Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Е да у однос на изработка би било океј.А не да ставаат гипс, батерии итн внатре.Ама тоа го прават чоек за да профитираат.
    Ти кило амфетамин можеш да купиш за 24,000 ден.Буквално 1кг=24,000 ден
    Ти од тоа едно кг со додавање на триста гомна, небитно дали апчиња, ѕид, креда, ќе напраиш 1,5-2кг еве.И го пушташ во промет.И вадиш минимум дупло од колку што си го платила.Ако не и повеќе.Ме мрзи да рачунам сега.
    Е сеа, ако е легално, и се праи амфетаминот, кокаинот како шо треба.Мада секако мора да се сечат, пошто чист кокаин убива.Кај нас, ни 60% овој шо го шмркаат не е чист.Џабе пари фрлаат кога со далерон и крек им го сечат.
    F0F3C6FD-9069-4676-BAED-E7E60BE7C9F4.png
    и како ќе вадат они ќар ако се легализира? Ќе треба да произведе 100гр, и така да ги продава.
    Башка сами може дома да си го исфилтрираат.
     
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.067
    Пол:
    Женски
    Само во Португалија е комплетно легализирана,во другите делумно и иако после години имаат намалување на бројот на корисници во групата кај адолесценти имаат маргинално зголемување.
    Ништо значајно не решиле.
     
    На Indiegurl и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Неможам да сфатам како мислите дека со легализирање ќе се намали бројот..
    Настрана тоа дека ќе се следи и ќе има повеќе контрола врз рехабилитацијата, ама не помисливте на тоа дека повеќето зависници самите не сакаат да се излечат?
    Дрогата им е живот нив, особено на корисниците на кокаин и хероин.
    А со сила не можеш да го натераш да иде во рехабилитација ако сам не сака.
    За тоа потребно е да се има снага и силина.
    Со легализирањето нема ништо значајно да се постигне, само повеќе ќе се користи и ќе е повеќе достапна.
     
    На GirlLove, simoncelicius, Lotus Girl и 6 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Немав читано одамна, ама изгуглав.

    Еве шо вика:

    Marijuana use did not climb following legalization in states: Study
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    За да добие снага и силина му треба психичка помош.
    Има начини како да се постапува со болни од зависности.
    Тоа стручњаците(психијатрите) треба да го знаат и да го практикуваат.
     
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Некогаш за жал ни рехабилитација не помага пиле.Знам деца шо беа по психијатри, во Нарконон, во Бигорски, и џабе.Знаме една шо се има излечено ама не знам каоо, другиве, кој уште се дрогира, кој сам си вика доста е и се бори со тоа..Знам во Белград (така ми имаат кажано, не сум истражила) има во болница, да ти ја сменат крвта, и да ти искочи од систем..другар има идено, ваљда не лаже, и пак се дрогира ете..Ќе прекине недела две, и пак истото
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ама има и начини да се направи превенција.
    Преку објективна едукација.

    Имаме работа за наредните 1000 години - како што веќе реков.... само треба да ја сработиме.
     
  8. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Едно онака банално мислење.
    Младите често живеат во филм, поготово денеска каде што и во секоја песна се пее за дрога и криминал, па со самото тоа што не е легална дрогата е криминал, а младите "ги пали" тоа да бидат "мафијаши" и да прават нелегални работи.
    А доколку пример е легална, тогаш нема да им се врти ваков филм во глава.
    Башка едукација мора, и да не се легализира и да се легализира, мора младите да се учат на ова, ама не само со оние пароли, "дрогата е зло, дрогата убива, итн."
    Туку убава, детална и темелна едукација.
     
    На MoNiToDi, Dushica_soul, Spro и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.601
    Допаѓања:
    39.044
    Пол:
    Женски
    Е точно така.
    Многу фактори се тука што ни го прават животот таков што не може да поминеме ни ден без некакво стимулативно средство.Реално, сите сме зависници од нешто.
     
    На MoNiToDi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Не Вајлд. Верувај. Не.
    Дрогата е нелегална со причина.
    Кога целта на една индивидуа зависна од дрога е само да се чувствува прекрасно ништо друго не и е битно, сто пати ќе се врати на истото.
    Има бивши зависници кои се откажале самите, без ничија помош. Психијатрите не се магични богови па да те одвикнат од лошите мисли/зависноста. За тоа се потребни двајца. Посилна едукација може да се воведе без да се легализира.
     
    На MoNiToDi, kikkki, simoncelicius и 4 други им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека ќе му го контролираш мозокот со наредби објективно?
    Да беше робот…
     
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.566
    И јас сум да се помогне на зависниците ама и тоа да е соодветно изведено.
    Не знам колку од вас знаат дека болницата за зависници во Кисела Вода е многу блиску до основно школо (барем беше) па имаше протести да се премести. Може тие зависници се стварно добри луѓе ама додека се лечат, не треба да се во близина на објекти каде што има деца. Зашто на неколку пати имаа наоѓано шприцеви во дворот на школото.
    Што се случи, дали го преместија, немам инфо.
    Кога сме кај легализација, јас сум кај кого се открие дрога, да се истражи дали само ја купува или и продава и слични работи. Ако е само првото, да не одговара кривично АМА да прифати лечење. Ако е и второто, да одговара.
    Еве пак ќе прашам, зашто сте против производи за слабеење кога и со тоа само себе си штетиш, а за дрога сте за легализација.
     
