскиот, па така и влашката нација, тогаш мислам не би имало никаков проблем тие да добијат романско државјанство.
Ако имаш роднини од прв степен односно прво колено (мислам и второ) родени во Грција, ти автоматски имаш право да добиеш грчко државјанство и врз основа на потеклото Грција и така и така ќе те смета за нивен сонародник.
Германија дозволува двојно државјанство во посебни случаи и тоа само со барање за задржување на германското државјанство. Ако се земе странско државјанство без претходно да се добие тоа одобрение (250 €) законски се губи германското. Јас за среќа го добив тоа одобрение и сеа чекам да си го повратам државјанството во Македонија откако истекоа 3 години забрана. Образложив со работни причини и наскоро ќе бидам двоен државјанин. А крајно време би било Германија Австрија и други земји што глумат лудило и не дозволуваат повеќекратни државјанства, тоа конечно да го регулираат законски и да го дозволат.
Не сум сигурна дека Грците така лесно даваат државјанство Мажот ми е по татко Егеец,ама нема шанси да добие Имам пријателка,која и она има потекло од Грција,плус е во брак со Грк веќе 18 години и сеуште нема државјанство Грчко
Здраво сакам да прашам на девојка ми еден од родителите работи и живее веќе 10 години во Германија таа е родена тука и живее тука во Македонија ,дали може да добие германско државјанство ?
Здраво дечки, Јас наскоро ќе аплицирам за британски пасош бидејќи веќе неколку години живеам во Англија. Сакам да прашам дали некој знае дали треба било што да направам во МК во врска со новото државјанство кое ќе го земам. Дали треба некаде да се пријавам и на МК властите да им дадам до знаење дека добивам и друго државјанство и ако треба, дали некој знае која институција е надлежна за тоа МВР/МНР??? Прочитав пред некој ден дека изгледа треба да пополнам некој формулар за да ме стават во категоријата „Дијаспора“ или „Надвор од МК“ ама и за тоа не сум сигурна. Ако некој знае нешто во врска со ова ве молам пишете. Многу фала! Позз, Д.
Феминки дали некој ја знае процедурата за српско државјанство ? Од баба ми нејзините родители на изводите им пишува национачност Срби , дали може некако да добијам српско државјанство ?
Заинтересирана сум за двојно државјанство Мојот татко е роден во Грција -Серес дали можам да добијам и како родена сум 1965 година
Здраво Локум, вака: Прво види во извод на родени како татко ти се води во грчките служби. Сигурно го "погрчиле" името за да звучи грчко...знаеме дека не сме признаени како народ. Второ, за право на државјанство, да, имаш, бидејќи си потомок, односно дете, на грчки државјанин (а грчките државјани де факто според грчкиот устав се Грци, а ако не се треба така да се декларираат). Оди во грчката амбасада во Скопје позади Буњаковец со извод на родени од тебе, на татко ти и со грчкиот пасош или друг грчки документ за идентификација на татко ти и со твој пасош и кажи дека би сакала да го добиеш грчкото државјанство затоа што си дете на грчки државјанин и би сакалa да си го оствариш тоа право бидејќи се чувствуваш како Гркинка. Ако кажеш дека си Македонка, тешко тебе. Нема да ти дадат и нема ни да те признаат како некој што сака да има право на било што во Грција или од Грција. Проблемот е што Македонците кои се во Грција и грчки државјани се де факто Грци според устав и така треба да се декларираат. Тие имаат погрчени имиња, и затоа за да може да оствариш било какво право во Грција, според твоето потекло, ќе треба да назначиш дека се чувствуваш како Гркинка.
Јас колку што знам може ако експлицитно назначиш дека се чувствуваш како Гркинка. Бидејќи зошто да не ти дадат кога имаш потекло од таму. Работата е убедливо да назначиш дека се чувствуваш како Гркинка. Тоа е проблемот. Бидејќи ти ако кажеш сакам грчко државјанство ама ако кажеш дека по националност си Македонка нема да ти дадат апсолутно ништо. Значи, мора на службениците и на државата малку да им се замачкат очите како што им одговара на нив.
Имам јас пример,моја пријателка,кои и двајцата родители се од Грција а и она се има изјаснето како Гркинка, мажена е за Грк 15 години и ден денес нема државјанство