1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. Angel.in.dark

    Angel.in.dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    25
    Искажете го своето мислење во врска со дрогата.
    Дали би конзумирале дрога, чисто колку да се направите фраер/ка?
    Кое е вашето мислење во врска со дрогата?
    Колку е застапеноста на луѓе кои конзумираат дрога во Македонија?
    Се произведува ли дрога во Македонија?
    Колку сте информирани во врска со дрогата? Ги знаете ли сите мани и последици?
    Дали некогаш би пробале или сте пробале дрога?

    Не само овие, има и многу други прашања што би ви ги поставила, но тоа ви го препуштам Вам. Сега го отворам дискутирањето за дрогата.



    (Патем се двоумев дали темава би требало да се наоѓа овде или во здравје. Администраторите нека одлучат и нека ја сместат каде и е местото)
     
    На angelche16 и martinapopovska им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    Дрога? Не, благодарам! Имам :D :D
    Ух ми тргна денес со шалењево :rofl:
    Ај сега сериозно малку. Дрога не сум пробала во животов досегашен, а немам ни намера. Знам се за дрогата, детално сум информирана. Едноставно никогаш сум немала желба за такво нешто. Не ми ја буди љубопитноста. Исто како што никогаш не сум запалила ни цигара, ниту пак планирам.
    Имам запознаено многу наркомани, се имам дружено со некои, ама ете... Јас си останав на своето
     
    На Nightwish11, LoLa96 и Tumblr.123 им се допаѓа ова.
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Angel.in.dark супер тема, конечно ќе се развие нормална дискусија :clap:

    Дрога немам пробано, ама никаква , ни трева ни ништо, а ми имаат нудено.
    Јас сакам секогаш да ја имам ситуацијата под контрола, најмногу ми е страв ако немам контрола над себе, сакам за секоја моја постапка јас да одговарам а не да речам : Не сакав јас , пијана бев, или трева пупшев, или апче земав.
     
    На Nightwish11 и pikolino им се допаѓа ова.
  4. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    Можеби не знам се за дрогата, но знам доволно за да не консумирам (не знам што да правам со цигарите, уште тоа ми фали :D :D ). Искрено никогаш не сум посакувала ниту сум помислила да пробам, имав еден другар и не знам како да ви опишам како се однесуваше кога ... знаете веќе. Не знам, ги жалам тие луѓе што веќе се во таа насока, а ги мразам тие што од чиста лубопитност или да се направат фраери/ки влегуваат. :?:
     
  5. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    33
    A sto e droga?da ne se mackashe na leb.hahaha
     
    На Monchence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angel.in.dark

    Angel.in.dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    25
    Има каков сакаш вид, како бонбончиња, во сокче што се раствора, што ти душа сака
     
    На Twinkles и Stefani999 им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.034
    Допаѓања:
    36.031
    Пол:
    Женски
    Не сум пробала дрога и не ни сакам да пробам. За дрогата имам многу лошо мислење. Тоа е најголемото зло на денешницава. Ги жалам оние што се навлечени на дрога. Наместо да уживаат во убавините на животот, тие се дрогираат. Во повеќето случаи дрогата води кон смрт. Жалосно.
     
    На Nightwish11, Anja98 и Twinkles им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Никогаш немам пробано дрога,а немам намера такво нешто да користам,знам дека е штетно,затоа и воопшто не ми текнува на такво нешто,а не па да пробам.Можеби малце ќе избегам од темата,има и отворена друга тема за цигари,па тука ќе направам мал спој,дека ни цигари во животов немам пробано.Незнам зошто луѓето користат дрога,иако ги знаат последиците на користењето дрога,сепак конзумираат,а најчесто на таков чекор се решаваат младите,претпоставувам дека и донекаде е во прашање недоволна информираност,па и покрај неинформираноста е свесноста,за самото значење кое го има дрогата како супстанца.Добро младите понекогаш пробуваат заради тоа да се направат фраери/ки,некогаш можеби од љубопитност,незнам,но како може покрај информираноста,да користат дрога? Може на секаков начин,човек да се информира за дрогата и нејзините последици,но нормално да е свесен за тоа што е штетно,а што не,мислам дека самата свесност кај човекот нема да му дозволи да се нафати на таков чекор.
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.134
    Допаѓања:
    138.235
    Имам пробано марихуана во неколку форми и тоа е се. Квалитетна, и во строго контролирани услови. Веројатно од љубопитство.
    Мислам дека би пробала и екстази, исто така од љубопитство, ама некако емија не ми лежи, па затоа и не сум пробала...
    Сакав и од тоа халуциногените печурки да пробам, ама ми рекоа дека го оштетувале мозокот, па си реков, ај, ќе ми треба :D

