Ова со откажувањето на државјанството е незгодно. Познаничка по основ на брак отидена во Хрватска за да земе нивно државјанство, требало да се откаже од нашето и таа се врати назад во Македонија. Навистина не знам зошто е така, но многу е незгодно. Замислете таа да се откаже од нашето државјанство и да се разведе по година, две, и да мора да се врати дома, а да биде гост во матичната држава. Не оди некако. Јас не знам што прават нашите кои се мажат, женат за странци?
Ниедна држава не може да бара да се откажеш од државјанство.Поготово не од матична земја, и кај нас не ти даваат да се откажеш ако немаш добра причина. Без државјанство си искрено никој и ништо.Не припаѓаш никаде на папир, никој не те штити, не те застапува. Не ширете дезинформации. Плус на официјалниот нивен веб-сајт никаде не пишува откажување од државјанството дека е потребно http://www.mvep.hr/hr/konzularne-informacije/drzavljanstvo/stjecanje-hrvatskog-drzavljanstva/
Прашувам, не ширам дезинформации. И мене ми се виде нелогично. Сепак, можеби женава која ова ми го раскажуваше имала други причини да се врати назад, а не откажување од македонско државјанство. Затоа сакав да прашам какви искуства имаат луѓето, инаку страшно би било да се откажеш од своето државјанство.
Кога стекнуваш хрватско државјанство на основа брак дозволено е да си го задржуваш матичното. Пишува на владиниот портал на Хрватска. Е сега, може мажот ја уценувал да се откаже од македонското, од кај ти знаеш. https://gov.hr/moja-uprava/drzavljanstvo-i-isprave/hrvatsko-drzavljanstvo/dvojno-drzavljanstvo/1716 Ако поднела на основ брак - си го задржува матичното. Ако поднела на основ натурализација - мора да се откаже од матичното.
Здраво, Сакам да прашам во врска со Унгарско Државјанство дали некој ја знае процедурата. Инаку баба ми е родена во Унгарија.
Зависи врз кој основ се добива државјанството. Ако е врз основа на брак, мислам дека треба да се откаже, иако, имам комшии чија ќерка е мажена во Солун, има деца родени во Солун (по автоматизам имаат грчко-македонско државјанство) а таа никако да дојде до државјанството, уште има регулиран престој како странец, иако е во работен однос итн. Мислам дека Грција обично не дозволува двојно државјанство, освен ако е со ЕУ држави, без разлика за кој основ станува збор. За потекло мислам дека не треба да се откаже, само треба да се оди према генерација. Например, ако баба или дедо имале грчко државјанство, тогаш мајката или таткото треба прво да го добие државјанство, па после ти. Не можеш да прескокнеш генерација и да бараш државјанство.
Здраво, до сите што аплицирале за грчко државјанство. Каква е процедурата? Јас имам потекло од Егејска Македонија по баба и дедо. Вујко ми беше грчки државјанин, таму во Лерин завршил основно школо, па после во 90-те го откажа грчкото и го задржа македонското. Мајка ми е родена 1953 во Скопје и не била заведена во Општина Лерин бидејќи кога се родила имале забрана да се вратат во Грција, откако дошле во Скопје 1948, така не можеле ни да ја пријават во општината. Бев со мајка ми во амбасадата да прашам за имот, но рекле дека мајка ми како ќерка на дедо ми "за грчката држава НЕ ПОСТОИ" бидејќи не била пријавена во Општината Лерин кога се родила. Еден пријател од Лерин ми вика дека мора да се оди преку адвокат и службите детално ќе те прочешлаат кој си, што си, од кај си, дали предците ти биле "андартис" ("партизан") или не. Не верував дека е толку тешко за државјанство. Ако има некој што може да ми сподели информации и искуства, би бил многу благодарен. Ви благодарам.
Никој не бара да се откажеш од државјанство, ама некои држави дозволуваат само едно државјанство и во случај да се преселиш во некоја таква држава и имаш право на нивно државјанство, ќе мораш да бираш кое, дали матичното или новото.
Да ве прашам, имаше тука некој во врска со грчко државјанство. Имено, по потекло сум од Лерин, дедо и баба ми беа родени таму, 1948 пребегале во Скопје во војната. Сите деца беа родени во Грција. Например, вујко ми имаше грчко државјанство и во 90те го откажа грчкото и го задржа само македонското. Долги години во Скопје беше странец со престој откако се врати од војска. Само мајка ми и една тетка се родени тука во Скопје. Сите други во Грција. Вујко и другите постари браќа и сестри на мајка ми таму завршиле основно школо во Лерин. Бев во амбасада еднаш да прашам за имот со мајка ми, но рекле дека за грчката држава мајка ми како ќерка на дедо ми не постои бидејќи не била пријавена во Општината Лерин кога се родила, но во тоа време имаше забрана за враќање. А тоа е апсурд, таа е негова ќерка и никој не може да каже дека не постои. Тоа е само изговор. А тие што се вратија во Грција, Македонци, на сите им беше вратен имотот. Не е вистина дека не им беа вратени. Имам пријател во Лерин и тоа многу убаво ми го објасни. Е сега за државјанство сакам да прашам бидејќи размислуваме со мајка ми да го побараме грчкото државјанство. Дали ќе биде од помош тоа што вујко ми бил грчки државјанин? Ќе го прашам вујко ми за оригинални грчки изводи, сигурно има кај себе.
Дали може дa се стекне со италјанско државјанство новороденче родено на нејзина територија иако неговите родители не се со ит држ.?
Па, јас мислам дека не би требало да трае повеќе од година дена. Имав обратен случај со татко ми кој е српски државјанин и го доби македонското државјанство по основ на брак за година дена отприлика. Сега, нормално, во зависност од обемот на работа и бројот на барања може да потрае подолго.
Некој од вас да вадел македонско државјанство сега скоро ? На децава сакам да им извадам летово (странски државјани се по татко) и имам некои прашања
Прашање за сите што имаат две или повеќе државјанства, дали се чувствувате како странци и во двете држави? Родени сте во една држава но вашите претци немаат никаква поврзаност со неа, додека пак кога одите во државата од која потекнува вашето семејство сограѓаните ве чувствуваат како странец а не домашен.
Да! Јас ден денес така се осеќам. Роден во Германија, веќе 6 години живееме во МК и уште за луѓето сме "Германците".