Викаш боље е од дијазепамот? Па и дијазепамот е дрога на некој начин. Не се рокам ама по потреба знам да се напијам ако сум вознемирена, ако иам тахикардија или нешо слично и смирува, не дека не. А џоинт неам пробано. Ни кафе пијам ни цигари пушам. Шо те смирува поише џоинтот или обичните цигари? Инаку секако дека нема споредба џоинт и бело, таман работа, само дека дрога се двете, се, не може да негираме.
Членката има проблем до криење и лажење од страна на партнерот и тоа е битниот момент во приказнава, не тоа дали џоинт е дрога или не е. Факт е дека и за цигара да се работи ако рекол дека нема да пуши и ветил, а скришно пушел е причина за губење на доверба. Маж ми е прекрасен маж и татко и тоа што пушел не ми претставува проблем доколку не се случува околу детето и додека се грижи за детето. Јас знам кога пушел или пиел, не е скрено од мене. Ама доколку ми ветил дека нема да пуши и притоа дознаам дека пушел ќе бидам лута и повредена и тоа нема никаква врска со фактот дека пушел трава туку дека прекршил ветување. Членката мора да се одлучи дали ќе и смета во иднина ако пуши или нема да и смета, ако е строго против тоа решението се знае. Партнерот никако не смее да пуши додека се грижи за детето, прво чадот од никотинот е штетен за бебето, а второ секако си многу мрзлив и опуштен кога си напушен така да грижа за дете не доаѓа предвид. Кокаин знам многу луѓе кои имаат пробано од забава, меѓу кои е и мм, јас не сум проба и нема да пробам. Сметам дека на лабилни личности може лесно да створи зависност, марихуаната како таква не ствара зависност и криза, тоа е научен факт, ама самото чуство на опуштеност кај личности кои имаат слаба психа може да створи зависност и има потенцијал да направи проблем. Маж ми има мултипл склероза, нему за среќа марихуанта и тоа како му помага, и бенефитите од истата штета е да не се знаат. Секој со свое убедување на крај, си се знаете какви сте. За мене алкохол и цигари секогаш ќе бидат полоша опција од џоинт и никој жив нема да ме убеди во спротивно. А тоа што давате примери дека некој од џоинт нападнал некои или не знам што, верувам дека џоинтот немал ништо со тоа тулу нестабилната психа.
Pa bolje e od dijazepam. I dvete smiruvaat, a od treva mnoogu poteski se stanuva zavisen nego od bilo koj benzodijazepam. dijazepami, heleksi, sum rekla ne pijam. Ednas-dva pati iam pieno dijazepam i toa moite mi dale poso epten mi bilo loso. Ne za dzabe e na recept. Nema igracki so toa, moes i da se predoziras Da ne zboram so te prai bez volja za zivot ko bilka Ne znam inace zavisi Cigara poise. Koa sum nervozna, tazna palam cigara na filjan. Ama za relaks posle cel den na rabota i faks, palam filjan
Кај мене моиве имаат рецепт и секад има дијазепам дома. Пијам али у ретки случаеви, не често, на своја рака. Порано ќе се комирав одма и тоа од 2мг најмала доза, сеа јок, нишо не ми е, онака смирува тахикардија и толку. Секако лошо е да пиеш неконтролирано и лесно моеш да се предозираш, фала Богу свесна сум и не си играм со нив. Ама чекај еуфорично се осеќаш или те смирува?
Me smiruva Ne mi vlijae sekad da se smeam i cerekam. Toa na pocetokot. Taka mi bese sve smesno. Sea bukvalno duvam, i sum poopustena. Ja mozam i da kopam na niva, i da sednam da ucam. Ne mi usporuva motoriki ili nekoi sposobnosti. Ama zatoa gleam koa neam obvrski, navecer na iskacanje, ili pred spienje. Poso znam deka mozam sve da praam, ama sakam toj period da uzivam. I muskulite na teloto mi gi opusta mnogu. I dosta pati dobieno koga imam, koga me kine stomak i glava, odma mi proaga Ne mora ni apce da pijam
Џоинтот смирува и те прави расположен, релаксиран, опуштен, мене ми буди и креативност и ми подобрува фокус, па често пушев кога сликав. Хашиш само опушта мускулатура без притоа да ти влијае на умот и најчесто за после тешка физика работа е идеален, ако сакаш бистар ум ама и смиреност. Ние пушевме најчесто после работен ден од 15-16 саата кога преморот не ти дава да заспиеш. Тоа смеењето да го има некогаш ако ти се погоди интересно друштво па си правите смеи, ама најчесто сликата што ја имаат луѓето у глава дека напушен се смееш ко улав е погрешна. Цимерката што ми беше во УК е 40 год фармацевтка, работи за многу моќна фирма во Англија и е под константен стрес. Често со неа знаевме после работа да запалиме џоинт и да си збориме на најразлични теми, таа секогаш велеше, како не го открив ова чудо пред 10 год, ни апчиња за срце ќе ми требаа сега ни ништо.
