Како е мошно скоро никој на форумов да нема пробано..а у живо мислам дека секој втор има пробано.. Јас имам пробано џоинт..и воопшто не се срамам да кажам..сакав да пробам..бев љубопитна..и пробав неколку пати..Интересно е..поразлично..и воопшто не се каам..
Или јас сум премногу наивна или навистина во мојата блиска околина,мислам на луѓето околу мене-моите блиски пријатели,тешко дека секој втор имал пробано.Којзнае. Не сум пробала никогаш и ништо,ниту некогаш сум била во близок контакт со било каков вид на дрога. Најголемото зло што може една единка сама на себе да си го направи,свесно да се уништува.Не сфаќам навистина.И мило ми е што е така.
па форумот ако можам да кажам интимен е така да незнам некој зошто би се криел ти пуштам рака на искреноста....
Аууу СТРАШНО е ова... Се надевам дека кај нас во Македонија нема да ја има ... http://www.topky.sk/cl/11/1289481/Europ ... era-zaziva
лееј,ќути.. баш гледав кога кажуваа на вести,страшно ilent: језда,позитивно е тоа што ќе го намали бројот на наркомани,и ќе ги поттикне другите,да не пристапуваат по дрога повеќе(дај боже) Али колку е само грозно за гледање...бљак
Што е повеќе алкохолот од дрогата? РЕАЛНО? edit: http://ironwolf.dangerousgames.com/blog/archives/458 *уствари и алкохолот е дрога.
Никогаш ама никогаш не би пробала.Како прво не можам да разберам зошто луѓето се навлечуваат на дрога кога се свесни дека само лошо може да им донесе.Но за жал кога веќе почнеш тешко можеш да престанеш,зачаран круг е тоа.Страшен порок,навистина страшен. А за оваа новата дрога "крокодил",стварно не ми е јасно како некој може да земе таква дрога знаејки што може да му направи на неговото тело .
Јас би пробала, да видам што е тоа за што толку многу се зборува, за што правиме проекти по училиште, да видам какво е чуството па толку многу млади луѓе се оддаваат на дрогата. Но, САМО да пробам, сосема сум разумна и знам колку е само штетна по здравјето. Освен тоа, за тие пари што би ги дала џоинт или марихуана, подобро би си купила нови шминки, нов парфем, нова блуза итн отколку да ги трошам на нешто што знам дека е штетно по моето здравје. Сепак сакам да пробам еднаш да знам што е како е.
Имам пробано марихуана (и тоа ова лето) чисто да видам каков ќе биде ,,филингот,, ништо посебно,не ми прави мерак и не би пробала пак доста ми се цигариве.
J.Lo91 ти сакаше THC да чистиш? Ако континуирано земаш ганее, и после еден месец во урината се забележува присуство на наркотик. Инаку за земање - си земаат луѓето. Бројката е грубо поставена. Барем за тревата евиденција не се води. И од трева до хероин има уште милиони видови кои создаваат физичка или психичка зависност, или и двете.
Сите како што знаеме дрогата е најголем порок со кој во денешницата голем број од младината ја конзумираат и паѓаат под нејзино влијание. Јас лично никогаш не сум конзумирала било каков вид дрога ниту пак би подпаднала опд туѓо влијание да почнам да ја конзумирам, ниту пак да се направам фраерка или нешто посебно во туѓи очи, тоа за мене е плитко и глупаво. Иако голем профит се заработува од продавање дрога повеќето луге доаѓаат до дрогата од чиста радозналост сите знаеме дека од тоа всушност се почнува. Колкав е бројот на луѓе кои користат дрога незнам, ниту пак дали се произведува во Македонија.
сташно нешто се згрозив од вестите кога гледав и од живите примери катастрофа се надевам дека ова гнасота нема да стигне никогаш кај нас
Дали сте биле во ситуација да имате дечко/девојка што користи дрога, всушност само џоинт? Што би направиле во таков случај? Јас сум во таква ситуација каде што мојот дечко пуши џоинт, но тоа се случува многу ретко и секогаш ми кажува кога го прави тоа. На почетокот на врската ми сметаше тоа, се противев и постојано се лутев кога ми каже дека пушал џоинт, но сега некако се помирив со тоа. А што се однесува до мене, не користам никакви дроги, ниту цигари. Можеби oваа не е на вистинското место напишано, но несакав да отворам посебна тема за оваа.
Не сум пробала, нити ќе пробам. Само личности без цврст став и големи проблеми пробуваат, а кога ќе пробаат веќе нема излегување, посебно од потешките дроги (од марихуана има излез сепак). Еднаш пробаш - цел живот отиде јабана. Башка тоа, башка почнуваш да трошиш ненормално многу пари, па и да крадеш, и низа други проблеми. Кој сака нека си се дрогира, ама тоа ѓубре во моја околина - не.
Мојот поранешен дечко пушеше, впрочем и јас пропушив покрај него, ама дури и кога не беше така на крај памет не ми беше да се лутам или да му забранувам. Не за друго, туку свесна сум дека во гане нема ништо страшно, ако се зима во умерени количини нели, и знам дека не тера на зависност, нема штетни последици и нема потреба за паника. Е сега он ако почне секој ден да пуши по 2-3, ситуацијата станува алармантна, ај што ќе почне да му штети на здравје, туку и ќе му се здосади, нема да го мава, па од тука повеќето преминуваат на потешки дроги. Ама се додека е вака, не го замарај ни него, ни себе.
Toa дека само личности без цврст став и големи проблеми пробуваат не држи вода. Љубопитноста работи кај секој човек засебно,независно од ставот. Ама само луѓе со цврст став ќе ОСТАНАТ на едно пробување и нема да продолжат континуирано. Марихуаната кај нас и општо во светот наскоро ќе стане поприсутна отколку цигарите,сите ја легализираат,и не ми е јасно зашто воопшто тоа се смета како дрога кога никој не умрел од неа освен ако не пушел нешто прскано со глупости. Ама сите останати дроги во голем процент од случаите завршуваат со смрт. Марихуаната е природна,другото е скоро се синтетика и глупости. Освен тоа се користи и во медицината како лек,затоа пола Америка извади зелени картони за да може легално да конзумира марихуана. Јас лично имам пробано еднаш,и тоа летово,искрено океј ми беше затоа што ја нема онаа вртоглавица,мачини,повраќање,хенгоувери и такви ствари као алкохолот,а сепак опушта и сето тоа. Али останувам на еднаш,зошто како што реков меракот ми беше само да пробам. Не ми сметаат луѓе шо пафкаат у друштво,али не би седел со некој што зема нешто друго. Не фала.