1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дрога

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angel.in.dark, 5 јуни 2010.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.330
    Допаѓања:
    24.331
    Па да, ништо не треба да се зема на своја рака. Меѓутоа натака иде работата, еден ден ќе се препишуваат по одредена доза за одредена причина. Но сепак прво треба да се расчистат некои предрасуди, што секако нормално е што ги имаме зошто од мали нè учат дека дрогата е лоша и допрва се прават испитувања за што стварно е корисна. Па така логично е дека не може да станат легални преку ноќ, замисли утре идеш на психијатар и ти предлага да земеш мала доза екстази.
     
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.607
    Ако нештото е легално, не значи дека станало легално за наше добро, нит па дека чини...

    Али ај, барем нема да се осеќате дискриминирано коа ќе станете зависници и од тие тешки, легални дроги...

    Оти не може место еден, десет апови да зеам. Или ко американцине да станам зависна од лекови против болови.
     
    На злоба, theowndemon, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    124.032
    Пол:
    Женски
    За вас марихуаната била/е ништо, ама заради неа нечии животи биле/се уништени и згаснати. Може да прави штета колку што прават и уште поопасните од неа.
    Дома правете што сакате, но надвор не промовирајте и не пропагирајте.
     
    На Elenpelen и Anyshka им се допаѓа ова.
  4. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    И кофеинот е дрога, пилци. :coffee:
     
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.294
    Допаѓања:
    19.954
    Пол:
    Женски
    А не е лоша?
    Не е ова сексуално образование кај што те учат безбедно секс да имаш. За дрога, нема безбедно земање освен ако како што реков е со сите тракатанци одобрена.
    А не е.

    Скоро беше, го поминав пола Скопје да најдам еден гел за очи што ми го препишаа после повреда и дознав дека во државава го нема па најдов друг за замена. Да не спомнувам колку многу потребни лекови се дефицитарни. За хероинот и фентанилот рано им е.
     
    На eliesaab и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. Ravenn

    Ravenn Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2024
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Имам познаник со клиничка депресија, и човекот сам си игра доктор. Нема дрога со која нема експериментирано и мозокот му е направен пепел. А демек дозирано ги земаше се под контрола. Оди бе, не можам да ги разберам ваквите, читаш дека може да те уништи и пак посегаш по тоа. Не зборуваме за зависност туку потреба, он сметаше дека со помош на различни дроги ќе ја победи депресијата.

    Од она што гледам, не што не ја победи туку се подлабоко запаѓа и ред други болести почнаа да му се редат.
    Памет во глава само!
     
    На злоба, Trexane, Elenpelen и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.607
    Да, еве баш сеа у пекара тој со еспресото се предозира, а пред тоа не истепа сите со мајагери.
     
    На MarigoldA, Tinaaa, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  8. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    Всушност, може да има несакани ефекти. Пример параноја. Знам од прва рака а знам и луѓе што ги стресува. Стимулант е.
     
  9. Ravenn

    Ravenn Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2024
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Па се може да има несакани ефекти ако го претераш. А дрогата сама по себе е штетна како и да вртиш
     
    На Anyshka и RainbowButterfly им се допаѓа ова.
  10. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    Да де на то мислев. :D
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.738
    Пол:
    Женски
    А како би се спречило да не дојде до зависност?
     
  12. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    То друго е тогаш, а ако мисли дека ќе излечи депресија со експериментирање, само ќе ја влоши.
     
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.330
    Допаѓања:
    24.331
    Не станува збор за хероин и фентанол (ако не се лажам, секако може и грешам, тие не се психоделични). Велат дека помагале екстази, лсд, некои печурки.
    Па не се сега легални, но големи се шансите дека ќе бидат (како терапија), зошто сè повеќе гледаат дека помагаат за повеќе состојби.
    Пак ќе нагласам ако не е јасно, станува збор за испланирано и пратено микродозирање, а не кој колку сака, кога сака и што сака.
     
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.330
    Допаѓања:
    24.331
    Ќе го дава психијатар и ќе седи со пациентот да му биде надзор додека трае дејството.
     
  15. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    А што се случува доколку пациентот по отпуштање од болница, продолжи да злоупотребува супстанци?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.294
    Допаѓања:
    19.954
    Пол:
    Женски
    А дејството нивно е еден саат само?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.330
    Допаѓања:
    24.331
    Немам појма, ваљда зависи од микродозата.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.738
    Пол:
    Женски
    Па, тоа е тоа што ме буни. Ко, под надзор е тогаш, ама не може да знае надзорот како пациентот ќе се однесува надвор, дали ќе земе уште зошто ова се адиктивни супстанци.
     
    На exceptional, theowndemon, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.330
    Допаѓања:
    24.331
    Ваљда психијатарот би проценил во која состојба е пациентот. Плус не би се продавале како мастики на рафт, туку како терапија. Нешто беше како ќе се дава микродоза еднаш неделно, неколку недели по ред, и тоа било доволно за да има позитивни промени дури и во мозокот (она neuroplasticity). Таа микродоза не била доволно голема да создаде зависност. Секако паралелно со постојана работа, класична терапија со разговор.

    Ај ќе потрудам да најдам пар подкаст епизоди на оваа тема, искрено често налетувам на ова, ама никогаш не ме интересирало доволно за детално да го истражам.
     
    На RainbowButterfly и RainBow им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Самата дрога не предизвикува зависност.


    Иначе, најчесто мислиме дека имаме појака самоконтрола од тоа што навистина имаме и тоа прави луѓето да мислат дека од рекреативно зимање на дрога, нема да дојде до зависност. Кај некои е така, кај голем дел и не е и затоа не мислам дека треба да се нормализира дрогата, бидејќи е далеку од безбедна и тоа е факт. Нема потреба да се гламуризираат наративи ко јас еднаш пробав и топ беше, ништо страшно.
    Околу мене сум бил сведок на неколку случаи каде животот бил прерано завршен поради зависност од дрога и не мислам дека треба да се срушат некакви табуа кога станува збор на оваа тема.
     
    На Lella, theowndemon, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.