1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. Sorensen

    Sorensen Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Машки
    Било која дрога, апсолутно било која дрога ако знаеш да ја контролираш не е штетна и може да ти помогне во одредени ситуации, како на пример учење, напорна работа, релаксација, потреба од еуфорија...
    Тоа што луѓето забегуваат во зависност повеќе е личен психолошки проблем, трауми, склоност кон досада, такви работи.
    Не сум запознал психолошки здрава личност која посегнала по супстанци, а да се навлече сериозно.
    Се што можеше да се проба во животот, пробав, тоа вклучува и тешки дроги и никогаш не дозволив сериозно да ми влијае во било кој дел од животот.

    Намерата со постов ми беше да се разбијат некои табуа во врска со дрогата, да не го сфати некој текстов здраво за готово, па да се изгори.:bandit:
    Сите оние кој сметате дека дека сте нестабилни околу пороците немојте ни под разно да посегнете по тешки, па и лесни наркотични дроги.

    За дополнителни прашања, слободно, ќе разбиеме некои митови "рекла казала" и ред други видови на дезинформации.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.833
    Допаѓања:
    15.714
    Пол:
    Женски
    Ептен јаки фраери со дрогава.

    Дрога не можела да те контролира? Хахаха.
    Не, воопшто.
    Само можи психички да те поремети.

    Не можи да ме убеди некој во спротивното.

    Како тоа ПСИХИЧКИ СТАБИЛНА личност? Која е таа? Што карактеристики има?

    Еден колега ете трева си пуши, ок, негова ствар.
    Ајде, нели, според некои ништо не е.
    Е сега, девојчето негово, што му се роди, нешто излгеда нешто не е ко што треба.
    Се надевам дека се ќе е океј.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sorensen

    Sorensen Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Машки
    Не беше воопшто намерата правење фраерлук или нешто слично.Овде сум да дадам совети и да се пренесе конкретната вистина околу дрогата.
    Се гледа дека апсолутно никакви познавања немаш околу оваа работа, така да подобро прашај, отколку да судиш.
    Овој муабет дека ќеркичката на твојот колега се родила нетокму и се сомневате дека причина е марихуаната е само мал дел од лагите и митовите околу марихуаната и нејзините позитивни и негативни дејства.
    Особено кога се работи за марихуаната.

    Сеуште сме конзервативно општество и луѓето, особено постарите генерации имаат многу слабо познавање, а многу голема уста за било што, не само за дрогата.
    Реалноста уствари е дека голем дел од нацијава е навлечена на дијазепами и лексилиуми, што уствари се многу поопасна дрога отколку марихуаната да речеме.

    Не ми е намерата да те омаловажувам со постов, немој да го сфатиш здраво за готово.На човека многу поисплатливо му е да научи нешто, па колку и да не му се допаѓа вистината, отколку да пресудува и да остане неук во одредена област.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    19.887
    Пол:
    Женски
    Ако ти треба хероин или екстази или што год да е, да се релаксираш или да учиш, веќе имаш психолошки проблеми.
     
    На ~Maca~, Ravenn, Mrs. right и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.624
    Допаѓања:
    33.868
    Пол:
    Женски
    Истово го помислив.
    Не ми е јасно како некој што посегнува по дрога демек можел да го контролира тоа и да не стане зависен, од цигари и алкохол се станува зависен, не па од дрога.
    Аха сигурно, никој не се излечил од дрога, имав еден комшија се дрогираше, беше во Бигорски, демек се излечи, некое време не се дрогираше, потоа пак почна.
    И кога некој ќе каже марихуаната не била дрога, па сите почнале од марихуана, никој директно не почнал со игла.
    А дали сакате вашите деца да пушат марихуана?
     
    На Ravenn му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.605
    @Sorensen, ти не спомна марихуана, него кажа дека СЕКОЈА дрога е сигурна... Ти и таквите као тебе шо од досада и аздис се дрогираат, е за тие сум баш она балканска сељанка со тапија. За вас само мотиката и радна акција.

    Па уште ќе доаѓал тука словото да го шири за благодетите од дрогата. Море мрш!

    И иди ти прво запознај се со тоа како една мочана цигара влијае на фетус, а не па на бебе, па после доаѓај тука на женски форум да кажуеш прикаски.
    У 21 век, место да се фиксате и да се таблетирате за да учите, ако сте толку напредни, не балкански сељачишта, ојте на психолог, психијатар, пијте легални терапии, или па на крају краева, отпишете се од факс.
     
