1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.611
    Пол:
    Женски
    Не се продава тука оти можат нелегално да прават пари со него оние кои се на власт. Во многу земји се продав ако не си знаела, во многу понапредни и поуспешни земји од нашава.
     
    На Pixi5, theowndemon, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.033
    Допаѓања:
    48.931
    Пол:
    Женски
    у Португалија сѐ е легално, шо до негде не ми е океј. Од тогаш крајм рејтот е намален за не знам колку постои, а и употребата на некои дроги
     
  3. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    Сите сме го праеле тоа, и јас сум праела ама друго е со дете. Со бившиот, пошо многу нервози имав со него, знаев и јас да запалам во друштво понекогаш џоинт и тоа кога син ми беше помал 1-2 годинки. Во тој момент јас сакав да се опуштам, а дете да ти плаче , да ти вреска, да сака да излезе надвор а ти не сакаш, верувај не е лесно. Ти сакаш да кулираш, а тоа сака да јаде, ајде ќе му напрајш, после треба пелена, па ќе плаче од чиста мира, па ќе те влече за да играте а ти сакаш муабет да прајш со возрасните, не е така како шо мислиш. Кога немав дете, јас надувана бев најдобрата и најкомуникативната личност шо постои, ама со дете е друго.
     
    На Snowflake97 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. Emm--

    Emm-- Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Maz mi sekogas koga ne e na rabota go cuva bebeto duri i rucek ke napravi i me iscisti doma koga treba i navecer zaednk koga treba stanuvame za bebe u sve bukvalno mi pomaga
     
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.645
    Пол:
    Женски
    Легалноста не е некој аргумент? Алхохолот, бензо, опиати за намалување на болка полесно создаваат зависност и се многу лесно достапни, а се одговорни за многу случаи на предозирање смрт и болести. Да не зборам за цигарите па колку се штетни а е скроз нормализирано да се пуши насекаде. Лошо прашање постави стварно.
     
    На theowndemon, Waverly Raven, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    Епа шо е тогаш проблемот. Чим се однесува како вистински партнер, остај го, шо сака нека праи.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Машки
    И алкохолот би требало забранет со закон да е па не е, мислим дека и полошо е алкохол од марихуана ако веќе се споредува.
    Само не треба марихуаната да се сврстува у нешто најбенигно кога не е, сепак делува на нервниот систем
    а класифицирана како лесна дрога е ради коефициентот на зависност што го создава кој што е многу помал од хероин, кокаин, амфетамини..
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Најголемиот проблем е недостигот на комуникација кај вас. Не може да делам кревет со некој, а да не знам дали пуши трева или зема кокаин. Грешката се прави уште на почеток, кога едниот од партнерите е радикален по тоа прашање, а другиот не сакајќи да се откаже ни од едното ни од другото, почнува да крие. Во такви ситуации најчесто сите околу знаат, само партнерот живее во заблуда. Само отворен муабет и преземање акција. Ако не ти смета прифаќаш и продолжуваш, ако ти смета си одиш.
     
    На theowndemon, Snowflake97, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.033
    Допаѓања:
    48.931
    Пол:
    Женски
    епа затоа викам кога ќе легне
    јас и да дувам понатака, или ете да сакам чаша вино/пиво да се напијам, ќе биде коа ќе легне. Јас и сега, не дувам кога имам работа, предавања, за учење. Ги завршувам прво сите обврски, и вечерта се частам. И послатко доаѓа, знаеш дека си завршил сѐ, си бил продуктивен и можеш да се опуштиш.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    13.376
    Пред се, зборувам за родителство. Во нормална држава им се одземаат деца на родители што пијат алкохол. А за џоинтот сметам дека е дрога. И не треба да се претставува како нешто нормално.
     
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.033
    Допаѓања:
    48.931
    Пол:
    Женски
    ее да си жива
    еве јас без цигара се тресам. Без алкохол и трева можам доживотно. Можам од утре да речам не, и ќе е не. Ама без цигаране можам. Цигарите буквално убиваат, а и алкохолот.
     
    На Snowflake97 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    Така е да, но детето е 24/7 обврска шо неможеш да ја завршиш. Јас немам против некој шо пуши, ти викам и јас сум пушела порано, сега веќе не, но и те како ми смета некој шо пуши а дома има дете и после не е способен да го гледа. Ете пример за тие погоре шо ги спомнав, мажот и жената, тој пушеше, и знаеше по цели вечери некаде да заглави оти заборавил колку е саат, или бил многу надуван и заборавил да го погледне телефонот. Па и параноја го фаќало кога го држел детето. Жената беше самохрана мајка во брак и на крај го остави. Он уште си е таков.
    Ама членката кажа дека нејзиниот нема проблем со чување дете некое време или да земе да зачисти ова она. Чим нема проблем, нека го, шо сака нека праи. Треба да се загрижи ако не праи ништо.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    5.506
    Пол:
    Женски
    Сум била сведок на напушенио од трева кои буквално дремливи и омлитавени биле сосем, и тоа при пуштена прегласна музика спијат. Какви беа, на ништо не реагираа, во присуство на дете вакво нешто би можело да биде поприлично лошо.
     
