Бог да чува. Ниту се држам, ниту сакам да ме држат, ниту сакам да гледам некои како се држат. Цицка таму не даваат, ало!
Кога сме излезени не се држиме под рака. А у школо по ходници во тоа гужвата се држиме понекогаш за да не се изгубиме, а понекад и од навика. А држење за рака не. Ептен ми е глупо тоа.
Не мие вопшто глупо баш ми изгледа слатко гледано од другаски аспект кога е ладно обавезно под рака глупо мие така да одиме како некои трупови -,-
Преглупо ми е, како не ке се држиме под раце ко свекрви.. ој си нормално со другарка рака под рака најглупоо.. и мразам кога некој така ке ми се беси, или ке ме тегни а сум му кажала дека ми смета.. ама ако
Мене ми е сосема во ред, кога сум излезена со другарка ми да се фатиме под рака и да си одиме така.. особено кога сме на штикли да не се постелиме негде инаку ако сме повеќе чупиња нормално изгледа глупо... инаку па и не е убаво да одиш со другарка и како одделени, според мене мислам дека е ок.
Немам то да правам со рацеве кога одам со другарка или вџеб ко некој сноб или најчесто под рака.А за рака не.
Мене ми изгледа како на приказнине три невести со бардачиња коа идат по вода. Инаку и страшно ме нервира кога идам негде со другарка ми и знае да ми ја стави раката позади на половина,од такт ме вади се осеќам како хомо пар да сме
Кога бевме помалечки нон стоп така си одевме. А сеа, само кога сме на штикли па треба да се движиме по скали, до ВЦ...
да се држам за раце со другарките..ии тоа не ме прави лезбејка.. (дека има некој шо мислат блах блах нз шо ) аа исто и ко малечки ии под раце ии за раце секако хаха
Јас се држам така под рака само со најдобрата другарка и то кога ќе носиме високи потпетици или кога има снег (да не падниме)
Држење под раце не ми смета...али јас лично така не се чувствувам убо...ми изгледа како 3 тетки фатени под рака
Под рака и за рака не е исто нели..? Па ја да кажам сите кои што ги глеам шо се држат за рака се шмизли А таквите мн ме нервираат некако , незнам зошто А под рака хмм.. нема ништо тука што е глупо или срамно Мое мислење
Јас се двоумам дали уопште треба да се држиме со дечковци под рака. У интимна атмосвера све е дозволено али у други случаи се чуствувам како да влечам животинка за ланец или како друг да ми одредува правец на движење. Не би.. За држење под рака со другарки значи, не ни размислувам.
Машките.. Хахаха Е тие не можат така, луѓето веднаш погрешно ќе ги сфатат Јас се држам под рака со другарка ми нонстоп Особено кога е ладно ме топли