    Значи само за проба. Ни блиску до зависност не сум била, не сум ни посакала да користам редовно.
    Да, имам и цигари пробано, ама никогаш не сум посакала да пушам.

    Си имам јас други пороци, што ќе ми се дрога и цигари :D
     
    На Lallly и Offspring им се допаѓа ова.
  10. WildAngel

    WildAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    108
    Значи до сега немам пробано такво нешто по име ДРОГА...Не ни планирам да пробам.Мислам дека тоа го прават оние кои што се љубопити, да видат какво е чувството, некои ја земаат за да избегаат од проблемите...итд. Дрогата е нешто многу штетно.Прадизвикува психича и физичка зависност.Ги оштетува нервните клетки а, штом се тие оштетени повеќе не се обновуваат....ај доста ви е! :) :lol:

    Наравоучение: Кажете им НЕ на дрогите, кажете му ДА на животот... ;) ;)
     
    На pikolino, Angel-Wings, esperanca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Дрогата еден од најголемите пороци на денешницава.
    Немам пробано, свесна сум колку е штетна и какви се последиците , а за тие што конзумираат сигурно е од некоја причина , или од љубопитност , некој ги натерал или од недоволна информираност.
    Дрогата ти го уништува животот, немој да пробаш , може да те чини живот.
    и онаа рекламана Кажете и НЕ на дрогата !
     
  12. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Dechki sega iskochi nikoj nema probano a drogata ja ima sekade okolu nas hehe bez navred :D Imam probano skoro se marihuanaa, ekstazy ( mdma i speed ) kokain amfitamin znachi skoro se osven trip i heroin :) toa nikogash heroin nikad :D
    da drogata e stetna da ama ete ziveeme u takvi okolnosto sto veruvam deka site imaat probano ako ne nisto drygo samo marihuana
    i da filmot e dobar ako znaesh da se kontrol.irash a ne da se drogiras hhe
    Marihuanata za mene e najubava si se opustash u odredeno drustvo 4 5 sto si gi znaesh smeshki shali i super e
    Ekstazy ili bombona za nekoja zurka dobro da se izdensash posebno ako e elektronska muzika isto i za amfi i kokain :D
    Ne sum nikogash bila navlechena nitu ke bidam
    Probav vidov i zavrsiv hehhe
    Pusta ljubopitnost :))
     
    На 100nogalka и Lallly им се допаѓа ова.
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува, па нема тука пробав и завршив,туку пробуваш и стануваш зависник.
    Е, да НЕ те осудувам тоа твое право, но треба да знаеш каде се можеш да стасаш со таа дрога, можеби сега викаш така, но не знам дали си свесна кои се последиците од неа.Имавме проект за најголемите пороци на денешницата , плус тоа смешно и забавно може да биде и без дрога, само не сваќам какво е тоа забавно кога си ''издрогиран''-не знам да имав пробано ќе ја знаев разликата.Еднаш пробуваш и веќе си навлечен.Ти преостанува само разговор и цврста одлука дека нема повеќе никогаш да пробаш зошто ги знаеш последиците.
    Само ме интересира, пред да пробаш се информираше?
     
  14. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    Во средно секогаш доаѓаа да ни држат часови, предавања за дрога, секс, правни совети, други проблеми, ова-она, ни мене не ми текнуват сите сега. Кога дојдоа тие за дрога, едниот што ни предаваше беше "бифш" наркоман, некои 3-4 год престанал да консумира. Не праша нас, која дрога е "најлоша"??? Сите размислувавме, едниот викаше хероинот, едниот не кокаинот...!
    (овој говор ми текна кога го прочитав постот на мисс, ни кажа што пробала, и рече "никогаш хероин" )

