Мислам дека нема ни потреба чисто масло да се конзумира од здрав човек. Намената му ја знаеме, за тешко болни кои не сакаат морфиум и кои сакаат да пробаат алтернативна медицина за лечење. Недај боже да имаш потреба од истово. А и не е понтата да се изгубиш и да не знаеш кај си, уживање во тоа нема. Исто е и со алкохолот, пиеш две, три пијачки да се опуштиш, ама испи литри вино, ем нема да ти е убаво денот после ем тогаш нема да се сеќаваш на ништо, чему убавина во тоа. Се што се прави се прави со усул и мерка, на крај треба човек и да знае како да ужива во било што, ако не правиш нешто како што треба не го прави воопшто, и тоа е така за се во животот. Со едно јадење, основна животна потреба, ако се прејадуваш константно, храната губи смисла нели?
Да, доколку е далеку од дома, има неколку часа додека да биде со нас, излезен е со другари или не треба да се грижи за детето после тоа, не гледам зошто не би се опуштил. А и како што реков маж ми е со автоимуна хронична болест и тоа му е дел од алтернативна терапија, без неа има полошо и потешко симптоми и те како не може да се гржи за детето во таа состојба.
E тука веќе имате проблем на криење и лажење, кое и ја не би го торелирала, не знам мораш да разговараш со него и да му кажеш дека знаеш. Ако си спремна да прифатиш кажи му го тоа, ако не си спремна да прифатиш и сама знаеш дека решение за тоа е разделба.
@Emm-- имаш проблеми или немаш или си тролаш или пак си собираш искуства и примери за некоја семинарска или истражување? Не сфаќај погрешно, не те обвинувам ама ги прашуваш членките, ти даваат одговор и после на се си одговараш потврдно, се како да ти е јасно и си знаеш па пак после прашуваш. Не те разбирам дали стварно совет бараш или друга ти е целта.
Марихуаната не била дрога па што земаш тогаш ако не е.. сигурно не е како кафе да пиеш или сок, а и знам луѓе што само од марихуана не се веќе "нормални".. *Морав да се вмешам, зошто многу мразам како вакви работи се правдаат и се мислат за нормални, а не се!
Само ова сакав да кажам Психотропно - афектира психа, расположение, когнитивни способности. Психоделични повеќе се однесува на предизвикување халуцинации и извртување на реалност. Ама и првите делуваат на психа. На пример хипофизарните хормони исто се именувани на крај со "тропен" во зависност на кој орган делуваат.
На темава, се потсетив на нешто многу смешно. Познавам двајца, во исто друштво беа и еден период кружеше муабет дека наркомани станале. Искрено, не поверував во истото, ама многумина беа убедени, па како демек ги избегнуваа. Денес двајцата имаат свој бизнис, симпатични беа ама едниот е баш лепотан. Го видов пред извесно време и само wow. Инаку, трева пушеле и наводно земале и екстази. Ама да беше стварно така и да беа зависни од истото, ниту ќе беа успешни, ниту привлечни. Тие баш зависници, не постигнуваат ништо и не изгледаат убаво. Се надевам дека популацијава тука знае за рекреативно користење и зависност. Јас не мислам дека марихуаната треба да се става во иста категорија со тешкиве опијати. На факултет ретко кој не пробал. Еве јас не пробав и сега малку криво ми е.
Не е баш така. Тој шо зема дрога ќе си биде нормален, нема да го познаеш дека зема, ама тоа е се додека има пари за да зема. Проблемот е кога ќе снемат пари, тогаш од кризи почнуваат да пропаѓат. Многу успешни луѓе земаат кокаин на пример или хероин. Ама неможеш да ги познаеш оти нонстоп земаат, нонстоп имат пари за тоа па не се останале на кризи.
Не искрено, не станува збор за функционери, политики и слични глупости. Едниот си има некој семеен бизнис, другиот е некаков ко сопственик. Двајцата се 29-30 години. И да беа зависници, немаше да можи мозокот да им работи. Кај некој што конзумира секој ден, сигурно мозокот сунѓер е направен. За овие мислам дека по фестивали/забави земале. Ама нема врска, не е тоа поентата. Како можи зависник да е ако конзумира 2-3 пати во годината. За пушењето трева дури и смешно е онака, во друштво вртат еден џоинт и толку. Повеќе од чадот ги фаќа некоја еуфорија. А муабетов е одамна, минимум 6 години има од правењето сеир. Овие наместо да пропаднат се улепшаа, па и успешни станаа. Си знаеме кај живееме, од љубомора се се зборува. Колку е вистина, прашање.
За алкохол конкретно на секое купено шише си има процент колку има, башка се знае дека зависи од тежина, со храна му се одлага влегување во крвоток. Јас барем никогаш не пијам без да јадам притоа. Освен тоа знам процентажа, знам колку кила имам. А пијам мноогу ретко, само вино за некој повод што е еднаш на неколку месеци. Никогаш не сум била пијана, самата помисла да не сум свесна ми е страшна. Нешто што е вдишано многу побрзо доаѓа до крв и мозок и не знаеш која доза е многу. Не сум за целосна забрана на марихуана ама да се преставува како нешто безопасно не. Исто и глупи ми се оние пренкс демек му нудат некој нешто за јадење, овој не знае дека има марихуана тоа и после смешки види го хај е, демек ништо страшно бе. Да ми направи некој така има да си го добие квалитетно. За легализација на остала дрога мислам нема потреба од муабет, се знае.