    На Ketchup, Ravenn, fbaby и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Sorensen

    Sorensen Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Машки
    А кој тоа рече дека јас се дрогирам? Го прочита ли внимателно постот погоре?
    Јас дури и цигарите ги откажав, ниту пак алкохол пијам (еднаш во 6 месеци можеби).

    Ќе ја напуштам темата атер за моево психолошко здравје.Нели се налетува со вакви простачки испади се видел аирот од дискусијата.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.258
    Допаѓања:
    163.202
    Пол:
    Женски
    Океј. Во тој случај објасни зошто иди до потреба за дрога и шо значи да си ментално здрав, која е корелацијата. Исто физичка зависност и како има врска со менталната "стабилност". Не се согласувам ама ете, ќе сослушам.

    Како е ова релевантно? Не е малку греота (и срамота) вака да се збора? Аман.
     
    На Ketchup, crimson и Anika55 им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    19.887
    Пол:
    Женски
    Шмркни малку и ќе ти помогне.
    Нели за тоа е дрогата?
    И како ти олку психички стабилен дрога не може теби ништа ама се растревожуваш од некој рандом член на форум?
     
    Последна измена: 9 април 2024
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.926
    Допаѓања:
    12.020
    Пол:
    Женски
    Многу мали седат на форумов и ти само им даваш зелено светло. Ним толку им треба. И да, пропагирање е.
     
    На Ravenn, Mrs. right, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.833
    Допаѓања:
    15.714
    Пол:
    Женски
    Затоа реков се надевам се ќе биди во ред со малата.
    Не знам дали прочита.

    А тоа што не правеше сите к**ви на работа, ни се потсмеваше што не сме мажени? Ни гледаше што и како јадиме и ни коментираше пред сите и ни кажуваше колку сме дебели или слаби? Пред сите ни се потсмеваше.
    Како не сме можеле дечко да најдиме оти сме биле нз какви, неомажени ќе сме останеле и не сме биле е*ани и зато сме биле никакви.

    Колку е релевантно, валјда е, коа сам ни кажуваше како се препушувал.

    Тешки ич нека нема девојчето . И нека е во ред малата.
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.258
    Допаѓања:
    163.202
    Пол:
    Женски
    @GirlLove Значи ова го збораш оти тој бил идиот прв? Без осет е да се збора дека нечие дете е
    И преминва граница. Прочитав дека се надеваш дека ќе е океј. То не значи дека шпекулацијата е продуктивна. Само без осет.
     
    На Ketchup, crimson, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.833
    Допаѓања:
    15.714
    Пол:
    Женски
    Настрана детето.
    Се надеваме сите ќе е ок.
    Пак реков.
    Тоа е тоа.
     
  14. Trexane

    Trexane Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2023
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да слушнам какво искуство/знаење си имал. Точно е дека лабилни личности се повеќе склони кон зависност. Секоја дрога/лек има нус појави и ризици.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sorensen

    Sorensen Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Машки
    Знаеш ли колку луѓе постојат во твоето, моето, нечие друго опкружување, конзумираат супстанци рекреативно за време на викенди и никогаш нема да дознаеш дека истите тие некогаш конзумирале наркотични дроги одреден период од животот?
    Кога се работи за наркотични супстанци, луѓето знаат само за оние случаеви кои биле слаби и станале зависни.
    Што сакам да кажам со овоа? Безброј луѓе кои се здрави, прави и со нормален изглед, конзумираат рекреативно супстанци како замена за алкохол да речеме.Со друг збор, замена супстанца со супстанца за да се доживее еуфорија.Сигурно вечерта нема да седиме со скрстени раце неколку саати и да глумиме монаси.

    Јас и многу од моите другари и познаници одреден период од животот сме конзумирале супстанци и скоро и да не познавам пример некој да забегал или да му тргнал животот во надолна линија.Сега воопшто не ни конзумирам било што, освен понекогаш по еден џоинт еднаш во два месеци.
    Од друга страна, оние кои станале тешки наркомани скоро секогаш потекнуваат од нефункционални семејства, имаат импулсивна природа, анти-социјални карактеристики итн итн...
    Не секогаш, ама претежно ДА.Просечната интелигенција исто е меѓу поглавните карактеристики.