    Рече: " НЕМА ДОБРА ДРОГА, СИТЕ СЕ ЛОШИ, СИТЕ СЕ ШТЕТНИ !!! Значи секој вид дрога, било тоа екстаза, било марихуана, кокаин, хероин или не знам што, сите се исто ризични и штетни. позз
     
    На Nightwish11 и Panicarka им се допаѓа ова.
  15. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Ja mislaam deka ako ne si probala nema ni da znaesh zanci nema potreba od osuduvanje :D site ja znaeme teorijata a vo praksa ne ima se povise i povise :D I od kade toa ednash probuvash i si zavisen :D Mozebi probav da vidam kako e pa ne mi se svigjashee pa nikogash poveke ne probav , znachi sekoj so razlicno mislenje i stav :D pa ja mozam na prsti da ti izbrojam od 15 god pa na navamu koj ne probal treva mariihuana :D Site znaeme deka e sttetno i deka ne treba ama ete se desavaa ne znaci za toa deka si pomalku chovek ili pa narkoman..Pa normolno deka i na svesno mozesh da se smeesh i zabavuvash ama na treva e sosem dr film ne znam kako da ti opisam haha :D Se mislev pred da pisam zasto tuka site ste polni so soveti i osuduvanja a sekoj ama sum 100% sigurna deka nekogash posakal ako ne i napravil da proba :) pozz
     
    На ku4ence, connie, Shortie и 3 други им се допаѓа ова.
  16. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    61
    Извини вака, ама јас мислам дека е жално шо ти треба дрога за да се „опуштеш“ или поминеш убаво... Убаво е човек да е радознал ама за работи како на пример од кај па сеа a^2 + b^2 = c^2, а не за нешто шо слушаме од сите страни дека уништува животи. И биди сигурна дека и покрај тоа шо живееме у време коа дрогата е насекаде уште има такви шо не се пробале.позз
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.034
    Допаѓања:
    36.031
    Пол:
    Женски
    А зошто да не осудуваме? Зарем е убаво ако некој конзумира дрога?
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    И јас имам пробано.....марихуана...и тоа неколку месеци....но тоа не ме прави зависник......значи се е до контрола! чувството е да, супер...ама тоа беше лјубопитност и ништо повеќе! Јас лично има периоди кога сакам да се опуштам, и не гледам нешто лошо во тоа! значи 3-4 пати во годината би го правела тоа...но мислам дека тоа не е зависност! Ова го кажувам за себе, секако за другите е поинаку зашто секој за себе си е приказна! И мислам дека све е до котролата! Добро сега тоа е мое мислење, разбирам има некои луѓе што се ептен против дрогата и го подржувам тоа...значи јас сум од групата кои марихуаната не ја стваат во тешки дроги..и мислам дека цигарите се поштетни од марихуната...и читав некоја статија која тоа го потврдува...
     
    На Shortie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Извини Суперишка ама Мисс никаде не спомна дека секој треба да ја проба! Туку таа си даде мислење, и незнам што тука сите осудувате...сепак ова е форум...и слободно се изразуваме! Е сега тебе ако не ти се свиѓа одредено мислење тоа е твој проб! Поззззз и те молам не сфаќај го ова лично!...
     
    На connie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Овде никој никого не осудува, бе да не се разбереме погрешно, ама како сите сме свесни колку е дрогата штетна и дека од неа се умира, па кој сака да си го уништува животот слободно нека повели, ни ве осудувам ни па можам да ви забранам тоа да го правите, да не биде само касно после, да не се каете подоцна, само сетете се на фемина и што зборував ја во врска со ова, а јас пак за мене сигурна сум 1000% дека ниту сум посакала да пробам нити сум љубопитна, а кога и веќе ја знаеш теоријата зошто сакаш да пробаш, да се увериш во тоа што си го прочитала?
    Нема тука тешки лесни
    Алкохолот, цигарите и дрогата се најголемите пороци и треба сите да ги избегнуваме, ајде алкохолот и цигарите не се толку штетни колку дрогата, дрогата е ОПАСНА ПО ЖИВОТ!
    И не планирам повеќе да дискутирам за неа и никого нити убедувам нити па ќе убедувам да се одкаже, ваше мислење , ваше право, вие одлучувате за вашиот живот , т.е вие го живеете и вие донесувате одлуки на кој начин да ви биде забавно.
    Поздрав