И јас познавам ист ваков случај, жената што ми преведуваше изводи во СК.. Има и деца и маж грк.. АМА ако си фатат адвокат може се.. Ама кошта ѓавол ипол
Не знам што да кажам,многу тешко тоа се решава. Јас познавам многу Егејци,а и мојот маж е,ама никој нема државјанство
Јас би требало до кај април-мај да го имам во рака.. А меѓувремено мајка ми ги искористи сите "благодети" на грчкиот пасош Јас имав проблем поради презимето, јас сум без В ама ...знаеш сите од способен поспособен во Мк... А на тие во Атина што работат во емиграционо капа им симнувам, кога видов каков хаос е сега со бегалциве што бараат азил, коса ми се крена
Здраво Јас сум живеела 14 години во мкд мајка ми е словенка и така добив словеско држављанство затоа се преселивме во словениа сега одам на медицинско училиште и уште една година имам до крајот Сакам да запишам факултет во скопје за општа медицина и би сакала да прашам дали ке ме примат како странец или како наш на факултетот и дали ке имам проблеми при заппишување бидејќи сум завршила тука средно ?
Дали имаш и македонско државјанство или само словенско? Инаку не би требала да имаш проблем ни како странец. Напротив тука си завршила средно. Се признава тоа како плус да речам.
Штом имаш македонско државјанство ќе те третираат како наш државјанин. Сакав да те прашам дали лесно доби словенско државјанство по мајка ти. Јас имам словенско државјанство, а син ми се роди тука во Македонија, па која е процедурата да добие и тој словенско државјанство?
Штo пo фaкултетoт? Мaкедoнијa или Слoвенијa? Акo плaнирaш дa живееш вo Слoвенијa незнaм зoштo тукa би учелa. Зa дa нoстрифицирaш мк диплoмa тaму, ќе требa дa дoпoлaгaш испити. Бaрем тaкa беше.
Вие морате да извадо Тука неможам да запишам одма по средно училиште општа медицина затоа што бараат да умаш положено гимназиска матура (математика) и тоа е една година загуба а да ти кажу право ни математика не ми иде много хаха
Вие од докумемтите треба да приложите во словенска амбасада: државјанство ваше словенско Извод од матична књига на родените од вас и од вашето дете на меѓународен јазик (ако е малолетно детето) и напишете молба кои ке ви ја дадат во амбасада словенска и тој се све даде и чекате на државјанство
Познавате ли некој Македонец што има земено романско државјанство на основа дека е Влав?Досега имам слушнато дека е речиси невозможно освен ако не си венчан со Романец/ка.
Здраво, дали има некој со македонско-српско државјанство и дали знае некој дали Македонија и Србија дозволуваат тројно државјанство. Јас сум македонско-германски државјанин, со посебна дозвола од Германија за двојно државјанство (македонско и српско имав по потекло, двете ги откажав за да земам германско оти сум роден во Германија па повторно го вратив македонското), но би сакал да го вратам и српското без да ги изгубам тие што ги имам. Повторно би требал да добијам дозвола од Германија, ама прашање ми е дали Македонија и Срибија дозволуваат тројно државјанство. Фала однапред!