    Секогаш сум конзумирал рекреативно, ја пробав секоја наркотична супстанца чисто онака од радозналост, а дел од нив и по потреба.Да речеме амфетамин имам конзимурано поради долги часови студирање или напорна работа.
    Марихуана чисто за релаксација со екипата, најчесто кога одиме во природа или навечер во некоја луда атмосфера.Понекогаш и за спиење.
    За другите супстанци кои ги имам конзумирани нема да пишувам, јавноста е многу сензитивна и конзервативна (како од Марс падната), така да...



    Едно нешто, не знам во кои свет живеете и какво животно искуство имате, само овоа да го знаете.Ако порано алкохолот беше дрога број 1 од кои луѓето црпеа добро расположение и еуфорија, сега на 21-век тоа се најчесто психо-стимулансите.Алкохолот, особено помеѓу помладите генерации е во значителен пад за разлика од порано.Не е овоа нешто од кое треба да се шокираме и потресуваме.Секоја генерација си има свои пороци и девијации.
    Толку од мене, овоа нека биде последен пост на темава, обично имам навика кога не сум на иста фрекфенција со луѓето, не се ни обидувам да му укажувам и докажувам на некого околу одредена работа.
    Вие си знаете понатаму.
     
    На Snowflake97 и Trexane им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.258
    Допаѓања:
    163.202
    Пол:
    Женски
    Кажа многу, ама ништо не ми одговори. Јас многу отворено имам зборано на темава, и знам во мое опкружување колку пробале само џоинт или нешто поќе ради низа причини. Прашав зошто има потреба да се конзумира било шо, зошто иди до то. Која е потребата да се трга по "еуфорија"? Стварно не можите да се забавувате без "помош"? Бро ни сега не сум толку досадна, а сум многу досадна. Рече замена за алкохол. Вклучи го и алкохолот во равенката. Што правиме со физичка зависност и која е корелацијата со менталното здравје? Свесен си дека иди до физичка зависност од одредени супстанции, така? Па чак и биле земани рекреативно.

    А како мислиш дека се води дискусија? :D Јас бар ти давам шанса да се искажиш. Не можам да климам и стискам лајк ако нештото према мене е не доволно добро опфатено и има голем ризик за некој шо чита да го сфати здраво за готово и потенцијално да си уништи живот. Да, не треба да земаме совети онлајн ама сите знајме дека млади (деца) то го прат и е дел од "модерниот" раст онлајн. Зато и е само фер ако тврдиш нешто на ваква сензитивна тема да имаш и како да го поткрепиш истото.
     
    На FridaodaMk, Ketchup, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.624
    Допаѓања:
    33.868
    Пол:
    Женски
    Штом земаат наркотични средства за замена на алкохол, значи тие личности имаат психички проблеми.
    И за да не седиме со скрстени раце како монаси, треба да земеме наркотични супстанци? (facepalm)
    Мене ако ми треба наркотични средства за да не седам како монах, значи нешто не е во ред со мене.
    За расположение не ми треба нешто такво.
    По дрога посегнуваат психички нестабилни личности.
    Јас познавам тешки наркомани од функционални семејства.
    Никој не е виновен за ништо, секој си е виновен за самиот себе.
    Во денешно време сите имаме проблеми, и дај да посегнеме по дрога.
    За да имаме еуфорија значи ни треба дрога.
     
    Последна измена: 10 април 2024
    На Ketchup, Ravenn, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    19.887
    Пол:
    Женски
    Фентанилот како беше?
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    24.281
    У последно време често се зборува за микро дозирање на одредени психоделични супстанции ПОД НАДЗОР, за третирање анксиозност, депресија, птсн, итн. Имам чувство дека во иднина ќе бидат баш редовна терапија.
     
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    19.887
    Пол:
    Женски
    Дур тие психоделични супстанци не бидат произведени во сертифицирани лаборатории со сите процедури кои требаат за тоа да е легално, не треба никој да зема нешто.
    Погоре членот вика луѓево пиеле хелекси и диазепами. И тачно дека и со овие нема играчка. Ама разликата меѓу диазепам и хероин е што диазепамот знаеш состав, знаеш дозирање, производител, минува низ процедури и одобрувања и све даље како треба за да стаса во аптека.
     
    На Anyshka и Gosh им се допаѓа ова.