јас едно не сфаќам не зборите за вакви работи? јас со бифшите сум разговарала за ова. Зимаш/не зимаш нешто, ако да што, па зашто итн ако треба у брак да дознаам дека праи нешо, значи комуникацијата ни е ....
Прави ли проблеми човеков? Има ли зависност што му го попречува неговиот и вашите животи? Ако одговорите се не, не разбирам зошто би го оставила само зашто пушел марихуана.
Марихуаната не е дрога. Јас пушев со години и веќе не пушам зошто иам бебе. Маж ми пушеше со години и веќе не пуши редовно пошто иаме бебе. Кокаинот е дрога и ако користи често, дефинитивно е проблем и не ти треба живот со таков човек. Инаку може да се информираш за марихуанта оти очигледно не си информирана и сметаш дека маж ти е наркоман оти пушел џоинт што воопшто нема никаква смисла. Мене повеќе би ми пречеко лажењето и криењето од тебе, тоа е црвеното знаменце.
Леле коа ќе кажете марихуана не е дрога значи. Марихуаната е психоактивна дрога. Освен медицинската марихуана каде што е изоставен ТХЦ.
Не, пивото е алкохол. Не е лошо е да леташ во облаци повремено, ако те опушта и не штетиш никако ниту на околината ниту на себе, не гледам зошто не. Алкохолот е многу полоша зависност од марихуанта, која патем не ствара зависност. И на крај никој не ве тера да пушите, бидете примерни, јас кажав мое искуство.
За родител и те како е лошо. Не знам дали си сериозна што го пишуваш ова. И дувач на џоинт е лошо и пијаница е лошо.
Да многу сум сериозна. Да за родител додека се грижи за дете и во присуство на дете секако дека е лошо, треба да си 100% присутен и свесен. Колку од вас испиле пиво додека се грижат за бебе или чаша вино? Исто така е лошо ама многу луѓе го практикуваат и ним никој не им вели ништо. Да пијаница е лошо, џоинт не е лошо. Секако немам намера да се распрвам на темава. Јас само кажав мислење. @Emotional123 логикава ти е само да ме наоѓаш по теми и да ме рчкаш. Не се замерај со мене молим те, чил.
Не знам за алкохол, не пијам откако сум родител. За џоинт знам од роднина, дуваше и не знаеше што прави. Ај уште убедувај се дека не е лошо.