    На FridaodaMk, buba4e89 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Прво да се едуцира, па да се декриминализира, па да се легализира.

    Затоа постојано повторувам дека имаме уште 1000 години работа...
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Точно.Поготово шо секоја година од сега до недоглед ќе треба да има едукација, пошо идат нови генерации
    И не, не сите шо се дрогираат се за лечење.Пошо не се сите зависни, на тие шо не се.И се дрогираат рекреативно, независно дали секој ден или еднаш во месец, во два месеци, и можат без дрога, не им треба лечење.Од шо ќе ги лечите? хахахајај нема поента
    А у затвор ова шо викате.У затвор идат дилерите и тие со голема грамажа.Со 5грама амфетамин не влагаш во затвор, ќе ти фукнат едно 500€ казна.
     
  15. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Ме плаши фактот што дрогата ја нормализираме толку многу. Реткост е некој да не посегнал по некој вид на дрога и тоа ни е прифатено како нормално. Лично, никогаш не сум пробала, иако безброј пати сум била во опкружување каде се конзумирало.
    Ме интересира, тие што сте пробале, која била причината прв пат да посегнете по дрога? Ај марихуана, дискутабилно е дали спаѓа во категорија дрога, ама амфас и кока, а да не зборам за друго? Не ви било страв, не сте се плашеле од последиците?
    Во врска со легализирањето, апсолутно мислам дека марихуаната треба да се легализира за здравствени цели. Треба да биде лесно достапна за луѓе кои се лечат од малигни заболувања, други зависности(како алкохолизам) и слично. Ама за рекреативно, мислам дека со легализирањето нема да се постигне да има помал број на зависници, напротив ќе се даде зелено светло дека не е толку страшна и ќе биде уште полесно достапна.
    Во однос на други, “пострашни” дроги, сметам дека воопшто не треба ни да биде тема на дискусија легализирање. Индиректно, оправдуваме самоубиство. А да не збориме за тоа дека луѓе под дејство на одредени наркотици може да станат и агресивни и опасни по околината, и дека не размислуваат трезвено. И после, кој ќе ни биде крив кога ќе се случуваат силувања, убиства, тепачки? Индиректно сме ги легализирале и нив, пошто реално човекот не бил при здрав разум кога ги направил. Да не збориме и за последиците кои ги има семејството на зависникот. Лично имам зависник во фамилија, какви се работи не преживеаа неговите, од физичко малтретирање, па крадење од дома, па препродавање телевизори, апарати од дома за да има пари за дрога.
    Треба темелна едукација, од најмала можна возраст. Треба отворено да се збори за последиците, да се раскажуваат вистински приказни, да се покажуваат слики. И самите ние, треба да престанеме да го дожувуваме тоа како нормално и да реагираме при таква ситуација. Да зборуваме со пријателите кои знаеме дека конзумираат, да советуваме лекување, иако не верувам дека ќе вреди. Не секој сака да му биде помогнато.
     
    На Lavender4, cresa-jagoda и Indiegurl им се допаѓа ова.
  16. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Какво легализирање бре све позабегани и забегани има по ова дрогиве.
    Не сум против марихуаната да се легализира за медицински цели тоа во ред ама не ти да не знаат за стоп. По 10џоинта не им е доста за смирување било какво смирување бе со 10 џоинта дневно секој ден тоа ако не е зависност јас еве незнам.
    Тоа утепува те убива во поим.
    Се што е дадено од природата е дадено за лек, а не за злоупотреба.
    Да не зборам за другите дроги каде доста млади со слаба психа знам се пореметени и неприсутни за себе и околината.
    Сите имаме проблеми ама решението не во дрогата па ај летај топ ми е се смирувам и утре магично оп тука се проблемите и пак почнува тој маѓепсан круг за бегство.
     
  17. Loving boy

    Loving boy Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    116
    Сум пробал спид, ме дигна цела вечер имав енергија, ме дехидрираше многу испив вода а после не можев да се составам со денови.

    Не би пробал пак.
     
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Треба да пиеш вода дур ти трае дејството будалче.За да не дехидрираш, самата дрога ја влече водата од телото и мускулите..и пошо ти се зголемува срцебиењето, се потиш поише и губиш на течност.
    за друг пат ако имаш да си знаеш
     
    На Waverly Raven, Loving boy и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  19. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.254
    Пол:
    Женски
    Не ја гледам логиката да легализираш нешто, а притоа да го упатуваш на одвикнување од завиност или кажано лечење ?

    Барем јас под легализирање подразбирам нешто што ти придонесува добро и немаш шета од тоа.

    За жал дрогата стана лесно достапна во денешно време, уште пожално е што луѓе со семејство ( деца) се почесто почнуваат да конзумират (кока) и се доведуваат до степен да си го уништат семејството.

    Тешки ,,опијати,, не треба да се легализираат. Имам комшивки со мало девојче во комшии што се тешки нарокоманки. Сведок сум и на настилство помегу двете сестри, и на кризи кои ги фајкат, и кршење ... порано беше секоја 2ра вечер, сега се смирија малку 1/2 неделно. Девојчето со какви психолошки трауми ќе остане само еден Господ знае.
     
    На simoncelicius и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Не е само коката дрога..
    Иначе треба да пријавите, не знам зашо ќутите, ќе им го земат девојчето.Греота е да ги трпи нивните апстиненцијални кризи.