Kako go dobi grckiot pasos? Na mene tatko mi e roden vo grcija, a dedo mi e pocinat i tamu e zakopan. Nikogas ne dosol tuka vo mk. No nemam dokumenti. Samo na licnata karta na tatko mi mu pisuva deka e roden vo Grcija i na izvodot tuka mu pisuva deka e roden vo grcija. A od tamu nemam nikakov dokument. Mozam li da dobijam grcko drzavjanstvo i koja e procedurata?
Оди на претходната страна и прочитај,јас и дуст,што разговаравме и ќе ти биде јасно. И мојот свекор е роден во Грција и мојот маж не мозе да земе Грцко државјанство.
Па не е баш едноставно за грчко државјанство,и покрај тоа што мајка ми е гркинка пак тешко идеше процедурата,ама после една год го добив.
Dали ако имам мак. и бугарско државјанство, во тој случај ќе сум обврзана да плаќа, било каков данок на Р. Бугарија, пошшто ќе сум нејзин државјанин или?
Здраво, сакам да прашам дали некој знае која е процедурата за добивање словенско државјанство ако прадедото има такво државјанство?
Веројатно мислиш на словенечко државјанство. Спојлер Бидејќи словенско би можело да биде и македонското, хрватското, српското, бугарското, белоруското и тн. сè се тоа словенски земји. Патем, словаците својата земја ја викаат Slovensko така да внимавајте на изразите, да не ви слета авионот место во Љубљана, 450км по североисточно во Братислава (додуша и тие се во ЕУ). Запомнете: Во Словенија живеат словенци кои зборуваат словенечки јазик, кој како и јазиците на другите словени (руси, полјаци, македонци, срби, бугари, хрвати и тн.) спаѓа во словенската група на јазици. Колку што ми е познато Р. Словенија во случај на словенечко потекло дозволува до втора генерација, што би значело дедо ти или баба ти ако имале или го имаат истото, тогаш можеш да аплицираш и ти за словенечко државјанство. Словенија во тој случај дозволува задржување на претходното државјанство или државјанства (на пр. македонско, канадско и тн.) преку поедноставена натурализација и тоа има 2 варијанти: - Едната варијанта е дека треба да живееш во Словенија најмалку 1 година но за тоа претходно ќе ти треба виза, а за визата пари и документација како образложение зошто би одела во Словенија на толку долго време (на пр. студиски престој или школо, работа, роднини и сл.). - Другата варијанта е без живеење во Словенија, но би ти барале потврди дека имаш словенечко потекло и врски со Словенија на пр. дека си посетувала курсеви по словенечки јазик и култура, дека си била активен член во некое словенечко културно друштво пожелно неколку години. За детали распрашај се во словенечка амбасада (во Скопје голема крем бела куќа со знаме, на бул. Водњанска спроти државна болница) или уште подобро во словенечкото здружение во Скопје - мислам дека се викаше „Франце Прешерн„ . Убавината доколку добиеш словенечки пасош (за разлика од некои други ЕУ пасоши) е меѓу останатото во тоа што нема да ти треба виза за туристички престој во САД и Канада. Среќно! Не би требало, не е тоа Соед. Американски Држ. (тие имаат таква лудост сèуште). Доколку работиш во Бугарија и примањата ти одат на бугарска сметка тогаш данокот си го плаќаш таму. Доколку работиш во Македонија и приливот ти е на мк сметки тогаш данокот го плаќаш во Македонија. http://www.ujp.gov.mk/e/regulativa/opis/80 Сепак обрни внимание дали има некои други закони кои како бугарски државјанин треба да ги испочитуваш. На пр. за мак. државјани во Македонија не е задолжително да се гласа на избори, но не знам како е моментално во Бугарија за нивните.
Дали некој знае да ми одговори, не знаев во која тема да го поставам прашањето. Се работи за бремена жена, странски државјанин во Македонија, мажена за македонец. Дали откако ќе се породи, покрај бебето автоматски ќе добие македонско државјанство?
Доколку се породи т.е. доколку бебето се роди на територијата на Р. Македонија, тогаш по автоматизам се стекнува со македонско државјанство.
@Nalutena1 и @Rebecca_R, за бебето знам дека ќе добие покрај таткото. За жената ме интересира конкретно. Се работи за моја блиска фамилија, неа странскиот пасош и истекува за некој месец, а најблиската нејзина амбасада за да извади пасош е во Атина или Анкара. А бремена и е страв толку да патува, плус доста пари би коштало патувањето. Јас,кога правевме муабет со нив, мислев дека таа автоматски би требало да добие државјанство како мајка на бебето. Ама тие ми викаат не било така лесно, земање на македонско државјанство траело многу години како процедура.
@jacqueline.s не и следува на неа државјанство затоа што е мајка на бебето, дури и да се породи во Македонија. Она може да земе државјанство како сопруга на Македонец. Процедурата е долга.
Запознаена сум со процедурата, затоа што и татко ми има поднесувано документи за македонско државјанство.
Ми се имаше завртено во главата дека мајката автоматски добива државјанство после раѓање на македонче ама ете, јас сум грешка.
Во секој случај по породувањето, бебето треба да биде пријавено во конзуларното одделение на дотичната амбасада доколку родителите сакаат детето да го има и државјанството на мајката.
Здраво друшто, ме интересира каква е процедурата за еден државјанин на Турција кој е заинтересиран да биде државјанин на Македонија? Кои услови треба да ги исполнува и какви документи ќе му бидат потребни за да започне со процедурата?
Мм има германско државјанство, јас македонско се уште син ми исто германско. Првиот пат кога го носев син ми во мк ни кажаа на аеродромот дека треба да го пријавам како турист. Дали може на син ми ова лето да поднесам док. За мк пасош и кои се процедурите за кога одиме во мк да не мора да го пријавувам како турист?