    На Anyshka, Гладиоли, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.033
    Допаѓања:
    48.931
    Пол:
    Женски
    Не знам шо да кажам дечки
    Ја не мислам да пушам ни цигари ни трева од кога ќе останам бремена, чисто пошо не е здраво за детето. Чадот итн. Ете од сегашна перспектива мислам дека не би ми сметало. Али не можам да знам пошо уште немам дете. Гледам од други колкава обврска е, и жртва. Животот се менува. Секако ќе се скратат некои работи.
    Ама на некои ако не им смета во извршување на обврските или не им влијае на психата, нека си дувкаат.
    ја да можам да ги остаам цигарите, пример само би дувала. Пошо од цигарите глеам дека ми сметаат, за некои работи, тревата апсолутно не. Ама јас знам кога и колку да дувам.
     
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    Точно, бившиот се комираше одма после џоинтот, и заспуваше, и бомба да паднеше он ништо не слушаше, страв ми беше дете со него да оставам, нити го гледаше нити се замараше дали е гладно или помочано. Заради таквиот негов однос и од работа сум напуштила за да си го гледам детето, оти немаше кој друг. Сум просела од луѓе за детето да ми има шо да јаде.
    Затоа пазете со каков човек стапувате во брак, оти тоа шо не ви сметало пред бебето, ќе почне да ви смета после.
     
    На Гладиоли, Snowflake97, BlackNight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.033
    Допаѓања:
    48.931
    Пол:
    Женски
    Ужас искрено.. затоа викам дека трева и дрога не е за секој. Јас знам луѓе што имаат забегано, ама највеќе од кокаин и табли. Сите шо дуваат, дуваат со години,
    Никој нити е зависен, нити некогаш кризирал, нити направил проблем надуван.
    Некако не влијае така. Ама има разлика од психа, до психа

    Точно
    Затоа ѝ реков, нели збореле за тоа?
    Ја морам да знам партнерот дали има пороци, и ако да какви.
    Пример никад не би била со некој шо се коцка, шо шмрка, или шо не искача од кафана и е по цел ден надуван.
    Нека дува и пие ако сака, ама тоа да е 1 џоинт, една чаша-2
    Не да не може да глеа од шо е надуван или начукан.

    А верувајте пола држава да си дувнете
    Супер ќе ви е
    Место на дијазепами да се рокате
    И онака ќе поскапат од петок
    Тревата е иста цена
     
    Последна измена од модератор: 15 октомври 2023
    На Гладиоли, Snowflake97, BlackNight и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    Од џоинт не се станува зависен. Може да биде психички зависен само од чуството шо му го пружа џоинтот, односно релаксацијата. Нема да му биде убаво кога не е напушен. Иначе физичка зависност нема. Ама се друго е опасно.
     
    На 1209 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.033
    Допаѓања:
    48.931
    Пол:
    Женски
    Точно
    Затоа викам дека е боље од кокаин, табли
    јас еве не сум зависна. Ама за цигара можам да задавам некој, и за кафе
    А трева може да се дува пред мене кило кило и ќе речам не
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    Зависи од психата на луѓето. Не се сите исти. Некои пушат, и знаат дека кога ќе кажат доста е и така ќе биде. Но има некои со послаба психа, и продолжуваат кон поопасни работи. Бившиот од џоинт продолжи кон алкохол и плус се навлече и на два вида опасни апчиња, и нонстоп викаше ( ме лажеше) дека сака да ги остаи, па викаше дека ги оставил, а он се криеше и ги земаше.
    Затоа најдобро подалеку од такви мажи.

    Колку пати ми има плачено само оти е на кризи од апчињата и алкохолот па да му купам , па ветуваше дека ова е последно, но не беше така. Тие се наркомански финти и не наседнувајте на тоа.
     
    На Anyshka, Гладиоли, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.033
    Допаѓања:
    48.931
    Пол:
    Женски
    Абе види најубаво нишо да не се праи
    Ни цигари дури
    Кафенце, и толку.
    Ама ако веќе се бира. Боље трева него сѐ друго. Прво ради зависноста.
    Знам као е да се тресеш за нешо и ме нервира некад. Си викам доста ко наркоман си. А замисли за нешо поише да се тресеш. А не е ни лесно достапно, плус кошта..
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.