Ама и џоинтот не е за секој, имав другари шо после џоинтот премногу се смееа и паѓаа овер, беа две три минути онесвестени.
Не заспивање, туку буквално во еден момент умира од смеење и во другиот го снемува и паѓа на земја. Заспивањето е друго.
За жал има, некои организми неможат тоа да го поднесат. Овој другаров, на секое пушење тоа му се случуваше, а многу му се допаѓаше чуството од џоинтот, па прекина да пуши и продолжи со други дроги. Го сретнав после неколку години, кажа дека исто му е, ама беше пропаднат од тешките дроги.
Јас мислам дека вакви дешавки има од неквалитетна трава, прскана или зајакнувана со нешто. Вакаво нешто ни се нема десено никогаш, ајде јас пушев 4-5 год, ама маж ми е доста искусен и запознает со целата тематика околу марихуаната и вакви епизоди немал никогаш. Може треба и да знаеш како, веројатно не е за секого.
Како шо кажа, и џоинтот веќе не е сигурен, го прскат со хероин и со други материи за да се навлечеш и да зимаш почесто. Тоа е само бизнис за дилерите, не им е гајле на нив за твојата психосостојба.
Да се согласувам, посебно ме кај нас. Сум пушела тука и сум пушела во странство, сум пушела и во земји каде е легално и каде не е, сум пушела и домашна, наберена и исушена пред мои очи, разликата и те како е воочлива. Може и затоа луѓето често имаат погрешна слика за марихуаната, оти тоа што го гледаат посебно тука, е лоша трева која и те како дава различни ефекти и создава различни проблеми кај луѓето. Исто е и со кокаинот кој гледам дека зема замав меѓу младината тука, кој знае каков “кокаин” земаат, нешто им продаваат за ситна пара, оти реално квалитетен кокаин е скап и не верувам дека 20 годишник би си го дозволил, се упропасува младината со се и сешто, што од неинформираност, што од чалам.
абе шмркаат апчиња и батерии, а фрлаат по 100е загреота бар кокаин да праеа а се силат овде демек ја шмркам кокаин богат сум/јак сум не не си
Јас запознав дилер од мојот крај кој шо продаваше кокаин, го даваше за 100е грам, а го мешеше со пола кило аспирин и парцетамол за да има повеќе ќар. Фала богу се уште неам пробано од тие ствари, не е ни чудо шо умираат луѓе. Друго, еднаш ми дадоа масло од канабис. Домашно правено, чисто thc, не како тоа од аптека. Црно-зелено, мрсно, една капка ми ставија во најлонот од кутија цигари. Ми кажаа да го излижам. Јас отидов дома и го излижав, луѓе кога почна да ми се врти, абе рингишпил собата, очите неможев да ги отворам сами ми се затвараа, неможев да одам , одев цик цак и се држев по зидовите, го миев 100 пати лицето и неможев да се свестам, стонирав какп на хероин да сум, и накрај заспав. Кога станав, мислев дека сум исушена билка на која 1 година не и е ставено вода. Од тогаш прекинав секаква конзумација на џоинт, има многу години. А и заборавив да пишам, устата неможев да ја отворам да зборам пошо целата ми беше залепена. Страшно.
normalno e uljeto e najjako neso poso e koncentrirano, zatoa se dava na bolni od rak CBD ulje poso gi ubiva bolkite i kancerot od cookies i ulje se halucinira da poso e koncentrirano toa e ko da pies cist limon, i limon so malce vodicka ili seker bukvalno
Шо сака нека е, тоа е исто чуство како на хероин да си, ебати таквото чуство и таков да треба да бидеш цело време, ќе неможеш да одиш вода да си туриш а не нешто друго. Да се користи за болни од рак, нема проблем.
Иам другар кој премногу се навлече на дрога, со него учев заедно во школо, после школо се дружевме , дури и после завршувањето на школо продолживме, тогаш не пушевме ни цигари, почнавме со џоинт, а тој продолжи со други работи. Имавме една омилена песна која и ден денеска знае он да ми ја пушти за да се потсетиме на добрите времиња. Многу реална песна. Ислушај ја, мене солзи ми идат кога ќе ми текне на него, како се упропасти @Feminka22