Читајќи ја темата Заедничко одење во Вц, и како на машките тоа им било смешно и глупо.Ми текна еднаш кога дечко ми ми рече,се смее и ми вика: неможам да ве сватам женските рака под рака фатени што ќе личеше ја и (име на другар му) да се шетавме под рака фатени. Кога си направив слика во глава како од пушка одговорив, педерчиња Па ајде повелете,кажете како вие ова ќе го искоментирате.И дали го практикувате ваквото држење?
Мене ми е малце глупо и не ни сакам така да се шетам.Изгледа глупаво како стари баби да се шетаат (според мене).
Не поттикнува никаква дискусија темата, ама добро. Изгледа има некој што се шета вака, па... можда, некој има потреба од вакво држење, како поддршка, некоја помош, навика, зборување, оговарање... појма неам. Ама ние никогаш не се држиме вака со другарките, не дека изгледа грдо, ама невообичаено е, како бабички, свекрви фатени, и се држиме случајно да не падниме негде по патот, хаха ајде... сите знаеме да одиме, не ќе се тегниме по патот. А не викам дека е срамота.
Епа јас кога шетам со другарките ни се случува така да се фанеме под рака,да не шетаме ко распуштена команда. И не ми изгледа глупо ако се 2 другарки фатени под рака или еве 3...ама ако се повеќе, оро ли ќе играат жити се на сред тротоар не ми е јасно?
Занесени во муабет, не можеш ни да претпоставиш какви се движења прават машките, ама ајде, така останало, женските дека се комплицирани, лигави и триста чуда. Пример 1, машки се тегнат од една страна на улицата на друга, на начин што едниот го држи другиот кај бицепсот и му ја влечи раката нанапред. Пример 2, озборувајќи како што жени никогаш не би, едниот му се потпрел на другиот со раката на рамо и му шепоти, небаре заговор кова. Пример 3, пијан од љубов, другарот е носен под рака од другар исто така пијан, кој своевремено поминал низ истото љубовно разочарување и му пружа поддршка во плачот, кој докажано на своја кожа, ќе му помогне. И покрај ова, заедно одат и во вц. Нормално дека во машко вц има повеќе места за мочање, па одат и заедно и ѕиркаат по останатите наредени по писоарите чиј нос е подолг. Нека не ве лажат „семоќните“, зашто така нос не расте. Кај вас замеруваат за сите нивни мани. Чит, говеда!
Многу ми е поубаво кога сме другарки да се фатиме подрака и да сеи муабетиме одколку една на едниот крај друга на сругиот и да си се довикуваме. Не ми е глупо како што не ми е глупо ни заедничкто одење во WC сепак имам потреба некој да ми ја подржи ташната да не ја ставам по валкани места, па и секое WC нема клуч, а и ако има голема е веројатноста дека нема да се отклучиш и така да поубаво ми е кога другарка ќе ме чека барем на раат ќе си мочам.
Во ова школо кај што сум сега и гушкање е смешно, мислам за нас... По сериозни се овие ка мене.. А во претходното школо, ди се држиме, маршираме
Еххххх... Секој божји ден не пропуштаме да отидеме до ВЦ, но само до огледата. Редовни посетители сме јас и другарка ми. Инаку мноогу ретко одиме под рака фанати, кога одиме така, се случува да е гужва, па за да не се загубиме де..
па..ретко се дешава да се држиме за раче..обилно коа ми раскажува нешто ме држи..или еентуално коа идам во гузва ја држам за рака.
Под рака ја држам само баба ми, пошто не може долго време да пешачи. А на моите другарки им се потполно здрави нозете, па нема потреба да ги држам. Немам ништо против да си ги држите (другарките) ама јас тоа никогаш не го практикувам.
НЕ! Ме потсеќа на оние стари југословенски филмчиња, кога девојчиња селанчиња се држат под рака и пеат некои народни песни.. Јас не се пронаоѓам во тоа, за разлика од моите другарки... И затоа си шетам покрај нив како избацена, ама ми е гајле
Не, не се држевме под раце ниту за рака туку одевме како распашана команда а сега држиме деца за рака
Во гужви се држиме или евентуално ако не може она да оди, повредена е. А иначе одиме како пијаници. Ја лево, она десно, па ке се лупнеме и пак ќе се раздалечиме.
Некогаш се држиме, обично кога нејќеме некој да не види како одеме сами. А онака ма ја лево она десно, па ќе се погледнеме и ќе си се изнаклештиме. Ма живот живимо.