И за рака и под рака ми е глупаво, ама имам една другарка која нон стоп ќе ме фане за или под рака па јас малце и одам по кејф ама кратко трае тоа.
Значи дρжењето за ρаκа или под ρаκа со дρугаρκа ми е пρеглупо ! Едноставно ме неρвиρа тоа и дρугаρκите го знаат тоа а и нив малκу им смета дρжењето за ρаκа или под ρаκа, па ниκогаш не се дρжиме . Поρано имав една дρугаρκа што постојано ме дρжеше за ρаκа! Леле κога ќе ме фатеше јас вρиев ли вρиев!
Женско со женско можеби онака занесени во муабет ке се фатиме ама кратко трае, Машко со машко ми е стварно глупо а машко и женско дечко и девојка тоа секако. Не сакам држење за раце ама за него е исклучок
За раце со другарка само еднаш или два пати во животот се имам држено ама не ми се допаѓа А за под рака ногу често одиме со другарките ама мене не ми е убаво оти највисока сум и како да ме влечат.Една другарка па кога ќе се закаче ја се тегнам на една страна она не брее не пушта.Како канџи да ми пуштила И викам абе јакната ќе ми ја искинеш.Се исмејаме после убаво А за со машко може
Мене ми е супер така, се осеќам ко да се наоѓам во Лондон некаде низ минатото. Другарка ми ја замарам со ова, знам, но навика ми е. И мајка ми често така ја грабнувам под рака, но и на неа не ѝ се допаѓа. Ако бе, ако. И штом така некој ми ја тргне раката, јас прекрстувам раце, од чиста навика и си мислат дека сум лута.
No way Многу ми е глупаво и несфатливо тоа држење за рака со другарки Имам другарка што неколку пати така пробала да ме држи за рака ама одма и кажувам дека ми е безврска
Ааааах ова ми беше омилено во шесто одделение, кај баба ми во село со другарките. Шетавме по улица по 5-6 девојчиња сите фатени под рака.
Само со другарите ... шала на страна мислев дека одамна е помината оваа ,,мода,, се додека пред скоро време не видов две женцки фатени за рака, мажите нивни напред они двете позади за рака. Детско ми е, глупо ми е, не гледам никаква поента во тоа...
Обично зимно време се држиме под рака со другарка, се топлиме и сите те гледаат на криво аххаха баш ми е гајле. Летно време кај жешко па и под рака да се држиш скраја да е...
Средно. #кошмари Сега, ќе излажам ако не речам дека додека е многу ладно не се туткаме една до друга, инаку ете денес ни за рака се држевме ни одевме како што треба. Како да не сме заедно ама пак си бевме тука. Некако подобро ми е него како ланец поврзани, да зафаќаш цело место каде одиш и не дај Боже да се најдиш во гужва, да не знајш како да тргниш зошто никоја не пушта некој да се стесни или оддели. Сепак одамна немам видено некој вака да оди, сем како што пишав погоре, средно. Во средно и јас вака сум се влечкала. Ех ...